Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

330843162_582502017092743_248032453657420087_n

Лазаров за обвинувањата: Се дига лажна хајка и се оцрнува моето име

Подкастот кој младиот јутјубер и инфлуенсер Стефан Лазаров го сними со новинарот Драган Павловиќ-Латас наиде на жестоки реакции во јавноста.Конкретно, спорен е делот од разговорот каде поранешниот главен и огдоворен уредник на телевизија Сител зборува за своето прво сексуално искуство.Неговото официјално обраќање до јавноста ви го пренесуваме интегрално:Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак, ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш.

Магазин | пред 3 години

zan-mitrev

Бубевски: Се зголемува бројот на пациенти кои сведочат против Жан Митрев

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека во меѓувреме се зголемува бројот на пациенти кои сакаат да сведочат против Жан Митрев и неговата клиника за лекувањето со методот на хемофилтрација. Досега беше позната бројката од 283 пациенти кои се пријавиле како оштетени лица.- Да, тој случај сигурно се зголемува и во меѓувреме е зголемен. Меѓутоа, во моментот се располагаше со тој број на оштетени лица за кои што имавме искази, односно вербален материјал што укажуваше на обележја на кривично дело - измама.Ќе видиме сега, во судница е сепак она главното што ќе се случува. Таму ќе се соочат аргументите и на Обвинителството и на одбраната и ќе видиме на кој начин Судот ќе завземе став во однос на измамничките дејствија за коишто Обвинителството смета дека ќе ги докаже, рече Бубевски во денешното интервју. Кривичниот суд за на 28-ми февруари го закажа првото рочиште против докторот Жан Митрев, обвинет за измама при давање на медицински услуги во неговата приватна болница.Според обвинението, доктор Митрев меѓу јуни 2020 и јуни 2022 година со прикривање на факти ги довел во заблуда пациентите кои во болницата се лекувале од ковид – 19.На пациентите им била нудена хемофилтрација, која не била одобрена од здравствените власти.Со ова, според обвинителството, докторот Митрев за себе прибавил еден и пол милион евра, откако семејствата на пациентите ги довел во заблуда дека е потребно да им се изврши хемофилтрација.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-26-at-19.23.56

Боки 13 не запира ни денеска

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“ обвинувањата дека Кривичниот суд направил фалсификувано решение ги испрати до Судскиот совет од кој бара вонреден надзор и ревизија. Тој на членовите на Судскиот совет им посочува дека решението за прекин на казната кое се однесува на него е антидатирано во АКМИС-системот. Јовановски во дописот до Судски совет укажува зошто се сомнева на фалсификување и антидатирање.„Сето наведено оди на моја штета како подносителот на барањето, особено на штета по мојот живот и здравје. При постапување од ваша страна барам по службен пат да ги прибавите комплет судските списи од предметот, исто така истакнувам и посебно барање да бидам повикан на јавна седница на Судскиот совет при одлучување по ова барање каде би можел пред вас да ги образложам наводите за сите незаконити и негативни дејствија сторени од страна на Основниот кривичен суд Скопје, како и да ја образложам основаноста на предметот на поставеното барање. Особено апелирам да не се изземе фактот дека оваа правна ситуација е со висок степен на јавен интерес, па оттука барам апсолутна транспарентност при постапувањето на поставеното барање до вас“, наведува Јовановски во барањето кое го достави и до јавноста.Претходно, Јовановски испрати и документација до јавноста со цел да објасни како Кривичен суд фалсификувал решение. Објасни дека е цел на како што рече „невидена тортура“. Кривичен суд негираше и кажа дека Јовановски го злоупотребува името на покојниот судија Огнен Ставрев. На ова врати Јовановски кој кажа дека тие го злоупотребуваат покојниот судија. Вчера, од болничко лекување, Јовановски е вратен во затвор.

Македонија | пред 3 години

DJI_0486.00_00_58_16.Still002

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од Аеродром, глутница нападна маж со миленик

Глутница од кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник. Од вознемирувачката снимка се гледа како сопственикот на миленикот беспомошно се обидува да го спаси неговото куче од глутницата, додека тие го распарчуваат. Се обидува со повлекување на поводникот, но не успева. Се обидува со викање да ги растера, но исто така не успева.

Скопје | пред 3 години

grubi-4

Фирма на човек близок до Груби добилa акредитација за баждарење на пумпи, дали за него два пати бил менуван тарифникот услуги, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека народот осиромашува, луѓе блиски до функционерите на власта трупаат милиони и имоти, вели ВМРО-ДПМНЕ„Лица блиски до неформалниот премиер на владата артан Груби се најдобар доказ за тоа. Имено Ермир Имами вработен во туристичката агенција во сопственост на семејството Груби на 16.09.2021 формирал фирма Метролаб за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи.Оваа компанија после 4 месеци добива акредитација од страна на институциите за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на течни горива и течен нафтен гас – баждарење на пумпи.Овој голем газда на компанија продолжил да работи во фирмата на семејството Груби непосредно до моментот додека не е донесена одлука за измената на висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите, одлука донесена од Бирото за метереологија каде што директор е кадарот на ДУИ, Мерита Мустафаи.Дали Артан Груби влијаел врз Имами да формира компанија за баждарење, дали потоа влијаел оваа компанија да добие акредитација, дали потоа влијаел да се менува тарифникот на услуги во интерес на компанијата Метролаб?Ова се прашањата кои Груби треба да ги одговори на јавноста. Ковачевски не го прашуваме бидејќи тој не смее да писне ништо на оваа тема“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Simon

Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името, апсолутно сум горд што сум од Македонија

Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ уште еднаш го промовира својот патриотизам и својата љубов кон татковината Македонија.На прашањето „Благодарејќи на клавирот, го обиколивте целиот свет, имавте бројни концерти и Ве сметаат за еден од највиртуозните пијанисти на светот. Колку му е тешко на еден талентиран музичар од мала земја каква што е Северна Македонија да се пробие на светската сцена?“, маестро Трпчески одговори:„Македонија (никогаш нема да користам одредници како северна, јужна, западна пред името, затоа што мислам дека тоа е прашање на политика) е мала земја како Црна Гора и вистинско чудо е човек од толку мала држава да успее да ги досегне височините. Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам. Мислам дека тоа е успех на една личност. Секој има право на надеж и треба да се бори. Татко ми секогаш велеше дека животот е борба. Ова што сум денес се должи, пред сè, на моето семејство, кое секогаш ме поддржувало. Имавме исклучително лоши услови за живот, па дадоа повеќе од што можеа за да имам можности и шанси. Им должам и на моите професори, кои несебично ми дадоа знаење и горд сум што сум производ на македонското образование. Научив многу кога почнав да патувам низ светот, запознав многу луѓе, неверојатни личности, бев отворен и подготвен за нови знаења. Поради мојата отвореност, станав и духовно богат. Јас сум едноставна личност и тоа ми помага во животот, иако денешниот свет е поинаков и оди во чудни правци. Верувам во чистотата на човечката душа, во природата, отвореноста на изразувањето и моќта на музиката. Можам да кажам дека луѓето кои доаѓаат од мали земји и кои имале многу предизвици се поцврсти, знаат како да стигнат до целта. Друг проблем е што владите на овие мали земји не сакаат да одат напред побрзо за да се развиваат, но што е – тука е. Немаме време за чекање, треба да одиме напред и тоа го знаат сите свесни луѓе од која било професија. Горд сум што доаѓам од Македонија и што успеав да го направам сето тоа и одам напред“.

Магазин | пред 3 години

maricic

„Со додавањето на Бугарите во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот и бугарскиот народ“, вели Маричиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Радио спектар“ рече дека на уставните измени треба да се гледа како заштита и зајакнување на македонскиот идентитет наспроти Бугарија.„Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите“, изјави Маричиќ.Тој потенцираше дека граѓаните имаат право слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме седум други заедници во нашиот Устав, зошто да не се даде шанса и за Бугарите да, за ние на тој начин како што вели Маричиќ да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари.Маричиќ смета дека треба да се навлезе во суштината на уставните измени и дека е време и со ВМРО ДПМНЕ да се разговара и низ содржинска расправа да кажат зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.„Како тоа нам на Македонците ни е проблем и како тоа може да не загрози? Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во Преамбулата и во додавањето на Бугарите во оној Комитет за односи меѓу заедниците во Собранието, каде што ги има сите заедници. Тие се двете места во Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име“, објасни вицепремиерот Маричиќ за слушателите на Радио Скопје.Маричиќ верува дека доколку се започне таква дискусија, ќе се дојде до разумни аргументи дека е навистина трагично да се блокира сопствената држава на патот кон Европската Унија заради прашањето на уставни измени, посочувајќи дека во текот на преговорите со ЕУ ќе се отвораат уште потешки прашања врзани со усогласувањето со Европската унија, како на пример со либерализација на пазарот во различни области, пристапот кон земјоделско земјиште, кои можеби сега изгледаат банални прашања, меѓутоа ќе бидат прашања коишто ќе засегаат голем број на луѓе и во приватниот сектор и од јавниот сектор во текот на преговорите.Во интервјуто Маричиќ зборуваше и за неодамнешната ратификација на Договорот од ФРОНТЕКС и какво е неговото значење за евроинтеграциите посочувајќи дека тоа било едно од нашите клучни барања при утврдување на Францускиот предлог, како гаранција дека Бугарија навистина нема проблем со македонскиот јазик и не се буни со неговото користењето во рамките на Европската Унија.„Баравме ФРОНТЕКС да биде практичен доказ дека Бугарија нема да го попречува користењето на македонскиот јазик во употреба во Европската Унија или во нашите односи со Европската Унија, а и понатаму кога ќе сме членки. Немаше поинаков начин како да докажеме дека унилатералната нота на Бугарија не ја обврзува Европската Унија, освен со ваков конкретен чекор како што беше ФРОНТЕКС“, рече Маричиќ.Тој додаде дека Договорот од ФРОНТЕКС е екстремно важен и во својата суштина, во својата содржина, не само како чин на прифаќање на Бугарија дека македонскиот јазик може да биде користен во оптек во нашите односи со ЕУ и во рамките на ЕУ, туку и за заштита на нашата нашите граници кон ЕУ, но и за заштита на границите и безбедноста на Европската Унија, но и го отвора патот за продолжување на интеграцијата во делот на Шенген зоната.На прашањето за евроинтегративниот пат на земјата и скрининг процесот Маричиќ рече дека како држава којашто преговара за членство имаме посебен статус и имаме посебни можности за соработка со Европската Унија, коишто не сме ги имале пред 19 Јули 2022 година.„Имаме можност да влеземе во некои системи на Европската унија и пред да станеме членка, имаме можност во некои области да побараме и одлагање. Сега сме во последната фаза од пристапните преговори, којашто знаеме дека ќе трае повеќе години, бидејќи траела за сите држави што пристапувале откако се воспоставени критериумите од Копенхаген“, истакна Маричиќ дообјаснувајќи дека преговорите се во фаза во којашто веќе ги договараме условите под кои нашата земја, државата, ќе пристапи до Европската Унија.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Апсења низ Македонија: Седум лица со лисици однсесени во станица

На 18.02.2023 во 03.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(45) од Република Србија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.02.2023 во 00.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела и кафеава грутчеста материја, пари и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.02.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.02 2023 во 20.45 часот на експресниот пат Штип-Велес, кај с.Три чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.Н.(29) од Скопје. При преглед кај него и во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 17.02.2023 во 20.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.02.2023 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.02.2023 во 23.55 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ј.(26) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Осуден на 20 години затворска казна е фатен како се шета наместо да е во „Идризово“

На 17.02.2023 во 14.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип.Тој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување 7 години и четири месеци од казната.Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршена тешка кражба во куќа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Притоа, кај него биле пронајдени предмети за кои постои и сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

277921692_356670213175720_235751929569841241_n

Боки 13 од болница вратен во затвор во предканцерогена состојба

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 кој издржува казна за случајот „Рекет“ е вратен во затвор во предканцерогена состојба. Ова го соопшти правниот тим кој алармира дека во пенални услови, состојбата на Јовановски ќе се влоши, а се повикуваат на медицинските извештаи потпишани од десетици доктори од различни установи.„Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа“, се наведува дописот на правниот тим на Боки 13.Тие доставија и хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.„Од медицинската документација, која исто така Ви ја доставуваме во целост, јасно стои: ‘Доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот. Наодот е реферириран на стручен колегиум на ЈЗУ УК св. Наум Охридски и стручниот колегиум е едногласно согласен за дадените препораки и упатство за понатамошно лекување’. И од Клиниката за дигестивна хирургија, чиј наод Ви го доставуваме, е посочено: ‘Се придржуваме кон препораките издадени од колегите од ЈЗУ УК св. Наум Охридски, со оглед на фактот дека пациентот таму е опериран и лекуван и од ЈЗУ за Гастроентерохепатолигија каде што е прегледуван и иследуван’. Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот“, додава правниот тим на Боки 13.Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави, потенцираат тие и ја повикуваат јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше.

Македонија | пред 3 години

lukarevska

Лукаревска за желбите на АА за нејзината позиција: Амбициозни имало и ќе има

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашното гостување на ТВ 21 кратко ги искоментира информациите кои изглегоа во медиумите дека Алијанса за Албанците сака да ја добие нејзината позиција.-Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има. Легитимно е за секоја политичка партија која влегува во коалицијата да има свои аргументи за одредено министерство, одредена институција и така натаму, рече Лукаревска.Во однос на владејачкото мнозинство, таа негираше дека истото е на стаклени нозе, напротив, имало окрупнување.

Македонија | пред 3 години

izjava-zaev.Still267

Боки 13 реагира до Кривичен: Само потврдувате што сум кажал, довербата од -8 проценти покажува какви манипулатори сте

Кривичниот суд да достави доказ дека покојниот Огнен Ставрев бил на четиридневно боледување, бара обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 преку реакцијата во медиумите. Тој тврди дека единствени кои манипулираат се Кривичиот суд и претседателот Иван Џолев. Според него, ќе се утврди вистината преку други истанци каде покренал постапки.„Барам доказ да приложи Кривичен суд сега и веднаш, дека судијата Огнен Ставрев во деновите 31 јануари, 1, 2, 3 февруари бил на боледување. Барам да се вратат камерите од Кривичниот суд, од кои со сигурност ќе се утврди дека судијата бил бил таму, на работа. Дотолку повеќе што и мојот адвокат Владимир Туфегџиќ во овој период се сретна со сега покојниот судија Ставрев во Кривичниот суд. Единствени кои го злоупотребуваат покојниот судија се тие, односно претседателот Иван Џолев. Бидејќи на тој начин, Кривичниот суд го донесе ова фалсификувано и антидатирано решение. Сите истанци каде е покрената постапка, ќе ја утврдат вистината“, реагира Јовановски-Боки 13.Тој смета дека нервозата на Кривичен само ги потврдува неговите наводи изнесени утрово, а за кои доставил документација.„Дека манипулатори се Кривичниот суд и претседателот Џолев, е покажано со нивната доверба и со тоа колку граѓаните му веруваат на судството, која е последица на манипулациите и изигрувањето на законите низ правните дупки. Единствено одлучуваат по нивни интереси и нарачки, па од тука е и ова фалсификувано решение. Нервозната реакција на Кривичниот суд го докажува тоа – дека се работи за фалсификат и антидатирано решение. Доволен доказ за тоа кој е манипулатор е 8 процентната односно -8 процентната доверба во судството“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

331878533_929904811337150_784601800106886526_n

„Вака веќе не може“, им порачаа новинарите на политичарите

Новинарите излегоа на протест. Од пред Владата упатија порака до политичарите."Вака веќе не може... Законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Државниот Пи/ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде... "-Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ“, вели Младен Чадиковски.

Македонија | пред 3 години

277855109_247167797562351_2330856545089821216_n

Боки 13 обвинува за тортура и фалсификати од Кривичен: Затворот согласно вашето решение ќе ми даде да јадам сапуни, виледа, крпи и да пијам ‘Доместос'?

Бојан Јовановски-Боки 13, кој издржува затворска казна во Идризово, тврди дека доби фалсификувано судско решение од Кривичен суд, пишува „Макфакс“. Тој водел постапка за прекин на казна поради влошена здравствена состојба за што до јавноста достави и медицинска документација со конзилијарни мислења. Решението со кое му се одбива барањето за прекин е со датум 31 јануари 2023 година, но не е потпишано од сега покојниот судија Огнен Ставрев туку од друг судија, иако во тој временски период Ставрев биеше жив. Боки 13 додава дека дополнителен сомнеж дека судското решение е антидатирано и фалсификувано е и поради тоа што неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ доставувал нови докази за прекинот и на 3 февруари, кои Кривичен ги примал, иако, според датумот на решението, постапката била завршена.„Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и поради кои причини веднаш не го верифицирал истото во АКМИС-системот согласно закон и судкиот Деловник за работа“, пишува Боки 13 и се додава дека се работи за монструозен и морбиден фалсификат на деценијата.[caption id="attachment_2654421" align="aligncenter" width="591"] Соопштението потпишано од Боки 13[/caption]Осудениот до јавноста ја достави и жалбата која ја има поднесено до Кривичен суд.„Жалбата ја истакнувам за да ви ги набележам сите работи кои сметам дека еден ден ќе имаат голема улога во расчистувањето на политизираното, партиско и криимално судство кое денеска одлучува за човечки животи и судбини, а не затоа што верувам во правилна пресуда“, се вели во жалбата на Боки 13 и се додава:„Па сега Ве прашувам: Дали вие судии, нарачателот на фалсификуваното решение претседателот Иван Џолев или пак кој и да го куцал и потпишал ова решение сте при чиста свест или пак сте до толку неинформирани, незаинтересирани и неупатени за свесно, медицинскиот задолжителен хигиено-диетски режим кој значи медицински протокол да го сведете и изедначите со прибор за хигиена? И на крајот Ве прашувам дали тоа значи дека затворот согласно вашето решение ќе ми даде да јадам сапуни, виледа, крпи и да пијам ‘Доместос’ и на тој начин ќе ми биде овозможено спроведувањето на хигиено-диететскиот режим?“.[caption id="attachment_2654420" align="aligncenter" width="606"] Жалбата на решението во која се тврди дека Кривичен направил фалсификат за да не му даде прекин на казна со приемен печат од судот[/caption]Во прилог на соопштението, Боки 13 преку правниот тим во мејлот достави и десетици страни медицинска документација потпишана од доктори специјалисти од градската болница „Наум Охридски“. Меѓу истата, има и неколку конзилијарни мислења каде се потпишани десетици доктори.„Во смисла на сериозноста, карактерот и интензитетот на болеста кај пациентот се препорачува и се дава задолжително упатство за понатамошно лекување и третман што би значело лекување исклучиво во домашни услови, веднаш и неодложно по завршување на болничкото лекување бидејќи пациентот со ваква здравствена состојба и опишаните ризици од истата, медицински е недозволено да се лекува во пенални услови“, стои во едно од конзилијарните мислења.[caption id="attachment_2654424" align="aligncenter" width="700"] Последната страница од едно од конзилијарните мислења дадени од доктори од градската болница во Скопје[/caption]

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-17-084010

Јакимовски до Радев: Ги реши проблемите на твоите граѓани во Бугарија, па ќе ги решаваш на овие во Македонија, народот ти избега за Брисел

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека повеќе не треба да му персираме на Радев и како што вели да се правиме фини.„Треба да му кажеме:„Господине Радев ти си ги реши проблемите на твоите граѓани во Бугарија, па ќе ги решаваш на овие во Македонија. Па цел народ ти избега за Брисел.Сега ти ли ќе ни кажуваш како треба⁉️ “Не знам зошто толку веќе им молчиме.Тој не знае друга тема да каже освен Македонија.Што е мојот предлог⁉️Ајде тоа прашање да го оставиме споредно.Ајде ние да си ги решаваме проблемите.Ајде на оние што се со ретки болести и бараат 20.000 000 евра, да имаат кај да ги најдат тие 20.000 000 евра.Ајде да видиме што правиме со здравството, ајде да видиме дали се ова доволно пари за здравството.Ајде да видиме што правиме во социјалата.Ајде да видиме - нема веќе децата кој да ни ги чува.Ајде да видиме што ни се случува, само еден студент се запишал на природно-математички факултет, отсек математика и физика.Кој ќе ни ги учи децата математика?Дајте да видиме како функционираат судовите, како функционира обвинителството, како функционира правна држава.Дајте да ги решиме тие проблеми што треба да ги решиме.Дајте да видиме што правиме со стандардот на граѓаните.Дајте да видиме за многу поважни работи.Дајте да видиме дали можеме некоја фабрика да отвориме.Дајте да видиме дали можеме да донесеме некој инвеститор во земјата, нод каде сака нека дојде, овој народ да остане овде да работи. Што сме се фатиле само за тоа прашање⁉️, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за 24 ТВ.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања