Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

advokat

Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката.„Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“.Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

Македонија | пред 2 години

grubi

ВМРО-ДПМНЕ најави нови докази за богатењето на фамилијата на Груби

Артан Груби е фатен жив за скандалот со купувањето на деловен простор на неговиот брат во центарот на Скопје по багателна цена, вели ВМРО-ДПМНЕ„Првиот вицепремиер Груби е испашен и нервозен бидејќи е фатен во чист криминал, па за тоа со сите сили врши притисоци во Јавното обвинителство за да не се отвори предмет за овој случај.Сепак институциите треба да се надминат и охрабрат и да истражат, како е возможно во строг центар на главниот град да се купи деловен простор од 127 метри квадратни за само 100 илјади евра. Или за 5 пати пoевтина цена од пазарната.Дали Груби добил повластена цена и која е причината за оваа повластица за првиот вицепремиер за деловниот простор кој го купил неговиот брат.Исто така остана нејасно, а институциите мора да дадат одговор дали плаќањето било во кеш за да се избегне потеклото на пари или пак за некое друго ветување за стекнување на друга корист.Очајничките обиди на Артан Груби за дефокус кои преку неговите интернет портали ги користи, не поминуваат. Јавна тајна е дека Груби има свои портали, кои претходно биле на негово име, за пресметка со неговите неистомисленици и политички противници.Седиштето и центарот за координација на овие артанови портали е токму во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.Иако институциите со денови молчат за овој скандал, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во објавувањето на докази за енормното богатењето на фамилијата на првиот вицепремиер Артан Груби.Во текот на денешниот ден ќе објавиме нови сомнeжи, но и дoкази за тоа како преведувачот од амбасада и неговото семејство станаа едно од најбогатите фамилии во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

pendikov-8-1024x683-1

Започнува судењето за нападот на Пендиков

Во основниот суд во Охрид, за денеска е закажано прво рочиште за нападот Прндиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.За нападот има неколку лица обвинети, тие денеска за прв пат ќе треба да седнат на обвинителна клупа.Вчера во судот во Охрид поради дојава за бомба истиот беше евакуиран, а по проверките беше констатирано дека станува збор за лажен сигнал.

Македонија | пред 2 години

ministri

Избрани новите министри во Владата

Вчера Собранието во доцните ноќни часови, по две недели расправа, ги избра четворицата нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчески, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.По дебатата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и две попладневни паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан.Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.

Македонија | пред 2 години

zan-mitrev-klinika

Клиника Жан Митрев: Еден ден пред да отпочне судскиот процес донесено е решение да престанеме да работиме!

Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.„Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес.Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање.Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев.Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“ Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев“, стои во соопштението од болницата..

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-06-03-084520

(ВИДЕО) Наместо европска, имаме арамиска влада, вели Апасиев

Претседателот на Левица - проф. Димитар Апасиев со вечерен говор во Собранието на РМ (по повод владината реконструкција):„Од експозето на октроираниот премиер Ковачевски може да се издвои само една вистина, а тоа е дека опозицијата ја предводи Левица, додека јавноста пробува да ја убеди дека новите 64 пратеници во владејачкото мнозинство се подобри од претходните 64!?Вие сте анти-работничка, анти-европска и анти-македонска Влада!Во ваше време класната раслоеност доаѓа до невидени размери, бидејќи дејствувате со десничарска неолиберална економска политика. Спротивно на мантрата за "европеизмот", вашата социјалдемократска влада нѐ изолираше од практиката на европските држави за прогресивен данок.Наместо европска, ние со вас имаме арамиска влада, во која се сконцентрирани богаташите и милионерите кои меѓусебно си ги штитат интересите и поради чија корупција и непотизам младите ја напуштаат државата.Но, за среќа, вашите денови во политиката се одбројани“, вели Апасиев.

Македонија | пред 2 години

21111

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Среде Карпош со огнено оружје убиенo маалско куче

Активистката за заштита на животните Тина Мицковска објави тажна, но истовремено и шокантна вест и вознемирувачко фото!Мирното куче Тоби е убиено од огнено оружје среде Карпош.-Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, денеска за жал го пронајдоа УБИЕН И ПУКАН со ПУШКА спроти Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирно куче НАСРЕД БЕЛ ДЕН, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде, порача Мицковска.Извини Тоби што живееше во суров свет, трчкај слободно сега горе, порача во својата објава Тина.

Скопје | пред 2 години

23022023_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja_1

Упати и барање: Ковачевски им отвора врати на пратениците од сите партии во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски побара ефикасна дискусија за разрешувањето на замениците-министри во Собранието. Тој посочи дека треба да се гради општество кое е интегрирано во ЕУ. Додаде и: „Додека сум премиер, вратата во Владата ќе остане отворена за секој пратеник“.„Барам конструктивна и ефикасна дискусија за разрешување на замениците-министри“, посочи Ковачевски.За дискусија за разрешување на замениците министри, еден од ДУИ и останатите од Алтернатива, ќе продолжи утре. Собранискиот спикер Талат Џафери најави дека се работи по 18 часот, како и денеска.„Ќе работиме утре подолго. Ќе работиме од 14 часот. И задутре исто така. Тука прекинуваме со работа“, кажа Џафери.Претходно, Собранието со по 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ги изгласа новите министри кои доаѓаат од редот на Алијансата на Албанците, но и министерката од СДСМ која презема еден ресор.

Македонија | пред 2 години

20230227210716

„Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на партијата“, вели Ибрахими

Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21.„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.

Македонија | пред 2 години

Igor-Jug-1

Игор Југ: Гледам свесни сте што ви прават, гледам кукате на ФБ, само не гледам дека нешто преземате во врска со тоа!

Игор Југ, еден од осудените за нападите во Собранието на 27 април, објави статус на социјалните мрежи,Статусот ви го пренесуваме во целост„Гледам свесни сте што ви прават!Гледам кукате за тоа на фб!Само не гледам да превземете нешто во врска со тоаЕпа кукајте си тогаш, ама потивко...“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-02-27-213458

(ВИДЕО) Силно невреме со град и грмотевици во Струмица, улиците поплавени

Големо невреме проследено со град и грмотевици ја зафати Струмица и струмичкиот регион вечерва пред 20:00 часот.Порталот Струмица Денес објави фотофрафии и видео на кои може да се забележат поплавени улици во градот.Пишува дека струмичани вакво невреме не виделе со години.

Македонија | пред 2 години

pendikov-8-1024x683-1

(ВИДЕО) Маричиќ: Секаде каде има омаловажување на нашиот народ обвинителство да си ја сработи работата, Пендиков не треба да биде исклучок

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава. Пендиков во интервју дадено за бугарска телевизија обвини дека во Македонија убиваат, тепаат, стрелаат Бугари и дека полицијата на презема мерки.Маричиќ смета дека Пендиков не го нападнале во Охрид затоа што се чувствува како Бугарин.„Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого", изјави Маричиќ за во интервју за Макфакс.Тој кажа дека момчето ќе сноси одговорност за навредите кон државата.„Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок", рече Маричиќ. ?t=3128

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев до Бугарите: Простете, браќа, за флашката

По повод празникот Прочка, кој го славевме вчера, лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи упати порака до Бугарите.Тој бара да му простат за УСБ-то кое го зема лани од бугарски граѓани во Благоевград, на отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.„Простете, браќа, за флашката“, пишува Апасиев.Во прв момент, кога настана мешаница во Благоевград, беше нејасно за што станува збор и што е тоа што двајца бугарски граѓани бараат да им врати Апасиев.Потоа, Апасиев објави дека станува збор за УСБ кое го зел таму и на кое имало како што рече фашистички песни.

Коментари | пред 2 години

331503063_1612097472625529_2933872240169044415_n

Матичното у Ѓорче, ѓоа штала, треба ли вработените да почнат да мукаат и млеко да даваат за зграда да им направит, вели Тасевски

Матичното у Ѓорче, ѓоа штала, вели актерот Сашо Тасевски во својата објава на социјалните мрежи.„Другар ми Децко од Ју Ес Еј, у шок паднал ко го пратиле овде да вади извод. И јас исто ко ми ја покажа сликава што он ја сликал.За 30 години самостојност не успеавте едно зградиче да направите?Џе су паре?Срамота бе, Децко Американецот помислил таксистот згрешил и го донел пред сточара. После зошто не се враќаат назад тие шо ќе заминат. Зошто да се вратат? За да чекаат ред за факинг извод пред нешто што личи на штала?Треба ли вработените во матичното да почнат да мукаат и млеко да даваат за зграда да им направите?“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска за иницијативата за Заедница на албански општини: Ништо не е случајно, одиме кон федерализација

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со иницијативата за Заедница на албански општини.„Не знаеш кога се полоши: во влада или во опозиција?Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.Но, проблемот не е во Алтернатива, бидејќи Алијанса на Села тоа го бараше уште пред нејколку години, а Изет Меџити и сега јавно го бара тоа („ако 3 отсто Срби може да го добијат тоа на Косово, зошто 30 отсто Албанци да го немаат во Македонија“).И ништо не е случајно – консоцијацијата води кон федерализација. Тоа го напишав пред 15 години во колумна „Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже““, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања