Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

1.trajanov-kabinet

Трајанов ја напушта Владата: Нема логика за опстојување ако постојано ги прифаќате ставовите на постариот брат

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кажа дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Трајанов посочи дека ќе ги поддржуваат само проектите за имплементација на европските стандарди, а со цел влез на Македонија во ЕУ. Тој беше дециден: „Нашите ставови не се совпаѓаат со ставовите на владејачката партија. Нема логика за опстојување, ако постојано ги прифаќате, условно кажано, стаовивте на постариот брат“„Ниту една од програмските определби не се имплементирани. Имавме договор за Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока имаше и закон кој помина на собраниските комисии, меѓутоа е блокиран бидејќи претседателот Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа за законските промени. Тоа беше една од најглавните определби. Понатаму, бевме за тоа да има реформи во судскиот систем и во оваа насока имавме закон за преиспитување на факти и докази користени во судски постапки, а сега е блокиран и не се расправа за него. Третата работа е борбата против корупцијата – баравме неселективна борба и во таа насока имаме проект кој предвидува формирање агенција за борење против висока корупција, но немаме поддршка“, рече пратеникот Павле Трајанов.

Македонија | пред 3 години

brza-pomos-541

Познат идентитетот на мажот и жената кои се фрлија од зграда во Скопје

Маж и жена се фрлиле од тераса во станбена зграда во Скопје, а неофицијално – двајцата биле во љубовна врска.Според податоците од МВР, мажот починал, а жената се бори за живот и е во критична состојба. Двајцата вчера попладне биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.– На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од полицијата.Неофицијално, се работи за Филип М., познат креативец и музичар, и Кристина Г, членка од македонскиот бенд „Bеrnays Propaganda“, кои биле во врска, објави Слободен печат.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Маж и жена се фрлиле од зграда во Скопје, жената се бори за живот

Маж и жена се фрлиле од тераса во станбена зграда во Скопје, а неофицијално - двајцата биле во љубовна врска. Денеска се очекуваат повеќе официјални детали.Според податоците од МВР, мажот починал, а жената се бори за живот и е во критична состојба. Двајцата вчера попладне биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.- На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од полицијата.

Скопје | пред 3 години

326285939_570700818313002_7636295595915873374_n

Стојановски до Алтенатива: На клоци ве избркаа, откако ве искористија

Остри критики од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за пратениците од Алтернатива. Стојановски ги нарече „политички измамници“ бидејќи додека гласачите очекувале да ги симнат ДУИ од власт, тие пред 13 месеци влегле во коалиција со нив, за сега, како што рече, да клоци да ги изнесат од Владата. Стојановски им порача: „По овој ден, со вашиот политички субјект е завршено. Мудрите гласачи нема да ви дадат глас“.„Бевте предупредени пред 13 месеци што ќе се случи и како ќе завршите од овие кои немаат морален компас, ниту етика во функционирањето. Се што направивте пред 13 месеци, кога бевте предупредени, дадовте рок на овие да крадат и пљачкаат. Решивте да застанете рамо до рамо со оние кои ве испокрадоа на локалните во Чаир и да им ги продолжите нивните мандати и да ве направат она што неминовно сте“, посочи Стојановски.Тој ги нарече брутално искористени, а за Владата посочи дека се без почит за Алтернатива.„Брутално бевте искористени, брутално ви беше раскината коалицијата и на клоци ве избркаа надвор од Владата немајќи елементарна почит да го почекаат централното претседателство за да им ја соопштите одлуката. Ги изневеривте гласачите и сите оние кои ви го дадоа гласот мислејќи деа вие сте таа опција, таа алтернатива, за да ги симнете ДУИ по 20 години. Докажавте дека не сте ништо друго, освен трговци на берза кои што тргуваат со гласот на чесните граѓани. И така ве перципираат“, кажа Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

ujp

УЈП со важно предупредување до граѓаните: Не отворајте смс пораки и не споделувајте лични податоци

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija.-Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот.Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што може да бидат злоупотребени.-Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 3 години

stojance

Ангелов до Таравари: Имате ли информации дека во Македонија има Албанци кои сакаат да се радикализаираат?

Под наслов „Изјасни се д-р Таравари!“, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој воедно е и член на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, ја коментираше изјавата на лидерот на Алијанса, Арбен Таравари.Своето размислување првиот човек на Достоинство го изнесе преку подолг пост на фејсбук.Постот го пренесуваме во целост.„Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата”. Ваква заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Да ја слушнев оваа изјава пред 20 години, без да му ја мислам ќе одговорев, ајде, ве чекаме, обидете се да ги реализирате вашите големи идеи за реорганизација на Македонија! Само, да не излезе како во 2001-та кога од “борци за ослободување на вековните албански огништа”, притиснати од македонските безбедносни сили, преку ноќ станавте “борци за човекови права” а потоа опкружени од нас, македонските бранители, молевте да бидете извлечени од опколеното Арачиново.Но денес, 22 години после воениот конфликт од 2001-та, 15 години откако сум на чело на Достоинство, помудар и потрпелив, но и со значително политичко искуство од нашата валкана политичка сцена, малку подостарен но сеуште во одлична форма за одбрана на Македонија, сепак ќе кажам нешто сосем друго.За судбината на Македонија одлучуваат сите нејзини граѓани, вклучително и Албанците, преку свои демократски избрани претставници во македонското Собрание. Оттука, Бугарите ќе станат дел од македонскиот Устав само тогаш кога најмалку 80 пратеници, како репрезент на македонските граѓани, ќе гласаат “за”.Доколку Таравари смета дека актуелниот пратенички состав не е соодветен репрезент на народната воља тогаш останува можноста да се прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, веднаш да се излезе на вонредни парламентарни избори, да се формира нов собраниски состав и повторно, преку обид за обезбедување на најмалку 80 пратеници, да се разгледа делегираната народна воља на сите македонски граѓани вклучително и на Албанците. Многу едноставно. Доколку ниту тогаш нема најмалку 80 пратеници кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот, Бугарите ќе мора да почекаат.Ќе чекаат Бугарите, но ќе чекаат и Македонците, и Албанците, и сите останати македонски граѓани. Првите за влез во Уставот, останатите за влез во ЕУ. Се додека не дојде до промена на политичката воља во Бугарија или во Македонија, нешто за што постојат најразлични методи, од најдемократски па до не толку демократски.Најдемократскиот метод за реална проверка на граѓанската воља е организирање на демократски референдум со едно единствено и едноставно прашање, дали сте за или против влез на Бугарите во македонскиот Устав?Притоа, за да ја избегнам опасноста и моите зборови да звучат популистички и распалувачки, “да”, јас ќе одговорам “да” за влез на Бугарите во Уставот и со разумни и издржани факти, без притисок, уцени и закани, ќе се обидам да убедам што повеќе граѓани да гласаат “за”.“За”, бидејки со влезот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна уставна разлика помеѓу двата народа, Македонците и Бугарите, а воедно ќе продолжат и преговорите со ЕУ и европскиот пат на Македонија.Истата оваа формално правна процедура важи и за било каква реорганизација на државата. Мнозинството македонски граѓани, а не Арбен Таравари или радикализирани Албанци, одлучуваат за организацијата или реорганизацијата на Македонија.Оттука неговите зборови може да се толкуваат во две насоки. Најпрво како искрена но несмасно дадена изјава со која укажува дека лично тој има сомнежи или информации за постоење на Албанци кои би се радикализирале доколку Бугарите не влезат во Уставот, а со тоа би се закочил и европскиот пат на Македонија. Но, за да ја толкуваме неговата изјава во оваа насока требало да нагласи дека ниту тој лично, ниту луѓето кои ги предводи не се согласуваат со ваква радикализација.Во вториот случај неговата изјава може да се толкува како евтин популизам и обид за добивање лесни политички поени кај дел од македонските Албанци без притоа да води сметка како се чувствуваат Македонците па и сите останати, вклучително и голем дел од македонските Албанци на кои одамна им е дојдена преку глава ваквата распалувачка и заканувачка реторика.Сакам да верувам дека д-р Арбен Таравари мислел на првата можност, но за секој случај му укажувам дека во Македонија одлуките треба да се носат со почитување на народната воља, а не со провокации, уцени и закани кои ги креваат меѓуетнички тензии и го нарушуваат ионака кревкиот меѓуетнички мир, а со тоа и процесот на понатамошното меѓуетничко помирување, процес на кој некои од нас макотрпно работат со години наназад трпејки притоа голем јавен притисок и штета.Скопје, 12.02.2023 годинаГенерал Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство“, пишува на постот.

Коментари | пред 3 години

zname

Ден на жалост во Македонија во знак на солидарност со Турција и Сирија

Во Македнија денеска е Ден на жалост, согласно одлуката на Владата која е донесена вчера.Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.„Владата на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, соопштија од Владата.За време на Денот на жалост, знамето на Република Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

„За неполна година, 73 пратеници за патни трошоци земале 360.000 евра“, објави Апасиев

Лидерот на Левица објави дека за неполна година 73 пратеници земале 360.000 евра за патни трошоци.„За неполна година, 73 пратеници за ПАТНИ ТРОШОЦИ земале 360.000 ЕУР!Срам да им е и на пратениците од Левица. И тие земале 0 (нула) ЕУР, иако се секој ден у Собрание.#ПазетеКогоГласате“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

hasani-1

Хасани: Ниту ми барале, ниту ме прашале дали ќе поднесам оставка

Функционер од Огнената група на ДУИ кој треба да си замине и да му отстапи место на кадар на Алијнса, вели дека не бил информиран дека треба да си замине од заменичкото столче во Владата.„Не сум информиран, ниту е побарано да дадам оставка, ниту некој ме прашал за ваквата состојба. Најверојатно, причината за моето разрешување е јасно искажаното незадоволство од првиот вицепремиер Артан Груби. Но, нема да побарам образложение од Ахмети“, изјави за „360 степени“ Башким Хасани, заменик-министер за одбрана.Хасани е на листата за разрешување во пакет со кадрите на Африм Гаши откако Алтернатива не изгради став во однос на влезот на Алијанса за Албанците во Владата.За местото на Хасани во одбрана, предложен е Тирон Јајага од Алијанса за Албанците.Хасани е дел од т.н. „огнена група“ во ДУИ и неговиот потпис стои на списокот на партиски членови кои застанаа зад петицијата против Артан Груби и сè уште активно работат на терен, со цел да го принудат Али Ахмети, како што велат, на внатрепартиски реформи.Извор: 360 степени

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-11-222550

Волонтери тврдат дека Арсовска ги брка од плоштадот, Град Скопје негира

Инспектор од Град Скопје наредил до утре да се тргнат донациите собрани за Турција и Сирија од скопскиот плоштад, а пунктот го нарекол „депонија“. Ова е сведоштвото на волонтерка која изминатите денови со десетици други млади лица помага за граѓаните на двете погодени земји од земјотресите. Христина Панова бара градоначалничката Данела Арсовска да каже зошто им смета пунктот за донации.„За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје во нормални хумани услови (знаејќи дека надвор е ладно). Никој не е будала бидејќи така му текнало и бидејќи нема што да прави – па ај ќе одиме ќе си играме на плоштад, ќе собираме работи на минусни температури“, посочува волонтерката.Градот треба да биде благодарен на овие млади деца што ја покажуваат солидарноста и добрината на скопјани, посочува Панова.„Градот наш што нели пак ќе никнеше… Градот на солидарноста, градот на хуманоста, денеска на плоштад ‘Македонија’ прати инспекција да ги брка младите волонтери коишто неколку дена по ред деноноќно се отворени и достапни за граѓаните и собираат донации за настраданите семејства во земјотресите во Турција. Како што сите знаеме, уште од првиот ден кога нѐ потресе страшната вест за разорниот земјотрес во Турција, во којшто животот го загубија 22 327 лица заклучно со овој момент и над 80 000 повредени.. илјадници и илјадници семејства останаа без кров над глава, без топла облека да се пресоблечат нели, без храна, без сѐ она за што работеле и вложувале изминатите години од својот живот, група млади студенти од Турција кај нас излегоа и отворија пункт за донации. Тоа се млади деца полни со надеж, полни со енергија и љубов и изминатите денови 24 часа на ден се на пунктот и селектираат и пакуваат донации пристигнати од нашите граѓани. Јас сум една од многуте што се приклучи на оваа иницијатива, а ги има десетици коишто секој ден ги гледам таму (Македонци, Албанци, Турци, Роми)“, додава таа.Волонтерите добиваат и благодарности од Турција за помошта која ја пружаат и за ангажманот за собирање донации.„Сакам да знаете дека сѐ она што беше направено до сега луѓето го гледаат, го препознаваат и изразуваат почит и благодарност за добриот чин на секој еден кој подаде рака на нашите пријатели од Турција“, посочува волонтерката.Град Скопје испратија став до сите медиуми во кој негираат дека инспектор бркал волонтери„Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје ‘ги бркал’ луѓето кои собираат хуманитарна помош! Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот ‘Македонија’ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија. Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

pavle-trajanov

Трајанов до Ковачевски: Не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација

Демократскиот сојуз денеска до претседателот на Владата ги достави своите ставови во врска со најавената реконструкција на Владата.Интегрално го пренесуваме дописот од Трајанов до Ковачевски:„Во тек се активности за реконструкција на Владата на Република Македонија, при што во Владата се вклучува Алијанса за Албанците.Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста.Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ги афирмира приоритетите за кои и досега имаше усогласени ставови со СДСМ, но за нивната реализација досега ништо не е направено:1. Донесување на Измени и дополнување на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица. Предлог-законот е разгледан и поддржан од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, кaкo и од Законодавно – правната комисија. Законот е ставен на дневен ред, но претседателот на Собранието го блокира и не ја закажува седницата за да започне расправа по истиот.2. Започнување на робусна и неселективна борба против тешките облици на криминал преку целосна департизација на институциите надлежни за откривање и сузбивање ка криминалот, како и донесување на Закон за Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција. Ангажирање на најстручните кадри од постојните институции и алокација на средства од истите во Агенцијата.3. Реформи на судскиот систем преку измени на Уставот со кои ќе се укине Уставниот амандман со кој се амнестирааат судиите од кривична одговорност за донесена одлука, укинување на трајниот мандат на судиите, ревизија на работата на сите судии и утврдување на имотната состојба.Донесување на Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој ќе се преиспитат монтираните судско-полициски случаи, преку обезбедување услови за фер судење и можност да се користат и нови докази.4. Транспарентност на СКРИНИНГ ПРОЦЕСОТ, вклучување на сите креативни и стручни кадри, континуирано информирање на парламентот, а преку него и на опозицијата, за да се обезбеди и поголемо единство, поддршка и континуитет.5. Формирање на ФОНД ЗА МЛАДИТЕ, 2% од Буџетот на РСМ за започнување на самостоен бизнис. Создавање на законски предуслови за секој студент по дипломирањето да може година дена да работи во јавниот или во приватниот сектор, со плата во висина од просечната плата, обезбедена од Буџетот на РМ. На овој начин поголем број од младите ќе останат да работат и да создаваат во Македонија.6. При формирањето (избор или реконструкција) на Владата и покрај тоа што се работи за политичка Влада, да се води сметка за компетентноста на кандидатите, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, како и за имплементацијата на правилото на Бадентер и Балансерот при вработување. На правична застапеност на сите етнички заедници во изминатите 20 години инсистираше ДУИ, но со најавите за новиот состав на Владата нема гаранции дека тоа ќе се почитува.7. За да се спречат партиските влијанија при вработување, да се предвиди казна затвор од 3 години, доколку се злоупотребува позицијата за влијание при вработување“.

Македонија | пред 3 години

245846307_4950688168342178_3621803565900854679_n

Ќулавкова: Еден говорител на јазик на заедница со 20% има повеќе права од сите говорители на македонскиот јазик

Академик Катица Ќулавкова на Фејсбук сподели фрагменти од нејзината колумна во „Нова Македонија“:– Статусот на македонскиот јазик како службен јазик на територијата на целата држава е утврден со Уставот на Република Македонија уште во македонската република во составот на некогашна Југославија по Втората светска војна. Од овој статус на македонскиот јазик произлегува неговата улога на интегративен фактор на општеството и должност на сите институции, но и граѓани на Републиката, да го учат, познаваат и да го употребуваат македонскиот јазик во службената комуникација. Тој статус е потврден уште еднаш со Уставот на независна Република Македонија, а подоцна и со амандманите произлезени од Охридскиот рамковен договор 2001. Од 1998 година постои и Совет за употребата на македонскиот јазик при Министерството за култура на Република Македонија.Во 2008 година е донесен Закон за употреба на јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението.Во јануари 2019 е донесен нов Закон за јазиците (објавен во „Службен весник“ без потпис на претседателот на државата) и со него, во членот 1, алинеја 2 е утврдено дека „друг јазик што го употребуваат најмалку 20 отсто од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон“. Во продолжение на овој Закон за јазиците, во фокусот е всушност употребата на тој јазик во заградата, албанскиот јазик.И покрај тој уставно загарантиран статус на македонскиот јазик, со Законот за јазиците, како и во практиката, употребата на македонскиот јазик во државните институции и органи, како и во општеството, постепено се ограничува и се деградира. Дури и постоењето на едно лице кое го зборува албанскиот јазик е доволно за да може и да мора службено да се употребува албанскиот јазик во сите органи на власта, законодавни, извршни и судски. Еден говорител на јазик на популација од 20 отсто има поголеми јазични права во практиката од уставното право на македонските говорители.Тоа упатува на заклучокот дека со Законот за јазиците е оштетено стекнатото историско културно, јазично и национално право на Македонците по однос на македонскиот јазик како службен државен јазик (на територијата на целата држава). Тоа ја релативизира до степен на укинување обврската на граѓаните на Републиката да го учат македонскиот јазик и да го употребуваат во практиката.Македонскиот јазик, со Законот за јазиците 2018 е маргинализиран, до толку повеќе што и Инспекторатот, и Агенцијата, имаат првенствено (целосно) функција да ја спроведуваат и да ја штитат употребата на албанскиот јазик на сите нивоа и во сите институции во државата, а не да се грижат за македонскиот јазик кој нема ограничувања, според Уставот за да биде употребуван во државата, индивидуално и институционално. Називот на овој Закон за јазиците 2018 е несоодветен на неговата содржина. Поради тоа, се наметнува потребата, во новонастанатите околности, да се донесат нови законски акти за употребата на македонскиот јазик, не само измени и дополнувања на постојниот од 1998, туку и нов Закон за употребата на македонскиот јазик.Со новиот нацрт/предлог Закон за употребата на македонскиот јазик од 2022, како што е наведено и во самиот уводен текст, „ќе се прошират областите во кои задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик, ќе се даде основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик“.На тој начин, наместо да се донесе најнапред Национална стратегија за македонскиот јазик, или национална стратегија за статусот и употребата на македонскиот јазик како државен јазик и на другите јазици во Републиката, се носи само нов Закон за употребата на македонскиот јазик.Повеќе предложени законски решенија го ставаат македонскиот јазик во несоодветна позиција. На пример, со овој нов Закон се предвидува – за вршење инспекциски надзор над примената на Законот – да се основа Инспекторат за употребата на македонскиот јазик, во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, за разлика од Инспекторатот предвиден со Законот за употребата на јазиците кој е орган на Министерството за правда. Веќе со оваа законска мерка се гледа дека Инспекторатот и Агенцијата предвидени со Законот за јазиците се однесуваат на албанскиот јазик, а не и на македонскиот. Инспекторат во рамки на Министерството за култура ќе има подреден статус/ингеренции во однос на Инспекторатот во рамки на Министерството за правда.Со новиот предлог-закон за македонскиот јазик, всушност, се истакнуваат основните јазични политики, а не и законски мерки кои ќе го штитат стекнатиот статус на македонскиот јазик како примарен во службената и во јавната комуникација на територијата на целата држава и за сите граѓани. Се зборува општо за „Подигање на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; Афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилната употреба на македонскиот јазик во јавната комуникација; Почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока; Афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети“.Исто така, Со овој закон, соодветно на членот 56 од Уставот на Република Македонија, посебно е нагласена посебната заштита на јазикот како духовно (нематеријално) културно богатство (разработена во Законот за заштита на културното наследство). Тука се пројавува грижа за наследените фолклорни добра и за употребата на македонските топоними, за коишто знаеме каков штетен закон е донесен во 2004 година од македонското Собрание, кога топонимите, наместо да се транслитерираат или писмено да се пишуваат на друго писмо идентично, буква по буква, на оригиналот, де факто се преведоа (транслација) на албански јазик, што е флагрантен упад во фактичката состојба и во јазичното културно наследство на македонскиот народ, го сочинуваат јазикот и издвоено топонимите, како особено значаен сегмент од јазикот.Основен впечаток е дека и со овој нов Закон за употребата на македонскиот јазик, се зголемуваат конфузијата и противречностите поттикнати со Законот за јазиците од 2018.За да се избегнат конкретни колизии на двата закона во практиката, неопходно е да се направи:• Споредбена анализа на постојните законски акти кои се однесуваат на употребата на јазиците, за да се покаже проблематичноста (институционална, финансиска, комуникациска), ако не и апсурдноста на двозаконието.• Усогласување на законските акти со уставните, меѓусебна регулација и почитување на стекнатиот статус на македонскиот јазик;• Испитување на опцијата да се донесе единствен Закон за македонскиот јазик како службен/државен јазик и другите јазици како службени на регионално и локално рамниште, во склад со Конвенцијата на ЕУ за регионални и малцински јазици.• Советот за македонскиот јазик може и понатаму да се занимава со јазичните политики за меѓународна афирмација на македонскиот јазик, но не е замена за Инспекторат и Агенција за македонскиот јазик и за јазикот на другите јазичните политики за меѓународна афирмација на македонскиот јазик, но не е замена за Инспекторат и Агенција за македонскиот јазик и за јазикот на другите јазични заедници в Република Македонија.– Ако се залагаме стратепки за европските вредности, тогаш да ги примениме европските методи, политики, закони и практики во јазичната сфера и во нашата Република, а не да создаваме дополнително јазична сегментација и гетоизација – напиша Ќулавкова на Фејсбук.

Коментари | пред 3 години

filharmonija

(ФОТО) Сите донираат за Турција и Сирија, само Филхармонија свири за Палестина

Во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа речиси 24.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.Македонската филхармонија на социјалните мрежи објави дека музичката вечер им ја посветува на жртвите во катастрофалниот земјотрес.Но во објавата наместо Сирија, стои Палестина.„Си беше еднаш една македонска филхармонија. Откако остана без идентитет, остана без памет. Така оди тоа*ова секако не се однесува на прекрасните музичари“, коментираат на социјалните мрежи.Подоцна беа направени измени, па Палестина беше заменета со Сирија.

Коментари | пред 3 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Се запали куќа во село Пресил, има повредени

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека на ден 11.02.2023 година во период од 03:05 до 08:00 часот интервенирала на запалена куќа во с.Пресил, општина Крушево.Во гаснењето на пожарот интервенирале 8 пожарникари со 3 ПП возила.Во пожарот едно лице се здобило со телесни повреди и истото со амбулантно возило на Итна медицинска помош е пренесено до најблиската здравствена установа.

Македонија | пред 3 години

329739118_679523260595262_1520129624467326698_n

(ФОТО) Драма во Охрид: Со автомобил заглавиле во снег, па кога дошле да ги спасат се расправале и не сакале да си одат

Покрај сите апели за совесно и одговорно користење на патниот правец Охрид-Отешево, во моментов се одвива „драматична и трагикомична“ операција за евакуација на две лица кои со лесно возило се заглавиле во снежните наноси на самиот превој, каде всушност на сила е забрана за секаков вид сообраќај, соодветно означена со сообраќајна сигнализација, неколку километри пониско, велат од Црвен крст Охрид.„Операцијата, во координација со нашиот оперативен центар, на терен ја спроведуваат ренџерската слпужба од National Park Galicica и ТППЕ Охрид - Пожарна, кои согласно договореното од последниот состанок со останатите служби, пристапија кон евакуација на луѓето, без обврска и непотребни обиди за извлекување на возилото.Операцијата ја нарекуваме „драматична и трагикомична“, од причини што спасителните тимови на терен се соочија со апсурдна ситуација, по пристигнување на лице место, како и во телефонската комуникација со барателите на помош, да бидат вербално навредувани од лицата и истите да не прифаќаат да си одат без нивното возило. Во наведената ситуација, беше искористена и телефонска асистенција од граничната полиција, разговор по кој конечно лицата се согласија да го остават возилото и да бидат пешки спроведени до возилата на НП и ТППЕ и понатаму со истите до Охрид.За жал, оваа апсурдна ситуација, уште еднаш ја истакнува несовесноста на одредени граѓани, но уште повеќе на надлежните институции, во случајов Јавното Претпријатие за Државни Патишта и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат), кои немаат можност за соодветно одржување на споменатиот патен правец, но и не дозволуваат истиот да биде физички затворен за сообраќај, со поставување на времена рампа, најмалку на позициите, од кои со програмата за годишно одржување, од 15 ноември до 15 март има воведено целосна забрана за сообраќајот.Ја користиме оваа прилика, уште еднаш, јавно да ги повикаме ЈПДП и ЈПОЗМРП, да дозволат поставување на физички бариери (рампи), инвестиција која комплетно финансиски би ја спровеле ние во соработка со НП Галичица, а во интерес на безбедноста на граѓаните и намалување на непотребните трошоци и ризиците од бројните интервенции“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања