Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Гордана Јанкулоска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за екс министерката за внатрешни работи.Таа на Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците-мажи.„На Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик -маж. Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да бидеј ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија. Јанкулоска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката.Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е дискиминирана врз основа на пол, е мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.Вакво мислење на 16 март донела Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка од Гордана Јанкуловска поднесена на 22.12.2022 година, преку адвокатот Влатко Илиевски, кој е и нејзин сопруг, против Управата за извршување санкции.Јанкулоска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во „Идризово“.

Коментари | пред 2 години

BDI-Cair-10

Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека сите спортски реквизити кои ги има во кабинетот во Министерството за политички систем не се купени со пари на јавни набавки, туку дека му се донирани.- Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Алихмети, рече дека во неговата канцеларија стои и позлатеното пенкало со кое го потпишал договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д.

Македонија | пред 2 години

dimcemeskovski

Џамбазов по веста за смртта на Мешковски: „Навиваше за мене и тогаш кога не требаше, се гледаме стари“

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД. Колегите актери преку социјалните мрежи се простуваат од легендарниот актер.Меѓу нив е шоуменот Игор Џамбазов кој вели дека Мешковски го прифатил како син, и тогаш кога не требало.-Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…, напиша Џамбазов на Фејсбук.

Магазин | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен

Професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност.„За секој застарен предмет е крив судијата кој ја води постапката.Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност со забрана за вршење било каква професија која има врска со правото и секако со протресување на имотната состојба пред и по застарувањето“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

BDI-Cair-13

Ахмети: Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган

„Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад!“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од Чаир.Ги почитувам, додаде Ахмети, одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности.„Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ“, истакна Ахмети.Според него треба да се поддржат професионалните кадри за да ги покажат своите вештини, а не да се задуши ДУИ.„Отворете ги рацете и прифатете ги младите, прифатете ја иднината, затоа што не можеме да бидеме дел од Европа без квалитетен и стручен кадар.Тој со порака до лидерите на политичките партии, да го тргнат гневот, и да се обединат за земјата да стане дел од Европа.„Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве однесе“, рече Ахмети.Потребно е помирување и обединување, а не поделба, дополни вицепремиерот Артан Груби.„Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг“, рече Груби.

Македонија | пред 2 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини поради користење службени возила за партиски цели!

Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска. Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.-Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, изјави Славица Грковска, вицепремиер за борба против корупцијата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини: Али Амети, како најкорумпиран, самиот стои на чело на структурираната криминална група

Џевдет Хајредини објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека Али Ахмети е најкорумпиран, и стои на чело на структурирана криминална група.„Никој никогаш не бил и е денес против коридорите 8 и 10. Оние што досега не ги изградиле нека одговорат. За 20 години не можат да се изградат ни 2 км.Али Амети, како најкорумпиран, самиот стои на чело на структурираната криминална група. Доволно е само да се спомене аферата Телеком“; вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

solza-770x444

(ФОТО) Оштетено возилото на пратеничката Солза Грчева: Ама ич нема да ме замолчат!

Екс пратеничката на СДСМ, Солза Грчева, професорка по информациски технологии и претседателка на партијата Глас за Македонија, вчера на Фејсбук објави дека нејзиното возило било мета на напад, за како што вели нејзиното гостување во тв емисија на Алфа.- Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив - напиша таа.

Коментари | пред 2 години

1-1

(ФОТО) Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана

Денеска (20.03.2023) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје. При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми.Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 2 години

336617982_1976070706118512_4744687882175570746_n-1200x799-1

ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара“, средствата ќе ги донираат за фондацијата „Марко Божиновски“

Панчо и Андреј годинава добија „Златна бубамара“ за најпопуларна група за 2022 година. Освоената статуетка ја ставија на лицитација и парите ќе ги донираат за фондацијата „Марко Божиновски“. Лицитацијата е веќе во тек и ќе трае до среда. Во четврток ќе го објават новиот сопственик.„Наградите од секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и „Златна Бубамара“ за дадената награда и укажаната чест за истата. Оваа наша награда решивме да ја ставиме на лицитација и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата „Марко Божиновски”. Оваа фондација им помага на сите оние фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите. Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000 денари и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственикот на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума, напишана во коментар, а ќе му ја предадеме лично во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум „Дваесет” и ДВД издание од јубилејниот концерт одржан во арената ‘Борис Трајковски’“, рекоа Панчо и Андреј.За потсетување, пејачите досега повеќе пати им помогнале на луѓе со егзистенционални проблеми, било да е тоа во пари, храна, средства за хигиена и друго.

Магазин | пред 2 години

456456-Copy-1

Се спасив од сообраќајка, сакам уште долго да живеам: Добрила од Дојран на 94 години пишува автобиографија

Добрила Ивановска Чабриќ (94) од Дојран пред пет години настапи во музичкото шоу „Никад није касно“ и успеа да ги освои симпатиите на публиката.Иако е најстарата ветеранка која досега се појавила во популарното шоу, таа има енергија на која можат да ѝ позавидат и нејзините млади колеги, пишува nova.rs.Добрила откри дека дека подготвува многу изненадувања за својата публика, а својата животна приказна ќе ја претвори во автобиографска книга.“ Подготвив книга во која ќе го опишам мојот досегашен живот, наскоро ќе излезе од печат и мислам дека публиката ќе биде воодушевена. Според мојата книга ќе биде направена монодрама, каде јас ќе ја играм главната улога, бидејќи пред се‘ сум актерка. Учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, најмногу го опишав, ми остави најголем впечаток досега. Сигурно има детали кои никој до сега не ги знаел – вели таа.Нејзин заштитен знак е младешката енергија со која зрачи и на 94 години, а неодамна доживеа и сообраќајна несреќа во која едвај остана жива.“ Скоро имав несреќа, автомобилот се преврте на покривот, едвај излегов, само воланот ми остана во раце. Но, еве, продолжувам понатаму, не се откажувам и сакам уште долго да живеам“ – изјави Добрила.

Магазин | пред 2 години

kumanovo-bolnica_4

Директорот на кумановската болница демантира дека се вработени само партиски кадри: Ниту една медицинска сестра не е член на ДУИ

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вчера обвини дека во Здравствен дом Куманово на распишаниот оглас за вработување на медицински сестри вработени се само партиски кадри на ДУИ. Директорот на Здравствен дом, Фарук Алили, вели дека информацијата не е точна, односно дека ниту една примена не била член на ДУИ и дека вработувањата оделе преку Министерството за здравство поради што тој не можел да влијае врз оценките и знаењата на сестрите.Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.– Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри – вели Алиу.Тој додава дека не се набркани Македонки, туку три медицински сестри Албанки. Според него недозволиво е во ова време да се игра на карта на национализам, но не негира дека десетте вработени се Албанки. Тој нагласи дека најголем дел од раководителите се Македонци.– Пратеникот наместо да дојде да поразговара да праша што е потребно шири деизнформации и прави етнички тензии – вели Алиу.Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања.

Македонија | пред 2 години

policija-traka

Човечки коски и облека пронајдени во нива во Кочани

Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил полицијата.Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум.-На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било пријавено дека во нива на место викано Кочански Дол биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни – Кочани. По наредба на основниот јавен обвинител пронајденото е дадено на вештачење, истакнуваат од Полицијата.Месноста Кочански Дол не е населена, се наоѓа меѓу катастарските општини Кочани и Оризари и има лозја, ниви и неколку помошни земјоделски објекти.

Македонија | пред 2 години

Screenshot_75-2

(ФОТО) Ова е 35 годишната Ирена која трагично го загуби животот ноќеска на Копаоник

Ирена Р.(35) од Нови Сад и Драган В.(39) од Александровац загинаа во текот на ноќта на Копаоник кога снежната моторна санка на која се возеле се превртела и паднала во бездна.Драган В. ја возел снежната моторна санка, а Ирена Р., девојката што седела со него на санката, е од Нови Сад.На нејзиниот профил на социјалните мрежи стои дека дипломирала на Правниот факултет во Нови Сад, по што магистрирала и како што неофицијално дознаваат српските медиуми, се запишала и на докторски студии. Се вели и дека била една од најдобрите студенти на нејзината генерација.Таа често објавуваше фотографии од патувањата, а судејќи по нејзините објави, била многу блиска со мајка си и со семејството.Мајката Изабела под фотографиите често и оставаше љубовни пораки за својата ќерка, а последен пат се огласи во средината на февруари кога закачи слика од нејзините две ќерки од детството и напиша „Концерт за мама за еден 8 март“.

Македонија | пред 2 години

angela-e1679238686289

Струмичанката која го воодушеви жирито на Гранд, не помина во следниот круг

Струмичанката Ангела Котуровиќ не помина во следната фаза од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ иако ги воодушеви членовите на стручното жири и доби пофални зборови.Ангела ги пееше песните „Круна“ и „Радио свира за нас“.„Ти, драга моја, ти не си лоша, само треба малку да си го скротиш гласот. И на двете ви посакувам среќа во бараж“, рече Цеца.„Ангела, ти беше добра, имам само една замерка. Не знам дали е од страв, ама ти некаде ми беше малку ниска. Имаш добра песна и се бориш во баражот“, рече Марија.

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања