Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

jkj

Кој го пријавил и за што се гони сопственикот на порталот „Доказм“ - први детали од обвинителот

Скопското обвинителство го гони Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ бидејќи против него имало некоку пријави. Меѓу пријавителите има две новинарки, телевизиска куќа, лице кое се претставило како уценовано. Обвинител барал претрес во домот, кој бил дозволен од судот. Најдени се поголемо количество на пари, соопштува обвинителството.„Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ“, велат од Обвинителството.Тие додаваат дека пријавите против Стаменковски се поднесени во 2022 и 2023 година.„Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела“, додаваат оттаму.Национална телевизија е едне од пријавителите.„Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината“, посочи скопското Обвинителство.Свештеници од Македонската православна црква се втори пријавители. Тие се жалеле оти Стаменковски упатил закани за нивниот живот.„На 18.05.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања“, додава Обвинителството.Новинарки исто така поднеле пријава против Стаменковски, кои освен што добиле навредливи текстови на порталот „ДоказМ“, според пријавата, една од нив добила и закани по живот.„На 19.05.2022 година, против истото лице, до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ“, додава Обвинителството.Стаменковски се гони и за уцена.„Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023 година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ“, додава Обвинителството.Осомничениот врбувал и истражител во скопското Обвинителство, за преку неа, да дознава информации.„Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи“, додаваат од Обвинителството.Соопштија и детали за претресот.„Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела“, велат од Основото обвинителство-Скопје.​

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: Се заканува прекин на издавањето лекови од аптеките поради неефикасноста на ФЗОМ?

Министерот Беким Сали од Алтернатива изјави дека не е запознаен со проблемот со кој се соочуваат лекарите и фармацевтите поради неефикасноста на информатичкиот тим во Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија, вели Левица.„Фармацевтската Комора дури побара инструкции од Фондот за натамошно постапување, односно дали аптеките и понатаму да издаваат лекови, или издавањето да го прекинат? Недоволната одбрана на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите на лековите издадени од аптеките ги спречува граѓаните да го остварат своето фундаментално право на здравствена заштита.Софтверските системи кои се дел од критичната инфраструктура на државата не е прв пат да бидат цел на хакерски напади, особено во последните неколку години кога стручните тимови за сајбер безбедност се редуцирани во сите министерства на сметка на оптоварување на буџетите преку вработување на партиски кадри. Здравственото осигурување во Македонија функционираше како едно од најдостапните во Европа, а по политичкото дефундирање на менаџментот почна да се урива како кула од карти.Први луѓе на Фондот за здравство се Магдалена Филиповска Грашкоска од СДС и Фатон Ахмети од ДУИ кои располагаат со буџет од околу 600 милиони евра, дозволувајќи стотици здравствени осигуреници да се мачат затоа што немаат соодветни лекови, вклучително и лековите за ретки болести, чиј пример е трикафта!Погубна е судбината на пациентите кои се соочуваат со незаинтересираноста на Владата и министерот во заминување која дополнително го уништува (и онака) кревкиот здравствен систем, а Левица реагираше и на непромислената замена на министрите на сметка на опстанок на “владиното мнозинство“.Конзистентноста е исклучително важна за неколку министерства, а СДС и ДУИ одбираат токму со нив да се пазарат, во состојба на економска, здравствена и политичка криза во Македонија“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

taravari

Таравари потврди дека влегуваат во Владата, еве кои ресори ќе ги добие

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера потврди дека неговата партија влегува во Владата.Негови кадри ќе раководат со Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања. Таравари за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри.

Македонија | пред 3 години

marjan-stamenkovski-750x430-1

Полиција упадна во домот на Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ

Попладнево, по налог на Јавното обвинителство, скопската полиција извршила претрес во домот на Марјан Стаменковски сопственик на порталот Доказм.мкСтаменковски живее во скопската населба Влае.Скопското обвинителство отворило предистражна постапка откако биле доставени повеќе пријави.Засега не е издадена наредба за приведување. За тоа ќе се одлучува откако ќе заврши претресот во домот на Стаменковски.

Македонија | пред 3 години

vojo-dimoski-696x401-1

Димоски: Ковачевски призна дека можел, ама не презел дејства да набави лек – резултатот е нечија смрт!

Откако премиерот Димитар Ковачевски со задоцнување објави дека веднаш ќе имало пари за лекот за цистична фиброза, поранешниот обвинител, сега адвокат, Војо Димовски препознава кривични дело непреземање дејсвија поради кои настанала смрт:„Не знам кој го советува овега, ама ова е потврда дека позицијата му дава можност да влијае во правец да се набави лекот. А факт е дека не презел такви дејствија. Втор факт е дека резултат на тоа непревземање е нечија смрт!Верувам дека кривичарите ме разбраа што сакам да кажам. Сигурен сум дека Јовески ништо не ме разбра.“, коментира Димоски.

Коментари | пред 3 години

protest-cistichna-fibroza5-364831

Јоци: Не излегува никој на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој има барем по еден во администрација по дома

Не излегува никој од народот на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој еден во земјава има барем по еден во администрација по дома, вели новинарката Јорданка Ивановска Јоци„Старите се болни и акаат по амбуланти, лути се, но синот или ќерката партиски бирократи им велат – ,,немој да си се јавувал на тв да дрндаш, ќе ми направиш проблем”. И овие молчат. И така некако придонесуваат системот да се распаѓа и утре да е нефункционален и за нив. Болничките ходници се преплавени од разни умрени од грешки и бирократии, онакви кои немале број од министри во мобилниот за да прерипаат преку ред.А, и да имале – џабе.Тоа ви е нешто како последица од земјотрес, доволно е една цигла да нема во зградата.Тоа се карики кои постојано се откачуваат на сечија штета и потоа нема ланец на одговорност.Истиве овие синови и ќерки, утре, кога ќе се разболат, ќе нема народ и за нив по улици. И самите ќе ѕвонат очајно по контактни емисии, но тоа ќе биде само празен глас во етерот. Ќе нема кој да ги слушне.Претплатникот не е достапен“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Апасиев: Има пари за бонус дневници на партиската полиција, нема за болните од цистична фиброза кои не можат да дишат

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус преку кој ја искритикува владата.„Има пари за бонус-дневници за партиската полиција што ги чуваше Таче и Пендаровски (да не бидат исвиркани на гробот на Гоце), ама нема за БОЛНИТЕ од цистична фиброза кои не можат да дишат!Ова не е наша Влада, другари.#Окупатори“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

kovacevski-tace-skopje-1-pretsedatel

Ковачевски ќе го „спакува“ Сали или тој сам ќе си ги собере куферите

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека смртта на Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза кој не доби терапија со лекот „трикафта“, е прерана. Ковачевски јавно му посочи на министерот за здравство Беким сали: „Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат“. Дециден е дека иако не се знаело дали „трикафта“ ќе го излечи Благојче, тој можел да му го продолжи животот. Ковачевски не ја исклучува можноста и тој да го разреши од функцијата.„Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од се е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување“, кажа Ковачевски.Тој додаде дека зборел и со директорите на двете клиники каде се лекувал Благојче.„Сознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба и на кои лекот ‘трикафра’ нема целосно да им помогне, сепак, тоа не може да го тргне чувството на тага и гнев дека имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе за Благојче. И прашањето е зошто не направивме, зошто се одложи се и откако ветивме, а правните и експертските тимови седнаа да најдат решение. Ќе ви кажам најотворено. Тоа е нешто што секој од вас го мисли, но нема можност да го каже. И веројатно најголемиот дел од граѓаните го мислат и не можеле да го кажат. Тоа се поради истите причини на кои нашата земја пати веќе 30 години – неверојатна бирократија. Бирократија која стартно размислува зошто нешто не може да се направи, бирократија која скоро никогаш не размислува зошто нешто треба да се направи, бирократија која очигледно нема ништо против да почека додека граѓаните страдаат. Бирократија не се некои луѓе од друга планета, бирократија сме сите ние. Редно време е да се соочиме со тоа“, додаде Ковачевски.Кажа дека државата мора да го спречи непотребното страдање на било кој граѓанин.„На министерот за здравство му кажав дека оваа ситуација е неприфатлива. Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам потоа. Јас немам намера да чекам низ бирократските лавиринити да се преземе нешто“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-001

Сали за смртта на Благојче крева раменици

Министерот за здравство, Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затекнат проблем, а министерството не е најодговорна институција за проблемот.„Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Мистерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за тој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, кажа Сали.Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони, по кои ќе започнат преговори за набавка на лекот „трикафта“

Македонија | пред 3 години

dfasdfs

Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли!, се реагира по смртта на Благојче

Лавина реакции предизвика ненадејната смрт на Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, а вчера ја изгуби битката со болеста. Правници, новинари, јавни личности, инфлуенсери, се само дел од граѓаните кои изразија револт што државата не му помогнала на Илиевски. Меѓу првите јавни реакции беше објавена од адвокатот Јанаки Митровски.„Луѓе, дајте протест за цистичнава фиброза. Ниту сум експерт ниту појма имам, ама знам дека лек има, а пари не даваат. Што чекаат да погинат луѓево и така да избегнат обврска?!“, прашува Митровски.Остра реакција има и Божидар Божиновски, кој важи за јавен критичар.„Ако има лек, а државата има пари и не го купува, а лекот го бараат од 2020–та година, кога беше уште ‘срцето планина’ (Филипче) министер - државата е убиец“, посочува тој.На тапет беше и тргувањето со министерското место во здравство, со кое раководи Алтернатива, а треба да прејде во рацете на Алијанса за Албанците.„Се' додека министерската фотелја во здравството се тргува ко вреќа компири на пазар, ќе снема и матични лекари, не специјални терапии. После може само по ‘Фејсбук’ да се лечиме“, напиша Герасим Андоновски.Лична реакција имаше и Ина Џугуманова која работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права.„Лекот е скап. Пари нема. Постапката за набавка е долга. Треба да почекаме некои процедури да завршат. Потребна е документација. Е толку вреди човечки живот“, коментира Џугуманова.Остра реакција има и од познатата инфлуенсерка која стои зад профилот на Ина Многуфина.„Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли!“, стои во нејзиниот коментар.Теодора Цветковска, новинарка, исто така јавно реагираше и посочи дека државата одново потфрли.„ Благојче Илиевски, најтешкиот пациент со цистична фиброза не го дочека лекот ‘трикафта’.Почина не цела недела по протестот за овие пациенти. Државата уште еднаш потфрли“, додаде таа.Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, ја изгуби битката со болеста. Тој беше дел од осумте критични пациенти за кои се бараше лекот итно да им се набави. Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“.Претседателот на Асоцијацијата за лицата болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели: „Ние можевме да го превенираме овa“, мислејќи на смртта на Благојче.За денеска е закажан нов протест пред Влада во 14 часот.

Коментари | пред 3 години

Screenshot_752-696x468-1

(ВИДЕО) Бранка од Бутел: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија, се уште е под урнатините

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради војната, објави Алфа.Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.Тие не се повредени, они се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“ вели Бранка Недељковиќ.Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

330079962_1236975743890916_1581526418331129857_n

Асоцијацијата за цистична фиброза денес во 14 часот пред Владата: Благојче e жртва на системот

Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза денес во 14 часот ќе бидат пред Владата.„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта“, соопштија вчера од Асоцијацијата.

Македонија | пред 3 години

20230208211047

Ѓорчев: Пендаровски е позер кој само се слика и тера ПР, а државата му се распаѓа по сите основи

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев упати низа остри критики на адреса на претседателот Стево Пендаровски, по веста дека пред две години на починатиот Благојче Илијевски му ветил дека ќе донесе лек за цистична фиброза.„Имаме прилично бескорисен претседател. Обичен позер кој само се слика и тера ПР, додека државата му пука по сите шевови.Државата му се распаѓа по СИТЕ основи (економија, иселување, државност), народот умира, а тој со прст НЕ мрда.Нотар кој само става параф на СИТЕ политики на Заев и Таче.Умреа 10.000 луѓе од ковид, а тој не најде ниту 1 (една) вакцина. Задолжувањето галопира, доаѓа банкрот, а тој се’ потпишува и молчи.Пендаровски нема донесено 1 (една) инвестиција. Зихерашки тера “софт” теми, а Македонија тоне и исчезнува.Тотално бескорисен, изгубен во времето и просторот“, напипша Ѓорчев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-02-08-180823

(ВИДЕО) Катастрофа во Скопје: Прозорец виси од петти кат на напуштена зграда

На социјалните мрежи објавено е видео од напуштена зграда во Скопје и прозорец кој виси.Зградата се наоѓа во центар позади Рекорд, а прозорецот виси од петтиот кат.Околу објектот нема поставено заштитна ограда и истиот претставува опасност за минувачите.

Скопје | пред 3 години

5-3

Ванковска: Не гледам причина во ваква влада и Премиерот да не е од албанскиот блок? Pse jo?

Дали добро разбирам дека професорот од Правен факултет ќе добие шут-карта за сметка на Алијанса? Покрај другите парчиња од колачот, вели професорката Билјана Ванковска во својата објава на социјалните мрежи.„Не гледам причина во ваква влада и Премиерот да не е од албанскиот блок? Pse jo?“, додава таа..

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања