Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа

Професорката Мирјана Најчевска вели дека министерот за надворешни работи Бујар Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост.„За говорот на омраза и потткнувањето етничка нетрпеливост.Со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа Бујар Османи од позиција на министер за надворешни работи шири лаги.Мислам дека за ова не треба да се менува ниту еден закон ниту да се носи нов за да се процесира.За ова треба под итно да се формира анкетна комисија во Собранието и да се стави на дневен ред.За ова премиерот треба да го повика на разговор министерот и да му се заблагодари на досегашната работа“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Спомениците на неуспехот на СДСМ: Груевски наброи 70 проекти и одлуки на претходната влада кои оваа власт ги заборави и погази!

Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус со наслов „Спомениците на неуспехот на СДСМ по 6 години власт“, во кој има листа на 70 проекти кои како што вели биле почнати или доведени при крај од претходната власт.„Ова е листа од 70 точки со проекти почнати или доведени при крај од претходната власт или одлуки, постапувања или не постапувања; Некои беа систематски секоја година. Еден мал дел се подготвени како проекти и доведени во состојба пред почеток на градба а оваа власт ги заборави.Ги има уште многу.Листата продолжете ја Вие.1. Клинички центар-Скопје;2. Клиничка болница - Штип;3. Прекината програмата за финасиска подршка за трето дете (драстичен пад на демографијата од тој момент од 24.300 во 2010 на 18.650 во 2021 година новородени деца годишно и од 3.340 новородени трето дете во 2010 на 1.800 новородено трето дете во 2021 година);4. Прекин на програмата и создадениот систем за континуирана набавка на голем број апарати за здравството секоја година;5. Сменето името на државата со сменет устав, променет идентитет на македонците, името на нацијата и јазикот, откажување од историјата со потпишан меѓународен договор;6. Системот со кој секоја година се реновираа голем број бoлинци и медицински установи се прекина;7. Програмата за континуирана тренинг и едукација на 1000 лекари и медицински персонал годишно во најдобрите клиники во странство беше прекината веднаш;8. Доверба на граѓаните во судството 4% и доверба на граѓаните во обвинителството 3%;9. Стотици прогонувани лица неистомисленици заради политички цели;10. Растурен системот и тимот за привлекување странски директни инвестиции, нови фабрики и компании со нов капитал, технологии и вработувања. За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена(Артур Шопенхауер);11. Стопирана градбата на ТИРЗ-ови и индустриски зони: 1.Куманово-Кр.Паланка-Кратово, 2.Берово, 3. Делчево, 4. Маврово-Ростуше, 5. Радовиш, 6. Виница, 7. Гевгелија, 8.Индустриската зона Кисел-Охрид, 9.. ИТ зоната во ТИРЗ Скопје 2, 10. Индустриската зона во Кратово;12. Корупцијата од 62. на 110. место во светот, најниско одкако постои државата според Transparency International;13. Направени огромни финасиски штети со кои државата во иднина ќе плаќа огромни парични обештетување во износ над 1,5 милијарди евра во проекти како ОКТА, Клинички центар, Фени, Иловица, Казандол и други;14. Прекинат проектот “купи куќа за млади до 35 години” и проектот “Купи куќа, купи стан” со кој од буџетот се подржуваа илјадници лица годишно кои неможат сами да соберат пари за куќа или стан;15. Автопат Кичево-Охрид;16. Експресен пат (4 ленти) Градско-Прилеп17. Експресен пат Ранковце - Крива Паланка;18. Експресен пат Штип-Кочани(само делумно завршен);19. Автопат Скопје-Блаце 14 км. Ни 2 км не можат да ги завршат;20. Пругата кон Бугарија;21. Скопје - Сопиште, преку Водно (целосно готов од јуни/јули 2017);22. Гасификација на Штип и Св. Николе нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;23. Гасификација на Кавадарци, Неготино и Радовиш нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;24. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Скопје-Тетово-Гостивар;25. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Неготино-Прилеп-Битола;26. 6 години неможат да изберат надзор за градба на гасовод киј Грција кој би ни отворил повеќе извори на гас;27. Нема гасификација на Скопје, Куманово и Крива Паланка, ниту источна и западна Македонија во целина;28. Нема втора и трета фаза на градба на примарен гасовод во кој би влегле Велес, Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Кочани, Берово, Делчево, Пехчево.;29. Објект на факултетот за информатика ФИНКИ кај ТЦ Мавровка;30. Објект на факултетот за физичка култура кај ТЦ Мавровка;31. Радиодифузна кула на Водно;32. Објектите на офицерски дом и објектот во градба до него, на плоштад Македонија во Скопје и објект на хотел помеѓу ресторантот Пелистер и Сити Галери (стопирани со политички мотивирани акции кон приватниот инвститор);33. Полуразрушен ресторант на објект со налик на брод во р.Вардар во Скопје (политички мотиви) Човекот кој не може да создава, сака да уништува (Ерик Фром);34. Прекината и на пола застаната промена на фасада на објектот на ЕВН/ЕЛЕМ и објектот Пелагонија во близина на плоштад Макеоднија;35. Недовршен објект на плоштад Пресвета Богородица во Скопје во кој требаше да се сместат преку 10 државни институции кои во моментот плаќаат кирија или се во руинирани бараки. Проектот е над 90% готов од 2017 година);36. Споменик(споменична композиција) на Мајка Тереза со фонтана на плоштад Макеоднија;37. Недоизградени мост во општина Аеродром кој се градел без да се изврши претходноекспропријација на куќите на кои мостот излегува;38. Катна гаража кај “Нова Македонија”Скопје;39. Плаошник Св.Климентов универзитет;библиотека и факултет за богословие-Охрид;40. Објект на базентот во Охрид;41. Објект на театарот во Охрид, Прилеп и Театар Комедија во Скопје;42. Катна гаража Охрид;43. Нефункционалност на проектот “бесплатни учебници” за секое дете воведен во 2009 година;44. Стопирање со не обнова на проектот “компјутер пред секое дете”. Нема системско опремување на компјутерски кабинети, нема ваучери за бесплатни таблет компјутери за студентите, зaпpe проектот за целосна компјутерска поврзаност на сите државни институции(интероперабилност) кој значајно ќе го нaмaлeше или eлиминиpaшe одењето по шалтери од страна на граѓаните;45. Прекин на проектот “екстерно тестирање во училиштата” и не замена со друг подобар;46. Обнова со нов објект на студентскиот дом “Медицинар”. (Оставен готов проект за градба и обезбедени пари);47. Црква Св. Константин и Елена ул. Македонија - Скопје;48. Објект на Универзална Сала во Скопје или нејзино реновирање со проширување (оставени проекти за двете опции);49. Објект на Турски театар во Скопје;50. Незавршена изградбата на Струмичкиот театар;51. Земени пари од светската банка за воведување пропорционален данок(погрешен чекор е неговото воведување), не воведен а парите потрошени за други цели. Како резултат на тоа светската банка не одобрува нови проекти додека не инсе вратат парите;52. Незавршена брана “Оризарска река” кај Кочани, Брана “Конско” кај Гевгелија и уште неколку други брани и проекти за наводнување и водоснабдување;53. Прекината градба на објект на народната банка, веднаш до МОБ и до МНР. Почната градба пред 9-10 години;54. Не отворен рудникот за јаглен “Суводол” -Битола и ист таков во Пехчево и не сменети котлите во ТЕЦ Битола и еколошка модернизација во ТЕЦ Неготино заради здравствено-еколошки причини;55. Водоводот “Патишка река” за 12 населени места во Сопиште запрен како и десетици други водоводи и канализациски мрежи;56. Запрена градбата на 100 мултифункционални игралишта и 120 тениски игралишта. Недовршени дел од спортските сали од проектот за 135 спортски сали. Спортската сала со 1500 седишта за гледачи во склоп на универзитетот Св. “Кирил и Методиј” веќе шест години завршена стои заклучена. Запре проектот за нова сала за гимнастока, затворена сала за тенис, сали за боречки спортови и отворен базен во СЦ Борис Трајковски. Запре и проектот за тениски терен на отворено со поголем број публика за големи натпревари;57. Запрен проектот за карго аеродром меѓу Св. Николе и Штип кој за 7 години од сега преку проширување требаше да стане главен аеродром во Македонија, во регион каде маглата е многу ретка.58. Запреа континуираните кампањи во меѓународни медиуми за привлекување инвеститори и туристи;59. Запре или силно зaбaви проектот за изградба на нови патарини со кои ќе се елиминираа кражбите преку автоматизација;60. Нема ,Ден на дрвото,, секоја година и масовно садење по илјадници садници дрва од илјадници граѓани;61. Нема веќе набавка на нови лабаратории за универзитетите, научните институции и државните установи. Нема превод на стручни и научни книги и учебници на кои се учи на врвните 10 Универзитети во светот, како што ние преведовме над 1000 книги, а стипендиите за бесплатно студирање на топ 200 универзитети се сведени на стипендии за роднини, пријатели и сопартијци; Нема подршка на големи и капитални едиции на книги како што беа “Ѕвездите на светската книжевност”, “Светско книжевно богаство”и повеќе други едиции;62. Запрен проектот за градба на нови coциjaлни згради, згради за млади брачни парови, згради за деца бeз родители, вработувања на деца бeз родители во државната администрација;63. Зaпpe втората фаза на набавка на нови патнички и транспортни возови на македонски железници;64. Запре втората фаза на градбата на жичарата во Скопје;65. Нема нов објект на Драмскиот театар во Скопје. Беше изработен проект и склучен договор за градба;66. Набавката на поголем број нови возила на Брза пoмoш, пoжapна и градски автобуси со помош на владата стана далечно минато;67. Системот со кој владата воспостави пракса да дава даночни и други поволности за отворање на нови работни места во приватниот сектор не постои;68. Нема веќе систем за раст на пензиите помеѓу 5 до 10 осто годишно над стапката на инфлацијата/цените. Повремено растат но помалку од растот на цените; Нема ни бесплатен престој на пензионери на бања и многу слични проекти.69. Нема веќе систематско градење на градинки секоја година по утврдена програма од страна на владата. Инцидентно по некоја. Нема веќе систематско реновирање и градење на училишта секоја година по утврдена програма од страна на владата;70. Македонија веќе не е суверена држава, туку неформален/неофицијален протекторат. Други ги носат најважните одлуки за државата во уставна надлежност на владата и парламентот. Политичарите на власт исполнуваат обврски првенствено кон други, не кон својот народ. Тие се горди и јавно се фалат кога ќе добијат инструкција нешто да направат или да не направат од други, не од народот. Од други првенствено чекаат да ги задржат или донесат на власт. Потоа народот. Народот од други чека спас, правда, реформи, подобар живот и напредок. Кај други се жали, наместо кај институциите на системот. Судиите и обвинителите само формално се одговорни пред судскиот и обвинителскиот совет. Неформално кон извршната власт и оние кај кои извршната власт и политичарите одат по сопственото мислење. СДСМ не ја создаде само “Северна”, туку и една комплетно “нова” Македонија;Тука ќе запрам. Знам дека има уште.Листата продолжете ја Вие…“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot_862-696x435-1

Виолета Бошкоска се обрати директно киднаперите: Пуштете го да си дојде дома, дење и ноќе сме будни, го чекаме да се врати

Виолета Бошкоска, сопруга на политичарот Љубе Бошкоски, тетка на Самоил Костадиноски по кого се трага веќе подолго време, денеска се обрати директно до киднаперите со следнава порака: Каде и да е Самоил, што и да се случило, ве молиме ослободете го. Пуштете го да си дојде дома, ние дење и ноќе сме будни, го чекаме да се врати – со овие зборови, во име на целото семејство, им се обраќа на киднаперите Виолета Бошкоска, тетка на киднапираниот Самоил Костадиновски, од кого нема никаква трага дванаесет дена.Во изјава за „Фокус” таа вели дека целото семејство живее во агонија. И мајката на Самоил, која живеела во Бугарија, по настанот се вратила во Македонија и на сите им преостанувало да чекаат и да се надеваат дека тој жив и здрав ќе се врати.-Многу боли кога знаеш дека некој од твоите го нема, а ти си немоќен! Постојано плачам, дење и ноќе сме будни, чекаме да се појави на вратата, да дојде… Денес ангажиравме адвокат да влезе во списите, да види што се случува, така да сме барем во контакт со истрагата. Но сепак, сметам дека се направија големи пропусти во истрагата, се дозволи киднаперите да го запалат автомобилот – вели Бошкоска.Сивиот опел во кој киднаперите го возеле момчето, е запален и целосно изгорен. Што се случило со него, се уште не се знае.

Македонија | пред 2 години

grubi-kovacevski

Излезе на виделина прљавиот веш на власта - избрале компанија за шиење гаќи да врши надзор на изградба на коридори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д го извади на виделина прљавиот веш на власта на Груби и Ковачевски. Овој пат буквално, вели ВМРО-ДПМНЕ„Груби и Ковачевски доделуваат тендер за надзор тежок 22 милиони евра во кој клучна е фирмата „Електра Солушн“ која до неодамна се занимавала со производство на гаќи и која лиценца за А надзор извадила дури откако тендерот бил во тек.Оваа компанија која до скоро произведувала гаќи и долна облека немала никакво искуство за надзор на изградба на патишта, а ќе добие најголем дел од овој тендер, односно 8,3 милиони евра.Дополнително оваа компанија е во сопственост на синот Андон Ампов, и седиштето во Велес го дели со Институтот за патишта - Велес на братот Сотир Ампов - Помладиот, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен. Да биде уште посомнително „цимер“ им се хрватската фирма ИГХ со руски капитал, како што сам кажа и Груби.Груби и Ковачевски овие информации воопшто не ги тангираат, што отвора сомнеж дека знаеле дека се работи за контроверзна компанија и сепак ја ангажирале.Јавното обвинителство нека не изигрува смоквин лист кој го покрива срамниот скандал на Груби и Ковачевски. Разголен е веќе целиот план на оваа власт. Овде смрди на криминал и корупција. Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

brza-pomos-belgrad

Почина матурант од Скопје - се огласи и мајката

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал. Неговите другари и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер.Сузаната Тренчевска, мајката на Јован, во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Студентите најавуваат нови протести

Мон преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, велат од Студентски отпор.„Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно:Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за Јануари“, се додава од страна на оваа студентско движење.Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија, како што додаваат од таму, немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март.„Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ.Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март“, се потенцира во напишаното.Најнова информација од МОН, како што појаснуваат од „Студентски отпор“ е дека до 15 Март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени.„Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор.Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 Март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град“, истакнуваат студентите.

Македонија | пред 2 години

20230313195940

Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена, вели сопругата на исчезнатиот Самоил

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски, веќе 10 дена чека да слушне информација дали тој е жив. Семејството испраќа молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација да го најдат. Самоил е внук на македонскиот политичар, Љубе Бошкоски, има три годишно дете, а второто е на пат.„На трети март се губи секоја трага од нашиот Самоил. Индициите наведуваат дека е киднапирање, а не самоволно исчезнување. Загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена во атар на село Драчево. Полицијата изјави дека се притвор двајца од учесници, но она што е направено досега не дојде до пронаоѓање на Самоил“, изјави сопругата за Канал5.Таткото на Самоил се сомнева дека зад киднапирањето стојат нарко-зависници.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 2 години

20230314094120

Новата министерка за животна средина ќе бара наплата од 153 милиони евра

Новата министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова синоќа во емисијата „Топ Тема“ на Телма најави истрага зошто не се наплатени 153 милиони евра од носителите на А-интегрирана дозвола.Во меѓувреме 492 милиони евра се отпишани како застарени, а Шукова вели дека истрагата ќе се води од извештајот на Државниот завод за ревизија.– Евидентиран е недостаток со Извештајот на Државниот завод за ревизија, правиме напори да го надминеме за да немаме вакви состојби и во иднина, а тоа значи дека ќе направиме контрола прво на сите издадени решенија, на сите што треба да се издадат, особено во однос на А-интегрираните дозволи. Во однос на надоместоците преземаме сериозна акција за да се воспостави еден систем на контрола. Најверојатно ќе биде некое софтверско решение во кое точно ќе знаеме влез и излез, направено и ненаправено за да можеме да знаеме кој правилно работи, а кој греши – изјави министерката.Таа додаде дека во министерството е направена група која ќе ги издвои сите надоместоци за животна средина на едно место, ќе ги евидентира и ќе најде механизам за проверка дали надоместоците се соодветно платени во централниот буџет.

Македонија | пред 2 години

333958484_1413586026121775_6576279385033407293_n

(ВИДЕО) Лице во бела мантија ги плаши кавадарчани

Веќе неколку ноќи, лице облечено во бела мантија ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“.Лицето како што сведочат очевидци ги плаши жителите на овој град затекнати во тој реон, често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните.На социјалните мрежи е објавено видео од овој настан а граѓаните реагираат и прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Македонија | пред 2 години

kokain

Како може лице од безбедносен ризик, осомничено за транспорт на кокаин, да добие дозвола од МВР за поседување на оружје, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Ништо од прозападните вредности на владата, Македонија ја претворија во Див запад. Ниту право владее, ниту правна држава имаме. Секојдневие станаа убиства, ликвидации, киднапирања, бегства од затвор, криминалот царува, а мафијашите наместо да одговараат пред законот се договараат со власта, прашува ВМРО-ДПМНЕ„Затоа клучните криминалци имаат дрскост јавно да пукаат и да ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски како министер и Сашо Тасевски како директор на БЈБ се должни да им одговорат на граѓаните.Прашуваме, дали Полицискиот началник, Музафер Каришиќ, човек од доверба на Спасовски и Тасевски, како член на комисијата за издавање на одобрение за оружје му дал дозвола за поседување на оружје на Шукри Асани, кој е осомничен за транспорт на кокаин? Како може криминалец од листата за безбедносен ризик да поседува дозвола за оружје? Ова е исто како на пироман да му дадеш канта со бензин и запалка и да го пуштиш сред шума.Полицискиот началник Каришиќ е директно одговорен и поставен од страна на Спасовски и Тасевски. Неговите постапки не е можно да не биле дозволени од страна на овие двајца. Дали Спасовски и Тасевски свесно дозволуваат криминогени лица да шетаат слободно вооружени и дали со таквите лица имаат тајни договори и бизниси?Јавноста мора да ги знае овие одговори, бидејќи безбедноста на граѓаните е загрозена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

vmro_dpmne

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините, вели СДСМ

Наместо да работат во интерес на граѓаните и реализација на ветените проекти, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се што прават е задолжување и партизација на општините, вели СДСМ„За само 1 година и 3 месеци, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски го зголемиле долгот на општина Кисела Вода за 40 милиони денари.Зголемување на долгот и обиди за дополнително задолжување преку општински обврзници има и во други десеттина општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.Но парите од овие задолжувања наместо да се трошат на проекти и политики, тие се трошат непродуктивно и за вработување на партиски кадри во општините.Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, пет милиони денари ќе потроши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…Тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

solza-770x444

Грчева: А што очекуваа од Ескобар? Како да нè нарече по договорот од Преспа, со кој Грција присвои сè македонско?

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева во објава на Фејсбук ја коментира изјавата на американскиот заменик помошникот на државниот секретар Габриел Ескобар и реакциите по неа.„А што очекуваа луѓево од Ескобар? Како да не нарече после договорот од Преспа? Според тој договор, на секој медиокритет треба да му е јасно дека се што е македонско, Грција го присвои. Секоја можна идентитетска одредница. Затоа со денови протестиравме, ама некои сега тазе разбудени, тогаш преспаа се.И сега станавме “православни” што е безобразлук и глупост во најмала рака. Но, кога им укажувавме на “нашиве” и им укажуваме на погубноста на договорот, се прават недоветни (какви што впрочем, се).Следниот пат ќе не нарече Балканци, во најдобар случај.И пак ќе бараме “извинувања”. Што од нив? Абе договорот по Вардар, само тоа е чаре!!!“ – напиша Грчева.

Коментари | пред 2 години

darija-eskobar-696x364-1

Андовска за изјавата на Ескобар: Бетон идентитетот. Армиран. Останува само да ни го фрлат врз глава

Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, во објава на Фејсбук ја коментира изјавата на американскиот заменик помошникот на државниот секретар Габриел Ескобар„Уште да решиме дали на егзархијата или на патријаршијата припаѓаме – векови назад нè вратија.Бетон идентитетот. Армиран.Останува само да ни го фрлат врз глава“, вели Андовска на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

cvetin-696x392-1

Чилиманов: Од кого Заевци и Ахметиевци купуваат струја?

Новинарот Цветин Чилиманов објави информација дека поранешниот заменик помошник државен секретар на САД Брајан Хојт Ји, има своја компанија во Бугарија за производство на електрична енергија која пак извезува и во Македонија. На ова Чилиманов коментира:„Додека чекаме да видиме кој од Калето ќе ја продолжи кариерата во Бехтел, да видиме од кого Заевци и Ахметиевци купуваат струја.“https://twitter.com/Cvetin/status/1634523713876942848?s=20

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска: Не сакам американската амбасадорка да ми прави „црни листи“, дајте соберете се и отстранете ги од власт сите кецароши, измамници и криминалци од поголем калибар

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.Професорката Мирјана Најчевска вели дека не сака американсакта амбасадорка да прави црни листи, ниту било кој странски амбасадор да ги решава проблемите во државата.„Не сакам бре американската амбасадорка да ми прави црни листи на корумпирани политичари.Не сакам ниту еден странски амбасадор да ги решава проблемите во мојата држава.Сакам луѓе со два грама мозок кој знаат што прават, умеат и го прават она за што се избрани и платени.Дајте бре соберете се малку и отстранете ги од власт сите кецароши, џаболебари, измамници, фолиранти, терористи, насилници, примитивци, џепароши и криминалци од поголем калибар.И да, треба да се отпуштат сите судии и јавни обвинители.И да се распише конкурс.И сите да полагаат и на сите да им се испита минатото, и сите да дадат отчет за она што до сега го правеле и да им се попише имотот до последен манџар и да се спореди со имотот со кој ќе излезат по секоја година од држењето на функциите.И да, да се укинат сите управни и надзорни и секакви идиотски одбори во кои се млати празна слама за мали пари.И да, ни требаат 7 министерства и 30 општини.И да се преполови државната администрација и да се преиспита секое вработување направено во државната и јавната администрација во изминатите 20 години.И да, мора да се преполови дипломатската мрежа и потполно да се професионализира со политички амбасадори само по исклучок за посебни потреби и со посебно знаење.Иа да, има решение за се, ама не со криминалците кои се и оние кои сакаат во моментов да дојдат на власт“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања