Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

izjava-zaev.Still268

Боки 13 одново ѝ пиша на Агелер: Се соочувам со закани и уцени од засегнати во операцијата „Бумеранг“

По 15 дена од првото писмо, Бојан Јовановски-Боки 13 испратил второ писмо до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер. Во него освен за тортурата врз него, пишува и за криминалци кои се на слобода. Јовановски-Боки 13 упатува и замолница до амбасадорката за посета во затворот „Идризово“, а поради кривично-правниот процес „Бумеранг“ за кој најави дека ќе го започне преку доставување на видео и аудио снимки, пораки и транскрипти до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Писмото доставено до медиумите, а упатено до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер, го пренесуваме во целост:„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет. Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен). Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се– Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година– Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година– 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје– Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СкопјеВе информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето.Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба. Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје. Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување. Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.С.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание.Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок.Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава.Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.Доколку се јави потреба од ваша страна за дополнителни информации и прашања во врска со моето известување кон вас, можете да ги контактирате моите бранители м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје“.  

Македонија | пред 2 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_3

Бесими за играњето фудбал кај Груби: Имаме право да се релаксираме како секој обичен човек

Во интервју за ТВ21 министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека тој во минатото играл фудбал и дека после работниот ден, како и секој човек, си наоѓа хоби.„Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам овој кстум како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100 отсто посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек“, рече Бесими.

Македонија | пред 2 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Денеска се очекува ново замрзнување на цените на тестенините и млечните производи

Денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи.Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи. Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата...Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку 10%, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.

Македонија | пред 2 години

Boki-13-1

Боки 13 испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот, вели Божиновски

Со нов извештај од лекарски преглед, правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека алармантно му е влошена здравствената состојба на осудениот. Тие преку соопштение за јавноста прашуваат и на кого му одговара влошеното здравје да резултира со смртни последици. Потенцираат дека Јовановски-Боки 13 не е третиран според насоките на докторите во затворот „Идризово“. Според правниот тим, предлогот е Јовановски-Боки 13 да биде опериран и да му се извади желудникот. Извештајот на Јовановски од направена гастроскопија е од државната Клиника „Мајка Тереза“.Во врска со оваа тема на социјалните мрежи се огласи Божидар Божиовски кој вели дека доколку неговиот живот е во ризик, мора да се реагира.„Според адвокатите на Боки 13 тој е во животнозагрозувачка состојба и му е потребна итна операција. Може за боки да имате какво и да сакате мислење, сепак, ако му е животот во ризик мора да се реагира.Затворите служат за ресоцијализација на затворениците не за нивно убивање. Не само тој туку и сите затвореници кои живеат во тие нехумани услови.И на крај тој испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот. Кукаа, бегаа, бараа финти да не легнат. Некои се демек хуманитарци, други аналитичари, трети во влада“, вели Божиновски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot_862-696x435-1

Две лица се приведени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор.Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето е пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Деновиве се појави непотврдена информација дека го киднапирала криминална група од Турција и Албанија.

Македонија | пред 2 години

Fond_za_inovacii_logo_2-1030x398-1

„Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, луѓе умираат дур ние ја храниме армијата на СДСМ“, вели Божиновски

Божидар Божиновски објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека Фонд за иновации дал милион евра за хонорари, а половина од нив отишле кај Груби.„Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, пола милион кај Груби, којзнае колку од владата (пуштија список, ги знаете).Ете ги парите за лек на болни деца, за Трикафта. Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата ан*лни алпинисти на СДСМ“, вели Божиновски.

Коментари | пред 2 години

boki-13

Поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба, а живот загрозен, кому му одговара да умре?, прашува правниот тим

Со нов извештај од лекарски преглед, правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека алармантно му е влошена здравствената состојба на осудениот. Тие преку соопштение за јавноста прашуваат и на кого му одговара влошеното здравје да резултира со смртни последици. Потенцираат дека Јовановски-Боки 13 не е третиран според насоките на докторите во затворот „Идризово“. Според правниот тим, предлогот е Јовановски-Боки 13 да биде опериран и да му се извади желудникот. Извештајот на Јовановски од направена гастроскопија е од државната Клиника „Мајка Тереза“.„На осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена горнодигестивна ендоскопија, гастроскопија , при која инвестигација, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран, односно со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови. Наодот од извршената гастроскопија е рефериран и одобрен од стручниот колегиум на Клиниката УК за ГЕХ Скопје. Животот на осудениот Бојан Јовановски е ставен во ризик, бидејќи извесно е во секој момент да настане компликација која ќе биде фатална по неговиот живот, па наместо законита постапка имаме состојба на хазардерско постапување од страна на надлежните органи, а како влог е ставен животот на осудениот Бојан Јовановски!“, велат од правниот тим.Тие потсетуваат дека Кривичен суд четири месеци нема правосилна одлука за прекинот на издржување на казната поради влошеното здравје.„Постапка по својот карактер е итна, а истовремено судот не презема никакви дејствија и не одлучува по жалбената постапка ниту во разумен рок, иако до судот навремено се доставени сите овие медицински докази и од страна на одбраната се преземени сите расположливи средства предвидени со закон, но за жал, негативната тенденција и тортура кон осудениот Боја Јовановски е поголема од сите реални факти и законски основи за уважување на барањето за прекин на издржување на казна затвор. Воедно ја информираме јавноста дека на ден 01.02.2023 година поднесено е барање за прекин и до директорот на Управата за извршување на санкциите, кој е суверен во својата одлука и не е врзан со одлуката на судот, но и од овој орган нема сѐ уште одлука!“, додаваат од правниот тим.Потсетуваат дека состојбата на Јовановски за која тврдат дека е од животно-загрозувачки карактер е потврдена со безброј медицински докази.„Ја информираме општата и стручната јавност дека оваа агонија и тиранија кон осудениот Бојан Јовановски трае повеќе од седум месеци и дека во текот на двете последователни постапки за прекин кон судот и кон двете постапки за прекин кон Управата за извршување на санкциите, од страна на одбраната се поднесени безброј писмени поднесоци, темелени врз основа на цврсти медицински докази кои укажуваат на сериозноста и животно-загрозувачкиот карактер на болеста на осудениот Бојан Јовановски, кој е дефинитивно предмет на нечовечно однесување, истиот се третира како експериментален предмет, а не како човек, врз осудениот Бојан Јовановски веќе несомнено се спроведува тортура од највисок степен и му се нарушуваат сите загарантирани човекови права согласно Устав и согласно Европската конвенција за заштита на човекови права“, додаваат тие.Според нив, ваквото третирање на затвореникот е изживување врз него.„Вакво институционално постапување и директно изживување од позиција на моќ е незапаметено во поновата историја, дотолку повеќе што однапред предупредувавме во барањата за прекин дека доколку осудениот Бојан Јовановски не се лекува и третира согласно специјалистичките извештаи и конзилијарните мислења на десетици специјалисти и суб-специјалисти, ќе дојде до оваа крајна и непосакувана последица, а тоа е операција со висок ризик на смртност и настанување на траен инвалидитет кај Бојан Јовановски. После сето ова веруваме, но не сме убедени, дека за Бојан Јовановски еднакво важи загарантираното Уставно начело на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет, како и за сите други граѓани во Р.С.Македонија“, се вели во соопштението.Тие и јавно упатија прашања.„Оттука, јавно прашуваме на кого му одговара да настанат смртоносни последици по животот на осудениот Бојан Јовановски? Дали системот свесно, организирано и координирано, секојдневно и стихијно го убива Бојан Јовановски? Кој ќе понесе одговорност за веќе настанатите последици по здравјето и животот на Бојан Јовановски? Осудениот Бојан Јовановски беше осуден и пред да биде осуден со пресуда на сомнително правен начин, но тоа е тема за друго идно време, а на оваа тортура мора да се стави крај! Знаеме и свесни сме од каде доаѓаат наредбите за ова изживување кон Бојан Јовановски, но по словото на законот и легалитетот ќе се бориме со сите законски средства до крајна линија на секој расположлив начин со наредбодавачите и извршителите на оваа системска тортура и линч!“, се додава во соопштението.Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 велат дека нема да се откаже од намерата правдата да излезе на виделина.„Порачуваме дека не се откажуваме од намерата за правдата да добие светлост на денот и дека не се плашиме од директните и индиректните закани, од причини што бранејќи ги правата на осудениот Бојан Јовановски, ја браниме законитоста, а преку тоа ја браниме и правната стабилност која е сериозно разнишана преку вакви негативни примери. И секако важно за напомена е дека барањето за прекин на издржување казна затвор претставува институт од времен карактер, а не ослободување од изречената санкција!“, се вели во соопштението од правниот тим.

Македонија | пред 2 години

maksim-dimitrievski-91234

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Османи е лекар, нема ниту „д“ од дипломатија

Македонија повеќе од 30 години не создава професионална дипломатија, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, во интервју за „Макфакс“ .Државата, како што оценува тој, киксна во делот на дипломатијата, а првиот дипломат, Османи, според него, нема ниту „д“ од дипломатија.Според него, дипломатијата во државата почива на пазарење, а последниот пример што го посочи во интервјуто е лидер на политичка партија, кој е ставен да биде амбасадор во европска држава.„Кој беше лидер на ЛДП до вчера, се испазари и крајно некоректно си замина за амбасадор, на што личи тоа?“, вели Димитриевски.За бугарските клубови и најавата дека еден таков набргу треба да биде отворен и во Куманово, Димитриевски појаснува дека тоа не е ништо ново бидејќи, како што рече, во неговиот град таков клуб има уште пред две години и дека зад него стојат луѓе што своевремено им продаваа бугарски пасоши на македонски граѓани и се обидуваа Македонците да ги трансформираат во Бугари.„Но, без разлика колку пасоши и да се продадени, од Македонец – Бугарин не бидува“, дециден е Димитриевски.Поопширно на оваа и слични теми со Максим Димитриевски во целосното интервју на „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Наркокартелите се во коалиција со власта на Ковачевски и Груби и затоа се осоколени да се пресметуваат среде центарот на Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на Ковачевски и Груби и полицијата на Спасовски дозволија наркокартелите да владеат со улиците и дрско да се пресметуваат меѓу себе. Наместо да се кријат и да бегаат од полицијата тие во полн локал се изрешетаа на неколку стотина метри од плоштадот во Скопје, Владата и полициска станица. Ова само покажува дека безбедноста на граѓаните е ниво нула, дека бандите хараат низ градот, а полицијата е неспособна да им застане на патот, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ваквото свирепо убиство не е прво, а како и за досегашните полицијата нема абер да го расветли. Тоа е резултат на неспособноста на Спасовски. Што уште треба да се случи овој човек да поднесе оставка.Наркокартелите се борат за превласт, делат региони, а нивните членови наместо да бидат гонети се сликаат со врвните функционери од власта. Ова го нема ниту во Колумбија, ниту на било кое место во светот. Токму заради коалицијата на политичарите на власт со подземјето, мафијашите се осоколени да ги порамнуваат своите сметки вака среде главниот град.Ова беззаконие е резултат на криминализираноста на власта. Ова мора да престане. И криминалната власт и нивните пријатели од наркобандите мора да се соочат со правдата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

333045085_679440567314923_374954405566750512_n

Јоци за канцеларијата на Груби со „мали голчиња“: Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ставете и уште утре катанец и кажете им на децата да се иселат

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во врска со фотографијата објавена од страна на Артан Груби на која тој заедно со актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини игра фудбал во канцеларија.„Во канцеларијата на Артан, со државава „мали голчиња” си играат и странски амбасадори.На пример, пред некој ден и словачкиот.Ама сé додека македонскиот народ молчи под јорган, лока лоши ракии и по кафани урла ,,Никогаш Северна” и ,,Доле Влада”, избројани се деновите на убавата Македонија, убава само во нашите соништа.Никој очигледно не мисли каква Македонија ќе остави на сопствените деца и дали ќе ги боли до коска ако утре нема да имаат татковина да продолжат онаму каде нивните претци застанале.Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ќе издржи?Ставете и` уште утре катанец на државава и кажете им на децата да се иселат на 12 години. Не ја бива вака“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

20230307213535

Не гледам ништо неморално, eдноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, вели Груби

Сме станале општество со хистерични реакции за се и сешто. Ова го истакна првиот вицепремиер Артан Груби во телевизиско гостување на 24 Телевизија по објавувањето на фотографиите на кои тој заедно со пет министри играат фудбал во неговиот кабинет во ВладатаТој вели дека нема ништо спорно во играњето фудбал во канцеларијата, и посочуваше дека идејата било да покажат дека се одличен тим, дека се сложни заедно, дека се млади и полетни и желни за резултати. Воедно Груби истакна дека со овие фотографии сакале да покажат дека само што започнале со работа.- Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто - реагира првиот вицепремиер Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.– Не беше во работно време, но и да беше. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет,… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутираваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно – објасни Груби во вчерашното гостување на 24 Телевизија.Тој вели дека во сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал.Груби попладнево објави статус на Фејсбук, покажувајќи како со своите петмина колеги – министри од ДУИ играат со топка во неговиот владин кабинет. Кабинетот е опремен со сите реквизити за релаксација

Македонија | пред 2 години

apasiev-1068x580

Џафери го дискриминирал Апасиев: Сеа и едно тужбиче гратис

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека претседателот на Собранието Талат Џафери извршил директна дискриминација врз пратеникот Димитар Апасиев, кој беше иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „француски предлог“, објави Република.Комисијата постапувала по претставка поднесена од Апасиев и оценила дека пратеникот од Левица бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи.„Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието“, пишува во образложението на Комисијата која препорачува Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација и да ги почитува правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од документот од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во нејзинот опис додаде:„Сеа и едно тужбиче, гратис“.https://twitter.com/apasiev/status/1633157708365852677?s=20

Македонија | пред 2 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Киднапирање ко на филм, нарко фамилии дивеат низ Скопје, а Обиџуко брка Руси, ова не е држава, ова е нарколенд, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашното пукање во Скопската чаршија.„Киднапирање ко на филм кај чешка амбасада, па егзекуции на јавни места, пред нормален свет. Нарко фамилии дивеат низ Скопје, по улици кафиќи. Се ликвидираат по улици, се бркаат и пукаат од коли во движење. Колумбија од времето на Ескобар, г**на да јаде. Или натаму одиме.За две скопски села не важат закони. Таму полиција смее да влезе само по покана за Рамазан. За да јадат баклави. Ние сите може да одговараме за пцовка на фејсбук, ама нарко бандите во овие села се недопирливи. И ДУИ се секогаш во близина. Зад нивниот грб. Ама они се гарант невини. Они се дефиниција за чесност.А Обиџуко брка Руси. Они се криви и за заканите со бомби и за киднапирањата и за егзекуциите на бандитите по улиците и кафиќите.Обиџуко како не ви збоктиса од живеењето во самоволието на ДУИ и неговите банди. Ако сте толку слаби како држава, зборувам за сите и за власт и за опозиција, дај барем признајте и официјално објавете дека државата е во сопственост на нарко банди и на ДУИ која глуми легитимна власт.Оти ова не е држава. Ова е НАРКОЛЕНД“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Kumanovo-01

Уставниот суд ќе одлучува за Одлука на Општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје

На денешната 9. седница која ќе се одржи во 9.15 часот во Уставниот суд покрај предметите предвидени за дискусија на дневен ред, Судот треба да одлучува и по предлог-одлуката за предметот У.бр. 82/2022. Станува збор за Одлука на општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година.За овој предмет Уставниот суд поведе постапка на 20 декември 2022 година со што изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката донесена од Советот на општина Куманово.Имено, Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката. Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици.На истата седница Уставниот суд одлучи да го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведена е т.н. времена мерка.

Македонија | пред 2 години

toblerone

Тоблероне повеќе нема да биде швајцарско чоколадо, ја симнуваат познатата планина од амбалажата

Најпознатиот швајцарски планински врв Матерхорн полека исчезнува од амбалажата на чоколадото Тоблероне поради строгите правила во врска со ознаката „направено во Швајцарија“, изјави сопственикот на триаголното чоколадо.Чоколадата Тоблероне, која почна да се произведува во фабриката на семејството Тоблер во 1908 година, досега се произведуваше исклучиво во Берн, главниот град на таа алпска земја.Но, почнувајќи од оваа есен, познатото чоколадо ќе се произведува во Братислава, Словачка, „за да се одговори на зголемувањето на побарувачката во светот“, изјави портпаролката на американската компанија Mondelez International, сопственик на овој бренд.Делумното преместување на производството го обврзува брендот да ја отстрани етикетата „на Швајцарија“ од пакувањето бидејќи според законот од 2017 година, националните симболи не можат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се исклучиво произведени во Швајцарија.Новиот изглед на корицата беше претставен есента минатата година,пренесе Индекс.хр.

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања