Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Паѓаат цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 6.2.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,271%, кај дизелот за 4,708%, кај екстра лесното масло за 4,532% и кај мазутот за 0,836%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 9.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Мицкоски за евентуалниот влез на АА во Владата

Политичката сцена во Македонија полека но сигурно СДСМ и ДУИ ја претвораат во естрада и на тој начин се губи сериозноста и се губи надежта кај граѓаните во Македонија дека може нешто да биде подобро, бидејќи гледаат како на отворена сцена политичарите се препелкаат за функција повеќе, за тендер повеќе, за некое материјално задоволство повеќе, без суштина и без некаква политика којашто би значела подобар живот за граѓаните во Македонија.Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец одговори на новинарско прашање за евентуалното влегување на Алијансата за Албанците во Владата.Тој, исто така, додаде дека со влегувањето на АА во владата не очекува да се промени ништо на подобро за народот, освен тоа што ќе има неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции.„Дали Алијанса ќе влезе или нема да влезе во Владата, тоа е претпоставувам одлука на раководството на Алијанса за Албанците и одлука на коалицијата СДСМ ДУИ и јас не би можел тука што да додадам. Само да кажам дека за десетина месеци колку што имаат пред нив овој состав, оваа влада, еве под услов и да нема предвремени парламентарни избори јас не очекувам нешто да се промени, напротив, работите ќе бидат сѐ полоши. Ќе имаме неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции, сега од редот на Алијанса за Албанците, а народот буквално нема да добие ништо. Но, честопати во политиката треба да барате малку и филозофија и социологија. Јас би сакал малку ова што денеска се случува да го изедначам со една убава игра, а тоа е шахот. Во шахот не е суштината да дадете шах, туку во шахот суштината е да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој што ќе го добие оваа влада на ДУИ подржана од СДСМ и сега засилена со неколкумина политичари кои што гледаат како да бидат малку побогати во наредните десетина месеци“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

pendikov-8-1024x683-1

Охридското обвинителство го гони тепачот на Пендиков, тврдат дека го сторил тоа поради омраза

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен.На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди.Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот. ​​

Македонија | пред 3 години

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Град Скопје одвои 6 милиони денари за погодените од земјотресите во Турција и Сирија

Советот на град Скопје, денес донесе одлука за доделување на парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во висина од 6 милиони денари.„Средствата ќе се уплатат преку сметката за хуманитарна помош на Црвен Крст на Македонија, а истите се обезбедуваат од ставката за непредвидени расходи на градскиот буџет.Во текот на вчерашниот ден, градот Скопје испрати и интервентна екипа на Противпожарната единица на град Скопје за помош при спасувачката мисија во Газиантеп, а во меѓувреме сме во постојан контакт со локалните власти и стоиме на располагање за сите барања кои може да произлезат во рамки на спасувачката акција.Градот Скопје е град на солидарност!“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

peshak

Кумановката која го прегази пешакот, не се чувствува виновна

Во Кривичниот суд денеска започна судењето на Гордана Филиповиќ од Куманово која во јануари лани усмрти пешак пред мостот Гоце Делчев во Скопје.Филиповиќ се изјасни дека не се чувствува виновна за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, за што е обвинета, и побара кривичното дело да биде преквалификувано како чин на небрежност.Но, со ова не се согласи обвинителката Сања Бурјаковска-Китановска и рече дека ќе докаже дека Филиповиќ е виновна. Следното рочиште е закажано за 6 март кога треба и да започне изведувањето на доказите од двете страни.Обвинетата Филиповиќ е мајка на јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа…

Скопје | пред 3 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Стевчо му порача на Џамбаски да не се тревожи: Можеби не е европејски, ама е американски начинот на чествување

Стевчо Јакимовски преку социјалните мрежи му се обрати на европратеникот Ангел Џамбаски. Тој вели дека начинот на чествување на Гоце Делчев можеби не е европејски, но е американски.„Ангел Џамбаски е многу вознемирен.Негодува зошто ни се расипал компјутерот на граница и зошто не сме ги пуштиле неговите братја да влезат во Македонија. Според него тоа не било европејски.Ангелчеее! (во деминутив, се разира!). Слушна ли какво казва Стејт Департментот на САД? Стејт Департментот даде соопштение дека чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев е направено на мирен и достоинствен начин.Ангелче! Можеби не е европејски, ама е американски начинот на чествување. Не се тревожи, полекичко сваќај си ги работите и не си го притишњавај срцето“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

327159178_606340884641474_8850804424106480478_n

Приведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

Има приведени за нападот со камен врз македонскиот културен клуб во Благоевград, пренесе бугарскиот медиум НОВА од свои извори.Во притвор се двајца мажи и две жени, сите на возраст од околу 40 години. Тие се од Благоевград и засега не е јасно кои се мотивите за делото.Според неофицијални информации, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со својот колега од Македонија и ги повикал локалните органи на прогонот да ја завршат работата за дефинитивно идентификување на напаѓачите на Христијан Пендиков.

Македонија | пред 3 години

873x400-1-16

Јоци: Оваа катастрофална власт ги заострува односите со Русија! На крај ќе ни воведат санкции, па ќе јадеме корења буквално

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи го искоментира планот на владата да забрани увоз на руска нафта во Македонија.„Оваа катастрофална власт на стаклени нозе продолжува да ги заострува односите со Русија. Ние тука маково зрнце ќе кажуваме чија нафта ни чини, затоа што ја слушаме Европа заради која тонеме во спорот со Бугарија.На крај Русија ќе ни воведе санкции за извоз на сé, па и за испорака на гас е извесно, па ќе јадеме корења во буквална смисла. А, можеби и така треба, кога не знаеме што е држава.Балканот е можеби политички зависен од САД, но економски не би рекла“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Прегазен пешак кај Цементара во Кисела Вода

Пешак е прегазен на булеварот “Борис Трајковски” во близина на Цементара. Автомобил марка “Мерцедес” удрил во лице, кое со Брза помош е префрлено во болница.Полициски службеници го обезбедуваат лицето и се очекува на терен да излезе и увидна екипа.Детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Sequence-08.00_21_05_05.Still007

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од сообраќајка во Куманово: „Туран“ разнесе полициско возило

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Македонија | пред 3 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и случајот „Ласкарци“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На сите рочишта треба да се изведуваат докази, а на дел и да се испитуваат сведоци односно вештаци.Во случајот „Друмарина“ за кој обвинение се поднесе пред три години, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра.Мухамед Зеќири, пак, се гони за злоупотреба на службената положба, бидејќи според обвинителката Катерина Коларевиќ, од април 2021 до март 2022 спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договори за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт тешки скоро 1,5 милиони евра.Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК одговараат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување односно набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач.Во случајот „Ласкарци“ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица кои ги осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени. Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – бидејќи според обвинителот, иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини: Софија го понижи македонскиот народ, не ги понижија само Заев, Бучковски и Османи

Поранешниот функционер и аналитичар Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Бугарија го понижила македонскиот народ.„Официјална Софија го понижи македонскиот народ.Договорот за пријателство, добрососедство и соработка остана само со Заев, Бучковски и Бујар Османи. Само нив не ги понижија“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Тоа што народот пак си го бара Груевски назад е безизлезната состојба на хаос и грабеж во која СДСМ 7 години ја турка Македонија, вели Јоци

Тоа што народот пак си го бара Никола Груевски назад, кој веројатно наскоро ќе биде аболиран, е безизлезната и безнадежна состојба на хаос и грабеж, во која СДСМ, 7 години ја турка Македонија, вели во својата објава на Фејсбук Јорданка Ивановска Јоци.„Газење на достоинството и национални трауми од кои никогаш нема да оздрави земјава. Економски и енергетски колапс, корупција и општонароден грабеж, речиси идентични како претходно.Токму затоа го бараат. По теркот на онаа мисла на Љубчо – крадевме, ама имаше за народот“, додава Јоци.

Коментари | пред 3 години

turcija

Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети.Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од Министерството за надворешни работи, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, ги донесе следниве заклучоци:Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес;Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција;Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош;Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови;Се препорачува, Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи;Се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за надворешни работи, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување - припадници на републичките сили за заштита и спасување.Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално - текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана - Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-04-at-14.09.36

Камиказа: За ќотекот во собрание за Македонците 200 години затвор, за ќотек на полицајците на Деве Баир 300 евра казна за Бугарите

Тројца бугарски државјани по расправијата со македонските полицајци беа приведени од полициjaта на граничниот премин Деве Баир. Тие добија 300 евра казна и три години забрана за влез во Македонија.Петар Георгиевски Камиказа на социјалните мрежи објави статус преку кој им се обрати на пратениците и ги праша дали нивниот ќотек повеќе боли од тој на полицајците.„За ќотекот во собрание на пратениците – за Македонците 200 години робија. За ќотек на полицајци на граничен премин, напад на службени лица – 300 евра и три години, да не влегуваат во Македонија, странски државјани?!?!Абе токмаци (пратеници), вашиот ќотек повеќе боли, од тој на полицајците. А!?!?Веднаш да ги ослободите неправедно затворените Македонци од занданите. Значи слобода, одма!!! П.С. (насилие не подржувам, но двојни аршини па ич)!!!! Македонија вечна“, вели Камиказа.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања