Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

20230227071314

Откриена причината за големата трагедија во Илинден

Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден.Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.-Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, изјави Ангеловски.Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

Скопје | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Меџити: Ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини, до таму ти е акалот?

Неформалниот лидер на „огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити брзо реагираше на повикот на Аптернатива за обединување околу идејата за создавање на заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Заедницата на српски општини во Косово. Меџити вели дека тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа. Но, како што вели, ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти.Во врска со ова се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека наместо од се ослободиме од етничките поделби, се повеќе заглавуваме во нив.„Наместо да се ослободуваме од етно делењето ние се повеќе заглавуваме во него.Ако Огнените требаа да го претставуваат напредниот дел од ДУИ тогаш нешто многу помешале што е напред а што назад.Очигледно етничките Албанци во Македонија единствено нешто што можат да понудат на политичката сцена е етно-национализам.Немаат ни знаење, ни интелектуален капацитет ни политичка визија за ништо друго.До таму стигнале. Некаде на почетокот на 18 век.Меџити, ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини?До таму ти е акалот?Навистина се помалку мислам дека Македонија има шанси да стане демократска држава.На една страна ВМРО кецарошко и СДСМ корумпирана.На друга страна албанските партии од кои едни се чиста мафија а другите немаат појма што е граѓанско општетсво.А во средина граѓаните кои само гледаат да побегнат од вукојебината.Не сотревте“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

pozar-pristina

МВР со детали за вчерашната трагедија во скопски Илинден

На 25.02.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.По извршениот увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар.На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Скопје | пред 2 години

opshtina_ilinden-gradonachalnik-1024x512-1

Жалам за страшната трагедија, сочувство за семејството на починатото девојче, вели градоначалникот на Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за ТВ 24 даде изјава во врска со вчерашната трагедија во која животот го загуби едно дете.– Вечерва во Илинден се случи страшна трагедија каде едно малолетно лице го загуби животот. Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче.Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете”, рече градоначалникот.

Скопје | пред 2 години

naum-stoilkovski-1170x704-1

(ВИДЕО) Нова гатанка за Артан Груби

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска продолжи со прозивање на вицепремиерот Артан Груби со нова гатанка.Денеска Стоилковски кажуваше гатанка пред зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.„Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат.Провизии на лист шпартан, пресметува везден_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ “, гласи гатанката на Стоилковски.

Македонија | пред 2 години

vojo-dimoski-696x401-1

Димоски за изјавата на Габер Дамјановска: Зачудува како изметот секогаш испливува на површина

Адвокатот Војо Димоски на свој начин ја коментира изјавата на директорката на Академијата Габер Дамјановска која изрази зачуденост поради жигосувањето поради нечија семејна припадност:„Зачудува како изметот секогаш испливува на површината, ама познавачите на физиката знаат дека тоа е поради неговата помала специфична тежина!“, коментира Димоски.

Коментари | пред 2 години

hq_boristrajkovski_1493888704

19-години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.„На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки.Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Северна Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија.Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина“, информираат од владата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-02-25-at-22.29.46

Трагедија во скопски Илинден: Девојче загина, откако малолетници опожариле цистерна во склад на Макпетрол

Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загина откако била опожарена цистерна, јавува „Макфакс“.Според информациите од МВР малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица. Децата рекле дека на цистерната имало малолетно женско лице и истото починало.На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.

Скопје | пред 2 години

abazi-boki-13

Боки 13 започнува операција „Бумеранг“: Еден милион бомби ќе пукаат кај Абази

Бојан Јовановски-Боки 13 преку адвокатите посочува дека над еден милион фајлови ќе бидат предадени на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити. Во соопштение до јавноста, посочува дека со оформувањето на предмет од страна на шефот на Обвинителството, Ислам Абази, започнува операцијата која со кодно име „Бумеранг“.„Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. "бомби" , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, велат адвокатите на Јовановски.Тој напоменува дека по поднесувањето на пријавите и предавањето на доказите, очекува темелна и непристрасна разшреница. Посочува дека поради обемноста на доказите, ќе треба цел тим да работи на материјалите.„Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот "Бумеранг" бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител. Исто така, напоменуваме дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име "Бумеранг". Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите“, посочува адвокатскиот тим преку кои Јовановски и се обраќа на јавноста.Претходно, шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кажа дека оформил предмет и делегирал јавен обвинител што ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе бомбите, односно аудиоразговорите, видеоснимките, транскриптите. Од Обвинителството за „Макфакс“ посочија дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис-елитата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-02-25-092516

(ВИДЕО) Како ќе се стигне до 80 пратеници за промена на Уставот и вметнување на Бугарите?

Може ли да се купат пратеници со цел да се дојде до мнозинство во Собранието за уставните измени, одговараше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за „Макфакс“. Тој рече дека има повеќе начини како да се стигне до мнозинство за уставните промени, па посочи два од нив, кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Призна и дека во моментот немаат мнозинство.„Не постои човек што може да го купите ако искрено не верува во она што го прави“ коментира Маричиќ, па одговараше дали ќе уценуваат за да се стигне до 80 пратеници.Уверен е дека ќе се стигне до 80 пратеници за промена на Уставот и вметнување на Бугарите.Во ноември минатата година Маричиќ убедуваше дека е блиску до 80 пратеници за уставни измени, а сега го коментира тоа и рече: „Денеска сме еднакво блиску колку што сме биле во ноември“.„Над 70 се оние што би гласале во моментот“, рече Маричиќ и кажа од кои политички партии доаѓаат и прокоментира: „На моменти е добро да мислите дека блефирам. Но, не блефирам“.Повеќе за уставните измени и како до 80 пратеници Бојан Маричиќ одговара во интервјуто за „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

Ljubomir-Cuculovski

Цуцуловски: Во Уставот да се набројат сите живи и мртви, да се опфатат и Марсовците, за да можат Македонците да се разликуваат од сите

Професорот Љубомир Цуцуловски објави статус на Фејсбук во врска со додавањето на Бугарите во уставот.„МАРСОВЦИ И МАКЕДОНЦИ. Некои умно-умни глави упорно ја форсираат тезата дека ако Бугарите се вметнеле во Уставот ќе се обезбедела јасна дистинкција меѓу Македонците и Бугарите. Односно, тоа би значело дека се различни народи/нации. Инаку, зошто би се спомнувале? Следејќи ја оваа логика, дојдов до следниот „предлог/решение.“Во Уставот да се набројат (без исклучок!) сите живи и мртви нешта за да можат Македонците да се разликуваат од сите живи и мртви нешта. Од друга страна, можеби во космосот постојат и Марсовци. Затоа, и тие да се опфатат, бидејќи Марсовците би можеле да имаат свои аспирации кон Македонците, како кон неосвестени Марсовци, несвесни за своето марсовско потекло, историја, традиција, јазик. Значи, сè живо и мртво (може и диво!) да се вметне во Уставот, како неопходен услов за влез во ЕУ. Потоа, што биде, нека биде. Само така, почитувани, се гради држава“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

maricic

(ВИДЕО) Маричиќ ги направи евроамбасадорите ненајадени

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, во интервјуто за „Макфакс“ зборуваше и за гоштавањата на државна сметка. Трошењата ги правдаше со ручеци со странци, а на укажувањето дека Европејците ги претставува како ненајадени, тој имаше свое објаснување.„Дури со амбасадорите сега инсистирам да бидат скратени средби и ретко се случуваат тие ручеци – кога се најнеопходни. Некои од тие ручеци во последно време сум ги платил и од сопствен џеб“, посочи Маричиќ.„Не велам дека е нормално да се јаде на државна сметка. Но, ако во една година сте имале посета на претседател на Европскиот суд за човекови права, и тоа прва по 20 години, три дена, и сте биле домаќин – дел од програмата е да ги однесете гостите од странство на ручек. Друг пример, имало министри за правда што доаѓале – сме ги однеле на вечера на разни места“, вели Маричиќ.При анализата на извештаите не секогаш се гледаше гоштавање на државна сметка со странска делегација, на што Маричиќ даде свое видување.„При гостувањето на двајца министри за европски прашања, на Ирска и Данска или Естонија, сме испиле неколку кафиња, а тие нешто јаделе“, рече Маричиќ.Маричиќ даде одговор и на прашањето која е разликата помеѓу актуелната Влада и владата на ВМРО-ДПМНЕ, која исто така трошеше од државната сметка за јадење и пиење.„Најслатка е храната што ја готвам во домашни услови со блиските. Никогаш не ми била слатка храна на туѓа сметка, а особено не на државна. На тоа сум гледал како на дел од работата“, одговара Маричиќ на прашањето дали е послатка храната купена од државна сметка.Сите детали за јадењето и пиењето на државна сметка во интервјуто на Маричиќ за „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-02-25-081341

Мециновиќ: Нема да дозволиме узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и наплаќање паркинг

Советникот Амар Мециновиќ, од Советот на Град Скопје за иницијативата на СДСМ која има за цел да овозможи узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и на тој простор да наплаќа паркинг:„Да се потсетиме дека ова стопанисување сакате да му го предадеме на „Ист гејт“ - трговски центар со небезбедна конструкција која видовме дека протекува.Ако на советничката група на СДСМ ова ѝ е приоритет, ми се чини дека ние како Совет, сега гласаме да го оправдаме претходното лошо раководство и ветувањата на Шилегов. Оваа иницијатива е веќе отфрлена и зошто СДСМ повторно ја предлага, зошто да го дискутираме истото?Нема никакви стандарди, затоа мора да го смениме тоа - нема да се дозволува стопанисување на неодговорни компании кои сакаат само да си го подобрат коефициентот за кога ќе сакаат да го продадат.Имаме проблем со јавниот превоз, а вие (СДСМ) сте против набавка на нови автобуси, а сметате дека треба да го решаваме паркингот на „Ист гејт“ со кој простор сака да стопанисува.

Скопје | пред 2 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Кога ќе ми каже Ахмети да седам дома, ќе седам дома

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5 истакна дека кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе му каже да седи дома, ќе седи дома.Ваквата изјава следува по прашање во врска со барањето на „Огнената група“ за негово разрешување.„Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б. Јас не се оптоварувам со мојата функција“, вели Груби.

Македонија | пред 2 години

bekarovski

Д-р Беќаровски: Неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура!!!

Доктор Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи порача дека неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура.„#Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп.Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација.Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти.Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици, предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици.Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата.Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче ....За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп.За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура!!!Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција !!!!Кога навистина ќе ви треба антибиотик, вас или на вашата фамилија можеби нема да делува“, вели д-р. Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања