ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Sequence-08.00_01_15_08.Still008

(ВИДЕО) Внимателно ако патувате: Превојот Буково покриен со снег, а на патот се лизга

Превојот Буково е затрупан во снег. Коловозот е лизгав, поради ниските температури. Возачите велат дека треба особена внимателност доколку се поминува низ него. Во исто време, и натаму паѓа голема количина снег. Како на патниот правец Охрид-Ресен, слично и на други повисоки места низ Македонија.Врнежи од снег се бележат на планинските превоји Стража,Ѓавато,Буково,Пресека и во Ресен , Крушево и Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Македонија | пред 3 години

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Денот „Д“: Таравари со партијата ќе каже дали влегува во Влада или ја прекинува оваа сага

Алијанса за Албанците на централно Собрание ќе разговара дали треба да влезе во Влада. Ова значи дека веќе денеска ќе знаат дали треба да ги продолжат преговорите. Таравари беше прашан дали е точно дека сакаат да превземат две министерства, а тој одговори: „Тоа се шпекулации, нема врска“.„Денеска првпат ќе зборуваме дали вреди да се разговара на оваа тема или да се прекине и да продолжиме како опозиција. Нема конкретен предлог од Ковачевски. Да имаше ќе го разговаравме“, кажа Таравари.За ресорите ќе се разговара откако сите ограноци на партијата ќе го кажат мислењето.„Комисија ќе организира референдум во сите ограноци и да седне и да преговара дали да разговараме за ресорите. Ако не, овде ја прекинуваме. Има позитивни и негативни страни влезот во Влада“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

najcevska

„Случајот со секретарот на бугарскиот клуб ни отвара простор за пенал, ќе го искористиме или ќе се правиме на мутави“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека во моментов „најважно е да се откријат причините зошто бил претепан секретарот на буарскиот клуб и дали станува збор за нарко дилер и криминално инспирирана тепачка“.„Сега е многу важно:1. да се открие зошто бил претепан ХП. Доколку станува збор за тепачка поради криминален спор тоа мора многу јасно и гласно да се каже пред домашната и меѓународната заедница.2. да се процесира случајот од 17 декември 2022 година и да се утврди дали станува збор за поседување и дистрибуција на кокаин и тоа де се изнесе пред домашната и меѓународната заедница.3. Доколку се открие дека станува збор за нарко дилер и криминално инспирирана тепачка тоа треба да се повторува на секоја наредна средба со соседите.Мислам дека случајот со ХП ни отвара простор за пенал.Наше е дали ќе го искористиме или ќе се правиме на мутави“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

bugarski-klub

“Објаснете им на дипломатите дека тепачката не е етничка туку пресметка меѓу локални дилери”, новинарка со остри зборови за дипломатијта по боксовите за бугарскиот секретар

Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашниот случај кога беше нападнат секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид.Според бугарските медиуми, нападот бил политички и етнички мотивиран, а на нападнатиот му се обраќале со зборовите „мрсен Бугарин“.„Учебник за почетно водење водата на своја воденица или, како да бидеш дипломатски умен.Ај сега да помогнеме. Затворете ја истрагата и министерот Спасовски нека одржи прес каде освен новинарите ќе ги покани и дипломатските претставништа и ќе објасни дека не е на национална и етничка, туку е тепачка меѓу локални дилери. Па ќе направите информација со сите факти на англиски и уште денеска заедно со МНР ќе ја препратите секаде од ЕУ, НАТО, сите амбасади тука, ЕП, СЕ, Брисел итн... па ќе си го активирате и Претседателот и тој да испрати инфо кај своите...а Бујар ќе го викне бугарскиот амбасадор за лично да му го презентира случајот и доказите кои, како велите денеска не биле заради тоа што е Бугар, туку дека имал нерасчистени односи со "другарите".Па, можеби ќе намалите маааалце од штетата што сами ја направивте вчера кога трчавте ко прле пред магаре“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Министерот Сали вработува блиски луѓе, здравствениот систем пропаѓа, вели Левица

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овојпат во режија на министерот за здравство Беким Сали. Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките нелегитимни и тие мора да бидат поништени, вели Левица„Министерството за финансии мора да обезбеди согласности за одлуки имаат буџетски импликации за 2023 година. Со тоа треба да бидат поништени и одлуките на министерот Сали, во отсуство на согласности од Министерството за финансии.Левица дозна дека и неквалификувани лица блиски до власта биле унапредени. Како актуелен пример е унапредениот Кенан Џафери од Стајковци кој е лингвист, а ќе работи на утврдување на цената на лекови во сектор за фармација.Како советник во секторoт за медицинска опрема и следење на состојбата во здравствените установи била унапредена Шпреса Алиу, сестрата на Љуљзим Алиу кој е пак шеф на огранокот на матичната партија на актуелниот министер, Алтернатива во Општината Чаир.Соседот на министерот, Љирим Синани пак е унапреден во раководител на Секторот за управување со човечки ресурси на Министерството и натаму ќе одлучува за застапеноста на заедниците при вработувањето на кадар во здравството во Република Македонија.Министерот Беким Сали треба и да плати 8 милиони евра како пенали за нереализираната изградба на Клиничкиот Центар што е неопходeн за ревитализација на македонското здравство. Со тоа народот мора да продолжи да се лекува во приватните здравствени установи!Левица повеќекратно реагира на општата состојба во здравството, како недостатокот на лекови за ретки болести, за лошото справување со пандемијата и нетранспарентните јавни набавки од страна на Министерството за здравство и либерализацијата на здравствениот сектор со дополнителна политичка саботажа која од животите на луѓето гледа можност за профит“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-20-214401

Хакирана страницата на ОБСЕ во Македонија

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад.Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук.„ОБСЕ знае дека Фејсбук профилот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакиран. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

zname-kutlesh-ohrid-vodici-960x531-1

Полицијата отстранила 40-метарско знаме со сонцето на Кутлеш, избегнат инцидент на Водици во Охрид

За малку избегнат ицидент на празнувањето на Богојавление Водици во Охрид откако полицијата побарала да биде тргнато 40-метарско знаме со сонцето од Кутлеш кое беше поставено кај Долна порта на Самоиловата тврдина.Прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир заработил и адвокатот Тони Менкиноски кој е сопственик на големото знаме, а воедно и ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.Во телефонска изјава за Алфа, Менкиноски вели дека од полициските службеници барал да му достават наредба за тргање на знамето.-Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нема да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.Телевизијата побарала став и од полицијата. Оттаму им кажале дека нарушен бил јавниот ред и мир со истакнување „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

Македонија | пред 3 години

mkc1

Во недела музички собир во одбрана на МКЦ

Минатата година на 28 декември се одбележа 50-годишниот јубилеј на Младинскиот културен центар – МКЦ. По скоро еден месец од одбележувањето, во недела (22.1.2023), пред платото на МКЦ во Скопје со почеток од 12 часот, најавен е „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“.Добиј ги најважните вести, бесплатно на ViberНастанот се организира во знак на протест против смената на досегашниот директор на оваа културна установа Ванчо Богоев, кој 36 години работи во МКЦ. На негово место, Град Скопје пред неколку дена постави нов директор, кој по професија е детектив.Според организаторите на настанот, потпишани како „Гола планина колектив“, „ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство“„СИТЕ ЗА МКЦ! [МУЗИЧКИ СОБИР ВО ОДБРАНА НА МКЦ]МКЦ ПЛАТО, 22.01, НЕДЕЛА12:00-16:00[Собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство!]ОВА НЕ Е САМО УШТЕ ЕДНА СВИРКА!Запрашајте се: дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си поминале убаво? Ако да, знаете за што се бориме.БОРБАТА Е...Борбата е за квалитетни услови на уметничка креација која не спаѓа во ексклузивно популарната сфера, за градските институции да не си играат со уметниците и оние кои го овозможуваат нејзиниот процут, бидејќи инаку ќе згасне младата уметничка експресија.Се бориме за сите оние фестивали и концерти во МКЦ кои се случиле во последниве 50 години и сите оние кои сакаме да се случуваат во иднината.Се бориме за сите спомени (остварени и сѐ уште неостварени), за минатото и за иднината.СРАМОТА Е!Срамота е да се скрати буџетот на МКЦ за 92%!Срамота е форсираното политизирање на една од најлегитимните и најработливите културни установи во Македонија.Срамота е постојаниот обид за угнетување на оние кои уживаат во правење и восприемање на уметност различна од популарната, посебно на младите кои се борат за трошките.МКЦ Е ЗА СИТЕ!МКЦ е она што нè држи живи.МКЦ не го заслужува ова, не заслужува еден ваков ветеран да биде изеден од забот на времето и алчноста.МКЦ Е ПОВЕЌЕ КУЛТУРА ОД СИТЕ КВАЗИ КУЛТУРИ КОИ СЕ ПОНУДЕНИ НА ГРАЃАНИТЕ.МКЦ не е само Скопје, МКЦ е Македонија, МКЦ е Европа, МКЦ е млади и стари.МКЦ е светилник на нашата култура.Нема да дозволиме да ни го земете, наше е!!! #СитеЗаМКЦ #SiteZaMKC #НеГоЧепкајтеМКЦЌЕ НАСТАПУВААТ:S.A.MCut Your NippleLufthansaДина ЈашариНовиот ПочетокShock TroopersYöuХајкаDope Kukjata(и други...)“, стои во описот на настанот на социјалните мрежи.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-20-at-13.54.53

Основачот на Фондација Македонија се закани: Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката!

И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Северна Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Северна Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан – напиша на својот профил Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија.Фондацијата е основана во април 2021 година, како што е објавено на официјалната страница, од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, со цел населението во Бугарија и Македонија да биде едно општество во две држави.На уредничкиот акт на фондацијата, кој е објавен на страницата www.foundationmacedonia.com, појаснето е дека е основана со сума од сто лева, донирани од страна на уредникот Виктор Стојанов.-Фондација Македонија има за цел да спроведува постојани иницијативи со кои ќе се создадат трајни мостови помеѓу народот во двете држави, во областа на културата, образованието, науката, економијата, спорт, медицина, туризам и сите сфери од општествениот живот. Важно за да се постигне таа цел е фактот што општеството во двете држави беше еден народ до пред неколку децении, и може да има заедничка иднина во секоја сфера на општествениот живот – пишува на страницата на фондацијата.

Коментари | пред 3 години

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Пак се покачува горивото

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 7,084%, кај дизелот за 4,546%, кај екстра лесното масло за 4,351% и кај мазутот за 5,491%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,777%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг.Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

9899033.840x500-pim2-455a4975-1

Претепан секретарот на бугарскиот клуб во Охрид

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, бил претепан од три лица, а нападот бил извршен синоќа околу 21 часот пред угостителски објект во центарот на градот.Оваа информација ја потврдија од СВР Охрид.„На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, рекоа од СВР Охрид.Агенцијата БГНЕС објави дека 21-годишниот Бугарин од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица, а објави и фотографија од нападното лице.„Пендиков бил заедно со уште една девојка. Пред да излезе од кафеана беше навредуван и испровоциран од друштвото поради неговата припрадност. Тој моментално се наоѓа на лекување во локалната болница. Се чека неговото транспортирање и префрлање во болница во Скопје“, објави БГНЕС.

Македонија | пред 3 години

13

Дојде крај на јануари, издишаа лагите на Мицкоски за распуштање на Собранието, вели СДСМ

Издишаа лагите на Мицкоски дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието ,вели СДСМ„Дојде крај на јануари, а нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собранието.Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници.Мицкоски, исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, се заплетка во сопствените лаги“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

orovnik

(ВИДЕО) Во охридски Оровник „исчезна“ светиот крст

Матната охридска вода беше осветена за празникот Богојавление - Водици но среќен фаќач на крстот кој беше фрлен во водите немаше, кога е во прашање селото Оровник, односно целата општина Дебрца.Петнаесетина верници се обидоа да го пронајдат фрлениот свет крст, но не успеаа поради силниот ветар, односно брановите кои тој ги предизвика.Поради ниските температури потрагата по светиот крст не траеше долго, а верниците се повлекоа. Крстот беше фрлен близу брегот на езерото од страна на свештените лица.

Охрид | пред 3 години

kontejneri

(ВИДЕО) Пиромани палат контејнери низ Карпош, ги гасне пожарна

Вечерва на повеќе локации во Карпош се запалени контејнери за отпад.Скопје1 на три локации забележа како гори отпад, а сите во дело на Влае и Капош 4.Една од локациите на која се наоѓаат контјнерите е близу бензинска пумпа, а пожарот го пријавиле вработените со оглед на опасноста дека истиот може да се прошири.Со оглед дека контејнерите се пластични, изгорени се во целост.

Скопје | пред 3 години

eli-366856

Единствената девојка која скокна по крстот во Велес: Не се откажувам, ќе скокам сè додека не го фатам!

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка,  28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција. Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар. За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.Апостоловска  потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.– Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат,  синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар.Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.Извор: Миа.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања