Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

331441842_1572264443249209_167496557185461902_n

Убијците од Скопската чаршија избегале со „Ауди“ кое го запалиле на излезот од Скопје

Вооружената група која уби две лица во локал во Старата скопска чаршија избегала со „ауди а6“, кое потоа е најдено запалено на патот кон скопската обиколница, дознава „Макфакс“. Дека гори возило било пријавено во скопската Противпожарна бригада, кои го изгаснале огнот. На местото, била затекната само регистарска таблица, која, неофицијално, е лажна.Од МВР засега немаат поврзување помеѓу палењето на автомобилот и убиството во Скопје. Од Противпожарната бригада ја потврдуваат интервенцијата.„На улица ‘Александар Урдаревски’ на излезот кон обиколница во правец кон Мирковци, пожарникарите затекнале Ауди кое целосно било во пламен. Дојавата ја добиле во 20:25 часот. Екипата се вратила во база во 21:30 откако целосно го изласила пожарот. Возилото било оставено кај подвозникот кој води кон Мирковци“, велат од Противпожарната бригада.„Макфакс“ веќе објави детали за како течел планот за убиството. Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава. Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-03-06-at-21.39.52

Детали за убиството во Старата скопска чаршија: Влегле во униформи, викале да не мрдаат, па им пукале во глава

Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава. Вака очевидци за „Макфакс“ тврдат дека се случил грозоморниот настан вечерва во Скопје.Според неофицијалните информации, кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.Околностите под кој се случил настанот укажуваат дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви. Еден од нив е и наркобос кој се поврзува со Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со други инциденти во минатото.МВР објави првични детали за двојното убиство, пришто информираа за двајца убиени (Ј.К.) и (Е.И.) и едно повредено лице (А.Т.), кое е пренесено во болница за укажување лекарска помош.Местото е опколено со полиција, пристапот до кафулето во Чаршија е целосно затворен уште на 50 метри пред влезот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.

Скопје | пред 2 години

policija-rotaciona-svetla

Престрелка помеѓу две криминални групи во Скопје, две лица загинаа

Престрелка помеѓу две криминални групи заврши со две убиени лица. Ова се случило вечерва пред кафулињата во Старата скопска чаршија. Местото е обезбедено со неколку полициски екипи и десетици службеници. Пристапот е ограничен.Сите информации се неофицијални, а од МВР велат дека се проверуваат сите детали.Повеќе детали наскоро.

Скопје | пред 2 години

struja-585x447-1

Коментар на денот: Наши министри отидоа да бараат храна и енергија, а ниеден министер од соседните држави не дојде во Македонија да бара било што

Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека не е вистина дека нашата влада дала најенергичен дговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза.„Не е вистина дека "нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза", напротив, вистина е дека наши министри отидоа во сите соседни земји да бараат храна и енергија, додека ниеден министер од соседните држави не дојде во Македонија да бара било што“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Апасиев без пардон кон Макрон: Овие расисти кои во нас гледаат дивјаци и варвари се третирани како полубогови од клапата на Маричиќ

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави статус на социјалните мрежи преку кој упати критики до Макрон.„Макрон (кој прво не’ убедуваше да гласаме за Преспански, за потоа да ни стави вето за ЕУ), при посета на Конго во Африка, го употреби зборот БАЛКАНИЗАЦИЈА за да каже дека и една афричка држава е на прав пат, за разлика од Западен Балкан.p.s. Е овие расисти, кои во нас гледаат дивјаци и варвари, се третирани како полубогови од клапата на Маричиќ и неговите соросписки еуфундаменталисти.#ДаЖивеатСтереотипите“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

spasovski

На Спасовски му се смее цел народ за изјавата дека зад нападите со бомби стојат адреси од Русија и Иран, вели Јоци

На Оливер Спасовски му се смее цел народ во контактни емисии околу изјавата негова дека зад заканите со бомби стојат ип адреси од Русија и Иран, вели Јорданка Ивановска Јоци„Нема друга работа, со нас Русија ќе се бави со нас. Се што не чини, Русија е крива, смешки”, генерално велат граѓаните.До толку Спасовски е поиман сериозно во народни очи.Туку, народот, колку и власта да го смета за глупав, е екстремно интелигентен. Ниедна скапа и ултра глупа пропаганда не поминува кај напатениов народ.Само послушајте го понекогаш во контактни емисии, воодушевувачки и кристално јасно всушност разбира кретенска политика на било која тема која разни властодршци, под превез на агитација и пропаганда, мислат дека може да му ја шиткаат со шибицарски финти“, додава Јоци.

Коментари | пред 2 години

Screenshot_862-696x435-1

Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција

Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, веќе четири дена го нема, неговите најблиски велат дека е киднапиран, а полицијата упорно тврди дека не се работи за киднапирање.МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа вели дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години.„Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошковска за ММС.мк.

Македонија | пред 2 години

odblizu-so-modzho-kilington-eden-od-najiskrenite-aktivisti-pisateli-i-scenaristi.6jpg

Божиновски до Дамјановска: Шанса треба да се даде на истрагата да покаже кој му дозволил да полага правосуден без да има дипломирано

Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е исклучително ниска, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на Собранието ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – беше едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, при интервјуто во „360 степени“ на ТВ „Алсат“.„Кога би била на негово место, а верувам дека таа е логиката на самиот кандидат, би се потрудила максимално, кога ќе стапам на должност, да покажам дека навистина работам професионално. Од таа причина, мислам дека навистина треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“, одговори Габер-Дамјановска.Во врска со ова се огласи Божидар Божиновски кој преку социјалните мрежи порача дека треба да и се даде шанса на истрагата за да покаже кој му дозволил да полага правосуден испит.„Да му дадеш шанса на некој кој нелегално ја почнал кариерата, со полагање на правосуден пред да има завршено факултет, значи да му одземеш ја одземеш шансата на некој кој чесно заработил диплома. Треба да и се даде само шанса на истрагата да покаже кој му дозволил да полага правосуден испит пред да има дипломирано“, вели Божиновски.

Коментари | пред 2 години

apasiev-kovacevski

Апасиев до Ковачевски: Измеќари, еве и Албанија не претрка

Кина и Албанија воведуваат безвизен режим меѓу двете држави, објавија од кинеската амбасада во Албанија.Со договор на кинеската и албанската влада, Договорот за реципрочно откажување од визите меѓу двете земји ќе стапи на сила на 18 март 2023 година. Според договорот, граѓаните на двете земји се ослободени од барање за виза доколку престој во другата земја не повеќе од 90 дена, на секои 180 дена од датумот на влез во другата земја.Амбасадата на Народна Република Кина во Албанија ве потсетува дека доколку имате намера да останете повеќе од 90 дена или да се вклучите во активности како што се студирање, вработување, долгорочен престој итн., мора да ги завршите соодветните процедури за аплицирање за виза пред да влезат, велат од амбасадата на Фејсбук.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека македонските власти се вазали бидејќи на неговото прашање кон премиерот Ковачевски зошто Македонија не воведе безвизен режим со Кина, Ковачевски одговорил дека Македонија ја следи надворешната политика на ЕУ.„–Пред некој месец го прашав Таче, на пратенички прашања, зошто не го ратификуваме договорот за безвизен режим со Кина?Ми одговори: – “Ја следиме надворешната политика на ЕУ”!?Епа, ИЗМЕЌАРИ, еве и Албанија не’ претрка“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

sudija

Коментар на денот: Нема судии на ВМРО и на СДСМ – тие се секогаш со тие што се на власт

Џевдет Хајредини, на социјалните мрежи ja цитираше професорката Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.„Ние немаме судии и обвинители кои припаѓаат на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Тие се секогаш на оние кои се на власт, , вели професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

ilija-dimovski

Димовски: Можеше да ја ограничат цената на струјата што ја произведуваат и со која тргуваат во фирмите на нивните жени, деца, татковци

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата можела да ја ограничи цената на струјата, но наместо тоа тие го намалиле производството на струја.„Можеше да ја ограничат цената на струјата што ја произведуваат и со која тргуваат во фирмите на нивните жени, деца, татковци. Ама не, го намалија државното производство на струја, го заземаа пазарот, ја потпалија инфлацијата и сега се закануваат по луѓе да работат со загуба“, вели Димовски.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1631620551109124096?s=20

Коментари | пред 2 години

cibisev

Чибишев за новиот протокол за дојавите: „Непрокопсани, играте руски рулет со децата и наставниците!“

Во последната препорака за непречено одржување на наставата која ја донесе Владата на Република Македонија се предвидува наставата да се одржува со физичко присуство и ако има дојава за поставени експлозивни направи наставата да продолжи додека надлежните служби вршат проверка дали дојавата е лажна или не дај Боже е вистинита, вели д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија во Скопје.„Значи, не сум слушнал досега понесериозна, понепрофесионална, похазардерска и поопасна одлука во која се инволвирани нашите деца и внуци.Ало непрокопсани, ова е играње „руски рулет“ со учениците и наставниците.Драги Боже, чувај не од овие неспособни, некадарни и дезориенирани губитници“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Откако дојде Агелер имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно, а таа се слика со пастрмајлии и баклави, вели Јоци

Новата американска амбасадорка, Агелер, само што пристигна, најави отсечна борба со тешка корупција, а откако е дојдена имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно од глава. А, за тоа време таа се слика по кафеани со пастрмајлии и баклави, вели Јорданка Ивановска Јоци во својата објава на социјалните мрежи.„И потоа се чуди зошто популацијата е сé повеќе проруски настроена и не сака ,,Бугари во Устав”, особено не ЕУ.Ова се жените од Кавадарци, сите во зрели години, кои треба да платат 20.000 евра судски трошоци затоа што се дрзнале да тужат за три неисплатени плати. И изгубиле на суд.Овие напатени жени и сличните на нив, обесправени, толчени и од ден на ден сé посиромашни, ќе ги симнат од власт сите свињи кои мислат дека Македонија им е дадена од дедо им да ја искрадат ,,до балчак” и да ја остават пустејлија како Мариово“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска за железничката несреќа во Грцијa: Ова е резултатот на она „да му дадеме шанса“

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшниот судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, Грција.Професорката Мирјана Најчевска вели дека ова е резултат на она „да му дадеме шанса“„Ова е резултатот на она: да му дадеме шанса.Нашата држава целата е една голема железничка несреќа со огромен број препознаени и непрепознаени жртви од тоа што дозволуваме политичарите да даваат шанса на неписмена багра“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Ivor-Mickovski

Мицковски за „освестените“ Бугари: Не бе брат, не сте Бугари, него сте криминалци со ситна душа

Ивор Мицковски преку статус на социјалните мрежи им порача на функционерите кои се декларираат како Бугари, дека се криминалци со ситна душа.Неговата објава ви ја пренесуваме во целост.„Почнаа вечните владини функционерчиња било на Грујо, било на овие лажниве демократи да се освестуваат ко Бугари, ама откако 20 години убаво мацнаа во државните фирми и ресурси, откако лапнаа што може да се лапне, откако исцедија што може од Македонија, откако напукаа криминали и ги чека одговорност за украденото, изеденото и спичканото без осет.Не бе брат, не сте Бугари, него сте криминалци со ситна душа“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања