Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

tarav

(ВИДЕО) Таравари сега има елитен комшилук во Карпош, откриено кој за џ’блк му ја продал куќата

Куќата во скопско Тафталиџе на Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците, по цена далеку пониска од пазарната му ја продал пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој пет мандати беше градоначалник на Пласница и чие семејство е сопственик на „Пуцко петрол“. „Макфакс“ дојде до официјалниот документ, кој покажува дека последниот сопственик на куќата во Тафталиџе пред Таравари да ја купи бил пратеникот Јахоски заедно со сопругата Љупка-Еда Јахоска.Со купувањето на куќата, Таравари во соседството е опкружен со видни бизнисмени, но и политичари од партијата ДУИ. На неколку чекори од неговиот двор живее министерот за финансии, Фатмир Бесими. На истата улица кај Бесими куќа има и бизнисменот Фатмир Етеми, кој е поранешен пратеник од ПДПА, кој изгради деветкатница кај „Мајчин дом“ во Аеродром.Иако му ја продаде куќата, семејството Јахоски останува прв сосед на Таравари оти Љупка-Еда Јахоска, според податоците од Катастарот, е сопственичка на соседната парцела.Историјатот од Катастарот покажува дека Јахоска во 2013 станала сопственичка на куќата што денес ја поседува Таравари. Делела по една половина со Иса Јаоски. Во 2017 година делот од Иса Јаоски како дар го добил пратеникот Јахоски. По четири години, во 2021 година, врз основа на договор за купопродажба како сопственик е внесен Таравари.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

Milososki-27.06

Милошоски контра Ивановска: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Вовед, што кажа Б. Ивановска:Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери:Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда.Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж.Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт.Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство.Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност.Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти.Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители.Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-02-23-204447

(ВИДЕО) Маричиќ за „Макфакс“: Бифтек во Влада немам јадено

Во интервју за Макфакс, поранешниот министер за правда, Бојан Маричиќ вели дека бифтек во Влада нема јадено.„За фамозните бифтеци, правдата која само што не дошла, обвинителите, изборот на новите судии и обвинители од редот на снаите и децата, евроинтеграциите –одговара вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „Макфакс“.Тој одговара и како ги „примамуваат“ пратениците за да соберат мнозинство за уставни промени, кој најавил поддршка, а кого убедуваат. Маричиќ зборува и како државата може да му одговори на Пендиков за обвинувањата, додека за европратеникот Џамбаски посочи дека е провокатор. Тој одговара и за внатрепартиските поделби, како и наводниот дуел Заев-Ковачевски“, стои во описот на видеото.

Македонија | пред 2 години

grujo-1

Груевски за изјавата на Кацарска дека не постои судија што осудил без докази: Еве јас ќе и најдам – кога е сама дома нека се погледне во огледало

Еден пријател денес ми прати изјава на актуелниот претседател на Уставен Суд- Добрила Кацарска, судијка која порано судеше и прогласуваше виновни во случаи на СЈО без докази само на основ на т.н. снимки, или попрецизно нелегално прибавени копии не според и со оргиналот аудио матерјали, вели во својата објава поранешниот премиер Никола Груевски.„Ја читам нејзината изјава и се прашувам на кои дроги е жената?Затоа што нормален и при здрав разум човек на нејзино место не би одбрусил вакво нешто.Зошто?Па самата таа донесе осудителни пресуди во предметот “Тенк” само на база на т.н. снимки и тоа не оргинални туку копија на нелегално прибавени снимки, кои таа одби да ги спореди со оргиналот.Еве што направи жената брзајќи да не осуди и да ја добие ветената награда да стане претседател на уставен суд…Ги испита сите сведоци предложени и од СЈО и од одбраната. Сите до еден сведочеа во наша полза а најважно е што членовите на комисијата за јавни набавки кои ја спровеле набавката и ги подготвиле сите документи јасно кажаа дека никој не им извршил никаков притисок ниту им се вмешал во било која фаза од работата. Никој!Ни шефот за одеелот за набавки Ѓоко Поповски на кој таа му даде 9 години затвор и кој ни крив, ни должен ја одлежува казната.Ниту поранешниот министерот на МВР Гордана Јанкуловска за која нема ни снимки со било кој од МВР на темата, ни сведоштво, ни било каков потпишан од неа документ во врска со набавката, ниту пак имала комуникација со шефот за јавни набавки по тоа прашање, што и самиот тој го потврди.Против мене исто така немаше ниту еден матерјален доказ, потписи или слично, ниту еден сведок или обвинет не ме посочи дека сум влијаел на било кој начин, и се се сведе за сите нас тројцата само на база на 2-3 нелегално прибавени снимки кои видовме во случајот со Мартин Нешковски како Заев си ги крател и моделирал, како што и самиот јавно призна дека демек биле многу долги па ги подскатрил.Како да збориме за кастрење лозје а не “снимки” со кои некого го прогласуваат виновен и го ставаат во затвор.Единствено нешто со кое сите тројца не осуди со затворски казни беа токму тие “снимки” кои СЈО ги примило по истекот на рокот од Законот за приватност, кои се копии не споредени со оргиналот, при што економскиот вештак што самото СЈО го одбрал кажа дека колата се набавила по регуларни цени и нема никаков екстра профит за фирмата.Во овој случај немаше ни обвинение за корупција, туку за влијание, демек сум влијаел да се купи Мерцедес, оти повеќе сум сакал да ме возат во такви возило отколку Ауди или БМВ и со тоа што неколку пати ме возеле баш во таа кола а не во некоја друга службена, сум остварил корист. Тешки глупости. Кога раскажувам на луѓе тука каде сум, не им се верува дека такво нешто е можно!Вистинската причина за тоа лудило беше дека проценија дека тој предмет може најбрзо да се заврши и пред финалното гласање за уставот за името да не сум на слобода, а и генерално што побрзо да ме предадат на “екипата” од Диво Насеље која ме чекаше во истиот затвор Скопје. Токму затоа Кацарска држеше по 3-4 рочишта неделно од 10 до 22 часот а и во другите работни денови ни набиваа судења за други предмети за да немаме никакво време за анализа и подготовка за следниот ден.Затоа велам на кој дроги е жената и дали нема барем малку образ кога јавно лаже?Но, не е само во овој предмет така. Не со индиции а без докази, уште повеќе со претпоставки судеа и сеуште судат. ЛИЧНИ ПРЕТОСТАВКИ!!!На пример првостепениот суд за случајот “Протести пред општина Центар” мене и Миле Јанкиески не прогласи виновни само за еден телефонски разговор кој не е поврзан со настанот пред општината, кој ние не го организиравме и плус од предложените три сведока од моја страна односно од страна на одбраната, недозволи ниту еден сведок да сведочи.Одиш на суд, те прашуваат бидејки кора да те прашаат дали имаш сведоци, викаш имам три сведоци. Не триесет или триста. Само три! Сослушување на тие три е 30 минути.Судијата вика “не дозволувам да сведочат” бидејќи за еден од нив знаеше дека ќе каже дека тој јавно повикал на протести а не ние! Значи човекот што повикал јавно да има протести, во случајот Владиката Агатанѓел ќе посведочеше дека тој јавно преку медиумите повикал без наш притисок или барање. И ако го приема за сведок, немаше да можат ни претпоставки да смислат.Додатно, прогласија за виновни осумина од толпата за кои има снимка дека само биле присутни меѓу народот, толпа од околу 600-700 лица, но нема за нив снимка или било каков доказ, ниту обвинение дека некого удриле или нешто скршиле.И тие кажаа таму во судот дека го чуле повикот на владиката и дошле на протест. Никој пд партијата не го викнал. Се чудеа зошто се на суд.Сведоци против мене боновој случај беа сите советници на СДСМ во општината чии главен и единствен аргумент беше дека не ме виделе таму но го чуствувале мојот дух!?Да не одам предмет по предмет во детали, само ќе нафрлам.Во пеедметот “Плацеви Водно” ме обвинија дека сум земал партиски пари и ниту еден доказ не покажаа за тоа. Ниту еден, ни сведок, ми ништо. Преставник на партијата дојде и кажа дека немаат таква информација дека сум земал партиски пари.На крај се испостави дека плацот не е купен со пари во готовина, туку странска фирма го купила од пари од редовно работење во кое нема ниту еден Македонец и платила со банкарски трансакции, Парите и доаѓале од редовно работење. Нема потпис, нема мое или на поврзано лице потпис или банкарски трасакции, немаше никаков матерјален доказ.Ниту еден сведок не ме посочи мене лично дека нешто сум побарал од него или сум дал или земал пари. Се беше рекла-казала од типот “јас си помислив дека можеби е вака или така”, “некој ми рече дека е за него” и сл.Со закана, притисок, притвори и понуда за многу благи казни издејствуваа обвинети да признаат вина и нешто да кажат против мене, но тоа кога обвинет говори против тебе во ниту еден суд во светот неможе да е доказ бидејќи обвинетиот за да се спаси може што сакаат да каже и затоа се ценат само сведоштвата на сведоците иско и врз нив се вршат огромни притисоци.Во ТНТ кој доказ имаше за првостепено да ме осудат девет години ? Ни потпис, ни документ, ни матерјален доказ, ни сведок ништо!Само неколку нелегално прибавени и копии од снимки не споредени со оргиналот кои не се ни вештачеа за да се утврди нивна целовитост, веродостојност, автентичност…Во Талир 2 за штабовите, таму нема ни сведок, ни потпис, ни одлука, ни снимка против мене, ни против другиот обвинет!Има само бујна фантазија на обвинителот кој чека унапредување или некаква друга награда од власта.Во Титаник и (Талир 1)освен што нема матерјални докази и сведоци против мене, нема ни снимки поврзани со предметот на обвинение и пуштаа незаконски прибавени копии од снимки кои никогаш не беа вештачени, од кој произлегува некако наводен разговор за тоа кој пратеник од Тетово да се предложи на листа. На прашање што има врска тоа со финасирање на партијата, одговорот беше дека од снимаката се гледа дека сум имал големо влијание во партијата при избор на пратеник, што значи (пак претпоставка) дека сум имал влијание на се, па и на паричните трансакции.Кој суд во светот суди вака?Затоа ги употребуваме изразите како класичен политички прогон, хајка и слично.Е сега, не само што го прават ова, другите судии барем јавно си молчат, некои од нив знаат дека се кабаетлии, па праќаат абери по луѓе дека биле под притисок и немале избор, но Добрила Кацарска оди по емисии, држи говори пред медиуми и уште и ги строи другите уставни судии, а овие и молчат бидејќи не биле присутни во сидницата кога судска па незнаат, дека немало судија на свет, или како што вели: “најдете ми еден судија на свет, кој осудил без докази, кој се базирал само на прислушкувани разговори”?Па еве јас ќе и најдам: “кога е сама дома нека се погледне во огледало, нека се сети што правела и нека го исплука огледалото. Малку ќе и олесни.А плус тоа не е кривично дело!П.С. Нема да се изненадам ако во некоја следна прилика на колегите им каже: ”најдете ми судија во светот кој со обезбедени законски прибавени видео снимки на кои јасно и недвосмилено се гледа како обвинетиот бара поткуп за него и има сведок кој е самата жртва од кој се барал поткупот, може да ослободи некој, па макар бил премиер”“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

marjan-petrovski-696x475-1

ДЏ Мац: Мајкиве го осудија Лазаров на смрт, вака да кревавте фама за се друго што ни “цвета” во државава ќе беше супер

Мајкиве го осудија Лазаров на смрт ( заради грешка или смеење или ајде да кажам не искусен во она што го започна) … а притоа истите тие мајки ги фатија за рака децата и ги однесоа на ГЕЈ парада и ги учеа дека тоа е нормално и е супер, пишува диџејот Марјан Петровски.Во својот фејсбук коментар Петровски вели:„Опкружен сум со “безгрешни луѓе” и луѓе кои ништо не работат … само живеат за да лечат фрустрации и комплекси …Први сте за да оцрните некого … тоа го знаеме врз многу примери во минатотоВака да кревавте фама за се друго што ни “цвета” во државава ќе беше суперп.с Тамара Тодевска на своите настапи ПОЛНИ и ГАЗИ џабе ја осудивте и неа на смртМакедонски синдром … само да колне и плука … кога ќе треба да се пофали јок … зошто се ќе се прости ама успехот на некого НЕ“.

Коментари | пред 2 години

Nikola-Micevski-16.02.2023

Адеми тврди дека ВМРО-ДПМНЕ саботира Албанци, Мицевски порача „касно е да плашите со војна“

Меѓуетничките односи одново тема во Собранието. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Арбер Адеми од ДУИ, двајцата координатори на пратениците, од собраниската говорница се обвинуваа меѓусебно на етничка основа. Адеми тврдеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дал наредба на скопски градоначалници да саботираат Албанци кои градат и бараат легализации. Мицевски врати дека ова е „плашење на народот со војна“ кое нема да помине.„Дали Мицкоски даде наредба на вашите градоначалници да не соработуваат со Албанци? Да не им даваат дозволи за градба на сопственици Албанци и да не се легализираат албанските куќи? Чекаме одговор, фактите ги имаме. Да завршиме со овие политики против Албанците. Тие факти пред јавноста, чекаме од вас да ги кажете“, рече Адеми.На ова возврати Мицевски.„Албанците се иселуваат. Не ради Мицкоски, туку поради власта во која долги години сте вие. Заврши приказната со плашење на народот со војни. Поголема војна нема. Народот е гладен. Народот трпи за леб. Да го плашите со војна малку е касно. Не ја обременувајте седницата со процедурални. Нека си одговарат тука на прашањата, ако не ќе дојде ден ќе одговорат во институции“, рече Мицески.Повторно процедурално обраќање имаше од Адеми.„Се сложувам со вас кога велите помина времето. Но треба да ги прашате вашите Николоски, Лефков, кои со лаги ја злоупотребуваат говорницата. Внимателно ја следиме анти-албанската кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте во мртва трка со Левица, кој е најголем анти-албанец. Ова не поминува оти популизмот, национализмот за да се добијат политички поени не носи ништо добро“, рече Адеми.Мицевски пак, обвини дека Адеми дефокусира со цел премиерот Димитар Ковачевски да не одговори на поставено пратеничко прашање.„Колку и да пробувате нема да дефокусирате. Да дозволиме да одговорат, не ви поминуваат овие работи ни кај Албанците. Кај Македонците па никако. Ви се ситни поддршката и од тие што имате“, врати Мицевски.

Македонија | пред 2 години

23022023_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja_1

Ковачевски: Здравствените податоци на граѓаните се безбедни

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање рече дека Фондот за здравство за рекордно време го врати системот во функција, а здравствените податоци на граѓаните се безбедни. Премиерот истакна дека хибридниот и сајбер напад кој што се случи во ФЗО, веднаш беше пријавен во МВР и дека како земја не сме по ништо исклучени по вакви напади кои се интензивираат после војната во Украина и со која трети страни целат да направат хаос во државниот систем и да предизвикаат паника и немир кај граѓаните.„Она што можам да го кажам и што е факт е дека Фондот за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни боледувања на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо бидејќи на други институции во светот кој што биле предмет на ваков сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад.Она што исто така сакам да остане јасно овде и јасно кажано е дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и дека здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на граѓаните се загрозени“, рече Ковачевски.За барањето за одговорност за овој случај, премиерот истакна дека одговорност се бара кога за тоа постои реална причина.„Во овој случај тоа не е така и тоа поради три моменти. Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализирано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката за заштита од сајбер напади која што ја спремале била на највисоко ниво и е согласно со ревизорските извештаи од претходните години кои што укажале дека треба да се купат такви системи за кои што веќе се потпишани договори.Сајбер нападот за жал се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Прочитав некаде дека имало обвинување што немало бекап во центарот во Прилеп, но реално Фондот веќе бил спремен за секундарна локација на податоци, како со овие договори и немало ни потреба да се носат на третото место.Тоа ме води до вториот момент а тоа е дека во моментот кога се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот најбрзо возможно што всушност и се случи како што кажав за 14 дена што е брзо во однос на просекот од 23 дена во такви институции кои што имале таков сајбер напад во други држави.Трето, кога е веќе јасно дека со оваа конкретна работа и навремено се спремале и соодветно одговориле го видов и извештајот на Државниот завод за ревизија и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување. Тоа значи дека директорката си ја работи работата за Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите“, рече премиерот Ковачевски.Премиерот посочи дека пари во Фондот има и пари во буџетот на Фондот има, и пари во централниот буџет има, тоа се факти, се друго се дезинформации и лаги, а дека е така и дека тоа што го кажувате дека немало пари во Фондот е лага, говори фактот дека дента кога успеаа ИТ инженерите да го санираат системот веднаш почнаа исплатите кон сите корисници на услугите на ФЗО.

Македонија | пред 2 години

ljube-boskovski-gruevski

Груевски по пресудата за Бошковски: Тоа е покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името по грчки терк

Честитки за денешната судска пресуда во која Љубе Бошковски е прогласен за невин, со што мислам дека дополнително и значајно ќе “порасне” довербата во македонското судство како “целосно независно и неконтролирано од власта”, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Се надевам и на искрени честитки од преставниците на меѓународната заедница за напредокот во независното судство и генерално напредокот на Македонија.Инаку главниот доказ во овој случај што обвинителот го приложил е видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и судија, што значи дека е полноправна пред судот.Краток сегмент од снимката од околу две минути можете да видите подолу и да се уверите дека “никакви” пари за кампања не биле дадени и тоа од преставник на Грција чии услов бил “жртвата” Љубе Бошковски одкако ќе победи на изборите во 2011 година (настанот е пред тогашните избори) да го смени името на државата, а во истата кажува, а подоцна во коалиција со СДСМ и докажа дека нема да има проблем придавката “Северна”.Да бидеме искрени и без иронија, после ослободувањето на Заев и прогласување невин со иста ваква снимка законски прибавена со одлука на обвинител и судија и тоа за барање мито за него лично, оваа одлука и не е баш преголемо изненадување.Мислам дека овие две законски прибавени снимки и двете невини “жртви” ќе влезат во антологијата на македонското судство, еден ден ќе станат и дел од учебниците во некоја земја.Во исто време веќе шест години тече прогонот по судовите на нивните политички противници, на онаа структура која се бореше и ризикуваше со цел да не се прифатат оние услови кои ги бараше Грција, каде критериумите на обвинителството и судот се многу различни.Тоа не е само казна за нас, туку и покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името, историјата и идентитетот по грчки терк, а уште еден таков чин се подготвува да се случи во следната година, најверојатно по следните парламентарни избори, во изведба на некои други “Љубевци” и “Заевци”“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

abazi-boki-13

Боки 13 очи в очи со Абази, ќе му предава „бомби“ кои укажуваат на криминал

Снимки, фотографии, аудио записи, транскрипти. Ова се само дел од материјалите за кои Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека ги поседува и бара од шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал да го повика за да му ги предаде. Во новото писмо до јавноста, Јовановски-Боки 13 посочува дека бара да биде спроведен пред Абази, за кого наведува дека единствено му верува, со цел преку овие материјали да обелодени криминал.Во писмото до јавноста испратено од неговиот правен тим се наведува: „Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување. Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. "бомби" ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски“.До медиумите, Јовановски преку правниот тим го испрати и писмото кое го доставил до Абази. Во него стои дека ова ќе е продолжение на пријавите кои претходно ги поднел до скопското Обвинителство„За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание. Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување, да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основен кривичен суд Скопје, за кое имам основано сомневање дека е донесонео од криминогени побуди и намери на поединци. Воедно, молам за заштита од ваша страна во рамки на законот, дотолку повеќе што сум се соочувал и се соочувам со реални закани по мојот живот и истото го очекувам да биде интензивирано после ова истакнато барање до вас за поднесување на кривични пријави“, стои во писмото од Јовановски-Боки 13 до Абази.Во соопштението се повикува јавноста да го следи процесот и се посочува: „После започнување на овој процес ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност“.

Македонија | пред 2 години

vojo-dimoski-696x401-1

Димоски бара ветинг: Кога деца/сопружници на судии и обвинители стануваат кандидати за правосудни функционери, има поле да зборуваме за корупција

Речиси 18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит, објави Макфакс.Во врска со ова, поранешниот обвинител Војо Димоски вели дека кога деца/сопружници на судии и обвинители стануваат кандидати за правосудни функционери, има поле да се зборува за корупција.„Кога роднини на политичари стануваат кандидати за судии, има поле да зборуваме за сторена злоупотреба на положбата. Кога деца/сопружници на судии и обвинители стануваат кандидати за правосудни функционери, има поле да зборуваме за корупција.Ако некој ме прашува мене (а не сакам да ширам паника, ама ме прашува !) сето ова треба да биде опфатено со ветинг.п.с. Ова како родител: Им правите мечкина услуга на вашите деца. Јасно е дека немајќи можност да им оставите занает, во наследство им ги оставате функциите! Единствено што треба да остави во наследство одговорен родител е чист образ! Нормално ако го има“, вели Димоски.

Коментари | пред 2 години

cibisev

Д-р Чибишев: Во 21. век да ти се случи инфекција со бактерија која ја има само во книги и да ти почине млада жена е трагично

Д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија се огласи за трагедијата во Прилеп каде жена починала од сепса во Општата болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасната бактерија.„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа заради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена ( 51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално.Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните.Сочувство до семејството на починатата.Господ нека ја прости!“, вели д-р Чибишев.

Коментари | пред 2 години

ilija-dimovski-7-670x437

Димовски: Македонците се исклучени од одлучување за клучните државни прашања, посебно од оние за македонскиот идентитет, јазик, култура…

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека Македонците не одлучуваат за ништо во Република Македонија. Тие се исклучени од одлучување за клучните државни прашања кои како што вели го тангираат исклучиво македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции и засебност…„Македонците не одлучуваат за ништо во Република Македонија...Мнозинството Македонци во Република Македонијасе исклучени од одлучување за клучните државни прашања,но, и посебно се исклучени од одлучувањето за прашањакои го тангираат исклучиво македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции и засебност...Мнозинството Македонци во Република Македонијане одлучија и не дадоа подршка за:- Избор на Влада во 2017 година;- Усвојување на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година;- Усвојување на Преспанскиот договор во 2018/2019 година;- Избор на Претседател на РМ во 2019 година;- Избор на Влада во 2020 година;- Усвојување на "францускиот предлог" во 2022 година;Како плод на овие процеси мнозинството Македонци немаа право да одлучат за своите идентитетски прашања:- дефиницијата на својот национален идентитет (Преспа);- улогата на АСНОМ во изградбата на модерната македонска држава (Преспа);- дефиницијата, историјата и карактерот на македонскиот јазик (Преспа + едностраната изјава од МНР на РМ за јазикот);- употребата на македонските национални симболи (Преспа);- историјата и самобитноста на македонскиот народ (Преспа + Договорот за добрососедство со Бугарија);- карактерот на македонскиот образовен систем во делот на историјата и географијата (Преспа + Договорот за добрососедство со Бугарија);- издаваштвото (Протоколот кој произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија);- продукцијата на уметнички дела (Протоколот кој произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија);и уште многу други идентитетски прашања...На мнозинството Македонци им е ускратено правото да одлучуваат за било што во Република Македонија, а посебно за идентитетски прашања кои се историско автономно право на македонскиот народ...СДСМ е желна за власт и тргува со сите македонски национални прашања...ДУИ треба да знае дека ваквата потчинетост на Македонците нема да донесе ништо добро ниту за Република Македонија, ниту за Албанците во Македонија...Ние, ние мора да се бориме за своите човекови права, да одлучуваме за себе и својата држава...“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Како семејната фирма на Груби со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар, вели ВМРО-ДПМНЕ„Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби.Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%?Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

raskovski34

Рашковски: Има ли „Латасовци” во ОЈО ГОКК

10тина јавни настапи имаше Вилма Русковска (Латас сениор) и околу 5 настапи Ивана Трајчева (Латас јуниор) во обидот да ја поттикнат омразата кон Драги Рашковски. Не изнесуваа факти туку свои замисли и претпоставки за настани и причини, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.„Што сакаа:1. Сакаа најпрвин да створат терен за да може полесно да поминуваат нивните намери во судовите, па така во јавноста се пласираше наводна моја порака со текст „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Со ова сакаа да ја поттикнат омразата и кај обвинителите и кај судиите кон мене и останатите во случајот.Читаше Ивана Трајчева 7 (седум) рочишта некакви текстуални записи (небаре сме неписмени и не знаеме да читаме), на кои немаше ниту телефонски број, ниту име и презиме... но немаше ни ваква порака. Денес, после речиси две години “Латасовци” треба на јавноста, а пред се на своите колеги и во судовите и во обвинителството да им одговорат: ДАЛИ ИМА ВАКВА ПОРАКА ИСПРАТЕНА ОД ДРАГИ РАШКОВСКИ КОН БИЛО КОГО? Ако нема, дали тоа значи дека тие ја измислиле??? Дали некојј ја пласирал во јавноста како лажен извор? Дали е нешто друго во прашање? Нека покажат дека тие не се изворот на оваа лажна вест па нека покренат постапка да го најдат изворот на оваа дезинформација. Ако не покренат, легитимно е да се мисли дека тие тоа го измислиле или не дај боже го мислат?2. Ширеа пораки дека моите деца се збогатиле енормно. Се спомнуваа суми од неколку стотици илјади евра, за да се дојде до милионски суми. Сетоа тоа им требаше за да не само мене, туку и цело мое семејство некој го мрази? Што им покажаа вештачењата? Зошто не излезете и не кажете колкава е таа сума која ја спомнувавте дека е “натрупана”? “Латас сениор” е под правна суспензија, но “Латас јуниор” може да излезе пред јавноста и да каже колку е таа сума без посебни лични подготовки, како што според мои сознанија ако се точни ја чекавме да се врати од фризер за да ја соопштат одлуката за нашиот притвор, како би можела да даде изјава пред камери за својот “успех”. Зошто не излезете и не и кажете на јавноста дека таа фантастична сума за која Вие зборувавте е 1500 евра!!! Затоа што 1500 евра не предизвикуваат омраза?3. Дирекно Ви се обраќам. Малку Ви беше ова, не пропуштавте да кажете дека лицето кое било мое обезбедување уплаќало за школарина за мојот син. И повторно за да некој посилно од душата мрази и колне? Зошто не излезете и кажете дека таа сума е 2390 денари? Затоа што за толку малку никој нема да мрази?4. Зошто не излезете пред јавноста и не кажете дека и двајцата вештаци не најдоа (затоа што и нема) никакво, макар ни мало, прекршување на закони, подзаконски акти, па дури ни интерни акти во постапките за јавни набавки? Затоа што омразата која сакавте да ја ширите ќе згаснеше? Затоа што се што е набавено е тука, со попис попишано. Класично ширеше на омраза. Класична злоупотреба на функција. Местото на обвинителот е во суд. Таму требаше да ги докажувате вашите резултати од истрагата, но дури кога истата ќе заврши. Вие издававте непроверени информации од истрагата, што преку новинари, што дирекно, иако дасте малку правници ќе знаевте дека тоа е противзаконски, а за се што е противзаконски знаете дека ќе добиете кривична. Видеата на кој зборувате за “резултатите” од истрагата стојат на интернет. Од нас како учесници во постапката ги криете наредбите за истрага, а за пуста слава и наводен сензационализам на јавни емисии изнесувавте се и сешто.Сте се запрашале зошто речиси никој од обвинителите, освен Вас не излегува по емисии да зборува за случаите? Затоа што знаат, што е пред се правно дозволено, а понатаму и што е етика, морал и култура. Затоа што знаат дека случај се елаборира во судница по завршена истрага, а не на телевизија.“Латас сениор” вели дека поради овој случај била сменета. Што повеќе сакавте да добиете? Истрагата никој не Ви ја попречи. Обвинение напишавте кое е оксиморон од граматичка гледна точка, но ви беше прифатено. Ниедно рочиште не е одложено по моја вина ниту сум барал да се одложи. Што повеќе од ова може да посака еден обвинител?Велите дека политиката се мешала... а дали вие баравте во последните неколку месеци заштита од политички фунционери за поднесените кривични пријави и дисциплински постапки?Јас знам што ве мачи. Ве мачи рочиштето на 2ри март. Тогаш ќе се види, кој, што и како правел“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

269763897_805643980301785_3353312909023763222_n

Се тресе Македонија, регистриран земјотрес

Земјотрес со епицентар во Кичево вечерва регистрираат сеизмолошките станици.Според првичните информации, потресот е со јачина од 2.8 степени според Рихтеровата скала.Потресот се осетил во околината на Кичево, а не на длабочина од 2 километри.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања