Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

sveti-spas-3

Мицковски: Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат, боже какви незналици се ова

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат, реагира Ивор Мицковски во својот статус на социјалните мрежи.„Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот.Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани.Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло.Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации.Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

1-4

Спасовски против амнестија за „27 април“: Неказнивоста може да предизвика проблеми

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени”, во однос на предлог законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.– Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност – дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување – истакна министерот Спасовски.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени”, во однос на предлог законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.– Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност – дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување – истакна министерот Спасовски.

Македонија | пред 3 години

sveti-spas-2

(ФОТО) Стотици полицајци и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

Стотици полицајци, неколку точки за преглед и проверка, претреси на чанти.Вака изгледа влезот во црквата Свети Спас утрово. Пристапот е ограничен. Настанот е од висок ризик.Центарот на Скопје го надлетуваат и хеликоптери.Прславата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе тече под строги протоколи и со акредитации.Македонски, но и бугарска делегација ќе оддадат почит на великанот во црквата Свети Спас. Официјалниот настан почнува во 9 часот, кога претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред гробот на великанот.

Македонија | пред 3 години

317150794_1265692203988399_3418978141005225156_n

Дојави за бомби во осум средни училишта

Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Нови цени на горивата, РКЕ објави колку ќе чини нафтата и бензинот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 1.2.2023 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 78,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 4.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,346 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,027%, кај дизелот за 4,547%, кај екстра лесното масло за 3,844% и кај мазутот зголемување за 0,892%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,018%.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-3199

Платите на лекарите во Македонија се добри, тие бегаат поради малите канцеларии во кои работат, вели Сали

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.Тој вели дека според стандардот, тие се добри.„Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш во канцеларија од 2 квадрати“, вели Сали.

Македонија | пред 3 години

banki-2

Добивме нови над 50 милиони евра од ЕУ, европскиот пат носи придобивки за граѓаните, вели СДСМ

Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот, вели СДСМ„Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови ни одобри уште три проекти, во вредност од над 50 милиони евра.Средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.Во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија-Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици Осломеј 1 и Осломеј 2, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.Ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.Европските фондови за енергетската независност и за заштита на животната средина носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

spasovski

Спасовски упати апел за смиреност по повод чествувањето на 4 Февруари: Никој не смее да биде и нема да биде над државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев:„Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никогоТука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата“, вели спасовски

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Најчевска бара Бектеши да биде разрешен: Што си замислуваат високите функционери, новинарите служат да им прават реклама?

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека министерот за економија Крешник Бектеши треба да биде веднаш разрешен. Според неа, неговиот однос кон новинарите е кршење на Конвенцијата за правата на човекот. Најчевска, јавно постави пет прашања поврзани со тоа, како функционерите гледаат на новинарите.„Ова не е просто вербален напад на новинар/и, ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот (право на информирање). Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања. И многу ме интересира што си замислуваат високите функционери во нивните глави? Зошто служат новинарите? Да ги слушаат и да паѓаат во несвест од нивната мудрост? Да ги пренесуваат нивните бесценети пораки до граѓаните? Да им прават реклама? Навистина ме интересира. Јас ете не можам да влезам во токот на мислите кој би довел до една ваква изјава“, пишува Најчевска.Реакцијата на професорката доаѓа откако министерот за економија, Крешник Бектеши, одново се скара со новинарите во прес-центарот на Владата.

Коментари | пред 3 години

akademik-10

Адвокатот Јанаки прашува дали на гробот на Гоце Делчев ќе има бугарска полиција?!

Има непотврдена информација дека наводно ќе биде дозволено присуство на бугарска полиција демек да ги штити провокаториве, пишува на Фејсбук адвокатот Јанаки Митровски.„Доколку ова се испостави како точно, да се посипеме со пепел бидејки тоа би било отворено признание дека држава немаме и остварување на нивниот влажен сон-враќање на бугарската чизма во Македонија.Јас и мојот пријател, брат и соборец Dragan Pesevski ќе бидеме присутни на позиција и НЕ МРДАМЕ!Колумна на адвокат Јанаки Митровски, дел од серијалот Разумен сомнеж, fokus.mk“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot_709

(ВИДЕО) Средбата на Тоше и внуката на Гоце: Јас сакам Македонија да раѓа уште многу такви деца и да знаат дека се потомци на Гоце, на Каревци

На социјалните мрежи денеска по повод роденденот на Гоце Делчев граѓаните објавија видеа од “старите добри времиња” кога Македонците се чувствуваа најгорди токму на овој ден.Во низата видеа посебна емоција предизвикуваат две снимки од Тоше Проески и внуката на Гоце Делчев, Катерина Трајкова Нурџиева.“Јас сакам Македонија да раѓа уште многу такви деца и да знаат дека се потомци на Гоце, на Каревци, на славните луѓе на Македонија”, му вели Трајкова на Тоше кој подоцна ѝ ја пее “Зајди, зајди”.

Македонија | пред 3 години

joci-111

Јоци: Спасовски ќе правел анализи за Џамбаски, подобро би било да си ги пакува куферите

За најавите за забрана за влез во Република Македонија за одредени бугарски граѓани и како државата би се справила со тоа, Спасовски, вели дека опциите зависат од анализите што се прават.„Клучно за нас ќе биде дали имат намера, било какви структури кои сакаат да се организираат, да предизвикуваат проблеми, да изразуваат непочит спрема државата, граѓаните и врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Сите опции се отворени, а постојат и законски основи кои укажуваат дека за секој еден кој сака да го наруши достоинството, безбедноста, јавниот ред и мир треба да се преиспита начинот за тоа. Опциите ќе зависат во основа од анализите кои ги правиме во штабот, на основа на собрани податоци и информации и на крајот одлуката треба да биде во функција на мирно, достоинствено чествување со кое ќе покажеме дека знаеме да ја сочуваме стабилноста. Меѓутоа во едно треба да бидат сигурни граѓаните, а тоа е дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и народ“, вели Спасовски.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача на министерот дека подобро е да ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка.„Оливер Спасовски ќе правел АНАЛИЗИ за Ангел Џамбаски Подобро би било да си ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка од Уран каде живееше 6 години. Освен ако не мисли последен да дознае дека прикаската на СДСМ заврши.Прашан можно ли е некому да не му биде дозволено да ја помине македонската границата и конкретно како ќе биде постапено доколку в сабота во земјава пристигне европратеникот Ангел Џамбаски, Спасовски повтори дека секоја одлука ќе биде согласно анализите.– Реков дека анализи ќе се прават и врз основа на тие анализи ќе ги носиме одлуките во секој поглед. Меѓутоа едно треба да бидат сигурни граѓаните дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ, порача Спасовски“, стои во објавата на Јоци.

Коментари | пред 3 години

akademik-10

Митровски: Доктор Менгеле и извади пола органи на родилката од Дебар, лабаво си доби условна и Лекарска комора не му ја зема лиценцата

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи.Оваа одлука на социјалните мрежи ја искоментира адвокатот Јанаки Митровски.„Доктор Менгеле од Струга што и извади пола органи на родилката од Дебар, и покрај тоа што не призна вина и си тераше постапка, денес лабаво си доби условна.А да, и Лекарска комора не му ја зема лиценцата, не гледаат луѓето ништо спорно.Пак ќе си тера лекар бидејки не видов со пресудава да му се забранува да врши дејност“, вели Митровски.

Коментари | пред 3 години

328885559_3499889186908719_816559639847099470_n

(ФОТО) Комбе се преврте пред стража

Товарно возило марка Пежо денес се преврте пред Стража.За сега нема информации како се случила несреќата и дали има повредени во истата.Полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.

Македонија | пред 3 години

pasosi-2

Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.„Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе“. Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) – компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.„На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји“, наведува Наираметрикс.„Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања