Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Otd-EonL_400x400

Димовски револтиран од коментарите за судијата Ставрев: „Смртта изгледа како подобра варијанта отколку животот во опкружување на ваква живина“

„Да дава господ да влечел нога овој проклет“, „Еј сега ќе си во пеколот, повикај ги и сите колеги“, се само дел од коментарите под објавата на веста дека починал судијата Огнен Ставрев.Обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи реагираше на коментарите кои се оставени од граѓаните.„Покојниот судија Ставрев не го познавав ни лично, ни професионално и не е мое да го ценам како судија и како човек. Можам само да речам: Бог да го прости и да го насели каде што почиваат праведниците.Ама видете ги коментарите под објавата на Сител.Стоката која зела да коментира нешто што е неминовно за секој од нас што се родил, а тоа е смртта. Со таква стока дишиме ист воздух. Смртта изгледа како подобра варијанта отколку животот во опкружување на таква живина“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

329369158_656140133179066_1046673411613773484_n

Левица: Пендаровски и Османи да го осудат кршењето на македонскиот клуб во Бугарија - бараме протестна нота за бугарскиот амбасадор

Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград - „Никола Вапцаров”, вели Левица.„Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин - исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид!Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје - Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид.Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија.Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник!За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров.Затоа не сме ниту сме биле исти - во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

received_667190318518757

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка. Биле претепани, по полноќ биле пуштени, откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци, изјави нивниот адвокат кој има канцеларија во Ќустендил. Двајца од нив биле и претепани, додаде тој, пренесе БНР.Адвокатот на тројцата приведени од партијата „Вазраждане“ двапати отишол во Крива Паланка како нивен бранител.„И двајцата беа модри…Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето…вечерва во 12:30-01:00 ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт На еден телефонот му го нема – исчезнало Имало камери, ќе правеле истрага… Со претседателот на „Вазраждане“ синоќа плативме вкупно 1.700 евра, лично таму во полицијата во Крива Паланка“ изјави адвокатот.

Македонија | пред 3 години

50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Полицијата ги пронајде: Млад скопјанец и сопругата заглавија во снежни наноси

На 04.02.2023 во 16.23 часот во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.

Македонија | пред 3 години

policija

(ВИДЕО) Спасовски горд на полицијата: Вака се постапува по европски ранг

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати честитки до сите организациони единици за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.„Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен - еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!Ви благодарам!МВР за ГРАЃАНИТЕ!“, стои во објавата

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бугарите ќе влезат во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка, вели Димитриевски

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство“ изјави градоначалникот на Куманово, во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.Димитриевски потенцираше дека Бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека Македонците настанале после 46-та година.Во емисијата, тој посочи дека во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.

Македонија | пред 3 години

ognen-stavrev

Почина судијата Огнен Ставрев кој го судеше Мијалков, но и предмети како Сопот, Монструм

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови. Тој судеше значајни предмети кои се познати во јавноста како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев изрече низа пресуди и за предмети од СЈО, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.Огнен Ставрев е син на Драгољуб Сраврев, претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), претседател на Извршниот совет на СРМ, градоначалник на Скопје кога градот се обновуваше по земјотресот.Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.

Македонија | пред 3 години

goce-delcev

Тодороска: Зошто Делчев не беше толку важен за Бугарите долгите години додека неговите мошти се наоѓаа во Бугарија?

Професорката Катерина Тодороска од Институтот за национална историја во интервју за Фокус објаснува дека во периодот кога живеел и делувал Гоце Делчев македонската етничка територија била под власт на Османлиската Империја.На прашањето врз основа на што бугарските историчари го темелат тврдењето дека Делчев бил Бугарин, професорката вели дека начинот на именувањето на поединците во османлиско време, всушност е основата врз која Бугарите слепо го темелат својот став.„А ставот им е инспиративен за многу прашања. На пример, нејасно е зошто Делчев не беше толку важен за Бугарите долгите години додека неговите мошти се наоѓаа во Бугарија? Зошто годишнините од раѓањето и смртта на Гоце Делчев ги одбележувале само неговите најблиски соработници? Зошто неговите блиски и следбениците на неговото дело ги заколнале поколенијата светите коски на Гоце да бидат погребани во главниот град на независна Македонија? Или зошто сите тие, бидејќи не биле благонадежни Бугари туку Македонци, свечено ги пренеле посмртните останки на Гоце делчев од Софија во Скопје?“, вели професорката.На прашањето каде погреши македонската Влада, а и Комисијата за историски и образовни прашања за сега да се доведеме во ситуација да треба да се докажуваме со Бугарија и нивните империјалистички барања да се легитимираат во процесот на ЕУ преговорите, професорката Тодороска вели дека Владата направи катастрофален чин со потпишувањето на исклучително штетниот по македонската држава т.н. Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, бидејќи е крајно неизбалансиран, без никаков историски темел, со срамни обврски за преговарање за нешта што никој не би преговарал.Комисијата за историски и образовни прашања е, вели таа, црешата на тортата на срамот која нѝ ја подготви Владата.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

vanco-gorgiev

Ѓорѓиев: Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме

На трибината насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.„Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети, при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата“, рече Ѓорѓиев.Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.„Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец“, дециден е Ѓорѓиев.Ѓорѓиев потенцираше да се запрашаат Бугарите каков е тој парадокс тоа да Гоце пишал Бугарин па го чкртнал па пишал Македонец. Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме.

Македонија | пред 3 години

20230205080342

Димитриевски за бугарски медиум: Зошто бугарската држава повеќе од 40 години не решила да го закопа Гоце Делчев некаде во Бугарија

Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарски медиум.Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија изјави дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европски.„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.Тој информираше дека за положување на цвеќе во Скопје чекал два часа, бил најавен во делегацијата и чекал затоа што такви биле мерките за безбедност.„Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“, рече Димитриевски.Кумановскиот градоначалник порача дека Бугарите мора да прифатат дека сме Македонци, инаку нема да се разбереме. Вчера денот беше тензичен, но немаше нереди. Чествувањето на херојот Гоце Делчев претходно беше оценето како настан од висок ризик.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-04-at-23.54.03

Спасувани скијачи на Шапка: Силен ветер, снег и магла ги заглавила на скијачкиот терен

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во мала куќичка во ски лифт на Попова Шапка, по што биле евакуирани со ратрак. Лицата се во добра здравствена состојба.– Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле на Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот „Г Стазата“. Поради лошите временски услови, силен ветер и снег и магла тие не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри – соопштија од ЦУК.РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на ратрак околу 16 часот младите лица биле симнати на безбедна локација.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-04-at-14.09.36

Судиите немилосрдни кон Бугарите кои се судија со полицајците на граница: Експресно протерани, добија забрана и парична казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија. Судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години. Ќе треба да платат и по 300 евра казна за сторениот прекршок. Ваков е исходот од нивното изведување пред судија на претходна постапка.Меѓу уапсените, а сега протераните е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев. Тој тврди дека бил тепан од полицајците, а тоа го пренесоа и медиумите од Бугарија. Од видеото споделено на социјалните мрежи се гледа само како тој е уапсен бидејќи не почитуваше наредба од службениците кои побараа од него да не снима, како и поплака зошто го апсат и да не го удираат.Инцидентот се случи попладнево, кога тој и други граѓани останаа на границата „Деве Баир“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-04-at-14.09.39

(Видео) Бугарски пратеник лелекаше кога го апсеа на македонска граница, а по низа провокации кон полицијата

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија - Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, пишуваат бугарските портали.Како што пишува бугарскиот портал „24 Часа“, бугарски државјани подолго време биле задржани на граничните пунктови за Северна Македонија. Денеска многу луѓе патуваат поради 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, македонските власти долго време не ги пуштаа автомобилите со образложение дека имаат проблем со системот.Бугарските портали објавија и видео преземено од фејсбук профилот на Георгиев, кој покажува автомобили наредени, кои со часови чекаат да ја поминат границата.Во видеото се слуша како маж вика кон граничарите дека македонските власти привеле маж од автомобил кој чекал на граница.„Зошто го внесовте, зошто го правите ова“, им викал човекот на граничарите. После тоа започнал судир меѓу македонските граничари и Бугарите.Пратеникот од „Вазраждане“ пред две недели стана татко. Од прес центарот на партијата засега нема информации за неговата состојба, пишува бугарскиот портал „24 Часа“.

Македонија | пред 3 години

received_711632503753975

Ковачки до премиерот: Не е првпат Груби да не се поклонува при оддавање почит

Ковачевски, кога веќе лажно оддаваш почит на тој со кој правиш пазар со Бугарите, внимавај на изборот на делегацијата што ја водиш, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ."Ова не е првпат првиот ви вицепремиер Артан Груби да не се поклонува при оддавање почит.Не е важно што со тоа ве понижува вас кои сте со него во делегација, туку што Вие како негов претпоставен дозволувате да го понижува најсветлиот лик од македонската историја.Ковачевски, во Ваше присуство дозволувате Вашиот заменик да се подбива со сите Вас а со тоа и со цела нација.Вие со Вашиот однос и субмисивност сте елементарна непогода после која мора да имаме генерално чистење и средување", додава тој.

Македонија | пред 3 години

received_667190318518757

Тензично на границата „Деве Баир“

Тензично на границата „Деве Баир“.Дел од граѓаните од Бугарија кои се уште се заглавени на граничниот премин со пцости кон македонските полицајци сакаат да ја преминат границата.И покрај обидите на полицијата да ја смири ситуацијата, бугарите не престануваат со недоличното однесување.Поради падот на системот на нашиот граничен преин од МВР информираа дека селективно ќе се пропуштаат само итните случаи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања