Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

ivan-demerdziev

Демерџиев бара средба со Спасовски: Македонија треба да разбере некој работи

Македонија треба да разбере дека патот кон Европа и добрите меѓусоседски односи минува преку дејствија, а не преку зборови, порача бугарскиот министер за внатрешни рбаоти Иван Демерџиев по случувањата на границата кога на бугарски граѓани не им беше дозволено да учествуваат на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, објави БНР.– Група бугарски граѓани беа запрени на границата, а над 40 минути беа проверувани полициските сили за кои имаше одбрение да ме придружуваат на таа посета. Ние презедовме дејства со Министерството за надворешни работи уште истиот ден. Побарав објаснување зошто и кои се причините, а како прва причина ние беше споменато прекин во електричната енергија, па денеска праќам три генератори на трите пункта за да има струја, изјавил Демерџиев.Тој информираше дека побарал нова средба со министерот Спасовски до крајот на неделава, но тоа најверојатно ќе се случи во Делчево, а не во Скопје.– Ја поддржуваме комуникацијата, но сакам македонската страна да разбере дека патот кон добрососедските односи и аптот кон Европа минува низ дејствија, а не низ зборови. Дејствијата треба да соодветствуваат на зборовите, вели Демерџиев.

Македонија | пред 3 години

329522649_909659323362239_2334333959318318744_n

МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот

Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.„Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен.Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност.Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732. “, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

329600763_583209267046651_410966830438205471_n

Пендаровски: Со ЕУ можеме да водиме преговори – да го дадеме Роки не

Во медиумите се појавија информации дека Пендаровски на претседателката на Унгарија и подарил шарпланинец, по што тој ги негираше ваквите натписи.„Гостинката има две преубави кучиња дома кои ги чува. Ова беше само да и покажеме еден домашен вид на куче раса која е специфична за ова поднебје. Со ЕУ можеме да водиме преговори – да го дадеме Роки не“, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

20230206115022

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Од голфот во кој загина гевгеличанец не остана речиси ништо

Гевгеличанец роден 1988 е возачот на автомобилот марка „голф“ кој почина откако се судри со тешко товарно возило кај клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци.Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип загинаа три лица во тешки сообраќајни несреќи.Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот од страна на истражните органи. Сообраќајот од Штип кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока се одвива по регионалниот пат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-06-103551

(ФОТО) Страшна сообраќајка синоќа во Куманово во која учествувало и полициско возило

Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.Во СВР Куманово вчера во 21.50 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И. од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.– Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово – соопшти полцијата.Фото: 4news

Македонија | пред 3 години

Screenshot_6

Метална цевка откачена од билборд на мост во Скопје, полиција го обезбедува местото

Вечерва, по пријава на единствениот број за итни случаи на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по безбедноста по граѓаните над булеварот „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, ЦУК, преку Секторот за операции и координација и регионалниот центар РЦУК Град Скопје, се преземени координативни мерки за отстранување на опасноста.Конкретно, за опасноста по граѓаните, ЦУК ги информираше институциите на Град Скопје, дека на границата меѓу општините Центар и Аеродром близу Железничката станица, е опасно надвисната метална цевка (најверојатно алуминиумска) од рекламно пано над коловозот на булеварот „Трета Македонска Бригада“.Во моментот информирањето, Полицијата го обезбедува местото, а екипи од надлежните институции на Град Скопје излегуваат на терен за интервенираат за да се отстрани опасноста за граѓаните кои поминуваат на тоа место во градот.

Скопје | пред 3 години

20221005154906

Ковачевски го осуди каменувањето на македонскиот клуб: Очекувам надлежните да ги санкционираат сторителите

Премиерот Димитар Ковачевски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград и бара сторителите да бидат санкционирани.„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодветсвуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави.Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-05-203422

(ФОТО) Нова депонија расте помеѓу МСУ и Француски гробишта: „Доста терате санитетски ПР по вашите блиски фирмички, опрајте го градов“

Ивор Мицковски објави фотографија од потенцијална нова депонија помеѓу Музеј на современа уметност и Француски гробишта.„Сите се прават наудрени дека не ја гледаат депонијава која расте помеѓу МСУ и Француски гробишта.Абе стока народ, стока фирми, стока институции.Цел град е ѓубре и искршен, Водно е полно гуми, лименки и пластика, воведете бе ебена служба која ќе казнува, преземете нешто бе европејци и прогресивци, доста терате санитетски ПР по вашите блиски фирмички и усрани лажни реалности.Опрајте го градов и државичево за сите, јебало вас едно опшество за сите“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

taravari

Што ќе ќари Таравари со влезот во Влада

Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство, денеска е договорено меѓу потенцијалните коалициски партнери – СДСМ и Алијанса за Албанците, објави Плусинфо.Неточни се информациите дека СДСМ е на чекор да го отстапи и директорското место во УЈП, неофицијално дознава Скопје 1.Партијата на Таравари бара и други  директорски позиции.Денеска се финализираат преговорите меѓу членовите на комисиите на СДСМ и Алијанса за Албанците, а резултатот од нив, според најавите од двете партии, утре ќе биде познат.

Македонија | пред 3 години

saso-tasevski

Тасевски: Дали и вие од СДС сфативте од какви примитивци очекувавте да ни бидат пријатели?

Акетрот Сашо Тасевски ги пофали полицајците на граничниот премин Деве Баир за смиреноста кога беа приведени Бугарите.„Морам да ги пофалам полицајците на Деве Баир. За смиреноста и моментот кога ги приведоа ѓубрињата. И малку им беше после нивното патолошко нецивилизирано однесување кон полицајците. На главниот полицаец кој се спротивствави на примитивците, она говедото од бугарашката фондација уште му се заканува.Се надевам и дека министерот на полицијата конечно сфати со кого си има работа. Дали и вие од СДС сфативте од какви примитивци очекувавте да ни бидат пријатели? Па тие беа. и уште се архи душмани на Македонците. Таче дали ти го сфаќаш ова? За Заев знам дека сфаќа...Жими Муров.Од нив пријатели не бидува.Заглавени се во 19 век Просто не можам да поверувам дека после нивната срамна историска епизода со Хитлер, потоа како сателит на СССР и денес како членки на ЕУ останаа толку затуцани. Со таков сељачки примитивизам и шовинизам.И уште во Устав сакате да ги внесете.А бе заборавете на таа глупа идеја.Тие нас за народ не не признаваат и со ништо не придонела за оваа држава. Напротив. Сакаат да не збришат од историјата како народ.Мора сите вие како партии после ова што го видовме од Бугарите последниве три години да им кажете НЕ за се.Немаме што да делиме со нив. Ниту некогаш сме имале.И тоа што ЕУ има таква членка и што ја трпи, кажува многу за ЕУ и нејзиниот ментален склоп и потенцијал.Со таква членка и такви кои стојат зад неа и го трпат нејзиниот отворен шовинизам и иредентизам, прашање на време е кога ЕУ ќе пукне од внатре и ќе се распадне.Па не Америте, ни господ нема да може да ја состави“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Ние сме Ахметисти, Ахметовскиот феномен секогаш победува

Артан Груби од ДУИ, вчера во Теарце изјави дека поддржувачите на ДУИ се поддржувачи на Ахметовскиот дух. Тој рече дека феноменот Ахметисти се студира од многу политиколози.„Вие сте приврзаници, поддржувачи на Ахметовскиот дух. Ахметовскиот дух кој денеска се студира од политиколози, читате колумни секој ден од македонски и странски автори каков е Ахметовскиот феномен кој победува војни, мир, победи и на избори, за 42 години по ред. Ахметовскиот дух цело време бараше војна, се бореше за правда, слобода и еднаквост и кога војната дојде тие избраа мир“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска: Ова плаче за протестна нота од МНР и барање за кривичен прогон на Виктор Стојанов

По објавата на претседателот на бугарската фондација Македонија ВИктор Стојанов во која нуди 200 евра за името на полицаец од Деве Баир, се огласи професорката Мирјана Најчевска:„Знаете дека ова плаче за протестна нота од МНР и барње од нашата држава до Бугарија за кривичен прогон на Виктор Стојанов?Ако не сте знаеле еве да ви кажам“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 3 години

IMG_5146

Пронајдени четири исчезнати лица на Кожуф

Денеска (05.02.2023 година, недела), Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше барање исчезнати четири млади возрасни лица на Кожув, коишто се пронајдени живи и здрави од ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи од Гевгелија и се упатени доцна попладнево кон своите домови.Инаку, пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена во 14.50 часот, денеска. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените лица, бидејќи лицата веќе повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа (04.02.2023 година, во саботата). Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четри броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба „Смрдлива Вода“, што е на подножјето на планината, кон месност „Мала Рупа“ на Планината Кожуф.Веднаш, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија, стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку кабинетот на Градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија. Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на Планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата „Смрдлива Вода“, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови.Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше и ја следеше ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.

Македонија | пред 3 години

327159178_606340884641474_8850804424106480478_n

ОМО Илинден Пирин: 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија, дали полицијата конечно ќе истражи овој пат?

Македонците во Бугарија бараат истрага за демолирањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.Синоќа околу 21 часот клубот е каменуван. Организацијата ОМО Илинден Пирин бара од бугарската полиција да го истражи случајот. Велат дека со години има слични инциденти.„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне - нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, пишува во текстот објавен на официјалната фејсбук страница на ОМО Илинден Пирин.Клубот е отворен во октомври минатата година кога имаше тензична атмосфера. Тогаш, бугарските медиуми тврдеа дека Вапцаров е бугарски поет, а сега неговиот клуб го демолираа. Имаше најави дека близу Пловдив ќе се отвори македонски клуб.

Македонија | пред 3 години

mnr-5

МНР ќе реагира до ЕП за навредите на Јорданов

Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир.Ќе испратат писмо до ЕП за навредите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој Македонците ги нарече „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“.„Сепак, со жалење, констатираме дека во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Република Северна Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава. Укажуваме дека во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и законите, како и на меѓународното право, надлежните институции на Северна Македонија се должни и ги превземаа сите неопходни мерки да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата. И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија. Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања