ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

323942124_543469591063340_3033146965385703760_n

„Арсовска си прави увиди на сите три улици и се слика, а кога и е досадно се кара со цело Скопје“, вели Јоци

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера направи увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, по што Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус. Таа вели дека кога на градоначалничката и е досадно се кара со цело Скопје, а кога не знае со кој да пие кафе менува директори.„Данела Арсовска била задоволна од сите три улици кои ги прави веќе 7-8 месеци. И толку. Си прави увиди на три улици и се слика. Кога и` е досадно - се кара со цело Скопје, влада ќе прати инспекции на приватни превозници и она е среќна.Како во 6 одд.Кога не знае со кој да пие кафе, менува директори, досега над 20.Импулсивна и суетна. Немала власт досега, затоа.Нови сали, паркови, зеленило, нови улици, базени, Универзална, игралишта со реквизити, средни школи, мостови, средување на сообраќај и нов план за јавен превоз - њама.Тунелот кај Ј.булевар ќе бил готов, но не може да се отвори додека Данела не ги изгради крстосниците на влез и излез. Пошто нема да ги изгради, тој дел од центарот ќе остане во хаос.За шо праиме муабет не знам...втора година тера, се сликала на втора лента од улица од 500 м.“, стои во обајвата.

Коментари | пред 3 години

Foto-3-1

Пендаровски бара Џамбаски да се прогласи за персона „нон-грата“

Претседателот Стево Пендаровски, на седницата на Советот на безбедност, предложил на институциите односно Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски за персона „нон-грата“, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, забрана, шефот на државата предлага и за други бугарски државјани, а поради понижување и негирање на македонскиот народ.„На вакви антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци можеме да одговориме на два начини. Првиот е со културна дипломатска реторика како досега и тој круг на провокации кој предизвикува насилство сигурно нема да заврши. Второ со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. Мојот предлог до Владата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во земјата да му забранат влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејствија кои ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава. Законските услови за таква мерка постоеше порано и се уште постојат тоа се закана за националната безбедност, закана за јавниот поредок и закана за меѓународните односи на РСМ. Тоа значи дека ако лицата се од надвор од земјата да не им биде дозволен влез и да бидат прогласени за персона нон-грата“, кажа Пендаровски.Дел од лицата за кои Пендаровски побарал да им се забрани пристап во Македонија веќе од претходно имале мерки и биле протерувани.„Поводот за седницата на Советот за безбедност не беше само немилиот настан во Охрид, бидејќи тоа е само мал дел во мозаикот. Според достапните анализи и сознанија, се работи за организирани активности од страна на структури во Бугарија, кои се активирани по усвојувањето на преговарачката рамка во јули минатата година. Овие структури се мобилизирани, логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање на повеќе лица на 4-ти февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат неми набљудувачи на тоа што се случува“, додаде Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

Мијалков доби казна затвор од 2 години, изречени казните за "Титаник 2"

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на години 2 затворЛидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби 2 години.Од ексчленовите на ДИК, кои добија преквалификација на дело и сега се гонат за повреда на избирачко право, на Бедредин Ибраими го осудува на казна затвор од 2 години, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добијa 2 години казна затвор.Сите обвинети и на повтореното судење негираа вина. Сашо Мијалков и Мендух Тачи се гонат за поттикнувачки дејствија, додека ексчленовите на ДИК дека поништиле гласање по нивна насока. Очекуваа дека обвинителот Гаврил Бубевски ќе го повлече обвинението бидејќи според нив е неиздржано, а откако тоа не беше направено, очекуваа судиите Ставрев и Шабани да донесат ослободителни пресуди.Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.Во предметот „Титаник 2“ извесно е застарување на делото „примање награда за противзаконито влијание“ за кое е обвинет Мијалков, веќе во април годинава. Ако Апелација не донесе одлука за овој предмет до април, Мијалков ќе биде ослободен од вина. За останатите обвинети меѓу кои и Тачи, делата не застаруваат во скоро време.

Македонија | пред 3 години

Osmani

Замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина треба да заврши, вели Османи

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека мотивот на денешната седница на Советот за безбедност свикана од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина кој треба да заврши.Паралелно денеска на седницата на Владата на Србија ќе се разговара за германско-францускиот предлог за решавање на односите помеѓу Србија и Косово„Статус-квото не е во интерес на никого, како и отворени прашања кои имаат потенцијал за екскалција и злоупотреба од трети страни. Од замврзнати конфликти има корист Руската федерација во своите планови и стратегии.Тој статус-кво на замрзнати конфликти треба да заврши и ржавите да воспостават нормални односи помеѓу себе и затоа ние го охрабруваме дијалогот помеѓу Србија и Косово. Го следиме внимателно процесот како први соседи и членка на НАТО, а сега и претседавачи со ОБСЕ“, изјави Османи.

Македонија | пред 3 години

Culev-23.1

МВР тендерира една третина поскапа храна од лани, а на полицајците им се сервирааат сува храна и конзерви, вели Чулев

Денес продолжуваме со објавување на детали за двата договори од речиси 13 милиони евра, кои компанијата Индустри сервис ги потпишала со МВР на Спасовски. Договори преку кои од буџетот на Министерството за внатрешни работи се одлеваат милионски суми на евра, а полициски службеници и вработените во МВР ќе добиваат храна која е далеку од стандардите и нивните потреби, вели Наке Чулев од ВМРО-ДПМНЕ„Во период кога се кратат дневниците и прекувремените работни часови на полицајците и МВР штеди буквално на се, Оливер Спасовски распишува два тендери за достава на храна, за два различни објекти на МВР. И двата ги добива Индустри сервис која е отворена за да приготвува оброци, а полицајците во голем дел ќе добиваат конзерви и сува храна, наместо подобра услуга.Со двата тендери од речиси 13 милиони евра, кои се за период од 36 месеци, годишно Индустри сервис во просек може да наплати по речиси 4.5 милиони евра. Тоа е за речиси една третина повеќе од колку што се трошело до сега. Имено лани за цела година, МВР за набавки на храна потрошила само 3.3 милиони евра.Дополнително на Индустри сервис според договорот и се признаваат транспортни трошоци, кои се 15% од литар гориво за секој изминат километар, меѓутоа тука не запираат нелогичностите. Имено, кога ќе се погледне спецификацијата, се воочува дека и двата договори на МВР на Спасовски со Индустри сервис сопственост на Драган Смилковски, близок пријател на Спасовски се полни со конзерви и сува храна. Дури и гулашот и гравот во спецификацијата доставена до МВР од страна на фирмата Индустри сервис се во конзерви.Најголемиот дел од храната е сува, и истата ја произведуваат други производители, и не е готвена храна која би ја приготвила Индустри сервис.Воопштено сето ова значи дека Индустри сервис, само ставиле своја маржа на конзервите и сувата храна, а МВР добива поскапа храна, отколку кога сами би набавувале во одвоени постапки тие конзерви и сува храна.Се поставува прашањето, зошто е распишан оглас за достава на храна, а не поединечни огласи? Ако Индустри сервис имал сметка да купува и препродаде храна која друг ја произвел, тогаш зошто МВР не го сторило тоа?Второ прашање е зошто МВР не ги стави во функција кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров, кои имаат најмодерни апарати и се по ХАСАП стандард, туку влегува во милионски договори со фирма блиска до СДС?Која е потребата да се трошат милиони евра за ангажирање на компанија за достава на храна кога полициските службеници и понатаму ќе добиваат во голем дел само замрзната храна и храна во конзерви?Двата тендери кои ги добила Индустри сервис од МВР во вредност од фантастични 13 милиони евра се повредни од фабриката која истите ја имаат. Бонбона бизнис спакуван под параванот на „поквалитетна храна“ која полицајците за жал нема да добијат.Спасовски неопходно е да даде одговор зошто се одлучил на два огромни тендери, кои ги добива фирма на чие отворање самиот бил, а која добива финансиски грант од Владата во износ од 1,6 милиони евра? Еве и доказ дека Оливер Спасовски бил на отворање на фабриката во Гази Баба заедно со целокупното раководство на тогашната влада и СДС.Дали маржата при препродажба морала да заврши кај Индустри сервис?Спасовски и СДС да не бегаат одговори и да дадат јасни образложенија на наводите изнесени од наша страна“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност

Kабинетот на претседателот Стево Пендаровски за денеска во 15.00 часот свика седница на Советот за безбедност во период кога има силен меѓународен ангажман за затворање на отворените прашања меѓу Србија и КосовоСпоред најавите, на дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион.Покрај редовните членовите на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, Жарко Милошевски, директор на Агенција за национална безбедност и Васко Ѓурчиновски, началникот на Генералштабот на Армијата.Инаку редовни членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професорот Ненад Марковиќ од Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј, Ветон Љатифи, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-6462

Ковачевски насилно ја одржува власта на “апарати“ и со две патерици, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски и СДС ја одржуваaт својата власт на сила и со насилство. Но колку повеќе вештачки се продолжува рокот на оваа власт толку повеќе расте антивладиното расположение кај народот. Затоа на Ковачевски му требаат патерици од Албанија и Бугарија да си ја потпре својата влада, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ова очигледно ги фрустрира и СДС и Ковачевски, па затоа се толку нервозни. Веќе не знаат од очај каде попрво да вршат притисоци. Почнаа со закани и притисоци врз медиумите, а сега гледаме декa продолжија и со притисоци врз свои членови и пратеници. Се поголем број членови и функционери на СДС гледаат дека агонијата на оваа власт може да се реши на предвремени избори и колку тоа побрзо се слуши, толку подобро ќе биде и за Македонија и за СДС. Таквите луѓе во СДС се под закани од посредници, но и директно од членови на подземјето. Тоа е автократското и недемократското лице на СДС и Ковачевски кое го гледа јавноста. Очигледно Ковачевски пати од комплекс на ниска вредност во односот со ДУИ во власта, па затоа манифестира сила врз неговите сопартијци кои не се согласуваат со лошите политики.Крајот на власт се ближи и никој веќе не им се плаши. Патериците и “апаратите“ може да ја одржат оваа власт уште некое време, но не може да ја спасат од неизбежното, народната казна, катастрофалниот пораз и одговорноста за криминалот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

danilovski

Даниловски: „Кракен“ иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми

Откако во јавноста осамна информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на Омикрон, XBB.1.5, популарно наречена „Кракен“ (по митското чудовиште со повеќе пипала – џиновски октопод или сипа - од шведската митологија), заради својата висока заразност, се огласи и познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски.„Вчера осамна информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на Омикрон, XBB.1.5, популарно наречена „Кракен“ (по митското чудовиште со повеќе пипала – џиновски октопод или сипа - од шведската митологија), заради својата висока заразност.Попладнето, наеднаш, бев опсипан со обраќања од загрижени граѓани, кои ми бараа објаснување за вознемирувачката вест што ја прочитале во некои портали. Таа гласи:„Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Сепак, во наредните денови ситуацијата почнува брзо да се комплицира и на скоро сите заразени лица на крајот им е потребна хоспитализација.”Останав запрепастен! Првиот дел е точен, дека симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка. Вториот е лага!Вистината е дека САМО кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. А не кај „скоро сите заразени лица“, како што стои во написот.Очигледно е дека не се работи за случаен пропуст. Очигледно е дека се работи за намера да се објави сензационалистичка „информација“.Јас уште на 13 јануари во Дневникот на МТВ изјавив дека „кракен“, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Дека короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но дека, наспроти тоа, со пандемијата е завршено.Короната ќе остане во истото „друштво“ со причинителите на настинките и грипот.Инаку, уште одамна (кога беше актуелен сојот делта) објаснував дека еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува.Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот и да не веруваат на несериозни портали.Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома.Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, вели Даниловски.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-22-213925

„Седум години една клучка не можат да ја направат, a Таче излегува со видео дека направил 1300км патишта“, вели пратеникот Јаулески

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се пофали дека власта на СДСМ во последните пет години изградила патишта во должина од 1300км, по што реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.„Овој Таче дефинитивно е за на бајачка, дури и Заев го надмина. Им оставивме 51% завршен, седум години една клучка не можат да ја направат и излегува со видео дека направил, внимавајте - 1300км патишта и автопатот Кичево- Охрид!Каде е бе Таче автопатот? Го возиш ли?Дај разбудете го и штипнете го нека се врати во реалноста, ова ниту кај штабските ботови не поминува“, вели Јаулески.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-22-at-11.24.01

Османи најави: Секој што ќе го негира македонскиот народ, тоа ќе му биде последно доаѓање во Македонија!

Бујар Османи, министер за надворешни работи, го посети Христијан Пендиков, лицето кое беше претепано во Охрид кој се претставува како Бугарин.Тој кажа: „Нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, исто како што нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Секое доаѓање во РСМ за негирање на македонскиот народ, ќе мора сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во РСМ“, а откако Ангел Џамбазски неколку пати дојде за да каже дека Македонија не постои, додека Македонците се Бугари.Искажа жалење за случајот со насилство.„Имавме можност со министерот Милков да го посетиме да разговараме со него и семејството. Јас жалам за овој инцидент. Таквиот чин на насинство не ги одразува вредностите на граѓаните на РСМ. Македонија ќе се погрижи да има 0 толеранција за насилство“, кажа Османи.Секој што ќе ги навреди Македонците и на македонскиот народ, ќе биде персона нон-грата.„Нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Тие провокации треба да престанат. И да укажам дека секое доаѓање во Македонија со цел на македонскиот народ и негирање на македонскиот народ ќе мора да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање“

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-21-222442

(ВИДЕО) Клекна, фокусираше, ја запроси: Уште еден познат пејач “скокна во тавче”

Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси својата девојка Милена Доневска.Додека Милена мислеше дека ја слика, тој го извади прстенот и клекна пред неа.„Дали вие млада дамо ќе го земете овој младич што клечи“, вели Виктор во видеото.Тој на социјалните мрежи објави видео од запросувањето, а во описот на истото напиша:„Доста време ерген одев“.

Магазин | пред 3 години

321042945_575222274185173_1353863246890089827_n-1024x768-1

(ФОТО) Страшна сообраќајка на Партизанска, едно лице итно пренесено во болница

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата со булеварот „8 септември“, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, објави 360 степениСпоред информациите од МВР сообраќајката се случила во 20 и 20 часот и засега е пријавено едно повредено лице, кое со екипи на Брза помош е пренесено во ГОБ „8 септември“.Во несреќата учествувале две возила , Сеат Ибица со велешки регистарски таблици и БМВ со скопска регистрација.Полициски екипи се терен и се утврдуваат причините за несреќата, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Pandikov

Еден од претепувачите на секретарот на бугарскиот клуб бил бугарски државјанин

Еден од претепувачите на охридскиот бугарин Христијан Пендиков се уште се наоѓа во бегство и станува збор за човек кој има бугарско државјанство – дознава Радио Лидер од високи полициски извори.-До сега се уапсени тројца напаѓачи, но се уште трагаме по четвртиот. Знаеме дека станува збор за човек кој е бугарски државјанин и кој живее во Битола. Го имаме неговиот идентитет, но тој е во бегство. Постојат индиции дека е можно да побегне во Бугарија или веќе да е побегнат таму. – открива за Радио Лидер, високо позиционираниот полициски службеник.Се обидовме информацијата да ја потврдиме во СВР Охрид, но портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски само не информираше дека истрагата за претепувањето уште не е завршена и дека охридската полиција по насоки на јавен обвинител се уште има оперативни активности и поради тоа не може да ни издадат повеќе детали.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

gigovska

(ФОТО) Раскина со Иван, го криеше новиот дечко, па објави дека е трудна: Со кого се сврши Антониа Гиговска

Три месеци откако јавно откри дека раскинала со Иван Јованов, пејачката Антониа Гиговска објави фотографии преку кои сподели дека е бремена, а радоста долго време ја криела. На една од објавените фотографии е и Роберт Спaсенцовски, кој е татко на детето на Гиговска, а сега и вереник. Роберт, воедно бил и најдобар пријател на претходниот дечко на Гиговска, Иван, а заедно работеле и на проект наречен „Џокер“.„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, пишува Гиговска во објавата.Гиговска долго време го криеше нејзиниот дечко Роберт од јавноста. Поранешното момче на Гиговска, Иван Јованов минатата година го промовираше проектот „Џокер“, презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.Подоцна се дозна дека зад ликот на „Џокер“ се крие токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски, и сегашен вереник на Гиговска.Роберт бил најдобар другар на Иван. Ова може да се заклучи од интервјуто на Иван во „Бекстејџ“ каде овој факт не го негира.„Јас не сакам да коментирам бидејќи не сакам да загрозам нивниот пат. Времето само ќе си покаже“, кажа Иван, а прашан што повеќе го болело дали тоа што е изневерен од Антонио или најдобриот пријател, одговори: „Јас не сум злопамтило. Ако тие решиле тоа да е така, мене ми е сеедно“.

Магазин | пред 3 години

325117963_883723776082797_5727668805053439666_n

(ФОТО) Гиговска откри тајна, дечко и го лапна тестот за бременост!

Пејачката Антониа Гиговска се пофали на социјалните мрежи дека наскоро ќе стане мајка. Таа објави фотографии од тестот за бременост, но и од нејзиниот нов дечко кој ја запроси на Копаоник. Таа вели дека денеска е пресреќна оти го слави и нејзиниот 22 роденден.„Долго врмее молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.Малечко мое, од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно.Happy b day to me, aaaand guess who's going to be a momП.с. прстенот го бирал сам, умирам од среќа... си славам роденден, бебче, прстен, сееееШто мислите, 💙 или 💗 пишете во коментар (ние знаеме)“, стои во описот на фотографијата. За потсетување, медиумите на почетокот на октомври минатата година објавија дека Гиговска ја раскинала долгогодишната врска со пејачот Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања