Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Screenshot-2023-01-28-at-13.34.23

Мицкоски го „рашлака“ Ахмети: Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија на која е облечен во воена униформа.Ова се случува откако опозицискиот лидер претходно кажа дека бил добоволец во војната во 2001 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети возврати дека Мицкоски не учествувал во војната, туку само ја гледал на телевизија.„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски.

Коментари | пред 3 години

Screenshot_24-1

Случајот во Охрид е сценарио, луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани, откри министерот за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за последниот случај во Охрид смета дека е сценарио и дел од хибридната војна. Тој во емисијата „Утрински печат“ кажа дека „од иста групација се и тие што тепаат и тие што се тепани“.– Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и која било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај, рече Спасовски.Тој посочи дека за овој случај многу лажни вести се шират дека полицијата не реагирала кога било пријавено.– Веднаш откако е пријавено, полицијата отиде во болница да види што се случува, да земе изјави итн. Исто и од страна на болничките центри се преземени мерки за првично згрижување на пациентот, вели Спасовски.

Македонија | пред 3 години

inbound8956081321223400445

(ФОТО) Граѓаните се организираа, на 4 февруари ќе се блокира патот до Скопје

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.На социјалните мрежи објавен е повик граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово - Скопје со цел нивно спречување.„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани - ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.Вчера бугарска фондација на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје. 

Македонија | пред 3 години

kucinja-bezdomnici_1

Доколку најуспешните фирми дадат само 1% од својата добивка, ќе се реши проблемот со бездомните кучиња

Млад скопјанец на социјалните мрежи објави предлог за хумано решавање на проблемот со бездомните кучиња, но и ќе се соберат средства за лекување на лицата со ретки болести.„1% од добивката на најуспешните 20-30 фирми во Македонија, да оди за решавање на проблемот со кучиња и нивна стерилизација, за лекување на луѓето со ретки болести и за оние кои имаат потреба од хитни операции ‼️‼️Не сум љубител на пишување статуси на фејсбук. ️Ова е мој прв статус напишан за 13 години. Но овојпат чувствував потреба и Искрено се надевам дека, овој предлог ќе допре до владата, бидејќи со истиот трајно ќе се реши проблемот со многу теми во нашето општество.Ситуацијата е многу сериозна, бидејќи се поголем е бројот на кучиња на улиците, а начинот на тоа, како поединци или институции се справуваат, ни малку не е хумана.Постојано со години сме сведоци дека се клеветaт, според мене неправедно, Лајка, Анима мунди, а често на критика од сограѓани, сме и сите ние како поединци или група (кои помагаме на милениците, донираме итн).Цитирам "ако ви е жал земете си ги дома"И Се ќе беше тоа во ред, ако некој како поединец можеше да ја реши ситуацијата.Имам донирано безброј пати и за луѓе, и за животни. Познавам и поединци кои многу повеќе се ангажирале. Но свесен сум бил дека кога ќе донирам сум решавал само, илјадити дел од проблемот.Затоа е потребно, ова да се регулира на повисоко ниво и веќе никогаш и никој да не бара донации, особено не за кучиња и не за оние лица кога животот им е во опасност и имаат потреба од операција, а немааат средства да си ја дозволат истата.За жал, финансиите со кои располагаат Лајка, не се нималку доволни да се реши ситуацијата.Анима Мунди колку што знам, се организација формирана од љубители и ситуацијата со финансии е веројатно и уште полоша.Поединец или група, неможат исто сами трајно да го решат проблемот.Макпетрол, Окта, Цементарница Усје се само дел од фирмите кои прават големи профити,Само Makpetrol Mk има приходи од 1 милион евра дневно и раст од 290% на добивката за една година. Да не ги збориме штетните ефекти кои OKТА, Цементарница Усје и голем дел од тие 30 фирми ги имаат за животната средина. Крајно време е да се одолжат и да придонесат нешто за општеството.Доколку најуспешните 20-30 фирми дадат само 1% од својата добивка, (внимание од добивката, а не од приходите) тоа ќе биде доволно да има за стерилизации, да се намали агресивноста на уличните кучиња, за нивно лекување и храна, но и за хитни операции на луѓе во странство, за лекување на луѓе со ретки болести итн. Средствата ќе се распределат на Лајка, Анима мунди,но пред се кај ветеринарите, бидејќи голем дел од нив тоа го заслужуваат.Во прилог се добивките на најуспешните 20 фирми. Ве молам споделете“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

zatvor

После бегството на Абдиовски од затворот Шутка да бевме нормална држава Сокол “на клоци“ ќе беше избркан од функцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нафи Абдиовски е лицето кое 12 дена е избеган од затворот Шутка кај што директорува Филип Андов Сокол. Она кое што е заедничко за овие двајца е што се членови на СДС со многу теренски активноси за партијата. Сокол е и поранешен советник на Заев, а Нефи Абдиовски кој освен што има дузина пријави е и лик од доверба на СДС бидејќи има заеднички фотографии и со Заев и со Груби и со Пендаровски, но и фотографии во премиерскиот кабинет во Влада. Очигледно овој бегалец од затворот кај што директорува Сокол имал и повластен третман, што веројатно му овозможило да го напушти затворот и да не ја долежи казната, вели ВМРО-ДПМНЕ„И замислете за ваков скандал нема никаква одговорност. Ниту Андов викан Сокол, ниту било кој друг не поднел оставка за овој случај. Да беше нормална држава, Сокол или ќе си поднесеше оставка или владата “на клоци“ ќе го избркаше од функцијата. Бегствата од затвор станаа секојдневие. Пред неколку недели имаше бегство од затворот Идризово од каде избега опасен криминалец кој дури и застрела затворски стражар. Исто така медиумите известија дека пред Нова Година е извршено убиство, а убиецот бил избеган затвореник од Идризово.Криминалците наместо во затвор се на улица и затоа подземјето владее со државата. Но во една мафијашка држава која има криминална влада, не е ни чудо главен сојузник на функционерите да бидат криминалците.Ова мора да престане, ова мора да се смени. Одоворност за ваквите скандали мора да има. Оваа криминална власт која дозволува криминалци и убијци слободно да шетаат на улица, мора да биде поразена и сменета“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Јакимовски: Мојот став е јасен, ниту на Радев, ниту на било кого на 4-ти февруари да не им се дозволи влез во Македонија

Јас како граѓанин на оваа држава, не можам да не бидам вознемирен, и не можам да чувствувам среќа кога се приближувам кон ЕУ, зошто ми се заканува дивеење на Бугарите во Македонија., рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во Само Вистина.„Тие сега почнуваат да дивеат, а тек ние кога ќе ги внесеме во Уставот, а тек ние кога ќе треба да се приближуваме кон ЕУ, и нови уцени кога ќе ни поставуваат,што ќе биде. За што ми е тој Европски пат, ако треба Бугарите да ми дивеат, како што тие и сами викаат, како од 1941-ва до 1944-та година. И нормално е стравот, кај нас, овде, затоа што имаме многу лошо искуство, и лоши спомени од тој временски период.Јас да сум на местото на нашето раководство, вклучувајќи го и претседателот Радев, нема да му дозволам да дојде на 4-ти февруари, од безбедносни причини. И треба да знаат дека нареден пат кога ќе сакаат да дојдат во Македонија, претходно тие мора да си го поправат говорот. Како што тие често нас не упатуваат за говор на омраза. Дури повикуваат обвинител да имаат за таа работа. Па дури гледам некои од нашите овде и размислуваат за таа работа. Па дајте, ставете го Бугарин нека биде обвинителот. Ако имале 1942-ра, ’43-та, ’44-та година овде бугарски обвинител, сега ќе ставиме за да апсиме Македонци, за тоа што треба да им го кажеме на Бугарите. Мојот став е јасен. И ние тоа јавно ќе го побараме. Ниту на Радев, ниту на било кого на 4-ти февруари, поради безбедносни причини да не им се дозволи влез во Македонија“, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

stojance

Ангелов до Ахмети: Македонските вооружени сили не отстапија ни педа земја, а откако УЧК увидоа дека не можат да се спротистават станаа борци за човекови права

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, пренесуваат медиуми на албански јазик.На ова реагираше Стојанче Ангелов кој вели дека македонските вооружени сили победиле секаде каде што имале надредба да војуваат и не дозволиле да биде отцепена ниту педа македонска земја.„Синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партиски собир во Шипковица меѓу другото кажал дека се сретнал со делегација од Украина при што им рекол:“Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’Ваквата изјава на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна, затоа што, да се споредува нападот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно бидејки се работи за два сосем различни воени конфликти.Во 2001 година Република Македонија и нејзините вооружени сили беа нападнати од УЧК. Со комуникето број 4 УЧК побара од “Славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа.Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.Откако од УЧК увидоа дека никако не можат да се спротистават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата а со тоа и реториката и наместо борба за ослободување на вековните албански огништа почнаа да зборуваат за борба за човекови права. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика. Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад“, вели Ангелов.

Коментари | пред 3 години

327545387_845456956563190_4503918055200983621_n

Бугарска фондација со насоки до Бугарите за како да дојдат да го слават Гоце Делчев во Скопје

Фондацијата Македонија на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.„За организацијата што Фондацијата „Македонија“ ја прави за поклонување на гробот на Гоце Делчев:- поаѓање од Софија со автомобил во 7:30 часот по бугарско време;- собирање на сите на паркингот Скопско Кале - 11:30 часот по локално време (12:30 часот по бугарско време);- групно движење до гробот на Гоце Делчев, положување цвеќе и венци - тивко, смирено, без провокации и одговарање на провокации;- вратете се кај автомобилите и возете назад.За оваа организација писмено и однапред ќе го известиме Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија!Бараме сите вклучени во нашата организација да ги почитуваат овие барања!Бараме полицијата во Скопје и Северна Македонија да помогне во зачувувањето на редот и мирот.Ги молиме сите Бугари од РСМ и сите Бугари кои патуваат да се приклучат на оваа организација и да не попуштаат на провокации!Еден ден општата прослава на Гоце Делчев, меѓу Бугарите и Македонците, на гробот на Гоце Делчев ќе биде мирна и без полиција“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Пронајден мртов велешанецот кој утрово пукаше во својата 25-годишна девојка

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес,пишува порталот Батали.нет. Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец.Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил. Батали.нет пишува дека се работи за 38-годишниот З.Т. кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13 годишна затворска казна.

Македонија | пред 3 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Супервештачењето ја откри причината за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Еден од главните заклучоци на супервештачењето за сообраќајката кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 патници, е дека системот за кочење во автобусот на „Дурмо Турс“ не бил активиран.Па така според ова, роднините на жртвите тврдат дека вештачењето е нарачано со, според нив, една главна цел – да се исклучи вината на сопственикот на автобуската компанија.Автобуската несреќа со 16 жртви и 37 повредени се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус на „Дурмо турс“, кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар, излета од автопатот во близина на селото Ласкарци.Обвинети во овој судски процес се шест лица. Покрај возачот, на обвинителна клупа седат сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.

Македонија | пред 3 години

apasiev-kovacevski

Апасиев и Ковачевски се препукуваа во Собрание, а си поставуваа и дијагнози

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Ковачевски му цитираше дефиниција од „Википедија“ за тоа што е паранонија. Апасиев пак му возврати со цитат од антички филозоф и му се заблагодари за дијагнозата која му ја дал. Ова дојде откако Апасиев упати прашање до премиерот: „Дали Македонија односно безбедносните служби го користат шпионскиот софтвер ‘пегасус’ кој од неодамна има извештај во ЕУ дека го користеле 14 земји членки и кој што се користи за компромитирање на политички неистомисленици – се влегува во нивните мобилни телефони, лаптопи, се вадат материјали, потоа се следат новинари, судии, обвинители, се компормитираат за да преземат или непреземат одредени дејствија?“.На ова, одговор даде премиерот Ковачевски кој рече: „Лично нешто што сакам да ви кажам, во ваш стил, а тоа е дека: Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси“, кажа Ковачевски по што додаде: „Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Ви благодарам“.Возврати и пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.„Премиере Ви благодарам на дијагнозата. Епиктет (антички филозоф) во еден свој прирачник вели: „Кога за Вас кажуваат лоши работи, немојте да се обидувате да се браните туку речете им на вашите непријатели дека само толку ли знаете, па уште кога ќе дознаете уште повеќе кај ќе ви биде крајот“. Јас ги разбирам вашите напишани панаѓирици во одбрана на безбедносните служби кои ги злоупотребувате за пресметка со вашите политички непријатели – но не се надевав дека на прашање кое не го знаете вие ќе излезете со напишан говор во кој ќе ми дадете дијагноза. Веројатно вие сте го виделе спикерскиот лист на говорница, па сте рекле: „Аа па ќе си спремам една дијагноза“. Јас предавам историја на право, па знаете Атињаните кога отишле кај Спартанците и такви благоглаголиви со напишани говори како Вас, Спартанците биле практични луѓе и рекле: „Абе ние крајот не го разбравме оти почетокот го заборавивме“. Па така и вие. Јас за едно Ве прашувам, вие за десетто ми одговарате. Прашањето беше за „Пегасус“, дали користите шпиунски софтвер, Вие ми мешате молотови коктели, дијагнози, баби и жаби“.Апасиев не беше задоволен од одговорот, па допраша: „Како тогаш нѐ прислушувате, со кои софтвери, преку кои структури, преку комбиња ли, како?“.„АНБ не користи ‘Пегасус спај веар’ софтвер. За целата работа на АНБ како пратеник, можете да се информирате преку комисијата за надзор на безбедносните служби која ја води пратеник од опозицијата и ги има на располагање сите директори на безбедносните служби. И да повторам уште еднаш: „Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси. Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност“, повторно одговори Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

omo-1024x526-1-696x358-1

ОМО Илинден Пирин: За тепан Бугарин во Охрид се крена Бугарија, а Македонија молчи за сомнежот за убиство на Македонецот во Софија

Македонците од ОМО Илинден Пирин сметаат дека има двојни стандарди. Тие велат дека македонски спортист почина во Софија под сомнение за убиство и никој не реагира цела недела, а кога Бугарин беше претепан во Македонија двете земји беа обврзани да го судат случајот и да му доделат највисоки државни почести.Двојни стандарди !Која е разликата во третманот на Македонците во Бугарија и Бугарите во Македонија?Во Софија, македонски спортист почина под сомнение за убиство - никој не реагира цела недела. една недела подоцна тој беше речено дека починал од срцев удар.на Во Македонија Бугарин бил претепан во сè уште нејасни околности (домашни, криминални или дискриминаторски) - две земји се обврзани не само да го осудат случајот, туку и да му доделат највисоки државни почести.За него се грижат два здравствени системи, го преместил државниот авион на Бугарија, го посетуваат двајца министри за надворешни работи во болницата, неговото прашање влегува во бугарскиот Парламент, во највисоките кругови на Европската Унија, во изјавите на македонските земји, во медиуми на двете земји.Сè повеќе се наметнува впечаток дека додека Бугарите во Македонија имаат две земји - Македонците во Бугарија немаат ниту една, реагираат од ОМО Илинден Пирин.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

Апелација: Пале Иловска останува на слобода

Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел.Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел. Гајдова го оправда ослободувањето на Иловска со тоа што таа се бранела од насилниот партнер.Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-26-162710

Среде собрание падна кладба меѓу власта и опозицијата за изборите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо, по што потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега.Законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски по што се врати на местото каде седи.„Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите“, праша Мисовски.Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“.Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието: „Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек“.

Македонија | пред 3 години

saraj-ali-960x595-1-367423

(ВИДЕО) Фатмир Лимани објави видео од имотот на Али Ахмети: Со чии пари е купен

Фатмир Лимани, поранешен сопартиец, внук на Али Ахмети, а сега потпретседател нa Беса, преку видео и објава на Фејсбук го прикажува имотот на лидерот на ДУИ и прашува на чие име и со чии пари се купени дузина куќи, објекти и парцели.Тој го прашува Ахмети дали мислел дека вечно ќе молчи за луксузниот имот на лидерот на ДУИ. Лимани прашува со чии пари и на чие име е седиштето во Тетово, партискиот штаб во Чаир во Скопје, вилата во заливот Лалез, хидроцентралите на реката Бачиште, каде и колку парцели се купени во Голем, парцелите околу „сарајот“ на Ахмети.Воедно Лимани прашува каде се исчезнати четири милиони евра од фондот на ОНА, кои според него не биле потрошени во конфликтот од 2001 година.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања