Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Ако се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе бараме реакција од државата, ако не, никој нема да може да ги спречи кумановци

Во име на мојата општина, на 4 февруари полагам цвеќе на гробот на Гоце Делчев. И годинава сме пријавени и очекувам одобрување. Апелирам до граѓаните на достоинствен начин да го испочитуваме ликот и делото на Делчев. Исто така, апелирам до оние кои ќе дојдат од Бугарија да покажат достоинство оти доаѓаат да почитуваат еден голем ревелуционерен лик. Не смееме да забрануваме некој да влезе во земјата, но полицијата и безбедносните служби треба да ги детектира личностите кои сакаат да направат проблем и тоа да го решат со време, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во емисијата студио 10 на ТВ24.-И Џамбаски и кој било друг што нема да ја почитува земјата, што ќе ја негира земјата, ако го сторат тоа сега треба да им се забрани понатамошен влез во Македонија, вели Димитриевски.Тоа што го кажа Османи во Бугарија повлекува барање за оставка, вели Димитриевски за изјавата на министерот за надворешни работи со која рече дека повеќе ѝ верува на една странка во случајот отколку на органите на законот и правдата.-Македонија е демонтирана држава, службите се демонтирани. Денес нема кој да соработува со службите во заштита на државата – а тоа не е срамно – затоа што луѓе беа лустрирани затоа што работеле за Македонија, вели Димитриевски додавајќи дека државата станува се послаба.Куманово е мултикултурен град на толерантни луѓе, вели Димитриевски за најавите за отворање уште еден бугарски клуб овојпат во Куманово. -Кај нас сите се добредојдени ако сте добронамерни. Ако не сте добронамерни и не негирате, Кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат, вели Димитриевски додавајќи дека прагот на толеранција не смее да се премине.-Ако има обид да се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе ги повикаме официјалните, државните служби да реагираат. Ако тоа не се случи, никој не може да ги спречи кумановци да се самоорганизираат, вели Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Димитров: Се будиме со извинувања кон Бугарија, станавме бугарска провинција

Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи, во емисијата „Утринска“ на Телма побара од власта да не се однесува, како што рече, како бугарска провинција и да превземе мерки доколку е потребно во однос на европратеникот Ангел Џамбаски доколку планира провокации на 4 февруари, пишува Фактор.– Тоа се територијални претензии и мора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција и апсолутно целосно легитимно е да превземеме мерки, но се потекнува од првото – да се соочиме дека ќе има проблеми со Бугарија ако се преправаае дека не постојат, искоментира Димитров.Тој ја искритикува власта дека секое утре се буди со извинување кон Бугарија.– Нас ни треба пред се да избегаме од оваа панична автоцензура, во која ќе треба денот да го започнуваме со извинување кон Софија, Треба да се смириме, да седнеме широко и да видиме како да излеземе од овој чвор. Немаме правна гаранција дека ова воопшто води кон ЕУ, нека влезе некој европски олеснувач да седне со историчарите, ако Бугарија има црно на бело дека сме вештачки, па Берлин и Париз нека дадат свои официјални изјави дека се радуваат дека еден ден македонскиот јазик ќе стане дел од ЕУ. Ова со амандманите е врзано со негацијата, да разговараме и за Бугарите во Уставот, но да влезе во сила кога ќе станеме членка во Брисел, нафрлуваше Димитров.Во критиката кон власта, тој дополни дека таа не се труди да добие некакви гаранции за тоа со што би завршиле бугарските условувања.– Нашата власт се однесува неодговорно кон својот народ, бидејќи не се потруди да добие некакви гаранции дека ние имаме некаква цел. Европа не ги испорача своите верувања и ние имаме одговорност спрема нашипот народ, дека имаме пакет што ќе има некаква смисла. Ние сега немаме таков пакет. Почнавме преговори, или не почнавме преговори? Комисијата на историчарите ќе биде услов или нема да биде услоив?, прашува тој.Поранешниот дипломат вели дека и кога бил официјално министер, не молчел за овие проблеми.– Кога немате аргументи, фрлате лично дрва и камења, но да се вратиме на суштината – од Стразбур во дебата со Захариева сите мои настапи биле на овие принципи – еднаш за 11 Октомври во Прилеп кажав дека ако е цената јазикот и македонскиот идентитет – нема ЕУ, тоа го кажав како член на Влада, рече Димитров.Вели дека не може да разбере зошто одеднаш власта да се откаже од македонските позиции.– Европската перспектива има три предизвици – Бугарија со оваа амбиција, наместо да ни бидат вистински пријатели они отворено станаа непријатели, второр- неспремноста на политичките партии кои се однесуваат како дуќани со корупција, партизација, клиентелизмот и капацитетот да се спроведуваат европски политики дома. Владата мавта со знамето на ЕУ а дома не одалечува и третиот предизвик – не само што нема брз воз, туку нема воз а и шините се подизместени.Имаме неизвесност од ЕУ, неизвесност од бугарска страна и немаме политичка волја од нашите политичари да работат дома. Илузија е дека некој од надвор ќе дојде и дека ќе ги бере нашите гајлчињ, тврди Димитров.Порача и дека како член на Владата се залагал да се решат и други проблеми, надвор од дипломатијата, но дека како поединец немал доволно моќ и влијание.– Бев против легализација на дивоградби, на вили од милиони евра во националните паркови, приватизација на надлежности на Царина, повеќето битки ги губев, но бев само случаен политичар -активист без своја парламентарна група, истакна Димитров.

Македонија | пред 3 години

9-Kako-nashiot-Blazhe-Arizanov-od-strumichko-s-Borisovo-stana-milioner-vo-Indija-kafepauza.mk_.

Аризанов: Себебитисување на Македонецот ќе биде комплетно само тогаш кога ќе се одрече и од комунизмот, и од фашизмот

Блаже Аризанов, млад претприемач и автор на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Македонците се однесуваат како творба на Тито.„Доволно е само да се присетиш на сеуште значајната бројка на улици низ Македонски градови именувани по Тито.Планински врвови именувани по Тито.Улици именувани Жртви на Фашизмот, но ни една улица именувана Жртви на Комунизмот.Залудно се чука Македонецот по гради и тврди дека има засебен идентитет – неговото себебитисување ќе биде комплетно само тогаш кога ќе се одрече и од комунизмот, и од фашизмот.Само тогаш ќе биде сфатен сериозно.Ова ни е цивилизациска задача од која сеуште бегаме и се криеме како глувци. Сеуште не можеме да го погледнеме светот со исправено лице.Од фашизмот тврдиме дека се одрековме.Од Комунизмот кога?Кога ќе се одречеме од Комунизмот како што тоа го сторија Естонците на пример?Дотогаш нека не се вреѓаме доколку нè сметаат за Коминтерновска творба“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

ahmeti-5431

Ахмети: Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од денешниот партиски настан на ДУИ во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“, упати порака дека бил и секогаш ќе биде „ангажиран во одбрана на каузата на Македонците“.„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура“, рече Ахмети.Според лидерот на ДУИ, токму затоа сега сакаат да отворат „нова сцена, проевропски фронт“ што го забрзува нашето членство во Европската унија“„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 години

327006769_559066686112858_8640317126929192330_n

Георгиевски откри како го вработил Мијалков

Лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Во центар“, изјави дека екс премиерот Никола Груевски барал од него да го вработи поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.„Хил бараше да го тргнам Сашо Мијалков на двапати зашто им продавал оружје на Србите. И два пати Доста дојде за истото. Па го сменивме. После доаѓа Грујо и ми вели: да те замолам за Сашо, има деца нема како да го храни, а Сашо знаеме каков капитал има нели? И вели Никола „Може ли да го земеш за државен советник барем плата да зема. И го назначив, земаше плата и седеше дома. Така јас му помогнав на Сашо“, рече Георгиевски.

Македонија | пред 3 години

1-5

ВМРО-ДПМНЕ: Kои странски агентури влијаат на односите со Бугарија, и од каде се финансираат бугарските здруженија

Поданичкиот однос на владата допринесе Македонија да биде понижувана од Бугарија. Веднењето на кичма е причина на барањата на Бугарија кои секој ден се се повеќе, вели ВМРО-ДПМНЕ„Оваа власт трајно ги оштети македонските позиции, и ја стави државата во подредена положба. Цела извршна власт со денови не може да одлучи дали некого прогласува или не персона нон грата, и наместо реална реакција, само подгрева атмосфера, а потоа се повлекува.Македонија не смее повеќе да биде ставана на позиција за поткусурување по потреба на Ковачевски и Османи. Затоа бараме:Прво, власта на Ковачевски и Пендаровски да не ги крие и јавно да ги каже кои се тие агентурни мрежи и странски агенти кои работат на преку здруженија и фондации за поттикнување на антижакедонски ставови.Второ, финаниските институции да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и потеклото на парите, бидејќи со овие здруженија се шири антимакедонска политика.Трето, владата да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија, каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама, ниту од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови.Четврто, владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија.Петто, бараме македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат.Владата да почне да работи, за Македонија, а за почеток може да ја почитува Резолуцијата од Собранието, која и самите ја гласаа“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

vardar-mazut

Пронајдено тело во Вардар

На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Скопје | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска: Како смее во ситуација на очигледен конфликт, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија?

Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.„Некој ептен се подигрува со нашата држава.И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.Напротив.На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

Приватните превозници се враќаат на протести

Приватните автобуски превозници „Мак експрес“ и „Слобода превоз“ најавуваат протест за утре (понеделник) пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) во Автокоманда, пишува Вечер.Причина за утрешниот протест според Милорад Димитријевски, еден од сопствениците на „Мак екпрес“ е сумата што ЈСП им ја должи на приватните превозници.Како што изјавил Димитријевски, контролата на Управата за јавни приходи утврдила дека ЈСП се работи за долг од 29.590.000 денари.Протестот е закажан за во 9 часот.

Скопје | пред 3 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева: Нека ги преслуша Пендаровски изјавите на Џамбаски за да ги види сите елементи за загрозување на државниот поредок и безбедност на Македонија

Професорката Тања Каракамишева вели дека релативизацијата од страна на претседателот на Република Македонија е опасна работа и додава дека Пендаровски треба повторно да ги преслуша сите изјави на европратеникот Ангел Џамбаски за да ги види сите елементи на загрозување на безбедноста на Македонија.„Релативизацијата е многу опасна работа од официјален функционер како претседател на Република Македонија!Нека си ја преслуша претседателот Пендаровски уште еднаш целата изјава на Џамбаски изнесена во центарот на Скопје, а му предлагам и сите претходни, за да ги види сите елементи на загрозување на државниот поредок на Македонија и нејзината безбедност!Никој не спори право на етничка/национална припадност на одредени луѓе, но многу спориме кога тие луѓе ги НЕГИРААТ МАКЕДОНЦИТЕ, НИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИСТОРИЈА!

Коментари | пред 3 години

768x432

Груевски: Уставобранителите треба веднаш да бидат ослободени, целта на нивниот прогон беше да се скрши отпорот на народот

Вчерашната иницијатива на адвокатите на луѓето кои низ политички монтиран процес ги осудија на долгогодишни затворски казни за случајот “27. април” е добра, но не целосна и не со соодветно образложение, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Прво, сите осудени во овој процес треба да бидат ослободени веднаш и без одлагање, без селективност и без очекување дека во случај на повторено судење ова заробено и во еден дел криминално судство, со чест на исклучоците, кое не случајно е со 4% доверба на јавноста, ќе постапи поинаку од претходно или поинаку од насоките кои ќе ги добие од оние кои владеат со нив.Еден дел воопшто не требаше да бидат судени и осудени бидејки не сторија кривично дело.Дури и оние кои имаа несоодветно однесување и насилство, јасно е дека најголемиот дел од нив согласно законот требаше да добијат условни казни како што започна да постапува ОЈО пред смената на власта и еден помал дел евентуално можеа да добијат не поголема казна од половина од времето кое веќе го поминаа во затвор.Второ, вистинското образложение кое веројатно адвокатите не го напишале за да ја одоброволат власта да го подржи Законот за амнестијата треба да биде дека луѓето кои се неправедно и свесно со погрешни обвинителски квалификации неправедно осудени, се дел од политички монтиран процес, после очигледно посакуван инцидент од оние кои со однесувањето во парламентот го предизвикаа истиот, со цел да се скрши демократскиот отпор на народот кон она што беше јасно дека следува и што потоа на политички план се случи во Македонија.Да не заборавиме дека инцидентот се случи одкако претходно новото мнозинство на актуелната власт на незаконски и неуставен начин избра претседател на собранието.Целта очигледно беше потоа да има судење со лажни и уценети сведоци од страна на обвинителството и власта кои во еден дел беа осудени на база на претпоставки и лажни квалификации на обвинението, па наместо докази во услови на против уставно, противзаконско и спротивно на Деловникот на парламентот делување на тогашната опозиција во Парламентот, намерно темпирани токму во време и саат кога пред собранието веќе 60 дена имаше мирни протести, а со цел со цел да се исценира инцидент и потоа да се доделат драконските казни кои произлегоа од невистинита квалификација за наводно нивно терористичко загрозување на уставниот поредок.Преку тоа, целта беше да се заплашат сите граѓани на Македонија и политичките елити и да се одвратат од можни јавни реакции и протести во пресрет на престојното менување на уставот во 2018/2019 заради менување на уставното име и бришење на АСНОМ од уставот, како и менување на името на македонската нација, јазик, идентитет и менување на историјата веднаш по инсталирањето на марионетската влада на СДСМ, која само за да добие власт која се покажа дека ја посакувале заради криминални мотиви, беше подготвена на секакви предавства на националните интереси и неправди на Македонците на кои подоцна бевме сведоци.Времето покажа дека сомнежите и причините на народот во тогашните мирни протести на граѓаните биле повеќе од оправдани и се што во тој момент денес веќе владејачката СДСМ негираше, веќе го спроведе, побрутално и понеповолно за Македонија дури и од најцрните тогашни сценарија, а наскоро истото ќе го повтори.Се покажаа и дека судијката Добрила Кацарски која ги осуди нив а го ослободи Заев од обвинение за барање мито, како што политички а не како чесен судија пресуди во уште неколку други случаи кои произлегоа од политичкиот прогон, како што јавно го кажав тоа уште во 2018 година дека ќе се случи, го правела тоа од лична корист за крупно унапредување како награда за нанесените неправди на голем број луѓе., па на тој начин доби подршка за позиција член а потоа и претседател на уставниот суд“, додава Груевски.

Македонија | пред 3 години

DSC_0057

„Нешто што е многу нормално во други држави кај нас е реткост и се дочекува со не верување…“, коментар на денот

Советничка во општина Ѓорче Петров на социјалните мрежи објави стастус во кој вели дека нешто што е многу нормално во други држави, кај нас е реткост и се дочекува со неверување„За тоа до каде сме како држава, многу кажува оној восихит кога некој од етничките заедници (роден, пораснат, школуван, вработен во Македонија) говори македонски, ќе се појави со македонското знаме, навива за Македонија, не му е сеедно за ситуацијата во која се наоѓа државата во која живее и слично.Нешто што е многу нормално во други држави кај нас е реткост и се дочекува со не верување…“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

271748580_5215006485190570_5317248260376993533_n

Малолетник го прегазил и усмртил дедото во Чаир, изречен му е притвор – детали за несреќата

17-години има детето кое го прегази и усмрти дедото во скопски Бутел. Нему му е изречен притвор, откако обвинителот успеал да го убеди судијата дека постои можност детето да се даде во бегство, дознава „Скопје1“. Главната причина поради која судијата се одлучил да ја изрече најстрогата мерка за обезбедување на присуство е што се сомневал дека детето може да го повтори делото, односно да го земе автомобилот, да го управува и повторно да го загрози сообраќајот. Поради ова не било дозволено да му се изрече поблага мерка.Според решението на Кривичниот суд, малолетникот ќе остане во притвор до крајот на февруари. До тогаш, обвинителот ќе треба да ја заврши истрагата и да покрене обвинение. Возачот се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Неофицијално, тој немал возачка дозвола со која би го управувал возилото.Несреќата се случила вчера во Чаир, на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“. Мажот загинал на самото место, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот бил пренесен во градската општа болница „8 септември“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

Трагедија: 18-годишник прегази и усмрти пешак во Скопје

Вчера вечер во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.Ј. од село Брест, скопско, удрило во пешакот 71-годишниот Ш.Р. од Скопје, извести МВР.– На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-28-at-13.40.53

ФОТО: Дина добро ја поминала операцијата, закрепнува од туморот - ние сме на потег!

„Да ве известиме дека Дина ја помина операцијата добро и закрепнува“, објави семеството Неданоски.Тие додаваат: „Добар дел од туморот е отстранет што ни дава надеж дека терапијата со зрачење ќе има поголем успех и туморот ќе се уништи. Фала ви на сите за досегашната поддршка и донации. Знаејќи дека имаме долга борба пред нас, секоја помош е добредојдена. Бројчињата за донации се уште активни, како и gofundme сајтот.https://gofund.me/ccada031 ☎️ A1 143 463 ☎️ T-Mobile 143 133 Денарска сметка: 210501616680716. Шифра: 562. Цел на дознака: Донација за Дина. Девизна сметка. MK07210501616680716. Swift TUTNMK22 Фала ви уште еднаш на сите 🙏 Фамилија Неданоски“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања