Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за случајот со Даравелски: Одлуката е во најмала рака чудна, да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот

Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев, смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.„Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид на злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени исто така е тешко обвинение … Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење односно застарување на делото после 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично“, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.

Македонија | пред 3 години

marjan-stamenkovski-750x430-1

Марјан од Доказ добивал закани и е тортуриран во затвор, директорот Андов негира

Маја Стаменковска, сопруга на Марјан Стаменковски, уапсениот сопственик на „Доказ М“ кој е во притвор, се жали дека врз него се врши тортура во истражниот затвор во Шутка. Таа за „Макфакс“ посочува дека директорот на затворот му упатувал закани, додека, во поплака испратена до директорот Филип Андов, посочува дека управата и вработени го правеле тоа. Стаменковска посочува дека во затворот се изживуваат со нејзиниот сопруг.„Го преместуваат од една во друга соба, без некоја причина. Мирен си е човекот, не прави никакви проблеми. Во притвор е, нели… Му се заканува директорот цело време, оди кај него во соба и му вели: ‘Ќе видиш што ќе ти се случи’.. Не му ги даваат лековите, облеката, јадењето што ќе му однесам. Едноставно се изживуваат со него. Го ставиле со наркоман во соба. Нема потреба од тоа. Вознемирена сум многу“, вели Стаменковска за „Макфакс“.Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Филип Андов негира било какви закани и тортура.Повеќе на Макфакс.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Фото) Пожар во Визбегово, густиот чад се гледа и од Карпиш

Пожар изби во Визбегово. Црн чад се гледа и од Карпош. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје се испратени на терен, по пријавата. Пожарот е меѓу поле со пластеници на простор до кој нема асфалтен пат.Првите соседи, посочуваат дека гори најлонот на некој од пластениците, но информациите се непотврдени.Засега нема детални информации од командантот на Противпожарната бригада, Sвонко Томевски, за тоа колкав е пожарот и што точно гори.Повеќе детали се очекуваат наскоро.

Скопје | пред 3 години

KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Ковачевски е слеп послушник на Ахмети и Артан Груби, владата му ја составува Еди Рама и семејството на Адем Јашари, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски е слеп послушник на Ахмети и Артан Груби, владата му ја составува Еди Рама и семејството на Адем Јашари, владата наликува како влада на Бугарија и Албанија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Пратеничка на Алтернатива, која излезе од владата, јасно од собраниска говорница кажа дека владата на Ковачевски во 2022 година ја составувал Еди Рама и семејството на Адем Јашари. Ковачевски е само пиун на Ахмети, кој преку други структури ја прави владата по свој крој.Ковачевски е заложник на Ахмети, кој му ја крои владата, како нему му одговара. Изминатиов период видовме, како Ковачевски нема политика на чување на државните и национални интереси, тој само исполнуваше барања на шовинистичките кругови во Бугарија.Аматеризмот на Ковачевски, поддржан од Ахмети ја чини Македонија најлоши односи со Бугарија до сега, и тоа предизвикани токму од СДС, кои дадоа се што можеше да се даде, ги нарушија преговарачките позиции на Македонија и ја оштетија државата.Ваквите анационални политики се можни само заради слабиот политички капацитет на Ковачевски, кој не може да излезе од тендер матрицата, и буквално прифаќа се, само за ден повеќе на власт.Пристапот на Ковачевски ќе го однесе СДС во длабока опозиција, и тоа е неминовно, но тој треба што побрзо да си замине, зошто со секој останат ден на позиција, тој трајно ја оштетува Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

(ВИДЕО) Јакимовски: Бугарите ќе бидат гробница за СДСМ!

Бугарите ќе бидат гробница за СДСМ! Толку негативна енергија создаваат контра СДСМ, не знам како не се свесни за таа работа, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за тв24.„Сосема е различна состојбата со промена на името во однос на решавање на грчкиот спор, со однос на ова со Бугарите.Се создава една огромна негативна енергија, предизвикана токму од бугарската страна.Вие не можете да одите против својот народ. Очигледно народот пружа отпор и не го сака овашто го прави бугарската влада, на секаков начин гледаат да испровоцираат.Македонија има инструменти во своите раце, само ако е спремна да ги искористи тие инструменти, за да ни се тргнат буквално Бугарите од врат.Зошто ова не е ни од далеку она што го ветуваше Бојко Борисов дека, Бугарија ќе и помогне на Македонија на патот кон Европејскиот сојуз. Вака ли ја поткрепуваат Македонија кон Европејскиот сојуз? Со нови додавки и со нови провокации, додава тој.

Македонија | пред 3 години

pavle-trajanov-web

Трајанов му врати на Ковачевски: Се надевам дека не е заложник на ДУИ

Се надевам дека Ковачевски не е заложник на ДУИ, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Тој вчера го напушти владиното мнозинство.Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека „се надева дека Трајанов нема да стане заложниик на Димитар Апасиев како што е Христијан Мицкоски“. Трајанов вели дека тоа е ниско ниво на комуникација.„Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, рече Трајанов.Според премиерот, ддлуката којашто ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-14-at-19.11.06

(Скандалозно) Пендиков удри по Македонија: Нормално е да се пцујат Бугари, таму се учи лажна историја, ѝ се закануваат на мајка ми

Христијан Пендиков во прво интервју за бугарската телевизија БТВ раскажа за нападот во Охрид. Toj тешко зборуваше по операцијата.Vели дека и по речиси еден месец, заканите продолжиле. Според Пендиков, има информации дека тој може да биде нападнат во Бугарија. Рече дека ѝ се заканувале на неговата мајка и на неговите роднини.Во интервјуто Пендиков раскажа и како тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад и како пред неколку години се разбудил и станал македонски Бугарин.„ Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто се нареков Бугарин, дека сум предавник? И такви работи“, се сеќава тој.„ Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, да му кажам што се случило. Претседателот на клубот, а потоа Илја излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече - „Влези внатре и биди смирен за да нема проблеми“. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се се случи“, рече Пендиков.Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и додаде дека имало тројца напаѓачи.„ За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“, вели секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.„За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“, коментира тој.Вели дека претходно не сакал ниту една од соседните земји:„ Не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија.Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.„Мајка ми постојано добива закани. И пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можам безбедно да кажам дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи - не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“, нагласува Пендиков.

Македонија | пред 3 години

akademik-10

Митровски бара да одговараат совозачите и оние кои го криеја пијаниот возач прегази дете во Велес

Денеска ОЈО Велес поднесе обвинителен акт против 30-годишниот пијан возач кој усмти девојче пред очите на неговата мајка, која беше тешко повредена во сообраќајната незгода која се случи во Велес.Оттука, адвокатот од Скопје, Јанаки Митровски, кој го застапува оштетеното семејство, преку социјалните мрежи не го криеше разочарувањето од одлуката на Основното јавно обвинителство Велес. Тој бара кривично да одговараат и совозачите, но и мештаните кои два дена го криеле возачот.„Како правен застапник на семејството на починатата единаесетгодишна Магдалена од Велес која беше прегазена на пешачки премин при што причинителот избега, ја искажувам мојата и разочараноста на семејството од одлуката на ОЈО Велес да не покрене постапка за кривично дело Помагање против тројцата совозачи на сторителот, како и против селаните кои го криеле сторителот. Воедно брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна бидејки родителите се сведоци дека сторителот возел со брзина од над 100 километри на час во зона во која е дозволено 30 километри на час“, вели Митровски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-14-180604

(ВИДЕО) „Парите ги даваме по бензиски и сервиси“, вели пратеник за патните трошоци

Во оваа владина реконструкција се влегува со единствена цел, да се заштити позицијата на власта. За жал имаме една криминална влада која се занимава само со распродавање, без разлика дали се тоа национални интереси или криминални тендери. Гледаме како неизбран премиер предлага реконструкција на влада. Практично хаосот од извршната власт се пренесува во Собрание, ова во интервју за „Макфакс“ го истакнува Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Имаме министри, оценува Лефков кои се разрешуваат и се именуваат исклучиво на коалициони средби и за задоволување на тесно партиски интереси.„Апсолутно нема да гласаме „ЗА“, имаме катастрофални предлози“, потенцира тој.„Најкатегорично ќе речам дека нема да гласаме за Уставот“, вели Лефков додавајќи дека треба да се стави крај на можноста од купување и пазарење со пратениците.„На цела нечесност да ја додадеме уште и можноста за уценување, купување или пазар со пратениците, мислам дека не ни треба тоа, дури ниту како тема. Ваква промена на Уставот нема да дозволиме. Од оние што ја водат државата да бидеме сериозно сфатени и да престанат со приказните за вршење на одреден притисок на пратеници, затоа што тоа е навистина понижувачко.Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува Лефков.„Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков, правдајќи ги парите од патните трошоци за пратениците.Дали уште се во „љубов“ со Левица, има ли пазар меѓу пратениците за уставните измени, за можна коалциција со ДС, Беса и Алтернатива, за висината на пратеничката плата, дали има злоупотреба на патните трошоци и слично, во интервју за „Макфакс“ одговара пратеникот Миле Лефков.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-06-11-171251

Снопче го бранеше предложениот министер за правда: Не можеме да се ослободиме од комунистичкиот менталитет

Пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците реагираше оти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница посочи дека братот на Кренар Лога, кадар за министер за правда бил осомничен за убиство. Снопче му рече на Ковачки дека постапува како во комунизмот, објаснувајќи дека во тоа време кога некој член на семејство ќе сторел некакво дело – одговорност имал друг член на семејството.„Не можеме да се ослободиме од комунистичкиот менталитет. Вие сте десничарска партија а уште употребувате комунистички менталитет ‘браќа, сестри, татковци, мајки, братучеди’.. Во комунизмот, ако братучедот или мајката направеше некое дело, значи синот, сестрата, братот тие одеа во затвор. Го употребувате името на Кренар Лога. Обвинителството кажа дека е отфрлена кривичната пријава оти не постои основано сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело. Ова е од одговор на Обвинителството. Многу јасно. Кренар Лога пред две години со 95 гласа ‘за’ беше избран за член на ДИК. Кога ВМРО гласаше за Кренар Лога, не се артикулираа овие докази. Кога Лога се среќаваше со Мицкоски беше добар, е сега, не чинел“, кажа Снопче на седницата.На ова одговори Ковачки.„Кога кажувате за комунизам и за тоа го обвинувате ВМРО-ДПМНЕ треба да имате во предвид дека СДСМ е наследник на комунистичката партија, а вие денеска со нив влегувате во коалиција. Уште еднаш ќе повторам, она што ве праша Бојан Стојановски – дали ќе ја свикате анкетната комисија поврзана со несреќата од Беса Транс? Дали како што бевте борбен кога бевте во опозиција ќе останете и сега доследен?“, праша Ковачки.Собраниската седница е за разрешувањето на Беким Сали, минситер за здравство, кадар на Алтернатива која излезе од Владата.

Македонија | пред 3 години

izet-medziti

Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најава за повеќе, вели Меџити

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.„Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство“ – рече Меџити во изјава за ТВ21.Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.„Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај“ – рече Меџити.Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

Македонија | пред 3 години

stole-house-door-using-iron

(ФОТО) Страшно: 11 жени нападнати во Карпош 4, обиени 70 станови

Фотографии од жена која е нападната се проширија на социјалните мрежи.Фотографиите се направени од безбедносни камери и на истите се забележуваат две лица кои влечат чанта.Немилиот настан најверојатно се случил изминатата недела во Карпош 4.„Комшии, само што добив инфо, па да споделам со вас како би припазувале, особено жените. Последниов период во Карпош 4 се нападнати 11 жени на влез од зграда и обиени 70 стана“, стои во пораката.https://twitter.com/Andov_S/status/1625235943551647744?s=20&t=I6MURPEne4boRjpd-R5A6QГраѓаните се револтирани што е изгасено дел од уличното осветлување, па упатија прашање до градоначалникот Стевчо Јакимовски, дали се уште општината ќе штеди струја.„11 нападнати жени и 70 станови обиени кај нас во населба. Стевчо брат, уште ќе штедиме струја???“, стои во објавата.https://twitter.com/Gievskaaa/status/1625236944836861952?s=20&t=yFMxQ9cHnbXsvmvy5jFZ_Q

Скопје | пред 3 години

pavle-trajanov-web

Јоци: Павле како искусен џандар со добри информации, има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кажа дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Трајанов посочи дека ќе ги поддржуваат само проектите за имплементација на европските стандарди, а со цел влез на Македонија во ЕУ.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Јорданка Ивановска Јоци која вели дека Трајанов има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне.„Павле како искусен џандар со добри информации, веќе 20 години има развиен инстинкт, кој не го лаже, да бега на време од бродот кој тоне.Башка, лут е што му го зема Данела ,,Градски паркинг”. Истата Данела на која власта и` дава ветер во едра, а на која тој откажа љубов“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола со години е затворена

Деновиве е актуелен проблемот со чествувањето на апостолот на македонската национална борба Гоце Делчев. Но, покрај распродавањето на неговиот идеолошки легат, и спомен куќата на Делчев во Битола со години е затворена. Причината поради која е затворена е наводно лошата состојба во која се наоѓа објектот, вели Левица„Министерството за култура не одобрува или одобрува само шест проценти од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот.Во оваа куќа Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, кој на крај завршил како вреден експонат во куќата.Распродавањето на културните, идентитетските и националните маркери е модус операнди на оваа власт. Веќе е евидентно дека запуштањето на културното наследство и историските столбови систематски и тенденциозно се спроведува, сè во интерес на соседските шовинистичките политики и внатрешното национално разградување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

marjan-stamenkovski-750x430-1

За да не се зборува за уставни измени и Бугари, ќе го забавуваат народот кој нарачувал гнасни текстови кај Марјан Доказ, вели Јоци

И сега до избори, за да не се зборува за уставни измени и Бугари, ќе го забавуваат народот кој нарачувал кај Марјан Доказ гнасни текстови. И на секое рочиште ќе излегуваат по две имиња кои биле соучесници во рекети, давање кешарици, пласирање лаги за јавни личности, вели Јорданка Ивановска Јоци во својата објава на социјалните мрежи„А, богами не се малку очито. Само јас знам десет имиња, самиот дрндаше на сите страни. Освен ако не лажел, а и тоа е опција, но тоа ќе го утврди МВР.Во последната наша комуникација, пред година и пол, во која се каравме токму за негови отстрели кон мои пријатели, му реков на Марјан дека еден ден ќе му требаат пријатели. Тој ми рече дека имал⁉️ Така и заврши тој муабет. Со ,,оккк"...Тие што мислеше дека му се во некоја мера, пред некој ден го пуштија низ вода. Но, ваљда е свесен сега во Шутка.Многу збореше и што треба и што не треба, али он си знае.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања