Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

kupi-leb-naslovna_majkatiitatkoti

„И сега што да пипкаат од сабајле пензионерите кога нема леб“, "Леб и сол" го промени името во "Јуфки и сол", коментари на граѓаните откако рафтовите останаа празни

Пекарите не испорачуваат леб согласно нивната одлука од понеделникот со која се договорија дека ако се замрзнат цените леб нема да произведуваат.Според нив, засега промена на одлуката нема.Во врска со оваа се пошегуваа твитерџиите кои велат дека можеби Вучиќ ќе ни прати леб.https://twitter.com/gorge_kocev/status/1631037716572917761?s=20https://twitter.com/Vujkoto_Vane/status/1631026187739754496?s=20https://twitter.com/Grdo_pajce/status/1631020761459699712?s=20https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1631026259936395267?s=20https://twitter.com/Vesna221091663/status/1631037562201489411?s=20https://twitter.com/istoricarizsk1/status/1631036972671148032?s=20https://twitter.com/PrinceWhite1989/status/1631035762639511552?s=20https://twitter.com/NikolaFreeman/status/1631029825887514626?s=20https://twitter.com/botanicharot/status/1631027897208111105?s=20https://twitter.com/StoleNaLetka/status/1631026314277789697?s=20https://twitter.com/tesko_nas/status/1631017086284693506?s=20https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1631016584910196752?s=20https://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1631008948911329295?s=20

Коментари | пред 2 години

316802442_1301083134076282_4471817972211446642_n

Утринава нови дојави за бомби

Дојави за бомби утроово ги пречекаа учениците, уште пред да седнат во училишните клупи, објави Телма.Во Општина Карпош според информации од родители дојави има речиси во сите училишта.Закани за бомба утрово стигнале и во скопската гимназија Јосип Броз Тито. Средношколците дознале за дојавата уште додека се возеле во автобус накај училиштето.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1

(ВИДЕО) Со автомобил влечат коњ по улица во Скопје

Коњ бил влечен за возило во Скопје, објави Макфакс. Од снимката се гледа како животното паѓа откако автомобилот за кој е врзан вози брзо за да не направи гужва во сообраќајот. За момент, коњот паѓа, по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат, по што продолжуваат да го влечат.Објавувачот посочува дека случајот е пријавен и во полиција.

Скопје | пред 2 години

111-1024x682-1

За шест години просечната плата порасна над 50%, вели Николоски

Минатата година донесовме методологија за раст на минималната плата, па така во март лани од 15 илјади таа порасна на 18 илјада денари, а овој месец таа ќе изнесува над 20 илјади денари, рече заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21. Тој рече дека оваа одлука ќе опфати над 27 илјади административни службеници од јавниот сектор.-Сите тие ќе добијат покачување за оваа разлика од 18 илјади до 20175 денари и тие средства се предвидени во буџетот, рече Николоски.Што се однесува до висината на просечната плата, тој кажа дека според податоците од формулата за пресметка на просечна плата таа е покачена повеќе од 50 проценти за шест години. Николоски истакна дека од овој месец ќе растат и пензиите.-Минатата година направивме системски модел за раст на пензиите и во време на криза во два наврата се покачија пензиите за 10%. Сега во март ќе има раст од 7%. Кај сите 334 илјади пензионери со мартовската пензија ќе има пораст од 7%, рече Николоски, додавајќи дека за оние со помали пензии веќе била доделена финансиска помош со антикризните мерки.

Македонија | пред 2 години

334193768_1407183593383724_7628081104466974367_n

(ФОТО) Гром удри во куќа во охридското село Ливоишта

Опожарена куќа во охридското село Ливоишта. Според првичните информации на Противпожарната бригада, пожарот бил предизвикан од гром.„Благодарност до членовите на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца кои помогнаа во санирањето на штетите од овој пожар“, велат од Противпожарната бригада на Охрид.Засега не е познато дали има повредени лица и дали некој имало во куќата, во моментот кога избувнал пожарот.

Македонија | пред 2 години

mickoski02012023

ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со „шпицниот-рекетар“ пред да пушта соопштенија за приватните превозници, вели Град Скопје

Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар“ да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз“ каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар“ наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници, велат од Град Скопје„Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се служи со лаги и со манипулации.Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место - директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар“.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар“, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци.Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини му го „плесна“ и на Ескобар: Знаат и вашите амбасадори, проблемот е што во Македонија корумпирани се и владата и обвинителите

Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини објави статус на социјалните мрежи преку кој го искритикува специјалниот пратеник на САД за Балканот Габриел Екосбар"...би ја охрабрил Владата на Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата – рече Ескобар".хххГ.Ескобар, проблемот е што во Македонија и во другите земји во регионот корумпирани се и владите и обвинителите. Тоа го знаат и вашите амбасадори“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

boki-13

Боки 13 преку адвокатите јавно опомена: Ако продолжат уцените и заканите од центрите на моќ има и одговор

Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 побарал термни за поднесување кривични пријави и отпочнување на кривично-правната операција која ја нарекоа „Бумеранг“. Тие велат дека поради обемноста на материјалите кои Јовановски-Боки13 ги поседува, побарани се повеќе термини. Напоменуваат дека: „Квалитативната обработка на материјалот, доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати“.„Поради чувствителноста , карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име "Бумеранг" апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес "Бумеранг", секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција "Бумеранг" и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои интензивно и задкулисно се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот“, посочува адвокатскиот тим на Јовановски-Боки 13.Тие се обратија и на меѓународниот фактор.„Го повикуваме и меѓународниот фактор во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот сто во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во нашата држава и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава, да го следат со внимание отпочнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот. Јавноста ќе биде информирана за првиот термин и за останатите усогласени термини за предавање на доказниот материјал и пријави во ОЈО за ГОКК Скопје“, додаде адвокатскиот тим на Јовановски-Боки 13.

Македонија | пред 2 години

zoran-ivanov3-696x459-1

Иванов: Бирајте, ЕУ или македонска крвава свадба!

Новинарот и екс функционер на СДСМ Зоран Иванов со понуда до граѓаните која води или до влез во ЕУ или до крвава иднина на Македонија.„И националистите почнаа да го цртаат македонскиот етно гоблен па сега бирајте:По патот на ЕУ или пак по сокакот на македонската крвава свадба!!”, пишува Иванов.https://twitter.com/ivanov_zoran/status/1629795247935877123?s=20

Коментари | пред 2 години

20230228210659

„Живо ви е кралството, колку и другарството“ - Комитите возвратија на провокацијата од Гробарите

На денешниот ракометен натпревар меѓу Партизан и Вардар во Белград навивачката група на Партизан, Гробари упати тешки националистички навреди кон македонскиот народ. На почетокот на средбата, Гробари извадија грчко знаме, за потоа преку транспарент да порачаат дека Македонците имале криза на идентитетот.„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на транспарентот на Гробари.Во еден момент се скандираше и „Стара Србија, никогаш Македонија“.Медиуми јавуваат и дека Комити на мечот во салата „Бањица“ влегле дури во 55 минута, а успеале да возвратат и на навредите од Гробари.Повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштани да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“ и тоа од српската полиција, без никакво образложение.Откако им бил дозволен влез, со полициска придружба се упатиле накај Белград, но тоа одело толку бавно што веќе на сите им станало јасно дека нема да стигнат на почетокот на средбата. Но, се случи најлошо сценарио за нив – им беше дозволен влез на пет минути пред крајот, кога веќе прашањето на победникот беше решено. Кога се појавија во салата, настана толкава еуфорија, што на преносот се забележа како сите домашни фанови скандираат „Стара Србија, никогаш Македонија“, а се пееше и грчка навивачка песна, пишува Радио Лидер.Комити на сите провокации возвратија со „Живо ви е кралството – колку и другарството“.

Македонија | пред 2 години

image-183325

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Бутел

Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера вечерта на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите кај џамијата, објави вечерва Макфакс.Додека тој со својот автомобил стоел на црвено светло, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина удрило и целосно го згмечило задниот дел, а автомобилот се извртел за 360 степени.Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.„Возеше можеби 200 километри на час“, раскажа за „Макфакс“ жена која ја посведочи несреќата.Возачот не успевал да го совлада забрзаното возило по ударот.  На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата кое е целото покриено со стакла.МВР го обезбедува местото. Се чека увидна екипа.

Скопје | пред 2 години

7E5776A2-C708-483D-B3D8-79C4AF13E61F

Огнените не го оставаат Груби на раат

Поддржувачи ја пречекаа делегацијата на високи функционери на „огнената група“ од ДУИ, во состав потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу.„Среде овации и барања за итна оставка на Артан Груби на несподобните министри што тој ги предводи, чаирчани се информираа за барањата за враќање на ДУИ во својата генеза, до народот и подалеку од политики за лични интереси на штета на ДУИ и албанскиот народ“, стои во соопштението на „огнената група“.Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека сите пораснале и созреале во духот на ДУИ, а Чаир е бастионот на ДУИ веќе 20 години.„Бевме во ДУИ со позиции и без позиции, а тие што се на позиции денес, го заборавија својот дом, својот народ и го оставија Чаир на цедило“, рече Ганиу.Саранда Имери Стафаи, секретар за родова рамноправност, рече дека нема посилен показател за нашиот правилен пат, од големото присуство, кое се спротивставува на Артан Груби, кој направи фронт со противниците на ДУИ за да си ја спаси фотелјата.Пратеникот Кастриот Реџепи рече дека формирањето на владата синоќа било еден обичен циркус, па додаде: „збореа за Европа, а се виде дека се работи за интересите на Артан Груби“.Претседателката на Форумот на жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, рече дека како жена од Чаир бара меритократија.„Гордо, работев како член на ДУИ, гордо работевме за унапредување на Албанките и ДУИ, но не за лични интереси и кариери на поединци“, рече Хајдари.Членот на Претседателството на ДУИ, Невзат Бејта рече дека и доброто и злото на ДУИ доаѓа од Скопје.Пратеничката на ДУИ Мерита Коџаџику рече дека како пратеник и жена има обврска да придонесе на секое поле на дејствување.Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери рече: „'ние сме мнозинството на ДУИ овде и по структура и процент, Скопје како главен град е мобилизирано да го заштити 20-годишниот труд вложен во ДУИ, а овие вредности никој не може да ги земе“.Организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека отсекогаш биле резервирани кон министрите и Артан Груби, но сега сите се убедени дека за лични интереси можат да го задушат дијалогот и да соработуваат со најголеми противници само за индивидуални интереси.

Македонија | пред 2 години

KFOR7

Странски вооружени сили влегуваат во државата

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на нашата држава заради изведување на „обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплов (Хеликоптер UH-60) на вооружените сили на Соединетите Американски Држави од мисијата „КФОР“ – Косово и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон „Криволак“.Донесена е и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CMX 23 (Crisis Management Exercise)“ во Кралството Белгија.

Македонија | пред 2 години

leb

Цената на лебот ќе биде 33 денари до крајот на мај

Одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, ќе се применува до 31 мај годинава, соопшти Владата.За замрзнувањето на цената претходно информираше премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека одлуките ги носат за да не дозволат едни да плаќаат, други да се богатат оти и покрај субвенцијата за струја, само некои ги намалиле цените.„Неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволно време за да се усогласат цените. По извршените проверки од Државниот пазарен инспекторат, иако производителите добиваа субвенција за електрична енергија, цените на производите не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени продукти, дел намалија од 7 до 12 проценти. Затоа денес ја укинавме оваа мерка. Ќе се снабдуваат со струја во согласност со Законот за енергетиката. Ја замрзнавме цената на белиот и на полубелиот леб, сечен и на парчиња или цел, на 33 денари за леб со тежина од 450 грама. Цената на лебот под 450 грама ќе биде до 33 денари. Антикризните мерки не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други, едни да плаќаат, други да се богатат и да удрат по џебот на граѓаните за бенефит на поединци“, рече премиерот Ковачевски.Крајната цел на субвенцијата, како што нагласи Ковачевски, била да се овозможи пониска цена на производите за граѓаните, па од тука мерката се укинува.Пекарниците вчера се заканија дека ќе престанат да произведуваат леб и да го носат на пазарот ден по објавувањето на одлуката за замрзнување на цената на лебот во „Службен весник“. Пекарско-мелничарската индустрија смета дека замрзнувањето на цената на 33 денари неминовно води кон затворање на компаниите оти сите веќе бележат загуби или се на нула.

Македонија | пред 2 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Хајредини со две прашања до Агелер: Дали и натаму важи Вашата оценка дека земјата се наоѓа во вистинска катастрофа?

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини и постави прашања на амбасадорката на САД, Анџела Агелер.„Две прашања за амбасадорката на САД, Анџела Агелер:1.Дали и кога ќе знаеме за наодите на Тимот за санкции од Вашингтон кој, на покана на Бујар Османи, неколку дена престојуваше во Македонија?2.Дали и натаму важи Вашата оценка дека земјата според криминалот и корупцијата се наоѓа во вистинска катастрофа?“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања