Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

FotoJet

Осумгодишниот генијалец Македон се сликаше со сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“

Осумгодишниот генијалец од Тетово Македон Димитровски се фотографираше со сребрениот медал добиен на годинешниот натпревар „Математика без граници“.Владимир Димитровски, татко на математичкиот гениј, преку социјалните мрежи ги објави неговите фотографиите со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.„Да ни се множат успесите“, напиша тој во својата објава.Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари.Македон, досега на Македонија и донесе два златни медали по математика, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби и финансиска поддршка. Јавноста го нарекува и „македонска гордост“ по сите успеси кои тој ги реди.

Магазин | пред 2 години

331559838_197786509513736_8601066703514233132_n

Леб има и се продава по 33 денари, тврди директорот на Пазарниот инспекторат

Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.Вчера тој исто така објави дека ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.- Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, објави вчера Трајковски.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-03-04-at-11.30.48

11 доктори велат дека Боки 13 не може да се лекува во затвор: Кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации?

Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека за осудениот, 11 пати во изминатиот период, повикале Брза помош во затворот „Идризово“, за што доставија и медицинска документација до медиумите. Во нив, според нив, стои дека Јовановски-Боки 13 не може да ја добива пропишаната терапија во тие услови, а таму ниту може да има хигиено-диететски режим, потребен за подобрување на неговата здравствена состојба. Тие доставија и конзилијарни мислeња добиени од државни клиники, со кои посочуваат дека го поткрепуваат тврдењето за влошената здравствена состојба на Јовановски-Боки 13.„Поради степенот на високиот јавен интерес, водејќи се од начелото на транспарентност, а во врска со актуелните случувања поврзани со постапката за прекин на издржување на казна затвор, согласно одредбите од Законот за извршување на санкции на осуденото лице Бојан Јовановски со прекар Боки 13 ја информираме јавноста дека согласно сите веќе доставени медицински докази (медицински конзилијарни стручни мислења) до судот кои со сигурност упатуваат на фактот дека осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 не може да се лекува во пенални услови, а особено поради конзилијарното мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје од 23.01.2023 година, мислење кое беше истакното и издвоено од страна на Основниот Кривичен суд при известувањето до јавноста од страна на судот на ден 17.02.2023 година. Во посоченото мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје се вели дека специјалист истите од таа клиника се согласни со дадените препораки од страна на колегите хирурзи од ЈЗУ УК СВ. НАУМ ОХРИДСКИ за препишаната терапија и за потребата од спроведување на строг хигиено-диетски резим, истите се оградуваат од прашањето дали има услови за спроведување на хигиено-диетскиот режим во затворот и во последниот пасус наведуваат дека во насока на сето наведено општата состојба на пациентот не е компромитирана, особено доколку му се овозможат соодветни услови за апликација на тераписки третман и примена на хигиено диетски режим“, пишува во соопштението.„Во однос на сето наведено а доведено во корелација со мислењата од државни универзитетски клиники, ја информираме јавноста дека е констатирано и утврдено дека во затворот, односно во пенални услови не постои ниту начин, ниту постојат услови за неопходно лекување и третман на Бојан Јовановски. Од страна на 11 доктори од Итната помош која доаѓала секојдневно во затворот констатирано е дека препишаната терапија од отпусното писмо од 17.02.2023 година нема услови целосно да се спроведе во затворски услови и да се аплицира и дека на лице место во затворот е утврдено од 11 лекари дека нема услови и можност за спроведување и примена на неопходниот хигиено-диетски режим. За констатираното и утврденото од докторите од Медицинската итна служба изготвени се писмени потврди од самите доктори со нивни печат и потпис кои ви ги доставуваме во ова соопштение за јавност. Овие докази се доставени до Основниот кривичен суд каде сеуште трае жалбената постапка за барањето за прекин на ден 02.03.2023 година, доставени се и до Управата за извршување на санкции на ден 03.02.2023 година, како и специјалистички контролен извештај од 01.02.2023мгодина од ЈЗУ УКХБ св.Наум Охридски. Во прилог на ова соопштение откако институционално во законска форма се доставени сите докази до надлежните органи, ги доставуваме и до јавноста, се со цел јавноста да ја знае и увиди вистинската слика за тортурата која му се случува на осудениот Бојан Јовановски кој и покрај сите јасни недвојбени лекарски препораки, не му се овозможува прекинот кој го има како законска можност како и секое друго осудено лице. Ве информираме дека жалбената постапка сеуште трае и дека целата постапка за прекин на казна трае веќе 4 месеци, иако согласно закон се работи за постапка од итен карактер, а во правна смисла ќе се согласиме дека постапка од итен карактер е недозволиво и законски незамисливо да трае 4 месеци! Овие докази кои ги доставуваме до медиумите и до јавноста ја покажуваат тортурата на дело, па оттука гласно го поставуваме прашањето кој ќе сноси одговорност за оваа организирана и координирана хајка и најважно од се е кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации кои директно може да резултираат со смртоносни последици по животот на Бојан Јовановски, бидејќи од сето приложено и сега докажано на лице место во затворската установа од 11 лекари дека нема услови за лекување и третман во затворот“, се додава во соопштението.Тие истакнаа барање и до организации за заштита на човековите права.„Апелираме и истакнуваме барање до сите надлежни органи, а особено до сите домашни и меѓународни институции и организации за заштита на човековите права веднаш да преземат активности и дејствија во рамки на своите надлежности, со цел да се спречи оваа незапаметена тортура и флагрантно кршење на загарантираните човекови права кој согласно Устав ги има и осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13!“, додаваат во соопштението.

Македонија | пред 2 години

IMG_4201

Рашковски ќе ги решава и бомбите во школите

Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација. Многу поверојатно е дека е тоа алгоритам (компјутерски код - софтвер) кој “излегол од контрола”. Во таков случај не може да бараме човек, не може да бараме компјутер, не може да бараме IP адреса. Треба да бараме алгоритам (софтвер), вели Драги Рашковски.„За да биде посликовито одјаснето. Кога се појави корона вирусот, таргет беше да се лоцира изворот на истиот. Па се отиде до тоа да се наведува и името и презимето на “човекот кој го изеде лилјакот”. Кога вирусот се рашири, веќе не беше важно “кој е првиот, туку како да не станеме следниот”. Колку и да сакаме да персонализираме испраќач на дојавите за бомби сепак поизвесно е дека е тоа компјутерски генериран алгоритам кој “кружи”.Имаме ли досега поставено “генетика” на алгоритмот? Не треба да бараме профил на личност, туку генетика на алгоритмот. Како тој ги определува школите? Како знае кога е распуст, кога има часови. Уште една паралела со корона вирусот. Лекувањњето од корона на почетокот одеше отежнато од причина што не се знаеше точно на што вирусот реагира. Времето покажа дека многу терапии, како инванзивната филтрација со респиратори е погрешна. Така и со дојавите на бомби. Ги предизвикал ли до сега некој овие мејлови?На пример:Со креирање на неколку веб страни на училишта, кои училишта вистински не постојат, но се доволно автентични за да “алгоритмот загризе”. Нешто како лажна рипка за ловење на риби, или како што во спортот го одомаќинивме терминот “лажен цепелин”. Па доколку стаса маил и на фиктивното училиште, веќе сме почнале да навлегуваме во генезата на проблемот.Ова е само почетна идеја. Има многу “итроштини” за тоа како да дојдете до некои сознанија. Несомнена е заложбата и брзата интервенција на припадниците на МВР, кои верувам дека и се преморени од овие активности кои доведуваат до слабеење на безбедносниот систем, но решението можеби треба да го бараме во римската максима “Vis kon vi repulit” или “Силата со сила се победува”, односно македонската “Од што е болката, од тоа е лекот”. Како што врвни научници создадоа векцина за корона вирусот, така постојат и врвни информатиари...Она што треба да не плаши е што ако секој од нас, преку својот смарт уред почне да станува испраќач на вакви дојави без да знае? Нешто слично како во време на корона кризата кога многу од нас немаа симптоми на корона, а сепак пренесуваа. Наеднаш би можело да се доведеме во ситуација на тотално лудило. Нашиот телефон да биде регистриран како испраќач, а ние за тоа воопшто да не сме свесни. Што тогаш? Ќе ги наполниме притворите како што ги наполнивме болниците?Тука доаѓаме до друг момент кој мора да го превенираме. Правна подготовка на обвинителствата за едно вакво сценарио. Како што билниците се спремаат за бранови на корона.Затоа што не може на обвинител од видот на Ивана Трајчева, која гони организиран криминал да и објасните што е тоа алгоритам кога неколку рочишта по ред го убедува судот дека PDF документ е исто што и форензичка копија? Тоа е исто како да убедувате некој дека лист хартија е исто што и книгата Ана Каренина.Не може со таков обвинител кој доставува докази креирани на компјутер кој ги носи неговите иницијали и институцијата во која работи (името на компјутерот е ojo gokk IT) кои ги пишувал во Microsoft Word и сакал да се “попрофесионали” па ги прикачил на веб сајт www.ilovepdf.com за да ги конвертира во pdf… од таков обвинител да очекувате дека квалитетно ќе се бори против сајбер криминал.Има во обвинителството многу стручни обвинители. Мора да се направи посебен оддел од нив кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Зашто на крајот на денот, ти се тие кои можат и смеат да поведат кривична постапка за ваков тип на криминал. Има такви обвинители затоа што сум сретнал и запознал.Но, не може да се повикуваме на НАТО безбедносни процедури кога имате во судска постапка извештај од полициски службеник Наде Карева Глигоровска која во рамки на ОЈО ГОКК прекршиле 10тина НАТО процедури за дигитална форензика.Компјутерските вируси, како и билолошките, ги напаѓаат сите, но слабите организми немаат одбранбен механизам за тоа и потклекнуваат. За разлика од биолошките, копјутерските вируси се многу повештачкоинтелигентни. Тие знаат да ја оценат техничката спремност, но и правната спремност на една држава за да се одбрани од нив.Со www.iLovePDF.com не се заплашува алгоритам?“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

332093080_934035800944430_4056781620060082478_n

Ковачевски купи леб, граѓаните го исмеваат: Дајте список од пр генијалците и колку ги плаќаме

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во еден од маркетите во Скопје за да купи леб. Фотографиите ги сподели и на неговиот профил на Фејсбук, при што потенцираше дека овој негов потег е за да се увери лично во фактичката состојба.„Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните“, вели премиерот.Граѓаните сметаат дека ова е лош ПР на Ковачевски, па се пошегуваа дека тој ги купил сите лебовиhttps://twitter.com/kacisevidija/status/1631652843252768772?s=20https://twitter.com/roze_______/status/1631696416027410432?s=20https://twitter.com/milanzng/status/1631647150806298626?s=20https://twitter.com/StevanoAna/status/1631932316229541889?s=20https://twitter.com/Gramada_/status/1631756445208248321?s=20https://twitter.com/Igor_rujo/status/1631718736020348931?s=20https://twitter.com/Duarmingyllene/status/1631657951445368832?s=20https://twitter.com/Redington_M5/status/1631653620272754688?s=20

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-03-04-101045

Затворено градилиште позади Универзална сала

Во оваа држава постојат закони и тие важат за сите – градоначалникот Герасимовски и инспекцијата затворија градилиште позади Универзална салаВчера вечер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван одопштински градежен инспектор и припадници на полицијата, излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала.„Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите“, изјави Герасимовски.Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчеранаутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење.По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација.https://www.facebook.com/reel/5922217204535254

Скопје | пред 2 години

atanas-kirjakovski-696x520-1

Коментар на денот: Учиме од учебници што ги нема, јадеме леб што го нема, се лечиме во здравство што го нема…

Професорот по когнитивни науки Атанас Кирјаковски објави твит на социјалните мрежи и истиот ви го пренесуваме во целост„Учиме од учебници што ги нема, јадеме леб што го нема, дишиме воздух што го нема, се лечиме во здравство што го нема, возиме по новите 1300 км патишта што ги нема, работиме во гулг и фејсбук што ги нема, живееме од просечната плата што ја нема и уживаме во слободата што ја нема“, се вели во соопштението.https://twitter.com/profKirjakovski/status/1630955325489553410?s=20

Коментари | пред 2 години

vladimir-cadikovski-696x365-1

Д-р Чадиковски: Во 24 часа ви се оперира 14 месечно дете од тешка срцева мана и да се породите истиот ден со друго здраво дете и се тоа да го издржите емотивно е посилно од сите природни закони

Специјалистот по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија Владимир Чадиковски сподели на Твитер убава вест:„Во 24 часа ви се оперира 14 месечно дете од тешка срцева мана и да се породите истиот ден со друго здраво дете и се тоа да го издржите емотивно е посилно од сите природни закони. Слободанка е за мене личност на год.!Браво за цел тим!“, напиша Чадиковски.https://twitter.com/chadikovski/status/1631597447720972288?s=20

Коментари | пред 2 години

2-2

Мицкоски: МВР се однесува аматерски, директори на скопски училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошт

При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на континуитетот на закани за бомби по училиштата и дали тоа е слабост на системот истакна дека МВР се однесува аматерски, директорите на скопските училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта, претседателот Пендаровски молчи и тактизира и не свикува совет за безбедност а во МОН има епска неспособност.„Јас денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, со неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, дека биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените емаил адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта. Со други зборови претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на еве според нив хибриден напад да го свика советот за безбедност тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушните тука таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема, МВР ако ова е точно аматерски се однесува, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците, а МОН јас немам што повеќе да додадам за тој министер таму кога измина годината се уште нема учебници, станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер што за жал поради определени коалициски гимнастики се уште е министер за образование. Но не за долго, реков месеци не делат кога конечно Македонија и граѓаните ќе се ослободат од овие неспособни луѓе ќе дојдат луѓе кои што знаат како да се справат со предизвиците. За жал повторно ќе кажам ние се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, кои што немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите а тоа се нашите деца учениците без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта. После егзибициите со КОВИД денеска еве со месеци сме сведоци на епска неспособност од страна на надлежните и ресорни министерства“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Згрме Боки 13: Запленетата брендирана гардероба е украдена и заменета со фејк, чии нечисти нозе ги носат чевлите?

Бојан Јовановски-Боки 13 лично испрати писмо и се обрати до медиумите откога Агенцијата за одземен имот соопштила дека одземената гардероба од „Рекет“ не е вештачена, ниту се знае нејзината вредност додека таа скапува и мувлосува. Боки 13 посочува: „Токму така, браво за агилноста што по речиси 4 години самите си потврдувате дека без вештачење, без утврдена вредност и процена како задолжителни законски елементи од една законита кривично-правна постапка, јас сум осуден и денеска издржувам казна затвор, алал вера“.Писмото на Боки 13, напишано лично, го проследуваме во целост:„Во текот на судењето за никогаш недокажаниот случај 'Рекет' многупати јас и мојот бранител Сашко Дукоски, адвокат од Скопје, истакнувавме барање за вештачење на одземената гардероба: чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење, истото ова го наведовме и пред Апелациониот суд во жалбената постапка, за тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но сè беше залудно бидејќи наредбата да бидам осуден (без докази и без законито спроведена постапка) беше посилна од законот и правото!!!Онаа суспендираната Вилма Русковска беше должна пред да ја достави како доказ во обвинителниот акт мојата одземена гардероба, чевли, чанти, накит, часовници, очила, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење, да изготви вештачење со вешт наод и мислење од вешто лице, со точна процена и утврдена вредност, за да можеше тоа да биде доказ во судска постапка во согласност со ЗКП, а не така на ѓутуре како крвник да ми ја одземе целата гардероба што била стекната во изминатите 15-20 години, а за која истата таа Вилма во обвинението наведе дека целата одземена гардероба и другата брендирана стока сум ја купил за само четири месеци, замислете супермен да бев, па не ќе можев да ја купам за 4 месеци.Но, во моментите на супер слава и супер моќ на денес суспендираната Вилма ѝ проаѓаше сè како подмачкано, па така и магаре да донесеше во судница и да кажеше дека сум го купил за 1,5 милион евра (никогаш недокажаните и наводни пари од Орце Камчев), ќе беше круцијален доказ за онаа судијката Васка роднина - братучетка на Иван Џолев и онаа другата судијка Софче да ме осудат така крвнички и политички нарачано!!!Прашање што мачи, чуму сега вештачење и процена по четири години???Дали доколку се изврши вештачење и процена по 4 години, Агенцијата со тоа сака да ми помогне, па вештачењето и процената да ми бидат основ за повторување на постапката и одново проценување на 'Рекет', па, ви благодарам многу, другари, направете го што побргу, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и процена никогаш нема да направите бидејќи не ви одговора затоа што веќе и немате што да вештачите дотолку повеќе што главната поента зошто молците и глувците ќе останат гладни е токму тоа, што одземената гардероба и другата брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока!!! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници?!?!Веќе еднаш кажав, но, за да повторам уште еднаш, ако дојде денот бесправно одземеното да ми биде вратено, јас не го сакам и ќе го донирам, но, за жал, до тоа нема да дојде бидејќи крадците си го донираа одземеното предвреме.И сосема за крај, Вилма. ти порачувам дека ќе одговараш за сите злодела што ги имаш направено, меѓу другото, и за овој криминал со одземената гардероба и брендираната стока бидејќи ти си директно одговорна заедно со твоите помошнички, судијките Васка Масевска-Наумовска и Софче Гаврилова-Ефремова, и ти тврдам дека ќе дојдеш зад решетки бидејќи суспендирањето за тебе е награда, а не казна, за тебе вистинската казна ти следува со процесот 'Бумеранг'!!!П.с. Барем уметничките слики предадете ги во некој од уметничките музеи на Македонија, барем тоа добро направете го, ако веќе и тие не висат на нечии крвави ѕидови!“

Македонија | пред 2 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Какви ќе бидат најновите „марици“ во флотата на МВР?

Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“, објави ФакторСекоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.„Мариците“ се произведени 2023 година, со дизел агрегат, ЕУРО 6, од 2.300 кубици кои произведуваат сила од 99 киловати. Возилата ќе бидат со шест брзини, ќе тежат до 3,5 тони. Новите интервентни возила ќе бидат опремени со системите: АБС, ЕСП и АСР, електронска блокада на диференцијал и систем за помош при возење на угорница.Мариците ќе бидат климатизирани, ќе имаат централно далечинско заклучување, серво волан, ЛЕД светла, две воздушни перничиња за возачот и совозачите на предна клупа, сензори за паркирање, борд компјутер, магленки и грејачи на ретровизорите кои се подесуваат електронски.Климатизација ќе има и за приведените лица, а во делот каде тие се сместени ќе има безбедносни камери, за штитени од можно кршење.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

DSC_86191

Уставните измени ќе започнат пред летото, смета Богоев

Уставни измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.-Членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука а ќе можат да извезуваат. ЕУ значи подобри можности за образование на младите од Македонија, можност да одат да студираат таму а знаењето од ЕУ да се вратат и да го имплементираат тука, рече Богоев.Богоев потсети дека само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ за земјава е над 200 милиони евра.-Само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ е над 200 милиони евра. 100 милиони евра за справување со енергетската криза, околу 80 милиони евра за справување со економската криза, да може да ги избегнеме ценовните шокови, 53 милиони од тие пари се за проекти, ветерни паркови, хидроцентрали, регионални депонии кои ќе ја исчистат државата од отпад. Ете тоа значи ЕУ и затоа се важни уставните измени, рече Богоев.Двотретинско мнозинство е потреба на државата, затоа што имаме историска шанса да ја оствариме европската иднина, порача потпретседателот на СДСМ, повикувајќи ги сите пратеници и политички партии интересите на државата да ги стават на прво место.Одговарајќи на прашање кога би се очекувал почетокот на процедурата за носење на уставните измени, потпретседателот Богоев посочи дека според предвиденото тоа ќе се случи кон крајот на пролетта.-Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата, очекувам да почнат разговори околу јавната широка дебата околу уставните амандмани, да се отвори дискусија и со пратениците и со стручната фела, да им се објасни на граѓаните, што значи тоа, да им се објасни дека тоа значи делови од народи, дел од Бугарите, Хрватите, Црногорците, Торбешите, да бидат застапени во Уставот. Да се дискутира со стручната фела како тие амандмани најдобро да изгледаат, но и да се објасни дека тоа може само да ја зајакне Македонија, не може да ја ослаби. Ако тоа се случи по завршување на реконструкција, тој процес на широка дебата би требало да заврши некаде кон крајот на пролетта и почетокот на летото, односно месец мај би бил месецот кога би започнала процедурата за уставните измени во Собранието, порача Богоев.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Национализацијата не е забранета од европската легислатива и повеќе не е табу тема

Во услови на криза, кога претпријатија од клучните сектори на индустријата не се во можност да ја обавуваат својата дејност на пазарот и да остварат задоволителен профит, национализирањето е решение што сè почесто се практикува во ЕУ. Спротивно од неолибералниот наратив дека национализацијата се коси со договорите на ЕУ кои ја поддржуваат пазарната либерализација, членот 345 од Договорот за функционирање на ЕУ јасно вели дека "договорите на никаков начин нема да ги нарушат правилата на земјите-членки кои го регулираат системот на сопственост.", вели Левица.„Последните 15 години покажаа дека во време на криза, држави како Германија и Шпанија се подготвени на национализација на банки, па под државна сопственост припаднаа 25% од Германската Комерцијална Банка (2009) и 45% од Шпанската Банкиа (2012). Кризата за време на пандемијата дополнително го поттикна бранот на државно учество во приватни фирми, па Германија доби сопственички удел во Луфтханза (2020) и ТУИ АГ (2021), Финска во Финаир (2021), Латвија во АирБалтик (2020) и Данска и Шведска во САС (2020).Проблемот со големите пекари и новонастанатата ситуација во која се одбива да се продава леб по регулирана цена, може и е во духот на ЕУ да се решува со делумна или целосна национализација. Доколку овој клучен сектор продолжи да не испорачува леб за граѓаните, Владата мора и ова решение да го разгледа и да не го третира како табу тема.Тврдењета на пекарската индустрија дека не се во можност да ги намалат своите цени е неиздржано. Оваа индустрија со месеци е привилигирана и плаќа субвенционирана струја. Дополнително, откупот на пченицата во 2021 се одвиваше по мизерна цена од 8,5 денари, а во 2022 Владата дозволи пекарите ефтино да откупуваат пченица од Србија. Високите цени се евидентно хир на бизнис олигархијата, која својот интерес го става над колективното добро.Моменталното регулирање на цената на лебот не е совршено решение поради својата класна агностичност - тоа не умее да разликува помеѓу средна класа (мали пекари) и висока класа (големи пекари). Но, регулирањето е чекор напред во насока на заштита на граѓаните и нивниот стандард. Затоа не треба да се потклекне пред уцените на пекарската индустрија, туку да се награди регулацијата и евентуално да се проблематизира сопственичката структура во овие претпријатија.Левица, во духот на својата автентична левичарска идеологија, цврсто застанува на страна на работниците и сиромашните кои се најсилно погодени од високите цени на лебот, а против големите пекари кои го оставија народот без леб“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

image-183482

(ВИДЕО) Прокисна покривот на Правниот факултет во Скопје

Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.На социјалните мрежи беше објавено видео од „Студентска револуција“ на кое се гледа дека поради дождовите вчера прокисна покривот на факултетот.

Скопје | пред 2 години

image-183480

Уапсени тројцата скопјани кои со автомобил влечеа коњ среде улица

Вчера (02.03.2023) на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје при што измачувале коњ.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања