ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

IMG_6128

ВИДЕО: Кристијан Нинески по третпат го извади крстот од Вардар во Скопје

Осветени се водите на Вардар, чин кој заврши со положување на светиот крст од страна на г.г. Стефан. Кристијан Нинески е среќнот верник кој го фати крстот во Вардар. На крајот од осветувањето на водите, г.г. Стефан рече го честиташе празникот Богојавление Водици. Среќниот верник беше даруван. Ова е третпат тој да го извади крстот од Вардар. Првпат во 2019, вторпат во 2020 година и сега, 2023 година.„Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска не собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род“, кажа г.г. Стефан.Околу 130 верници учествуваа во фаќањето на светиот крст, кој беше положен во реката Вардар во Скопје точно на пладне.Како што информираа за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени беа полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Скопје | пред 3 години

291684224_604318787712748_3048219696026221122_n

Полукриминални групи под контрола на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници, нема да им успее и ќе зажалат за тоа, кажа Мицкоски

Денеска по завршувањето на централниот настан на положување на светиот крст во водите на Охридското езеро, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прашан за пратениците од власта кои што посакуваат избори, при што истакна дека нема рационален човек во македонскиот парламент и што и сака добро на Македонија, а да не сака избори.Но, посочи Мицкоски, оние полукриминални групи кои се дел од македонското подземје, а кои се контролирани од високите раководства во Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ), веќе почнуваат да вршат притисоци врз пратениците во македонскиот Парламент кои се организирање предвремени парламентарни избори.И покрај притисоците кои што почнаа да им се вршат, Мицкоски изрази убедување дека овие пратеници, кои што пред се му посакуваат добро на државата, ќе ги издржат притисоците од криминалните структури и останат доследни на кажаното, бидејќи борбата за Македонија нема цена.„Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што и сака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

6caa832f-c66e-4bae-b482-256ca5424227

Васко Довлев е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид

Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија кон пристаништето.Крстот во осветените води на Охридското Езеро беше положен од Светилникот на пристаништето.Васко Довлев од охридската населба Варош е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид.

Охрид | пред 3 години

Screenshot_16-1

(ВИДЕО) Деца немојте да се борите за крстот: Инцидент во Крива Паланка

Инцидент се случи во водите на Крива река за време на фрлањето на Светиот крст. Поголема група на млади момчиња кои се фрлија по крстот, почнаа да се борат за крстот и за малку беше избегнат поголем инцидент.И покрај апелите на свештеното лице кое го фрли крстот, младите момчиња продолжија да се тегнат и да се влечат.Погледнете:

Македонија | пред 3 години

326205449_917604982586525_2049675277135806128_n

(ФОТО) Коњ шета сред булевар во Скопје

Вчера на социјалните мрежи беа објавени фотографии од коњ кој шета во Ѓорче Петров. Коњот се движел по главниот булевар во близина на општинската зграда.„Во Ѓорче сам коњ на улица,кај општината оди на кај Сарај.Некој да помогне“, стои во објавата.Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, велат дека често возачите возат брзо на овој булевар, па може да се предизвика сообраќајна несреќа

Скопје | пред 3 години

podmocani-1

(ВИДЕО) Фрлањето на крстот во Подмочани се уште е број 1

Православните верници денеска масовно го одбележуваат верскиот празник Богојавление – Водици.Ако досега не сте го погледнале, тогаш да се потсетиме на ова несекојдневно видео, фрлање на крстот во преспанското село Подмочани.Видеото е снимено пред 11 години, односно во 2011-та година.Овој празник го симболизира крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител.На Водици, црквата го извршува големиот водосвет, а осветената вода се верува дека е лековита.

Магазин | пред 3 години

apasiev-bekim-sali

Жесток Фејсбук дуел меѓу Апасиев и Сали: „Треба сериозно да бара лек против албанофобија“

Откако денеска излезе список дека актуелниот министер за здравство Беким Сали унапредил 17 лица, меѓу кои 14 Албанци и тројца Македонци роднини на актуелни функционери, дојде до жесток фејсбук дуел меѓу првиот човек во здравството и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Првично, Апасиев сподели кај него статус за новите унапредувања во здравството, по што актуелниот министер му возврати:„Апасиев, треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, напиша Сали на службениот профил.Меѓутоа, лидерот на Левица не му остана должен, па уште пожестоко му одговори:„Шовинисту, оди прво обезбеди им лекови на болните од цистична фиброза! Уште се лечиме преку СМС и Македонци и Албанци“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-18-at-23.02.44

ВИДЕО: Тешка сообраќајка кај рампа во Кисела Вода

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа видео снимки на кои се гледа штететата што ја претрпеле двете возила кои учествувале во несреќата.На снимките може да се види и дека на местото на несреќата интервенираат екипите на МВР и Брзата помош.Засега останува непознато дали има повредени или настрадани лица.Повеќе информации очекувајте наскоро. 

Скопје | пред 3 години

655-402-zatvor

Затвореник наместо во затворот „Идризово“, си крадел

Денеска (18.01.2023) околу 10.30 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле 35-годишниот Р.А. од тетовско Одри за доиздржување затворска казна од 4 години и 11 месеци, откако претходно бил пуштен на викенд и не се вратил во КПУ Затвор "Идризово" во Скопје.Тој е спроведен во казнено- поправната установа за доиздржување на казната.Инаку, Р.А. се сомничи и дека ноќеска (18.01.2023) извршил тешка кражба во куќа во тетовско Беловиште, при што одзел пари и лични предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.

Македонија | пред 3 години

kuce

Правилник на Тетово: Колку посилно те касне кучето, толку повеќе поени и пари можеш да добиеш

Општина Тетово објави Правилник за надомест за каснување од кучиња.Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест.За каснување се добиваат од 5 до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од 5 до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето.Секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.Вака изгледа тарифникот за собирање поени:Повеќе детали од Правилникот на следниот ЛИНК.

Македонија | пред 3 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

И Шилегов играше на картата ,,ај, ќе заборават", па потона покатастрофално одошто му предвидов., ѝ Јоци до Данела

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во врска со разрешениот директор на МКЦ кој не сакал да потпише вработување на Бени Шакири.„Скандал во МКЦ. Брујат медиуми. Разрешен директор затоа што не сакал да потпише вработување за Бени Шакири, а новиот директор бил детектив по професија. Завчера, пак, беа отпуштени вработени од обезбедувањето на Град Скопје.Неверојатно за читање.А, ене ја кај е 2025.И Шилегов играше на картата ,,ај, ќе заборават", па потона покатастрофално одошто му предвидов“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-18-165839

ВИДЕО: Пратеник патуваше 150 километри за да му докаже на министерот за транспорт дека лаже

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата му посочи на министерот Благој Бочварски дека на автопатот Кичево-Охрид дел од трасата од Другово до Извор не е пробиена.„Јас целата траса сум ја поминал, така што вие мене не мора да ме носите на трасата. Можеме слободно кога сакате да направиме увид во градежните активности. Апсолутно не сте во право. Правиме напори да заврши целиот пат. Тоа може во вашите прес-конференции така да изгледа, но на терен не е така“, изјави Бочварски.Денес Стојаноски објави видео од локацијата каде трасата не е пробиена.„Директно од терен - доказ за лагите на власта.На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти!“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

granicen-premin

Полицајка на граница фатена додека примала поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од Кривичниот законик.Пријавената на 21.12.2022 околу 12 часот побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција.Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место.

Македонија | пред 3 години

stojanovic-jovica-600x375-1

Јовица Стојановиќ поставен ВД директор на Управата за извршување на санкции

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 120-та седница.На седницата, Владата го прифати предлогот на Министерот за правда и за ВД директор на Управата за извршување на санкции, до изборот на нов директор, е именуван Јовица Стојановиќ.Владата го прифати и предлогот на Министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување на санкции.Стојановиќ е именуван за ВД директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница беше разрешен директорот на Управата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Можеше ли да се спречи катастрофалната несреќа на автопатот Струма во Бугарија во која во 2021 година загинаа 45 макеоднски државјани, а седум беа повредени?

Можеше ли да се спречи катастрофалната несреќа на автопатот Струма во Бугарија во која во 2021 година загинаа 45 макеоднски државјани, а седум беа повредени? – Ова прашање се наметнува по денешната седница на Комисијата за спречување корупција (ДКСК) која иницираше Владата да утврди одговорност за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, затоа што не донел навремено решение за забранана вршење дејност на станицата „Виа Комерц“, каде технички преглед мина и автобусот на „Беса Транс“ непосредно пред несреќата и му била издадена потврда дека е исправен.Министерството за внатрешни работи (МВР) три месеци пред несреќа, односно во август 2021, при контрола на станицата за технички преглед, констатираше низа неправилности, по што е доставен предлог за забрана на вршење дејност, затоа што меѓу другото техничкиот преглед го вршат нестручни лица и овозможуваат во сообраќај да се вклучат технички неисправни возила. Но, забраната за вршење на дејност е издадена три дена по несреќата во Бугарија.„Дали министерот намерно или ненамерно не го потпишал навремено решението и дали во таа постапка имало влијание или корупција не е потврдено. Но, од друга страна, прекршени се тие одредби, три месеци стоело решението и се предизвика тоа што се предизвика“, вели Шемси Сали, член на ДКСК.Пријавата за овој случај е доставена од непознат подносител до Комисијата за спречување на корупција. ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски.„Ние немаме податок дали техничка неиспрваност е причина за несреќата но наше е да укажеме од аспект на несовесно работење на министерот. Затоа до владата доставуваме иницијатива а целиот материјал оди во ЈО во прилог на нивниот веќе отворен предмет, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања