Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

pasosi

За 200 до 400 илјади евра може да се добие македонски пасош, на интернет се продаваат како алва

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.„Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе“. Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) – компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.„На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји“, наведува Наираметрикс.„Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина.

Македонија | пред 3 години

vilijam-mihajlovski-gajda-696x446-1

Уставобранителот Михајловски: Не ми треба амнестија за нешто што не сум сторил! Најважно ми е пред Божјиот суд да бидам чист!

Вилијам Михајловски-Гајда, осуден на 13 годишна затворска казна за крвавите случувања во Собранието на 27 април, бара да не биде амнестиран за случајот. Ова доаѓа откако три адвокатски канцеларии поднесоа предлог-закон за амнестија, а со кој, ќе бидат ослободени дел од осудените, додека на останатите ќе им се намали изречната казна. Михајловски, осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок, огласувајќи се во јавноста, посочи дека не бара амнестија.„Доколку ЈО за организиран криминал има докази дека терористички сум го загрозил уставниот поредок со моето влегување во Собрание на Република Македонија, во кое влегоа уште 5000 луѓе, слободно можете јавно да ги објавите и судовите нека судат. Но да знаете нема само Македонија судии, има меѓународни судови на кои оставам да одлучат дали терористички сум го загрозил уставниот поредок. Доколку амнестијата е со цел да потпишам дека сум го сторил делото и ме амнестираат за тероризам тоа никогаш нема да го потпишам. Јас тврдам дека во ниту еден момент не сум имал умисла и во ниту еден момент терористички не сум го загрозил уставниот поредок на Р.Македонија. На Обвинителството останува да докаже дека терористички сум го загрозил уставниот поредок“, пишува во објавата.Михајловски-Гајда, посочува дека шеста година е во затвор и не користи викенд погодности.„Затоа останувам да лежам и преку правни алатки ќе оставам тие од организираниот криминал да докажуваат дека терористички сум го загрозил уставниот поредок. Повторувам уште еднаш, доколку целта е да ни дадат амнестија за терористичко загрозување – не, фала, не ми треба амнестија за нешто што не сум го сторил. Не се плашама од овие судови и обвинители, ама ич, овде во Македонија се е корумпирано, судиите си играат пиши-бриши. Е па господо судии, јас не сум бил државен функционер да имам пари, за да подмитувам. Најважно ми е пред Божјиот суд да бидам чист. Бог е тој што може да ми суди. Мое барање за амнестија може да гласи дек барам праведно судење – а не амнестија“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

bugarski-pasosi

Покрената онлајн петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци

Бугари кои се членови во социјалната група „Бугари од Македонија” започнаа онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија, пишува Фокус.Како што е наведено во петицијата, групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.Петицијата веќе има стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.

Македонија | пред 3 години

zatvor

По бегството на Мемети, суспендирани уште тројца вработени во КПУ „Идризово“

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети.Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда.-Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави Стојановиќ во емисијата „Топ тема“.

Македонија | пред 3 години

alijansa-za-albancite

Без политичка волја невозможна е ефикасна борба против корупцијата, вели Алијанса за Албанците

„Индексот на перцепција на корупцијата 2022“ е уште една независна потврда на она што Алијансата за Албанците постојано го осудува. Во последното мерење на степенот на перцепција на корупцијата за 2022 година, „Транспаренси интернешнал“ прецизира дека кај нас институциите надлежни за прогон на корупцијата и организираниот криминал се недоволно финансирани и нивната независност се поткопува од политиката, дека судството е политизирано, додека правдата останува селективна во случаите на корупција на високо ниво, вели Алијанса за Албанците„Алијансата за Албанците смета дека недостатокот на политичка волја ја оневозможува ефективната борба против корупцијата и дека решението е едноставно, односно неопходен е ветинг, одземање на незаконски стекнат имот, удвојување на инвестициите во правосудството и антикорупциските институции.Алијансата за Албанците има и политичка волја и храброст да ги поттикне реформите во правосудството и да води бескомпромисна војна против корупцијата“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 3 години

taravari

Таравари: Бејта си е приказна сам по себе

Претседателот на Алијанса за Албанците и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари, реагираше на изјавата на некогашниот градоначалник на Гостивар и актуелен член на „огнената група“ во ДУИ, Невзат Бејта, кој рече Таравари победил на изборите во Гостивар со помош на Талат Џафери.„Господинот Бејта е легенда! Тој си е приказна сам по себе. Не би го коментирал тоа, зашто јас и никогаш не сум коалицирал со никого. Но Бејта си има предрасуди, тој прави заговори и тој самиот се однесува така како што критикува други“, рече Таравари во интервју за „Алсат“.Тој на Бејта му порача дека „никогаш не седнал да преговара со Артан Груби и Талат Џафери“.„Сепак, знам дека имаше истакнати членови на ДУИ, кои токму поради Бејта, гласаа за мене“, рече Таравари.

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

„Колку треба да не те бива за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да имаш едвај 11 членови на Влада“, вели Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи коментира дека власта предводена од СДСМ не ја бива за преговарање.Тој зборува за распоредот на сили во владината коалиција.„Колку треба да НЕ ТЕ БИВА за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да „избоксуваш“ да имаш едвај 11 членови на Влада (од вкупно 21) - а партиите на албанското малцинство, со 28 пратеника, да имаат 10 членови на Влада!? p.s. Е овие истиве, во наше име, преговараат со Бугарија и со ЕУ!“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Biljana-Ivanovska

„Познат човек на „Водњанска“ продолжува да гради, иако инспектор двапати пишува решение за уривање“, вели Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вечерва во гостувањето на „ТВ21“ наведе случај со објект во Центар, на улицата „Водњанска“ („Мајка Тереза“), кој продолжува да се гради на диво, иако општината повеќепати издала решение за уривање.„Колку имате вие инспекциски наоди за дивоградби. Инспекторот ќе напише: ова треба да се сруши… еве ви го случајот на „Водњанска“ со познат човек кој е инвеститор на објект. Објектот изграден на четири-пет ката, доаѓа инспектор од општина Центар, двапати пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи, тоа е за срамота!, рече гневно Ивановска во емисијата „Клик плус“.Таа додаде во моментов антикорупционерите го работат овој предмет.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

„Се работи за крпење и лепење на една дупка“, Димитров за најавеното влегување на Алијанса во влада

Алијанса на Албанците и без влегувањето најавува дека би гласала за уставните амандмани, што значи дека доколку овој чекор се случи не прави разлика во таа смисла, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител говорејќи како гледа на најавеното влегување на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ.Димитров смета дека владата во немоќ да испорача вистински реформски чекори се обидува да избега од одржување на предвремени парламентарни избори со оглед на бројките и анкетите кои се многу лоши.– Мислам дека повеќе се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока, а што анкетите ја покажуваат, а тоа е дека, за жал, се изневерија надежите и вредностите на Шарената револуција. Имаме еден многу лош исход од овој проблем и маките со Бугарија, и има една немоќ да се испорачаат вистински реформски чекори дома. И затоа ова не може да биде ништо друго, освен обезбедување на уште некое време за да не се оди на избори брзо, туку да се оди на избори идната пролет за да се зголеми мнозинството бидејќи бројките и анкетите се многу лоши, да се купи уште некое време, за жал за поприлично спорно владеење и тоа го гледаме – истакна Димитров.

Македонија | пред 3 години

Kuzeska

СДСМ ги продолжува разговорите со Алијанса за Албанците, ќе се формира работна група

Изввршниот одбор на СДСМ на денешната седница разговараше за економските политики на владата, претаседавањето со ОБСЕ, текот на скрининг процесот со ЕУ и можноста за проширување на владиното парламентарно мнозинство, изјави Кузеска на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на извршниот одбор на СДСМ.„Окрупнување на владиното мнозинство што значи приклучување на нов политчки субјект Алијанса за Албанците покрај постојните политчки партии.Ковачевски инфомриаше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел за можна соработка. Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија а со тоа идиректно да придонесат кон остварувањето на стратешките национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учествоИзвршниот одбор едногласно одлучи партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса за Албанците врз основа на политички и програмски принципи. За понатамошните разговори, извршниот одбор одреди работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и генералниот секретар Миле Зечевиќ, членот на централниот одбор на СДСМ Љупчо Николовскикако и координаторот на пратеничката група во собранието Јован Митрески.Соработката со Алијанса ќе даде додадена вредност за граѓаните и државата особено во однос на унапредување на владеење на правото и борба против корупцијата, забрзан економски развој, зголемување на ефикасноста во собранието, справување со енергетската и економската криза, унапредување на добрососетските односи. Ова ќе значи зголемување на парламентарното мнозинство, тоа е чекор напред за проширување на сојузот заподдршка на членството во ЕУ“, вели Кузеска.

Македонија | пред 3 години

taksi

Петрова за случајот со таксистот кој допирал девојка по телото: Нам не ни треба општествена реформа, нам ни треба реформа во умовите!

Коментарите под веста: „19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“ ми потврдија само дека под вакви и слични наслови секогаш постојат неписмени безделници коишто си ги лечат своите фрустрации. Ним не им е битно дали е 4.20 наутро или 12 на пладне, секако ќе го напишат тоа што го мислат. Поминаа седум месеци откако јас го пријавив мојот случај и уште чекам да го фатат манијакот, кој патем, го пишуваат и опишуваат по социјалните мрежи. Додека чекам МВР да се разбуди, одлучив со мојот говор за Ораторската вечер „Иво Пухан“ јавно да ги поддржам жртвите да бидат силни и да не молчат. #СамаСиГоБарала, вели Ведрана Петрова во својот статус на социјалните мрежи.„Фројд вели: Конфликтот помеѓу волјата да се негираат ужасните настани и волјата да се кажат гласно е централната дијалектика на психолошката траума. Дијалектиката на траума предизвикува сложени, понекогаш чудни промени на свеста, кои Џорџ Орвел ги нарекува „двојно размислување“, а професионалците за ментално здравје „дисоцијација“.Уште од мали нѐ учат дека заради нашата безбедност треба да гледаме на лево-на десно кога поминуваме улица, дека секогаш треба да бираме осветлена траса за да стасаме до нашата дестинација, дека не треба да зборуваме со непознати, дека јавниот превоз без оглед дали е автобус или такси е најсигурното и најбезбедното место.Во ова последново, верував и јас до денот кога мојата прва роденденска честитка беше од манијак што пред мене се самозадоволуваше во преполн автобус. Да, во полн автобус, сред бел ден! Никој од патниците не реагираше. Никој! И сѐ уште никој не реагира, иако случајот го пријавив во полиција и таму го поминав преостанатиот дел од мојот роденден. Барем да ги почастев нешто. Па, нели имаме камери!? Safe city system? Имаме полиција која дава резултати! Имаме безбедна држава... имаме што на мое интересирање дали има нешто ново инспекторите ме викнаа на препознавање после три месеци и ми покажаа слики на лица кои ни приближно не соодветствуваа на описот што им го дадов. На одење ми дадоа задача. Ако го видам да го задржам или во најмала рака да го сликам. Толку! Господе фрли тула, ама биди прецизен!Да ве потсетам, според член 190 од Кривичниот законик: Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.Господа, колку од вас преземаат нешто за да спречат да бидат сексуално нападнати? Слободно кренете рака. Како што претпоставував, се чувствувате непријатно во својата кожа, ова не е трик прашање, но вашиот одговор очигледно е ништо. Не размислувате за тоа, нели?Драги дами, вас нема да ве прашам. Зашто знам дека ни стана навика. Кога сме сами ги стискаме клучевите или чантата како потенцијално оружје, гледаме на задното седиште на сопствениот автомобил пред да влеземе во него, ги затвораме сите прозорци кога спиеме, спиеме со светло, мобилниот телефон секогаш ни е при рака, не се качуваме во лифт со мажи, особено ако се непознати, носиме бибер спреј, трепериме, молчиме...Е па, јас одлучив да не молчам! И не ми е срам! Прочитав еден куп гадотии од тоа „нека се шета гола и никој нема да ја погледне, до најзачудувачкиот: „Подобро ли е да бил геј? Треба да се награди“. Бев згрозена од коментарите, особено од жени, мајки кои се влезени во филмот дека вината е секогаш во нас – жените и дека „сами си го бараме“. Ме силуваа манијаците со своите коментари, ме силуваа жени чии ќерки можеа да бидат на мое место, ме силуваше другар кој не знаеше дека јас сум таа. Делеа совети, правеа свои приказни, судеа, колнеа...Нам не ни треба општествена реформа, нам ни треба реформа во умовите! Ни треба некој што на ваквите „експертки“ ќе им објасни дека на манијакот не му е потребен повод, зашто е болен, исто како кога си болен и кашлаш, не кашлаш намерно, туку оти си болен. Ни треба некој што на „хероите“ во автобусот што гледаа и молчеа додека јас го удирав, да им укаже дека секое недејствување е соучесништво во кривичното дело. Само тогаш може да се надеваме дека сме тргнале на пат кон здраво општество.Јас ја кажав мојата вистина и преживеав! Затоа девојки, жени, мајки ако некогаш сте биле или бидете во ваква ситуација, не чувствувајте вина, ниту срам зашто вината е на оној што се осмелил да посегне по вашето тело, а срамот е на државата што не се потрудила да ги научи мажите да не силуваат и да го почитуваат нашето „не“!Бидете гласни, не молчете!One Can - Youth“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

arsim_zekoli

Зеколи со прашања до Агелер: Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување на опозицијата?

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи на Твитер поставува четири прашања до Американската Амбасада во Македонија во врска со функционерот на ФБИ кој ја водеше истрагата за руските врски на Доналд Трамп за на крајот да излезе дека тој самиот имал врски со руски линкови на Путин.„Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија.1.Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?2.Дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?3.Дали тековните напори за “зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Рама?4.Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?“, стои во објавата на Твитер.https://twitter.com/ArsZek/status/1620238183463260160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1620238183463260160%7Ctwgr%5E8d2f8be50c570e53c4af22dc111641d40b6b9fa2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakedonskivesnik.com%2FD0B7D0B5D0BAD0BED0BBD0B8-D181D0BE-D0BFD180D0B0D188D0B0D19AD0B0-D0B4D0BE-D0B0D0B3D0B5D0BBD0B5D180-D0B4D0B0D0BBD0B8-D0BDD0B0D198D0B0D0B2%2F 

Коментари | пред 3 години

stojance-angelov

Ангелов бара амнестија за 27-ми април: Го амнестиравме УЧК, време е Македонците да си подадат рака

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов побара амнестија за осудените за 27-април. Тој вели дека сите припадници на УЧК кои во 2001 ја нападнаа државата и убиваа македонски војници и полицајци беа амнестирани, па така Македонците, но и сите други треба да си подадат рака и да си простат.„Со Законот за амнестија од март 2002 година сите припадници на УЧК кои во 2001-та ја нападнаа дежавата и убиваа македонски војници и полицајци беа амнестирани. Беа амнестирани и оние кои ги убија 8-те бранители во заседата кај Вејце но и оние кои ги убија 10-те македонски бранители во заседата кај Карпалак како и оние кои ги убија 8-те македонски бранители кај Љуботенски Бачила.Како тоа да беше малку, во 2011 година, со Автентичното толкување на Законот за амнестија македонското Собрание ги амнестираше и оние кои извршија воени злосторства убивајќи 12 невини македонски цивили собрани од улица или од нивните домови. Беа амнестирани и злосторниците кои највулгарно и ѕверски се изживуваа врз киднапираните мавровски работници.Војната од 2001-та веќе одамна е зад нас. Во Македонија тече процесот на помирување. Помирување помеѓу Македонците и Албанците но и помирување помеѓу припадниците на македонските безбедносни сили и припадниците на УЧК.И покрај сите слабости и недостатоци процесот на помирување ја направи Македонија далеку побезбедна и постабилна земја од она што беше некогаш, и повеќето од нас, заедно, успеавме да направиме огромен безбедносен чекор напред, помагајќи и на Македонија да влезе во најголемиот воено политички сојуз во светот, НАТО.Но, процесот на помирување не треба да застане овде. Ние, македонските бранители од Достоинство, одамна зборуваме за процес на внатрешно помирување помеѓу самите Македонци бидејки внатре-македонската нетрпеливост и омраза наместо да се намалува и полека да спласне или исчезне, од ден на ден, станува се поголема и поголема, зголемувајки го јазот помеѓу Македонците во татковината и во светот.Доволно е само различно мислење за иста тема за да дојде до изблик на вулгарни навреди, нетрпеливост и омраза а понекогаш и закани или физички пресметки.Еден од најсензитивните настани кој драстично ја зголеми и сеуште ја зголемува нетрпеливоста помеѓу Македонците е и крвавиот 27 април 2017 година, настан кој за малку ќе ја турнеше државата во безумна граѓанска војна. Постоеше опасност да почнат да се убиваат Македонец со Македонец, брат со брат, татко со син, само затоа што припаѓаат на различни политички страни.Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план.Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца.Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април.Како Достоинство, први, уште на 28 април 2018 година, додека во знак на почит кон 8-те загинатите херои палевме свеќи и полагавме цвеќе на местото на заседата кај Вејце, повикавме да се развие дебата за амнестија на тогаш обвинетите за 27 април.Според нас од Достоинство, тие не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор.Додека некои ветерани од УЧК со години се наоѓаат на високи државни позиции, меѓу лицата кои гнијат во затвор осудени за 27 април е и поранешниот началник на полициските специјални единици, храбар бранител од 2001-та.Како непосреден учесник во воената 2001-ва, како тешко ранет бранител од борбите во Арачиново, јас смогнав сили да си подадам рака со тие кои ме ранија и почнав да работам на процесот на помирување помеѓу Македонците и Албанците, помеѓу бранителите и УЧК.Затоа, си земам за слобода уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги повикам Македонците но и сите други, да си подадеме рака, да си простиме, да покажаме милост, и сите заедно да продолжиме напред, бидејки кој и да е на власт, Македонија сеуште ја чекаат тешки и неизвесни времиња. А нам бранителите од Достоинство, Македонија ни е се’ што имаме!Поаѓајќи од овој наш став, Достоинство дава целосна подршка на иницираниот Предлог-закон за амнестија на учесниците во настаните од 27 април, кој од неколку адвокати е испратен до македонското Собрание. Воедно, ги повикуваме сите пратеници, без разлика на верската, етничката или партиската припадност, да дадат подршка на оваа иницијатива, да го предложат и изгласаат овој Закон.Ги зедовме во предвид и укажувањата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски дека правдата ќе биде задоволена само тогаш кога Врховниот суд ќе го врати овој предмет во прв степен а потоа би била донесена ослободителна пресуда. Без да навлегуваме во тоа колку е реална оваа можност во разумен временски рок, мораме да констатираме дека времето безмилосно тече и секој еден ден кој овие луѓе го поминуваат во затвор е ден помалку поминат со нивните семејства, со нивните родители, сопруги и деца.Затоа, час поскоро амнестија на осудените за крвавиот 27 април но воедно ова да биде последна групна амнестија дадена од македонското Собрание“, вели Ангелов.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

„Апсурдно е учениците од Математичко информатичката гимназија да имаат по само еден до два часа дневно“, вели Сојуз на средношколци

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко информатичката гимназија бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.„Непречениот образовен процес е уставно и законско право на секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за 8 стручни предмети во МИГ.Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по Математиката и Информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот. Ја потсетуваме јавноста дека Сојузот на средношколци се залага за отворање на две нови селективни гимназии - Јазична гимназија по примерот на Филолошките гимназии во Белград и Сараево и Хуманистичко-општествена гимназија по примерот на францускиот образовен систем.Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди - не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Оставка од Филип Андов - Сокол и одговорност од Тупанчевски, бара ВМРО-ДПМНЕ

Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов - Сокол. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот, вели ВМРО-ДПМНЕ„Да потсетиме пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена.Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија.Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов - Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов - Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш.Јавноста логично прашува дали врската со мафијата на власт и корупцијата затворски врати отвора?Одговорност за бегствата и за решето затворскиот систем мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања