ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

jknjknll

Гир му даде црвена карта на Џамбаски откако зборуваше за атентат на Пендаровски

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски велејќи дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на ЕУ.Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој нагласува дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.За вчерашните забелешки околу претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир нагласува дека тоа апсолутно не ја претставува позицијата на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава.

Македонија | пред 3 години

20220915120831

Шанкер земал 700 евра плата, повлечени околу 100.000 евра во готово, откри Данела

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ги разјасни случувањата околу Младинскиот Културен Центар кој во изминатите неколку денови е во центарот на вниманието поради назначувањето на нов в.д директор.Како што нагласи градоначалничката, претходниот в.д директор, согласно податоците од институцијата и досегашните податоци од ревизорскиот извештај, сторил сериозни финансиски манипулации.– Ја разбирам загриженоста на јавноста и на културните рабтници која во изминатите денови ја видовме во врска со случувањата во МКЦ.Би сакала на почетокот да разбијам неколку дезиформации кои се појавија во јавноста.Не е точна дека на МКЦ мју се скратени 90% од буџетот на МКЦ, да бидеме попрецизни и да зборуваме со бројки.Минатата годинаму биле одобрени 10,7 милиони денари, оваа година се одвоени 8,7 милиони денари. Што се однесува од сумата која се одвоува од буџетот од дотации на Град Скопје, биле одобрени 34 милиони денари, исто и оваа година. Намалувањето е незначително, а МКЦ остварува и спопствени приходи од половина милион евра.Програмата настаните и планираните активности не само што не се скратени, туку и планирано е се што постоелно досега да се реализира и планирани се и дополнителни настани.В.Д директорот на МКЦ не е разрешен, туку договорот врз основа на кој беше назначен согласно, Закон му заврши.Што се однесува за наводен притисок врз претходниот директор на МПЦ, ги демантирам таквите обвинувања и тука сакам да најавам доколку во рок од 24 часа поранешниот в.д директор не се извини ќе треба изнесеното да си го докажува пред надлежен суд.Во МКЦ е започната уште минатата година ревизија, и се забележани низа неправилности.Во изминатата година во МКЦ склучени се преку 250 договори за ангажирање спротивно на закон без договор или преку Агенција за привремени вработувања, тука не ги сметаме оние хонорарни договори кои се за стручни лица и кои работат и ги извршуваат основните дејности на МКЦ. Тука зборуваме за 250 ангажмани ангажирани спротивно на законските прописи на Република Македонија за кои ќе треба да се даде отчет.Исплаќани се илјадници евра на овие лица, меѓу нив истакнати членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, има и над 90 договори за времено ангажирање на шанкери на кои им биле исплаќани од 350 до 700 евра за еден месец.

Скопје | пред 3 години

izet-medziti-696x398

Меџити: Со Алијанса бркаме 80 пратеници, а може да изгубиме мнозинство од 61 пратеник

Лидерот на „огнените“ во ДУИ, Изет Меџити за „Фокус“ изјави дека евентуалното влегување на Алијанса во Владата се прави за да се спаси Артан Груби, а дека тоа може да значи и губење на мнозинството од 61 пратеник, наместо посакуваните 80 за уставните измени.– Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити според кого не е неопходно Алијанса да влезе во власта за да се избегнат предвремени избори.

Македонија | пред 3 години

5-3

Ванковска: Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо „европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!?

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот, а истовремено и повик до американските и европските “олеснувачи” да го зададат последниот удар, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска, која додава дека тука нема ништо европско и дека оние кои зборуваат за ЕУ, свесно или несвесно, зборуваат за бајки.„Но, ова е и потврда на сето она што го говоревме и пишувавме за не баш пријателскиот Договор, кој доведе до никогаш полоши односи меѓу двете земји. Толку предвидливо! Намерата сега им е да не’ вратат во времето на грчката блокада и ембарго од 90-те.Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!? Дури и личности кои ми се драги и кои ги ценам се повикуваат на тие божем европски вредности, а не сфаќаат дека зборуваат за бајки. За жал, овде отсуствува национална свест и изградени национални интереси“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Коментари | пред 3 години

zatvor

Ново бегство од затвор во Македонија, нова потврда дека се случува распад на системот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ново бегство од затвор во Македонија, нова потврда дека се случува распад на системот, вели ВМРО-ДПМНЕ„Поминаа 11 дена од бегството на Нафи Абдиовски од затворот во Шуто Оризари, а од надлежните институции нема ниту одговори, ниту одговорност.Дополнително скандалозно во овој случај е што лицето Нафи Абдиовски, кој има богато досие со 16 кривични дела е тоа што има најмалку толку фотографии со функционери на СДС и власта. Во фото албумот на ова лице меѓу другото се наоѓаат фотографии со Заев, Оливер Спасовски, Груби, Пендаровски, фотографии од настани на СДС и фотографии сликан внатре во владата. Очигледно Абдиовски бил омилен на функционерите на СДС.Овој човек бил сместен во полуотворено одделение на затворот Скопје, што веројатно му помогнало да излезе и да не се врати во затворот. Дали контактите со сите овие функционери од власта му помогнале да има привилегиран статус или можеби му помогнале да избега од затворот?Да потсетиме со затворот Шутка директорува Филип Андов викан Сокол, поранешен советник на Заев и лик поврзуван со низа скандали и афери. Дали Андов му помогнал на Абдиовски, неговиот партиски пајташ да побегне од затворот кој го раководи? Дали и ова бегство е исценирано? Дали пари ги отвораат затворските железни врати за криминалците да може да избегаат? Во најмала рака после ова бегство, Андон викан Сокол треба да понесе одговорност и да поднесе неотповиклива оставка од позицијата директор на затворот Шутка. Ако на самиот Сокол не му текнува тогаш Ковачевски нека го разреши, ако има храброст. Скандалозните бегства во затворите станаа премногу честа појава.Половина месец, две скандалозни бегства од затвор, НУЛА одговорност. Тоа е разултатот на оваа власт на Ковачевски. Овој распад на системот може да се спречи само на избори, кога оваа криминогена и неспособна власт ќе биде поразена и сменета“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-nato

ВИДЕО: Пендаровски доби закана од Џамбаски дека ќе биде убиен

Бугарскиот европратеник Александар Џамбаски, во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата европратеникот Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.На прашање на новинарот на Нова дали се препознава во изјавата „на еден европратеник од Бугарија ќе му биде забранет влез во Македонија, а ако се обиде да влезе, ќе биде прогласен за персона нон грата“, Џамбаски одговара:„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, вели Џамбаски.Инаку, кралот Александар Караѓорѓевиќ бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Џамбаски рече дека не планирал бидејќи имал други обврски, но сега не би можел да ја одбие „ваквата љубезна покана“.Коментирајќи ја изјавата на Пендаровски дека руската разузнавачка служба стои зад структурите во Бугарија кои вршат антидржавна кампања кон С Македонија, Џамбаски изјави: „Ако некаде треба да се бара српска, руска, коминтерновска врска, тоа е во Скопје, не во Бугарија. Македонизмот како политичка доктрина, како оружје против Бугарија, секогаш е испровоциран од Белград и Москва, никогаш од Бугарија. Во Скопје се слуша екот на задачите што им ги поставуваат Белград и Москва, а кои имаат за цел да го поделат бугарското општество, да го постават општеството во Македонија против Бугарија“.Владата вчера на седница одлучи да ги следи препораките на Пендаровски во врска со одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, но не кажа дали ќе им забрани влез на европратеник и на други бугарски државјани.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-25-at-11.50.03

Тоше е вечност: Сестра му направи торта, Весна Бејби му упати порака

Да беше помеѓу нас, нашата музичка легенда, никогаш прежалениот Тоше Проески денеска ќе го славеше својот 42-ри роденден.Овој датум секогаш ќе потсетува на нашиот ангел кој прерано го напушти овој свет, на само 26-годишна возраст. Секоја година, бројни познати личности го одбележуваат овој ден со сеќавање на Тоше, со некоја емотивна порака или интересна анегдота.Неговата сестра Дора објави фотографија од голема бела торта и емотивна посвета по повод роденденот на музичката легенда.„Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена токму за него.На социјалните мрежи се огласи и Весна Бејби Петрушевска.„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш... Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна, животна приказна.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Наместо подобра услуга, полицајците добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви, вели ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски, вели ВМРО-ДПМНЕ„3.3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4.5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и Индустри сервис.Наместо подобра услуга, полицајците добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав на полицајците, Индустри сервис ќе им сервира гулаш и грав од конзерви.Индустри сервис не е производител на храната која ја понудил, туку прерподавач. Оштетени се полицајците и сите вработени кои јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров.Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на Индустри сервис. Понудена е храна која ја нема пазарот, избраната понуда има ј неправилно пополнета техничка спецификација.Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало Индустри сервис, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен темелник на фабриката на истата компанија.Дали блискоста на Спасовски си сопственикот на Индустри сервис е причината поради која МВР ќе плаќа 1/3 повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Агелер до политичарите и бизнисменте кои ќе се на црната листа: Санкциите на САД може да имаат долготрајни последици

Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет, смета амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.Таа денеска, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) Гостивар, рече дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки.Според Агелер, санкциите носат чувство на одговорност и последици.-Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки.Амбасадорката Агелер рече дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес, а и тоа, како што нагласи, се очекува од нив како суверена нација и одредени луѓе не смеат да влезат во САД.-Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици.Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер.

Македонија | пред 3 години

danela-arsovska-1

Данела со ферман препораки за општините

„Во насока на стимулирање на зголемена употреба на еколошки превозни средства, намален метеж во сообраќајот и намалено загадување на воздухот од употребата на моторни возила, Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти“, стои во препораките на Град Скопје.Оттаму додаваат:Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите.Со наложување на минимално потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите, но и кај станбени згради кои треба да се реконструираат, се обезбедува стандардизирање на уредувањето и обезбедувањето на паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела, што треба да е соодветно прилагодено согласно бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила.Се препорачува со одлука на општината да се утврди од вкупниот број паркинг места за велосипеди, истите да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, правно усогласени со документацијата која е дел од постапката за издавање на одобрение согласно Законот за градење.Се препорачува со одлука на советот на секоја од општините да се предвиди, за веќе изградените станбени и деловни објекти да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во соодветен рок утврден со донесената одлука.Едновремено Град Скопје во изминатата година обезбеди паркинзи за велосипеди во сите 23 градски средни училишта со цел стимулирање на здрави навики кај младите и користење на велосипедот, при што се препорачуваме на скопските општина во училиштата и институциите кои се под општинска надлежност да се воведат соодветни паркинг простори и места.Веруваме дека со заеднички напори и воведување системски решенија, ќе бидеме чекор поблиску до обезбедување поквалитетни услови за живот на нашите граѓани.

Скопје | пред 3 години

324111914_712949690284583_4606600063016674292_n

Пожарот го остави семејството Марковски без покрив над главата, бараат облека, храна, млеко, пелени

Вчера вечер се запали куќа во населеното место Гоце Делчев во општина Гази Баба. Семејствата се евакуирани и во истиот нема повредени.Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината, со оглед на тоа дека станува збор за густо населена средина.Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.„За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува“, стои во објавата.Градоначалникот на општина Гази Баба на социјалните мрежи објави дека на семејството му е понудена помош за сместување, а комисија од општината ќе излезе на терен за отпочнување на постапка за финансиска помош.„Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош.Им благодарам на вработените во Противпожарната бригада на Градот Скопје за брзата реакција и нивната пожртвуваност и силна борба со огнените стихии“, вели градоначалникот.

Скопје | пред 3 години

Jane-Cento-696x371

Јане Ченто: Ние не се поделивме на наши и ваши, туку на некој друг така му одговараше

Вечерва Јане Ченто објави на социјалните мрежи дека си ја сака државата во која нема да биде важно кој каков е и не сака да биде маргинализиран.„Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е.Не сакам да се чуствувам маргинализиран затоа што сум дел од мнозинството на оваа држава. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат“, вели Јане Ченто.„Македонија е се што имаме!“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-22-at-11.24.01

Екс обвинител до обвинителство: Дали изјавите на Османи дека не е важна истрагата, туку тоа што изјавува наркодилерот го доживуваат како мешање во работата и зошто НЕ?

Во интервју за бугарската БТВ министерот Бујар Османи вели дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто, по што поранешниот обвинител Војо Димоски објави статус во кој вели дека ова е мешање во работата на обвинителстовто.„Од Обвинителството најавија прес за да објаснеле како осомничен за трговија со дрога, без особена причина летна на лечење во странство, дури тие незаинтересирано го проследија со поглед.Добро е некој новинар да искористи прилика и да ги праша: дали изјавите на Бујар Османи дека не била важна истрагата туку за него било важно што изјавува наркодилерот за настанот, ги доживуваат како мешање во работата на ЈО и зошто не?“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Агелер: Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“ – истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Македонија | пред 3 години

03112022_PVRSM_IRL

Мицковски: Ковачевски почнува опасно да се прави глуп

Ковачевски почнува опасно да се прави глуп, вели Ивор Мицковски во својот нов статус на социјалните мрежи.„После нападот на Ахмети на медиумите, кај ги допомоча и индивидуираше медиумите, па изјави дека Ахмети сам знаел што кажува, па немало напад, па не кажал он ништо и не споменал никаков медиум.Сега за вчерашниот став на бугарскиот министер за надворешни кој пред немиот Бујар кажа: Во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство врз луѓето – Ковачевски вика Милков со изјавата мислел на поранешни времиња.Реченицата: Во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство, не се однесува на минати времиња, туку низ измислени минати времиња(односно, ревизија на историја) се сугерира дејствување во сегашноста.Па после вика: На кои времиња точно мисли, ќе мора да каже самиот министер за надворешни работи на Република Бугарија.Вакво правање глуп е крајно навредливо, пошто перцепцијата на народот е дека и онака веќе не ебете опасно во мозок.Ја не знам каде мислите дека терате, кога си ја газите државата, уставниот поредок и народот со таква ароганција и безобразлук, да веќе сте политички мртовци кои нигде не одат и ништо не решаваат.Ај сите нека кажуваат за себе, а ти ќе повтараш само ко папагал, и измеѓу ќе не дупиш меѓу ребра.Само терај си – Како и до сега…“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања