Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

apasiev-kovacevski

Апасиев: Премиер кој свесно оди против народната волја не е наш премиер! Тоа е вазал на туѓи бели дворови и така треба да го третираме

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус преку кој ја искоментира изјавата на премиерот.„Премиер кој на прес-конференција свесно изјавува дека оди против НАРОДНАТА ВОЛЈА, не е наш премиер, другари!Тоа е вазал на туѓи бели дворови и како таков треба да го третираме.#МарионетскиРежим#Антимакедонизам“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

aerial_2

Граѓаните пократки за 40 милиони евра поради тоа што Ковачевски не изгради Клинички центар, и пропадна еврообврзницата, вели ВМРО-ДПМНЕ

40 милиони евра е сумата која државата ја чини неспособноста на владата водена од Ковачевски и Груби. 20 милиони евра се пеналите поради раскинувањето на договорот за градба на нов Клинички центар кои владата треба да ги подмири. Додека нови 18 милиони евра е загубата на Владата поради пропаднатиот обид за издавање на еврообврзница. Сега државата и народот нема нов клинички центар, и нема средства од еврообврзница, но затоа има 40 милиони евра кои треба да се исплатат поради неспособниот Ковачевски и Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ„Додека за најголем триумф Ковачевски го смета замрзнувањето на цената на лебот кога сите други цени отидоа вртоглаво до плафон, тој ги осиромаши за дополнителни 40 милиони евра.Во нормални околности ќе имаше истрага за свесно предизвикување на штета на буџетот на граѓаните кои се ограбени.Неспособноста и криминалот се главната одлика на владата на Ковачевски и Груби“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

20230311100430

Гаши: Мое право е да се среќавам со Заев, ме следат служби на СДСМ и ДУИ

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши по објавената заедничка фотографија од средбата со поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица, објави дека нема ништо спорно во тоа да се сретнува со политичари и нагласи дека симптоматично е тоа што го фотографираат и следат, како што вели тој, служби на СДСМ и ДУИ.„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, напиша Гаши.Пратеникот Скендер Реџепи, инаку поранешен сопартиец на Гаши, ја објави фотографијата со статус „Прашање за 1 милион евра – што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“.

Македонија | пред 2 години

20230312085212

Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци завршија на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.Фото и извор: Инфомакс.мк

Скопје | пред 2 години

saso-tasevski

Тасевски за изјавата на Ковачевски: Ајде да те видам тури ги Бугарите во уставот без да ги прашаш Македонците, скапо ќе платите

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.Актерот Сашо Тасевски преку социјалните мрежи реагираше на оваа изјава на премиерот.„Ете Таче Ел Лубриканте во лице ни плесна дека како Македонци не мора ништо да не прашаат, туку ќе си тераат по свое. Како за референдумот. Има да има Бугари во устав, па цркнале.Оваа демократија ја научи од Американците или Талибанците?Немаш ти со народот ништо, така?Еј веќе не се ни срамат тоа апла да го кажат.Таче Ел Лубриканте, амеба за уши довлечкана да владее, без легитимитет, без избори.Што има да го прашува народот.Ќе си прави како му е кажано.Само тие квислинзите советници околу него, малку се заебаа ко му рекле што да каже за Македонците, кои не траба ни да се прашаат. Толку им дишат во врат газдите што веќе немаат нерви да глумат демократија и глас на народот. Стока изроденаЕ па ајде да те видам тури ги Бугарите во уставот без да ги прашаш Македонците.Премногу се занесовте во игрицата Квислинг Крафт.Скапо ќе платите. Многу скапо“, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

sudstvo-2

Нема толку судии колку што се тужи во Македонија, се вели во извештајот на Судски совет

Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, додека, тие кои не успеале и го зголемиле бројот на заостанати предмети се неажурни.Па така, меѓу најажурните, односно најмногу е намален бројот на заостанати предмети во ОС Гостивар – 649, така што секој активен судија во просек завршил 1 968 предмети, додека меѓу неажурните, како што е ОС Тетово, иако решил 3 906 предмети по судија, сепак е неажурен и заостанал за 1 223 предмети.Ако се земе по апелациони подрачја најажурно е апелационото подрачје Гостивар каде секој активен судија решил во просек по 2 829 предмети, но, истовремено тоа е и едно од најпополнетите апелациони подрачје со 65 проценти пополнетост и 13,7 активни судии на 100 илјади жители.На ниво на држава во просек секоја активен судија низ основните судови во 2022 година решил во просек по 2 133 предмети, во ОС Ресен, кој е оценет како ажурен, секој судија решил во просек по 1 419 предмети, додека во ОС Битола, кој е оценет како неажурен, секој судија решил по 2 320 предмети.Промоција на иницијативата „Отворено судство“ која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” ќе се одржи денес.Пописот во 2021 година, отвори и едно друго прашање, а тоа е поставеноста на судската мрежа во земјава. Така, ОС Гостивар има по 21,2 судии на 100 илјади жители и е ажурен, додека ОС Прилеп со 6,8 судии на 100 илјади жители и е неажурен.Од сите основни судови во 2022 година, само еден работел со 100 процентна пополнетост по ситсематизација. Тоа е ОС Неготино кој по систематизација требало да работи со пет судии и според Годишниот извештај на Судски совет имал пет активни судии. Секој судија во ОС Неготино во просек решил по 1 419 предмети и на крајот од годината овој суд го намалил бројот на предмети за 318. За споредба, во ОС Струга секој судија решил во просек по 2 718 предмети, но сепак на крајот од годината бројот на нерешени предмети се зголемил за 1 259.Во 2022 година во основните судови низ земјава имало вкупно 288 активни судии, што значи дека секој во просек опслужувал по 6 364 жители или во просек имало по 15,7 судии на 100 илјади жители.Но, ОС Неготино е редок позитивен исклучок меѓу судовите, па додека сите ОС во просек работеле со околу 2/3 пополнетост, има и такви кои биле со половина од потребниот капацитет, па дури и некои со ниту еден активен судија, кои многу веројатно работеле со делегирани судии од други судови. Така, иако ОС Делчево немал ниту еден активен судија во 2022 година, според извештајот на Судскиот совет, решил 5 012 предмети. Но, и со толку решени предмети според Годишниот извештај на Судскиот совет, според работата овој суд е оценет како неажурен во 2022 година.Според евиденцијата на пополнети судски места во судовите во земјава на почетокот на 2022 година има 20 помалку судии во однос на претходната 2021 година. На крајот на 2022 година има 68 помалку судии во однос на крајот на 2021 година. Просечно во 2021 година може да се земе број од 493 судии, а во 2022 година 449 судии или за 44 судии помалку.Во просек сите основните судови на ниво на државава во 2022 година работеле со двајца од тројца потребни судии по систематизација, односно од предвидените 456 судии по систематизација пополнети биле околу 63 проценти.Судскиот совет како причина за намалувањето на судиите ги наведува природниот одлив поради исполнување на условите за старосна пензија, како и немањето законски услови за избор на нови судии со оглед дека нема кандидати кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители.Бројот на судии во земјава е во постојан пад во последните неколку години од 499 во 2019, на 493 во 2020, 473 во 2021, на 449 судии во 2022 година.Судовите на Апелационо подрачје Скопје 2022 година ја почнале со 38 200 нерешени предмети, а примиле нови 259 034 предмети. Од нив решиле 254 135 предмети, а останале нерешени 43 099 предмети. Со пополнетост од 69,9 проценти и решени во просек по 1540 предмети на судија, основните судови на Апелационо подрачје Скопје не го совладале приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 4 899 предмети на ниво на апелационо подрачје.Сепак од девет основни судови на ова апелациони подрачје, ажурни се седум, а како неажурни се оценети Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје.

Македонија | пред 2 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Илиевски за изјавата на Ковачевски: И ова ако не е крајот на ваквите помочковци во политиката, ќе биде крајот на Македонија

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.Богдан Илиевски вели дека ова е најсрамните изјави од македонски политичар„Ова е една од НАЈСРАМНИТЕ изјави од македонски политичар која сум ја чул во мојот живот. Слушајќи го овој труп, ова брсдко гојдо, се осетив бедно и казнето што живеам тука и сега, а во исто време и гордо и охрабрено да продолжам со она што го правам.Бидејќи вакви полу-производи кои 5 гласа на избори не добиле во живот и се МОЧААТ на својот народ, осеќајќи се веројатно одбрани од Бога /црпнати од нива, иста е шемата/ да носеле тешки одлуки, се НАЈЛОШОТО што може да го снајде еден народ. Еј, ги гледа од високо своите сограѓани, комшии, познати и непознати, со сета своја простачка бедотија и во очи ти вика „ме заболе што вие мислите, јас ќе ви кажам“. Тој ќе носел „храбри одлуки“, џанам Мендела после 28 години во затвор ти се обраќа, а не татино бирократко дерле кое било доволно лигаво да наследи еден цреп ко Заев.Ова не е лидерство, ова е антилидерство. Ова не е храброст (да наведнеш глава и кичма пред ветото на „посилниот“) туку е кукавичлук.И ова ако не е крајот на ваквите помочковци во политиката, ќе биде крајот на Македонија. Ако не биде победен до ниво на историски резил ваквиот пристап кон сопствениот народ, ваквото игнорирање на убедливото мнозинство, ваквото потценување на искуството и умот на сите Македонци... не заслужуваме држава“, вели Илиевски.

Коментари | пред 2 години

joci-ageler-696x392-1

На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте, прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња, вели Јоци

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи порача дека веќе на никого не му е грижа дали ќе се најде на оваа црна листа.„На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте.Оваа вест во 2023 му доаѓа ко виц!Ја исцицаа крвта на Македонија оние со кои америве се сликаат 20 години и ги оставаат да докрадат, но три дена лиферуваат соопштенија за некакви ,,листи”. Па досега десет листи направија и никому ништо.Нека се почуди Агелер уште малку зошто Путин и Русија за македонскиов народ за пет години пораснаа во величенствена фигура и земја.Можеби, затоа што ни САД веќе не е тоа што беше. Прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Не може да се отвори истрага додека не знаеме кои се убијците од Чаршија, вели Бубевски

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат откри дека околу 50-тина куршуми завршиле во телата на двајцата убиени изминатиот викенд во угостителски објект во Старата скопска чаршија.Во пресметка на подземјето, неколкумина маскирани влегоа во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутираа Јетон Кривањева и Енес Исени.„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на Основното јавно обвинителство не може да премине во истрага се додека е непознат идентитетот на убијците.„Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување“, рече шефот на ОЈО и додаде дека откако е запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор.

Македонија | пред 2 години

20230311100430

Реџепи: Што бараше денес Гаши од Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?

Независниот пратеник Скендер Реџепи објави фотографија од средба на претседателот на Алтернатива Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев за која тврди дека се одвивала изминатиот период во Струмица.„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша на Реџепи на Фејсбук.Тој е поранешен сопартиец на Гаши од Алтернатива. Оваа партија повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучија на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Македонија | пред 2 години

297518608_641502313685107_970508072134121291_n

Од Контролата за летање пријавен аларм за авион со технички проблем

Центарот за управување со кризи извести дека од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем.„По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот“, велат од ЦУК.Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми, велат од ЦУК, па додаваат дека истата информација е потврдена и од Контрола на летање.

Македонија | пред 2 години

275223126_4908218372627780_8664010912867709117_n.jpg

Се преврте цистерна на клучката кај Демир Капија, сообраќајот во целосен прекин

Во 20:19 часот на ден 10.03.2023 година, на бројот за итни повици 112 е пријавен настан за превртена цистерна на патниот правец клучка Миравци, кон клучка Демир Капија, извести Центарот за управување со кризи.„По оставрените контакти со АМСМ и Дежурен центар за состојби при МВР известени сме дека сообраќајот во двата правца на автопатот на релација Демир Капија – Гевгелија е во целосен прекин и е пренасочен по стариот пат Демир Капија – Удово – Гевгелија“, велат од ЦУК.Во моментот на местото на настанот е стигнатала механизација што врши отстранување на цистерната од патот.„Се очекува за краток временски период сообраќајот да биде нормализиран и цистерната безбедно отстранета од патот“, додаваат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

arsim_zekoli

Зеколи: ДУИ намерно го понижува СДСМ за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот амбасадор, актуелен политички аналитчар и колумнист, Арсим Зеколи тврди дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети намерно го девалвира премиерот Димитар Ковачевски и неговата СДСМ бидејќи сака ВМРО-ДПМНЕ побрзо да дојде на власт.„Однесувањето на ДУИ не е скандалозно. Туку е смислена стратегија за да помагање на ВМРО-ДПМНЕ преку понижување до дотепување на ионака декласираната СДСМ. СДСМ не е факторот ни приоритетот на ДУИ. Приоритет на Ахметовистите е да се спречи соработката на опозицијата со националистичката ВМРО-ДПМНЕ и се обезбеди ексклузивно право на ахметивистите да се вратат во владеачкиот кревет со Груевски.“, напиша Зеколи на Твитер.https://twitter.com/ArsZek/status/1633771296382234626?s=20

Коментари | пред 2 години

lila-naslovna-2

Лила проговори за битката со ракот: На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи

По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава. Во битката со канцерот, победникот е Лила.Таа првпат отворено и непосредно зборува за својата најголема животна битка во новиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“.-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас.Првата помисла ми беше: Дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници. Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам? Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!“, вели Лила.Комплетниот разговор со Лила Филиповска за нејзината борба против ракот можете да го прочитате во новиот број на „Убавина и здравје“.

Магазин | пред 2 години

20230307213535

Хајредини до премиерот: Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости!

Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи го искритикува премиерот Димитар Ковачевски за неговата изјава во која вели дека кој што сака може да прави во својата канцеларија.„Ковачевски: Кој што сака може да прави во својата канцеларија.П.с Дури и да можат, премиере, нe би требало да прават баш сè.Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а се додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости!Лани по еден, годинава се случуваат по два скандали дневно“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања