Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Screenshot_15-9

Гиговска се повлекува од јавната сцена: Наскоро ќе ја видите новата Антониа

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска неодамна ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски ќе станат родители. Талентираната 22-годишна пејачка навистина ужива во својата бременост, но поради новата улога која ја очекува пејачката донесе важна одлука поврзана со нејзината кариера.„Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа па ќе се затворам во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија“, објави Гиговска.

Магазин | пред 3 години

gSmSJ-cover2

Србов: Фрчкоски пред 9 години го најави ова што се случува денес – ваквите поделби завршуваат многу потрагично од етничките

Никола Србов во својата објава на социјалните мрежи вели дека Фрчковски пред околу 8-9 години го најавил она што се случува денес.„Пред речиси 8-9 години Фрчковски зборувајќи за „две македонии“ „во едната НИЕ, а во другата ТИЕ“ го наговести она што се случи неколку години подоцна – поделба на македонското општество која дотогаш не беше видена.Денеска премиерот, владата и нивните медиумски апологети, повторно зборуваат за „две македонии“, „европски фронтови“ и „антиевропски сили“ наговестувајќи уште поголеми поделби во општеството.На вештачки начин сакаат да направат идеолошка поделба, не етничка, а идеолошките поделби – во кои се вклучени и принципите и филозофиите на живеење кај луѓето завршуваат многу потрагично од било кои етнички поделби.Дали тоа го прават од не знаење или намерно…“, вели Србов.

Коментари | пред 3 години

331547456_1271806483717840_4461325004782467981_n

Кој е пратеникот што има земено 0 денари за патни трошоци од Собранието

Кристијан Јандриоски објави фотографија од пратеник кој не земал воопшто пари од Собранието за патни трошоци.„Пратеник од ВМРО. Од Струга.Читај овде.Нула факинг патни трошкови. НУЛА!И колку пати земал плата во годината, толку пати се јавил да наполни нечива кошничка со прехрамбени продукти!И кога и да го видите, каде и да го видите, поздравете го човекот.Ретко мајка ваквии раѓа како Јовче Јаулески.Изв Јовче брат, ама ми тежеше и мораше да напишам.Толку!

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

Перо Камиказа: Слобода за неправедно осудените на 27ми април!

Петар Георгиевски Камиказа преку статус на социјалните мрежи побара слобода за осудените за 27 април.„Слобода за неправедно осудените на 27 ми април!Ова е тоа видео, што никаде го нема,а го споменав вчера во емисијата на Алфа!Ама ете, ко Македонскиот АБЦЕДАР од 1925 години во Грција, и многу други вистини за Македонија,ова видео ќе остане како паметник на едно време!!Уште еднаш:Слобода за неправедно осудените“, вели Камиказа.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев за одлуката од Стразбур: Маричиќ од секогаш бил слаб правник – лажен ви е триумфализмот

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи во врска со одлуката во Стразбур.„МАРИЧИЌ од увек беше слаб правник. Де објаснете му разлика меѓу “мериторна” и “немериторна” одлука. Мене ме мрзи денес да предаам.#ЛаженТриумфализам“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Скопските улици ќе бидат блокирани во петок

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (17.02.2023), со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата на РСМ во правец кон АД „Македонска пошта“ на бул.„ВМРО“, потоа по бул.„ВМРО“ во правец на ТЦ „Палома Бјанка“, лево во правец на бул.„11 Октомври“ кон зградата на Собранието на РСМ.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат новинарите.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 3 години

20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Владата среќна со одлуката на Стразбур

Владата на Република Македонија ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.„Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП).Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови.Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа прилика да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат. Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети.Воедно, посочуваме дека Владата на Република Северна Македонија, во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур, се сѐ уште во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари, како не би влијаела на понатамошните процеси.Воедно, ја информираме јавноста дека официјален превод на сижето од одлуката ќе биде доставено до јавноста во форма на соопштение од страна на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП, а ќе биде и прикачено на веб страницата на Владата во најбрз можен рок“, велат од Владата.

пред 3 години

ivanov-skopje-1

Стразбур донесе одлука за аболициите и ја префрли топката во Македонија: Жалбата е недопуштена

Судот за човекови права во Стразбур донесе решение во кое посочува дека преураните се апликациите за дадените и поништени аболиции од претседателот Ѓорѓе Иванов за четирите случаи на Специјалното јавно обвинителство. Ова е донесената одлука во форма на решение, наместо пресуда, по шест години од апликацијата. Според Стразбур, во тек се судските процеси за четирите предмети, па сметаат дека тие можат да донесат пресуда откако ќе се исцрпат сите правни лекови во Македонија.„Во својата одлука во случајот Талески и други против Северна Македонија Европскиот суд за човекови права има едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена. Одлуката е конечна“, одлучи ЕСЧП.Европскиот суд дава и образложение во решението.„Многу од апликантите биле членови на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) во времето на предметните настани и сите имале истакнати јавни функции, вклучително и премиер, министри во Владата и градоначалници. Ним им се суди за наводни кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското, широко распространето прислушување. Тие добија претседателски помилувања кои подоцна беа поништени. По поништувањата им се судеше, што е предмет на овој предмет. Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Тој одлучи дека жалбите според член 6 (право на правично судење) се предвремени бидејќи домашните власти ќе имаат можност прво да ги решат во кривичната постапка што е во тек; а во однос на членот 5 (право на слобода и безбедност), еден од апликантите, г-дин Темелко, не ги подигнал своите жалби од Конвенцијата пред домашните судови, додека правниот лек за кој друг жалител – г-дин Талески – наводно бил ефективен, бил одбиен. како невреме во одлуките на националните судови кои не се чинеше дека биле произволни“, се додава во решението на ЕСЧП.Одлуката значи дека Европскиот суд ја префрли топката кај македонските власти. Обвинетите треба да почекаат да добијат правосилни судски одлуки за случаите, да ги исцрпат сите правни лекови кои им стојат на располагање, сите македонски судови да се произнесат за дадените аболициите на кои обвинетите се повикуваат во судските постапки, па тогаш да се поднесе нова апликација од нив во судот во Стразбур.Решението е резултат на жалбата во која се опфатени случаите поврзани со предметот за масовното прислушување и уништувањето на опремата – „Таргет – Тврдина“, предметот за изборни нерегуларности – „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање превоз на ученици во Битола – „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“, наречен ТНТ.За ваков сличен случај е веќе одлучувано во познатиот случај Лекса против Словачка. Тогаш, Европскиот суд утврди дека одлуките кои доаѓаат од претседателот не се одлуки за кои има некоја повисока инстанца и дека тие со самото тоа се финални и правно обврзувачки.

Македонија | пред 3 години

akademik-10

Митровски: Обезбедени се потребните пратеници за да се изгласа законот за амнестија за осудените за 27 април

Обезбедени се 48 пратеници, а за да помине Законот во Собрание потребни се 41 пратеник, објасни во вчерашната епизода на Тешки муабети адвокатот Јанаки Митровски, во врска со иницијативата за амнестија на лицата осудени во 27 април и групата која го тепаше Зијадин Села.Законот е конципиран да не задира во нивното право, ако до мај се изгласа тоа не го спречува правото на осудените да си го продолжат нивното право пред Врховен суд, ама ќе се бранат од слобода.Мислам сека и притисокот на јавноста си го направи своето, ВМРО-ДПМНЕ даде партија, ВМРО-НП, Демократски сојуз. СДСМ кажа дека дополнително ќе го граделе тој став, а поддршка даде и Левица, нивнивте два пратеници потребни се.За да се изгласа тој Закон потребни се 41 пратеник, треба да има 1 присутен во сала, таа поддршка од 41 постои, е сега треба да видиме на волјата на Собранието кога ќе го стави на дневен ред.Ние се обидуваме да направиме и контакт со некоја од албанските партии за да изградиме консензус, објасни Митровски.

Македонија | пред 3 години

bojana-skenderovski-2

Бојана распали по министерката: Дрско ги пониживте сите автори и изведувачи, мене ми е срам од Вашиве постапки, за Вас лично не знам!

Поп пејачка Бојана Скендеровски со жестока реакција кон министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска откако е намален буџетот за музичкиот бренд Макфест.Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:„Министерке…Јас не знам Вие со која музика растевте,дали од дома Ви кажаа дека “Макфест” е основоположник на македонската поп музика,дека ”Макфест” бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди,кои денес полнат концертни сали,и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив)Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама,дека “Макфест” произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?!Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека “Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?!Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?!Дали сте чуле за традиција?Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време,и завршува со Вас,дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори,изведувачи,и цела една фела,која со години вложува во македонската поп култура,која е идентификација и посебност на македонскиот народ….Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи,Вие треба први да ги чувате и помагате!Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!

Магазин | пред 3 години

100-2

Стразбур денес ќе одлучи дали важи аболицијата на Иванов

Стразбур денес ќе ја реши дилемата – дали важат аболициите на екс претседателот Иванов.По речиси 6 години судот за човекови права треба да одговори на 10тиците апликации кои ги поднесоа обвинетите лица во предметите на СЈО кои се најдоа на листата аболицирани, која Иванов ја објави на 12 април 2016та, а еден месец подоцна ја повлече.Европскиот суд за човекови права има две опции, да застане зад аболицијата, односно да потврди дека еднаш дадената аболиција не може да биде повлечена или да ја потврди втората верзија на правниците кои тврдат Иванов немал законска можност да дава аболиции.Одлуките на европскиот суд за човекови права се обрзувачки за македонските судови па ако судот утре „ги оживее“ аболициите тоа во пракса ќе значи згаснување на поголемиот дел од предметите на СЈО.Обвинетите за масовното прислушување, уништувањето на опремата во УБК, изборни нерегуларности, насилството во општина центар, уривањето на Космос, ќе бидат ослободени од кривично гонење, а државата ќе треба да им плати и оштета.На листата аболицирани пред 7 години се најдоа 56 лица, најголем број тогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков.Сепак и повторното активирање на аболициите нема да ги спаси овие функционери од кривично гонење за Тенк, Талир, Империја, судски процеси кои не беа опфатени со одлуките на Иванов.

Македонија | пред 3 години

011-6

Заканите за бомби кај нас се со идентичен текст со заканите во земјите од регионот, вели Спасовски

-За само година и половина имаме засилување на хибридните закани и напади, не само во Северна Македонија туку и во државите во регионот, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.-Такви се заканите и до училиштата, да создаваат чувство на страв. Но, тука државата покажа капацитет за да се сочува мирот и стабилноста. Пораките што тука ги добиваме, односно училиштата, се исти со тие од регионот, во Хрватска, во Србија, во Црна Гора, во Босна и Херцеговина и други, дури и текстот е идентичен само на друг јазик. Тоа значи дека има еден центар на моќ кој сака овој регион да го доведе во ниво на неспокој. Сите капацитети се ставени во функција. Соработуваме и со Интерпол и Европол, сите до еден се вклучени во процесот. Имаме сериозен проблем во детекцијата, бидејќи се користи ВПН-мрежата и тешко се доаѓа до ИП-адресата, па затоа ова е транснационален криминал, не можеме да дознаеме кој го прави, но знаеме зошто го прави – за да се спречат сите процеси за земјата и во регионот, кажа Спасовски.

Македонија | пред 3 години

evra

„Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, Тупанчевски не сакал да потпише“, тврди Кочоска

Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на министерот за правда кој не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна заменичка во Министерството за финансии.„Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.-Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?-Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?-Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.Оставка на цела влада веднаш“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

20230215162019

Пациент со цистична фиброза до владата и претседателот: „Постапете како да сум Ваше дете“

„Постапете како да сум Ваше дете“ – напиша во фејсбук Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, обраќајќи им се на премиерот, владата и претседателот на државата. Бара од државните функционери да му го обезбедат потребниот лек, бидејќи, како што напишал, повторно ќе се врати во болница.„На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИУште колку време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…Или повторно чекате да се вратам во болнички креветПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете!!!“, стои во објавата на Пехчевски.

Македонија | пред 3 години

naum-petreski2

Наум Петрески незадоволен: Со парите што ги добив од Култура можам да платам само една песна, а не цел албум

На популарниот фолк пејач Наум Петрески му се одобрени 60.000 денари, односно околу илјада евра од Министерството за култура, за проект -Издавање на музички албум ЦД Наум Петрески ,,Незаборав”, на Друштво за услуги и трговија Авард Промотион ДООЕЛ Скопје.Овие средства се дел од 12,5 милиони евра, кои годинава Министерството за култура ги обезбеди за финансирање на проекти од национален интерес во културата од музиката и музичко-сценската дејност.За „Фокус“ музичарот вели дека сумата која му била одобрена од министерството не е достоинствена и била доволна за да се сними само една песна. Затоа, појаснува, решил да сними голем број од неговите песни во соседна Србија.-Смешно е да се коментира за сума од илјада евра доделена за снимање на цел албум! Само една песна изнесува толку, ако не и повеќе. Ме има на списокот на министерството, колку да се каже дека ме има! Ако ова е начин да се придонесе за нашата култура и за проекти кои се од голема важност, ќе кажам само дека начинот е сосема погрешен! – вели Петрески.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања