Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

covek

(Видео) Хорор: Лице со посебни потреби оставено на клупа во Скопје – по лекарска интервенција никој не го вратил дома

Граѓани до Телма испратија видео на кое се гледа како лице со посебни потреби на околу 40 години возраст седи на клупа на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје, откако со неуспех завршиле обидите тој да биде однесен на четвртиот кат во неговиот дом.Пациентот претходно имал лекарска интервенција, а кога го вратиле назад, болничарите и соседите не успеале да го вратат дома и го оставиле на клупата. Граѓаните велат дека морале да повикаат и полиција, од каде на Брзата помош и наложиле да дојде со носилка и да го решат случајот.По неколку часовна голгота и со помош на припадници на Противпожарната бригада на Скопје успеале да го качат до неговиот дом.

Македонија | пред 2 години

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Се погласни барањата за оставка од Артан Груби

На партиски собир, првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, кој е и дел од „огнената група“, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.Секретарот за родова рамноправност на ДУИ, Саранда Имери Стафаи рече дека од почетокот на средбите пред два месеци, бројот на граѓаните на собири само расте, а од Артан Груби се уште нема отчет за недостигот на инвестиции во Полог и Сарај. Стафаи рече дека во моментов на земјава и треба македонската опозиција да гласа за уставните измени, а не да влегуваат нови партии во владата за да го спасат Артан Груби.Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири.„И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турне ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што му ги направи Артан Груби“, кажа Џафери кој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.Членот на Претседателството Невзат Бејта рече дека не ја делат ДУИ, туку напротив ја обединуваат, затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин, рече Бејта, додавајќи дека ДУИ била обединета до пред 3 години, кога дојде Груби и започна поделбата.

Македонија | пред 2 години

atanasov

Бесмислено е впишувањето на Бугарите во Уставот, клубовите беа искористени за провокација, рече бугарски историчар

Бугарија треба да дозволи преговори на земјава со ЕУ без условување со внесување на Бугарите во Уставот.Ова го истакна Димитар Атанасов од Институт за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј при Бугарската академија на науките на завршната конференција: „Демистифицирање на (не)соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“, во организација на Евротинк, што се одржа денеска во Скопје.Атанасов смета дека впишувањето на Бугарите во Уставот е апсолутно бесмислена работа, односно и со и без него Бугарија треба да дозволи преговори на Северна Македонија во ЕУ.Ако погледнеме историски, вели Атанасов, и двете страни аргументираат за историски тези.„Ако погледнеме на историските личности, Гоце, Даме, тие сакале на Осоговските Планини да нема граници, тие сакале Деве Баир и Ѓуешево да бидат само две села и ништо повеќе и меѓу нив да се минува слободно. Бидејќи ние сме различни, но доволно блиски. Она што го можат Италијанците, Шпанците и Французите, зошто да не го можеме и ние, Бугарите и Македонците“, рече Атанасов.За односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов, историчарот вели дека тие се на дното, а за тоа придонесоа иницијативите за отварање на т.н. културни клубови во двете земји.„Се покажа дека клубовите се искористија како средство за провокација. За жал, ќе кажам дека Бугарија започна, односно од бугарска страна започна кампањата на провокации, Македонија одговори, што исто така не е во ред, но односите во моментов можеби се на дното. Оттука натаму од нас зависи да започнеме да ги подобруваме“, изјави Атанасов.Додаде дека од двете страни на границата има политички субјекти, партии и институции, во чијшто интерес е односите да бидат се’ полоши. На чело на кампањата во Бугарија во последно време, вели тој, за жал одново застана бугарскиот претседател, Румен Радев. Сепак, како што кажа, вината е и од двете страни на границата, па за тоа неопходно е да се демонстрира зрелост и капацитет за подобрување на односите меѓу двете држави.

Македонија | пред 2 години

mirjana-najcevska

Најчевска за дојавите за бомби: Знаете дека е ова доказ за неспособноста на МВР и основ за оставка на министерот, нели?

Денес нови дојави за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг. МВР во текот на денот информираше дека станува збор за лажни пријави.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Мирјана Најчевска.„Знаете дека е ова доказ за неспособноста на МВР и основ за оставка на министерот, нели?Мислам вакво измотавање со цела држава може да се случи само во држава предводена од неписмени трупчиња кои си играат институции“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

policija-bombi_0

Никаде не се најдени бомби, иако паника имаше низ низа трговски центри

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста.

пред 2 години

pavle-trajanov

Трајанов: Над 90% од јавните набавки се наместени

СДСМ и ДУИ се единствени, не сакаат реформа, не сакаат независна институција која ќе е резистентна на партиски и бизнис, коруптивни влијанија. Ќе биде самостојна. Подготвивме закон против тешките облици за организиран криминал и корупција, консултиравме експерти и чекаме сега реконструкцијата и ќе го доставиме, очекуваме расправа затоа што јасно ќе се види која од партиите е вистински за борба против корупција или декларативно, изјави за „За или против“ на Алфа, лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.Според него над 90% од јавните набавки, и тоа станува збор за милионски суми се наместени.– Претходно ќе се најде кој ќе го добие тендерот, тој го подготвува и формално се распишува тендер, во суштина сите се наместени. Сам Буџетот на државата не предмет на грабеж, овој народ не може да создаде толку колку што власта може да ограби, за било која власт, рече тој.Трајанов додаде дека јавните претпријатија имаат сопствени буџети, општините исто, има инвестиции, фондови, имаме огромни милионски суми.– Замислете ЕСМ само за неколку месеци над 300 милиони потроши за набавка на енергенси потребни за да функционира, посочи тој.

Македонија | пред 2 години

islam-abazi-2

Барлет Џафери станува нов јавен обвинител, шеф ќе му биде Исалм Абази, чија сопруга исто така станува јавен обвинител, вели ВМРО-ДПМНЕ

Децата и сопружниците на функционерите од власта на СДС и ДУИ го полнат правосудството. Власта ги претвори судовите и обвинителствата дом за згрижување на семејствата на функционерите, вели ВМРО-ДПМНЕ„Талат Џафери е на чело на Законодавниот дом, и прв во законодавната власт, а неговиот син Барлет Џафери станува нов јавен обвинител, шеф ќе му биде кадарот од ДУИ Исалм Абази, чија сопруга исто така станува јавен обвинител.Каде на друго место во Европа сопругот е шеф на Јавното обвинителство, а сопругата јавен обвинител вработена во негово време?Нов обвинител е и ќерката на обвинителката за организиран криминал Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска, а нов судија Драган Јосифовски, син на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска.Нови обвинители ќе бидат и синот на судијата Енвер Беџети, Јетмир Беџети, како и синот на судијата во Вишиот Управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи.Власта на СДС и ДУИ не само што го партизираше правосудството, туку од него направи и дувло на непотизам.Како може граѓаните да веруваат во правосудството, кога децата и сопружниците на политичарите кои се причина за состојбата во која се наоѓа државата ќе делат правда?Која правда може да ја очекува народот, кога правосудството има метастаза од непотизам? Потребни се коренити промени и мерит систем, каде ќе се вреднува квалитетот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

04042020_Dimitrov_Cestitka_1

„Ние изградивме пруга со Бугарија за напред, ама тие решија да ги фрлат шините“, вели Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека зборуваме за европска иднина, но во реалноста сме далеку од тие принципи.За Договорот од Преспа кажа дека бил тежок компромис, но тоа смирува, а со Бугарија имаме сериозни проблеми.„Различните гледања да ги оставиме на науката и на експертите, а во политиката да гледаме што ни е заеднички интерес. Тие тој процес го срушија. Ние изградивме пруга со Бугарија за напред, ама тие решија да ги фрлат шините“, кажа Димитров.За Бугарија, рече дека и без Договорот за пријателство може да ја блокира Македонија. Вели дека сега имаме отворен проблем со Бугарија. Димитров изјави дека со вакви пријатели, не ни требаат непријатели. Не се сложува дека маргиналци во Бугарија го негираат македонскиот јазик, туку тоа го прави бугарската држава.

Македонија | пред 2 години

20230220_204605

(ВИДЕО) Лазаров: Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи

Стефан Лазаров објави ново видео преку кое се извини и додаде дека ова е хајка која е организирана за да биде уништен.-Латас е човек кој многу го почитувам и има добра интересна животна приказна и затоа се одлучив да биде прв гостин. Концептот е да се зборува за табу теми и за работи кои на телевизија не можеме да ги чуеме. Се слагам со вас во право сте, и затоа сакам да се извинам за тоа што го слушнавте, а јас како домаќин дозволив тоа да се емитува. Дали станува збор за силување или не тоа ќе го оставам на вас, но сакам да се извинам зашто се добива слика дека кај мене се промовираат такви работи.Тој вели дека било жално е што се гледа дека има сериозна позадина и станува збор за оркестрирана хајка. Од мое смеење од десет секунди од анегдота кажана да ме правите силувач е бедно. Во оваа ситуација се гледа и сакам да ве замолам да размислите како е возможно вторник да е објавено видеото, и да се чека недела , позадината на ова кој го објави и кои институции се вклучија. Жално е како функционира оваа држава и се вадат од контекст работи. Во рок од еден ден ситуацијата отиде на вести и отиде до јавно обвинителство.– Видеото го тргнав зашто сметам дека таква содржина не смее да има на мојот канал, многу од вас ми пишаа тргни го така ќе покажеш дека имаш морални вредности. Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи. Јасно ми е дека многу луѓе сакаат да ми наштетат, јас сум млад многу неискусен за вакви работи. Во моментот со Латас јас не дослушнав што сакаше да каже, се насмевнав едноставно..Вчера беа споделувани слики од моите спонзори кои вие кажавте дека подржуваат ваква содржина. Јас се соочувам прв пат со овие работи, но реалноста е поинаква-згрешив, а не дека подржав силување на жена. Јас сакам да се извинам на моите гледачи, бидејќи правам содржина која не е за сечиј вкус, правам содржина која во Македонија ја нема. Поткаст на јутјуб го правиме да изгледа поинаку од телевизиски програм, правиме нешто што ќе излезе од границите на нормалата и јас сум згрешил зашто сум се насмеал. И потоа следува политичка хајка да дојде до ситуација да ме прави некој силувач вели Лазаров во видеото.– Јас повеќе спонзори немам во моментов, и тие се во сериозен притисок, вчера им ѕвонеле во никое време да ме тргнат. Ги разбирам, во лоша ситуација се, им се извинувам и нив. Стефан Лазаров нема да го уништите, како што си дадов отказ од телевизија, така ќе продолжам и сега. Ќе се борам за сите што веруваат за мене и да го истуркам ова до крај. Ако сакате да ја дискутирате оваа тема да ја погледнете и мојата страна, да ги погледнете видеата, на колку луѓе им помогнал Стефан, во колку иницијативи бил за борба на жени но и на мажи. Стефан Лазаров нема да го уништите, продолжува многу појако од сега најави Лазаров.

Магазин | пред 2 години

DSC_0614

Вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест

Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, денеска дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест.Протестот ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот.Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања.

Македонија | пред 2 години

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поскапуваат нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 13.2.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,733%, кај дизелот за 0,860%, кај екстра лесното масло за 2,010% и кај мазутот намалување за 0,630%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,712%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг и сега ќе изнесува 42,262 ден/кг.Од 21.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,262 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-03-18-at-00.24.52

Боки 13 до американската амбасадорка: Барам заштита, лица од највисоки државни структури за кои имам сензитивни податоци, ми се закануваат по живот

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 за тврдењата дека е мета на тортура, за наводите дека има криминално постапување од Кривичен суд, но и дека располага со сензитивни податоци за криминал кој го правеле највисоките државни структури, ја известил Амбасадата на САД и амбасадорката Анџела Агелер. Неговиот адвокатски тим копија од писмото испрати и во јавноста, каде наведува дека се бара од Амбасадата и амбасадорка да го посетат Јовановски-Боки 13 во затворот.„Молам за помош од ваша страна и молам во најкус можен рок да ме посетите во КПУ Идризово, вие или друго службено лице кое би било делегирано од ваша страна. Ова од причини што ценам дека е потребно и значајно со вас да споделам важни и сензитивни податоци со кој располагам а истите се од крајно сериозен карактер, а се директно поврзани со коруптивни дејствија на поединци и криминал поврзан со лица од највисоки државни структури. Во тоа име, ве молам за заштита од ваша страна, бидејќи се соочувам со реални закани по мојот живот, особено поради тоа што инволивираните лица поседуваат реална моќ и влијание“, посочува Јовановски во писмото.Освен ова, Јовановски ја известува Амбасадата за тортура со која тврди дека се соочува.„Со овој писмен поднесок до вас сакам да ве запознаам и да ве известам за целата тортура која ја доживувам, покрај тоа што сум осуден без докази за сторено кривично дело, туку поради интереси на политичките и бизнис моќници во нашата држава. Во моментов се соочувам со сериозна тортура и незаконито и криминално постапување од страна на судските власти, поточно од страна на Основниот кривичен суд Скопје, па оттука чувствувам за потребно да ве известам за реалните состојби во нашиот правосуден систем, дотолку повеќе што за истите мои наводи располагам со докази. Со оглед на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата држава, чувствувам за должност да ви ги приложам следните документи од кои неспорно ќе можете да утврдите тенденциозно и незаконито постапување од страна на судот и поигрување со човечки живот, особено важно што мојата здравствена состојба е со животно загрозувачки карактер, согласно сите медицински докази кој ви ги доставувам во овој писмен поднесок заедно со судските одлуки од каде неспорно ќе можете да ја утврдите селективноста и незаконитото постапување на судот, дотолку повеќе што за ова судско решение изразувам основано сомневања дека е фалсификувано и антидатирано, за кое сомневање иницирав постапки пред надлежните правосудни органи“, додава Јовановски-Боки 13.Претходно, писма за наводите за незаконски постапувања беа доставени до домашните институции.

Македонија | пред 2 години

332346681_1330400357517649_6122999180966107576_n

Ако ми дозволат, јас можам да помогнам да ги вратат податоците на ФЗО, вели претседателот на Стопанската комора за енергетика

Ѓорги Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија, вечерва преку објава на фејсбук ја информира јавноста дека стои на располагање да помогне да се вратат изгубените податоци од Фондот за здравство.Вели дека тој го правел софтверот во ФЗО, а од тогаш до денес тој многу пати бил дополнуван и доработуван.„Не верувам дека нема „BACKUP“ на податоците во Фондот за Здравство.!!!Јас го правев софтверот за ЗДРАВСТВО во „CLIPPER“, програмски јазик и DBASE база и ја имав базата до 1996 година. А, од тогаш до денес е многу пати софтверот дополнуван и доработуван...Не е потребно да се бараат надворешни експерти!!!Јас, стојам на располагање и ја нудам мојата помош да ги вратам податоците „доколку ми дозволат“ и во било која база да се или во кој хард диск Ви стојам на располагање... !!!Каде се нашите експерти, програмери и стручни кадри???“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot_828

За прв пат се огласи и сестрата на Лазаров: Моето семејство нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци!

По бурата критики и реакции се огласи и сестрата на Стефан, Марија Лазарова, која прв пат се огласува јавно на темата, но растури:Прв пат се огласувам јавно на оваа тема, до сега бев фер и зборував само кај што треба – на состаноци. СДСМ, вие сте партија која покажа само кукавичлук, борба против индивидуалци кои само работат во нивната држава со ресурси што сами си ги обезбедуваат.А вашето дело: Предавство, елитизам, непотизам, неспособност, лицемерие, и клечење позади задник на организации кои не застапуваат ништо од тоа зад кое се повикуваат. Лазаров нема да падне, моето семејство – индивидуалци кои многу чесно и макотрпно си го заработуваат лебот, нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци, дур сум жива нема да ја наведнам главата. Срамете се, изгубивте многу, жал ми е што ја посрамотивте единствената партија што требаше да застапува прогресивност.А вие, Форум на жени, занимавајте се со неправди како случајот на Јилдиз Веапоска, а не да се криете како пи*ки позади владина партија, „навредени” од нечие смеење на сопствената платформа, кое не штети апсолутно никому“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

242287021_10226848032091284_8468807750220276706_n

Цветковиќ згорезена од Латас и Лазаров: Едниот мисли дека е мангуп што силувал, другиот зошто ексклузивно го споделил подвигот

Вистинска бура на осуди настана по емисијата на јутјуберот Стефан Лазаров каде гостин му беше Драган Павловиќ Латас и кој објаснуваше за секс во фиќо и за шамарање девојки.Многу невладини и борци за човекови права реагираа веднаш на ваквата емисија и смеењето на Латас и Лазаров и побараа да се покрене постапка против нив.„Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече- ИСКИНАВМЕ!Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања