Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Нема фотографија

(ВИДЕО) Кијану Ривс игра со кученца во емисија во живо

Еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, гостуваше во шоуто на Џими Фалон „Тунајт шоу“ и разговараше за својот најнов филм „Џон Вик 4“, во кој се појавува речиси 10 години откако ја доби главната улога во првиот дел од серијалот.По дискусијата за филмот следеше забавен дел од емисијата, квиз во кој актерот одговараше на прашањата на водителот за различни животни, а за секој точен одговор добиваше кученце во рацете како награда.Актерот се забавуваше додека одговараше на прашањата, па во еден момент седеше во фотелја со еден куп кутриња златни ретривери во скутот. „Кој е кралот на кученцата? Јас сум кралот на кученцата,“ вели Кијану на крајот од квизот, целиот прекриен со мали ретривери.Глетката го топи срцето.Инаку, Кијану Ривс е познат како најголемиот добротвор на Холивуд со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели. Актерот често се дружи со бездомници и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни фанови.Неодамна, по премиерата на „Џон Вик 4“ во Тексас доби предлог за брак. „Ќе се омажам за тебе“, му рекла една жена од публиката. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“ и со својот одговор насмеа многумина.

Магазин | пред 2 години

cuculovski-696x371-1

Цуцуловски му го „плесна“ на Мицкоски: Дури сега сфаќам дека не било битно вметнувањето на Бугарите во Уставот, туку кој парламентарен состав тоа ќе го направело

Љубмир Цуцуловски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека не било толку битно отварањето на Уставот и вметнувањето на „бугарското малцинство“ во него, туку дека многу побитно било во кој парламентарен состав тоа ќе се направело„РАЗБИРАТЕ? Дури сега сфаќам, кутар јас, дека не било толку битно отварањето на Уставот и вметнувањето на „бугарското малцинство“ во него, туку дека многу побитно било во кој парламентарен состав тоа ќе се направело, бидејќи овој собраниски состав (објаснуваат) не бил легитимен.Значи, според нив: прво избори, а потоа ќе следи отварање на Уставот.Разбирате, почитувани посетители? Јас, искрено, разбирам што сакаат да кажат/порачаат, само што тоа не можам да го прифатам, уште помалку да го оправдам“, вели Цуцуловски.

Коментари | пред 2 години

DSC_0105

Објавена листата на најсреќни нации, Косовците, Србите и Албанците се посреќни од Македонците

Објавена е листата на најсреќни нации, Косовците, Србите и Албанците се посреќни од Македонците.Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска.Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.Македонија е на 87 место, а од соседните земји Косово е на 34, Србија е на 45, Грција на 58, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место. Црна Гора е 67-ма во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.Саудиска Арабија е на 30. место, Казахстан е на 44. место, а Аргентина е на 52. место.На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.Табелата можете да ја погледнете тука

Македонија | пред 2 години

marjan-stamenkovski-750x430-1

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ итно пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница, дознава „Макфакс“. Откако била повикана Брза помош, која констатирала дека состојбата не може да се санира на лице место, посочиле дека Стаменковски треба да биде однесен во болница. Директорот на затвор „Скопје“, Филип Андов, за „Макфакс“ посочува дека Стаменковски е однесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.„Откако притвореникот се пожалил на тегоби, согласно протоколот, од затворот била повикана Брза помош. Повеќе информации не можам да споделам во моментов“, посочува Андов.Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони дека сторил две дела - ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци. Против него е поднесено обвинение и му се суди. Истовремено, Обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела од страна на Стаменковски.Досега се одржаа и неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со жртвите односно оштетените во процесот, кои биле негов таргет. Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски. Новинарките Валентина Вурмо и Ирена Мулачки и јавно по сведочењето во судница кажаа дека очекуваат правда, но и да се најдат нарачателите на текстовите кои осамнуваа на порталот „ДоказМ“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-03-18-at-11.01.18

(Видео) Ковачевски со порака до Вучиќ и Курти

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека верува дека со дијалог ќе се решат отворените прашања помеѓу Србија и Косово. Тој ги повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, на конструктивност. Ковачевски посочи дека сака регионот да го види интегриран во ЕУ. Рече дека ќе даде поддршка на процесот.„Сакав да им укажам од важноста која ја посветуваме на овој состанок. Цврсто верувам дека дијалогот е неопходен и единствен пат до решение во демократскиот свет. Дијалогот е единствена алатка за европска интеграција на двете земји“, рече Ковачевски.Тој посочи дека местото на Западен Балкан е во ЕУ особено кога ќе се земе во предвид на поделбите во светот.„Ги охрабрувам страните да бидат конструктивни и да имаат продуктивен ден. Република Северна Македонија не е случајно избрана за да се одржи овој дијалог, туку бидејќи е фактор на стабилност во регионот“, додаде Ковачевски.Тој посака успешни преговори. Посочи дека со дијалог се постигнале договори, а се донеле и државнички одлуки.„Во услови на геополитички превирања и воена агресија, местото на Западен Балкан е во ЕУ. Јасно сакам да порачам дека ние сме политичари кои носат тешки но државнички одлуки. Никому не му е тешко во вакви ситуации бидејќи дијалогот значи и отстапки, но знаеме дека тие тешки одлуки се за подобра иднина на сегашните и идните генерации“, посочи Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Почина д-р Горан Беговиќ, претседателот на синдикатот на клиниките

„Со огромно жалење и неверување ја примив веста дека денес не напушти Асс. Д-р Горан Беговиќ dr. sci.-субспецијалист, хирург и Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија“, објави Ивица Апостолов, претседателот на Здружението на медицински лаборанти на клиниките.„Како вработен во Клинички центар, денешната смрт на др.Беговиќ ме остава збунет, во болка и во неверување, но сигурен сум дека се она што го направи како човек и Претседател за ССКЦ, д-р Беговиќ засекогаш ќе биде дел од срцето на Синдикатот на Клинички и никогаш нема да биде дел од некое минато време, туку дел од сите нас кои сме членови во Синдикатот. За оние кои го познаваа, останува празнина во душата и како верен колега, пријател и човек со работата во ССКЦ и тоа во време кога ни беше најпотребен, но за жал денес остануваме без неговата безрезервна љубов и поддршка, без неговата емотивност и грижливост за сите колеги во Синдикатот на Клинички, но и во овие тешки моменти како членови на ССКЦ ние мораме да продолжиме по неговиот пат“, пишува Апостолов, изразувајќи длабоко и искрено сочувство до семејството на д-р Беговски за големата загуба.

Македонија | пред 2 години

Vesna-Dameva-2

Дамева: Ќе се ослободиме од судиите кои не заслужуваат да ја носат тогата

Сите во правосудството треба да ја почувствуваат одговорноста, вели претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева во најновото издание на Трилинг, на прашањето дали чувствува одговорност за состојбите во правосудството.-Обврска е дека треба да ја враќаме довербата кај граѓаните. Ниска е довербата во повеќе институции, наше е како ќе почнеме да ја враќаме довербата. За враќање треба да се констатираат причините. Во наредниот период ќе преземаме чекори. Прв чекор е транспарентност и отчетност, втор чекор е да се ослободиме од судии кои не заслужуваат да ја носат тогата – рече Дамева.Во врска со непотизмот и партизираноста во судството таа вели:-Јас не сум член на политичка партија, а дружбата и пријателството со политичари, во иднина ќе се покаже дали има влијание врз мене. Немам ни дете судија или обвинител, ниту сопруг. Не може да забраните дискриминација по семејна положба – вели Дамева.На прашањето дека упатените во правосудството велат дека во Судскиот совет има три струи, едната поддржана од Заев, втората на Миле Зечевиќ, а третата од ДУИ, Дамева рече дека прв пат слуша за тоа.

Македонија | пред 2 години

io

Средношколците по средбата со МОН: Ни беше кажано дека материјалот е веќе скратен, но не добивме увид

Кратење на материјалот предвиден за полагање на државната матура поради онлајн наставата, дојавите за бомби, изгубената настава и дупките во знаењето било главното барање на претставници на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) на денешната средба во Министерството за образование и наука.Како што соопштија од ОДАС, на средбата разговарале за проблемите и предизвиците со кои средношколците се соочуваа изминативе четири години, при што било издејствувано учениците да добијат банки со прашања за полагање на интерните предмети.-Успеавме да издејствуваме училиштата да мораат оваа година да им достават на учениците банки со прашања за полагање на интерните предмети. Од друга страна, ни беше кажано дека материјалот е веќе скратен, но не добивме целосен увид во тоа колку и кој материјал е скратен. Тоа што го забележавме беше дека скратениот материјал по мајчин јазик (македонски) е речиси идентичен со тој од минатогодишната матура. Продолжуваме да го следиме процесот и да работиме на заложбата за подобро образование, и ќе информираме за сите следни чекори по извршување на разговори со средношколците, велат од ОДАС.

Македонија | пред 2 години

272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Се бара притвор за наставничката која дилала дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против петмина осомничени за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во периодот од крајот на јануари до средината на март, осомничените четворица мажи и една жена која е наставничка во основно училиште во Аеродром, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи исти прилики.„Со посебни истражни мерки и други дејствија по наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази за основано сомнение дека осомничените во наведениот период неовластено заради продажба купувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) кој е класифициран во Националната листа II на контролирани психотропни супстанции“, кажа Обвинителството.Оттаму соопштија и детали за претресите и што е пронајдено.„При претресите извршени на седум локации во Скопје во текот на вчерашниот ден и рано утрово, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје открија лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со проценета вредност на „црниот пазар“ од околу половина милион евра – амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, повеќе дигитални ваги и опрема за производство на амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, како и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога“, додаваат од Обвинителството.Еден од осомничените се товари и за кривично дело – неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, бидејќи при претресот кај него била пронајдена и автоматска пушка, 667 куршуми со различен калибар, рамки и други делови од огнено оружје.„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото“, додава Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-04-16-at-22.47.04

Адвокатот на Боки 13 очекува да паднат и оставки: Никој не е толку црн за да го доведете во животозагрозувачка состојба

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Бојан Јовановски-Боки 13, за „Макфакс“ посочува дека очекува оставка од неколку лица што во изминатиот период одлучувале по однос на барањето за прекин на казната. Туфегџиќ посочува дека токму тие што одлучувале и го оставиле Боки 13 во „Идризово“ со влошено здравје треба да сносат одговорност. Осудениот денеска е хоспитализиран и во болница, каде што треба да му биде извршена операција.„Реално, лично очекувам морален чин на оставка од неколку лица што постапувале и одлучувале во изминатиот период бидејќи ниту еден осуденик не е до толку црн за со своето постапување дополнително да го казнувате и да го доведете во животозагрозувачка состојба, а сето тоа можело да се одбегне“, вели Туфегџиќ за „Макфакс“.Тој додава дека докторите и тој како адвокат алармирале дека може да се избегнат овие последици ако Боки 13 бил третиран во согласност со насоките од докторите.„На овие последици врз животот и здравјето на осуденото лице во изминатите 7 месеци предупредуваа лекарите специјалисти од областа и јас како бранител. Укажуваа како и на кој начин да се одбегнат тешките последици врз животот и здравјето на лицето и сите укажувања се составен дел од списите на предметите водени во Основниот кривичен суд Скопје и Управата за извршување на санкциите.Во конкретниот случај надлежните органи што постапувале однапред знаеле за здравствената состојба, биле свесни за настапувањето на последиците, кои извесно може да настанат, па оттаму оправдано е барањето за одговорност упатено од семејството“, додава Туфегџиќ.Утринава, правниот тим на Боки 13 посочи дека тој е хоспитализиран во болница. По правење на проверките, тој ќе биде и опериран, соопштија тие.

Македонија | пред 2 години

igor-jug

Игор Југ: Сите стари удбаши душа испуштале врекајки како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев, и вие така ќе завршите

По одбивањето на иницијативата за донесување закон за амнестија на уставобранителите во Собранието, се огласи еден од осудените, Игор Југ:„Им благодарам на Драган Стари Пешевски и на Јанаки на идејата и иницијативата!Им благодарам на сите пратеници кои гласаа ЗА!Оние кои гласаа против имаат свои причини кои не сакам да ги анализирам. Животот е круг, еднаш и за некој кој на нив им е мил, а можеби и за нив лично ќе треба да се гласа…Им благодарам на оние кои искрено не поддржуваат и ја посакуваат нашата слобода, бидете благословени луѓе!Посебно ќе се осврнам на оние кои лицемерно ќе лајкуваат на овој пост, а во длабочината на својата расипана душа посакуваат никогаш да не излеземе од затвор и на кои сето ова што се случува во Македонија изминативе 6 години им оди на рака и им одговара на нивните лични интереси и на интересите на центрите на моч на кои им ја имаат продадено душата за грст сребреници.Прочитани сте како буквар, тоа што не ве терам директно у ***у матер е затоа што сакам да видам до каде ќе терате и колку л*јна сте спремни да изедете за да станете “некој и нешто” и финансиски да се осигурате. Засега гледам дека имате огромен капацитет на тоа поле!СЛАТКИ НЕКА ВИ СЕ!!!Само знајте едно: Сите стари удбаши душа испуштале врекајки како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев кои ги имале на душата, сите лицемери по професија поминувале исто. И вие така ќе завршите, а се она што сте го заработиле со лицемерие и кодошлук, ќе ви го трошат други.Животот бргу поминува, а личен избор е дали ќе го проживееш како човек или како лебарка!!!“.

Коментари | пред 2 години

skopje-parking

Велешанка со инвалидно возило паркирала на инвалидско место, платила и паркинг и казна

Велешанка која е лице со посебни потреби, при паркирање на своето возило кое имало лепенка дека е за инвалидни лица, на место наменето за оваа категорија граѓани, од страна на вработените во ЈП „Градски Паркинг“ не само што уредно си го платила паркингот, туку и заработила блокатор на едно од тркалата.Еве што напиша таа на својот Фејсбук профил:„Денес сум толку изреволтирана,толку дискриминирана,толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка,ај да кажам и зошто.И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот,наместо ова наше општество(ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби,тоа нас не удира по нос.Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:"Aма вие сте од друг град" ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:" Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск"..чудно ме гледа..Второ велам: "Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи,си пративме порака..и покрај тоа пак блокада"..на тоа ми одговара: "Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи".Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило,иако си од друг град/држава,па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!Се јавува батето во централа,прво чекаме едно 15мин за да го решат "проблемов",ѕвонат од таму чоекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5мин..се враќа и вели:"Од таму велат мора да си ја платите казната"..Си кажавме уште некој работи на кој секако не се придаде важност,пошто се вадеа цело време со тоа дека они се само вработени и си ја работат работата..незнам само која и каква работа кога ,како ќе им дојде така си тераат..ама нејсе.Море чоек,море човеци..пошто не сте луѓе да ве наречам така,знам дека и до некаде не сте ни вие криви некој има и над вас ама да печалите на нас и згора да се иживувате..има Господ тој е над сите.Лута сум да..никогаш јавно не сум се дрзнала да напишам ништо иако ова е еден од многуте случаи со кој се соочуваме ние,третирани како граѓани од незнам кој ред..прв сигурно не..ама ова е веќе претерано.Инаку казната си ја плативме да,ама да ви кажам дека повеќе нема да ќутам..ова нема да остане вака..

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-03-17-082351

„Засрамете се што дозволувате ова да ви биде секојдневие“, Ирена Ристиќ за хигиената во центарот на Скопје

Актерката и една од главните иницијатори на неформалната еко-група „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, неодамна, на својот Фејсбук профил, објави разочарувачки фотографии од централното градско подрачје. Таа е позната по бројните иницијативи за чистење на главниот град, заедно со други граѓани.Таа напиша:Секое, буквално секое ќоше вришти, стенка и запомага, опишувајќи го нашиот однос кон природата, општеството и на крајот, кон самите себе...Јас не се препуштам на сивилово!Нема да дозволам да ме поклопи!Ова е рефлексија на нечија туѓа внатрешност, не на мојата! Мојата допрва ќе сјае!Засрамете се што дозволувате ова да ви биде секојдневие, што дозволувате во вакви глетки да трепкаат детски очи! Па, фуј!Борбата продолжува! До победа!НЕ БИДИ ЃУБРЕ ни сега, ни никогаш, ни во вечни векови! Амин!

Коментари | пред 2 години

spasovski-ackoska-696x364-1

Спасовски бара да се казни професорката Ачкоска: Ќе бараме реакција од Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека МВР ќе подне соодветен поднесок до Јавното Обвинителство во врска со професорката Виолета Ачкоска.-Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци. Ние вчера излеговме со демант како МВР, бидејќи се шпекулира во јавноста, односно се злоупотребува темата дека на овој начин имало повеќе починати средношколци кои биле во Градскиот парк. Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек, рече Спасовски.Тој додаде дека вакви трагични ситуации со кои се соочуваме не треба да бидат дел од никакви политички пресметки. Како што рече, најмногу треба да внимаваат луѓето кои себеси се сметаат за луѓе со висок интегритет.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-03-16-at-09.56.38

Мајката на Боки 13 вклучува црвен аларм: Син ми останува со трааен ивалидитет!

Јасминка Јовановска, мајка на Бојан Јовановски-Боки 13 преку писмо до јавноста алармира дека животот на нејзиниот син е донесен во ризик. Јовановска, во писмото потпишано од неа и нејзиниот сопруг Миле Јовановски, посочува дека Боки 13 е во лоша здравствена состојба поради тоа што е мета на изживување, малтретирање и тортура. Најавува дека за ваквите последици по неговото здравје, одговорност ќе бара од инволвирни лица.“Изразуваме сериозна загриженост како родители за актуелната здравствена состојба во која се наоѓа Бојан, а како граѓани на оваа држава во најблага форма кажано се чувствуваме згрозени и огорчени од организираната тортура и линч кои му се случуваат на Бојан целиот овој период, на него лично, а и на целото наше семејство како рефлексија од омразата, нечовечноста и антагонизмот кон Бојан. Животот на мојот син Бојан е донесен до крајна црвена линија и согласно последните медицински наоди и извештаи, операцијата која ќе се изврши е неизбежна и е со висок ризик по неговиот живот, се работи за операција со неизвесен исход после која операција повторувам дека Бојан ќе има траен инвалидитет“, пишува Јовановска.Таа додава: „Поради сето ова, сите инволвирани лица кои системски, свесно со сторување и несторување здружено и со намера му го сторија ова неправо на Бојан ќе мораат да понесат кривична одговорност и да бидат најстрого санкционирани. За ова изживување, малтретирање и тортура кон Бојан одговорност мора да има! Како мајка и родител, на ниедна мајка и родител не им го посакувам ова пеколно и злосторничко однесување кон било чие дете, затоа упатувам апел до јавноста, за човечноност и разумност во овие чувствителни моменти од причини што Бојан е мета на најголемиот јавен говор на омраза сите овие години, а никој не понел одговорност за таквиот отворен и директен говор на омраза, каде со најпогрдни зборови, навреди и пцовки се опишувало името на Бојан, а за воља на вистината ниту еднаш досега ниедна организација за борба на човековите права не изнела јасен став, не ги осудиле ваквите појави и не застанале во одбрана на правата на Бојан, ниту барем декларативно, а Бојан е флагрантен пример за повреда на човековите права!“.[caption id="attachment_2668508" align="aligncenter" width="588"] Медицински извештај од Боки 13 издаден вчера (15.03.2023)[/caption]Семејството Јовановски најавуваат и кривична одговорност.„Поради сето погоренаведено, поради организирано и здружено делување и соизвршување од безобѕирна одмазда, користољубие и по нарачка, под сомнение за сторени повеќе кривични дела ќе бидат поднесени кривични пријави за лица од правосудството, органи на извршната власт и здравствени работници кои заеднички, здружено, свесно и со намера, секое од пријавените лица со одделни и поврзани дејствија на сторување, ги сториле делата за кои ќе биде иницирана кривична постапка од нас, како подносители, родителите на Бојан Јовановски, Јасминка и Миле Јовановски пред надлежното јавно обвинителство. Пред надлежен јавен обвинител ќе бидат образложени сите наводи и кривичните пријави ќе бидат поткрепени со цврсти докази. Одговорност за целото нанесено зло и за сите инволвирани лица кои се директно одговорни за оваа ситуација, ќе има, без исклучок! Нашата борба ќе биде до крај, се до конечна правда, за која правда сум се борела и работела цел работен век во областа на правото, без ниедна морална и професионална дамка со целиот мој изграден морален и професионален интегритет“, стои во соопштението.Јовановска посочува дека секогаш била воздржана, никогаш не се обраќала во јавност – но актуелната состојба на Боки 13 тоа веќе не и го дозовлува.„За целиот овој период од почетокот на кривично-правните процеси против Бојан па се до денес се немам огласено ниту еднаш во јавност, не од причина дека немам што да кажам, напротив и како негова мајка и како професионалец во областа на правото, како истакнат правник со повеќе од 30 годишно работно искуство имам многу да зборувам за здруженото неправо кон Бојан, за максимата на човечкото лицемерие, за сите атакувања, етикитирање и ниски удари кои што сме ги добиле во целиот овој период. Сум била воздржана, но повеќе самата актуелна состојба со животот и здравјето на Бојан тоа не ми го дозволуваат, бидејќи врз него ќе биде извршена операција тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник, со што ќе настапи траен инвалидитет на мојот син Бојан. Од тие причини со целиот мој морален и професионален дигнитет и се обраќам на јавноста преку ова јавно соопштение и немам за цел да предизвикам чувство на сожалување, туку единствено да порачам дека од овој момент преку сите законски инструменти предвидени со домашното и меѓународното законодавство ќе се борам заедно со мојот сопруг преку нашите правни полномошници против злото и неправдата која му е сторена на Бојан и на тој начин директно му е загрозен неговиот живот“, додава Јовановска.Досега, во низа наврати се алармираше за влошената здравствена состојба на Јовановски-Боки 13. За тоа во јавноста беа доставувани и медицински документи од неговиот правен тим, од различни болници, а потпишани од десетици доктори. Во нив стоеше дека лекувањето на Боки 13 не може да продолжи во затвор поради тоа што таму нема услови. Но, Кривичен суд и Управата за санкции не сметаа така и го оставија во затвор.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања