„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

siluvanje

Скопјанец осомничен дека ја силувал бившата девојка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Македонија | пред 3 години

skopska-zooloska

Поставени нови директори во јавните претпријатија во град Скопје

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство.За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство.Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

Скопје | пред 3 години

ali-ahmeti

Ковачки до Ахмети: Кажи кои Македонци ти нуделе поделба на Македонија

Од настапите на Али Ахмети пред своето членство повторно гледаме дека кога се отвораат прашањата за борба со корупција и кога е очигледно дека конечно е дојдено време да се стави крај на пљачкањето и понижувањето на Македонија и Македонците, тој отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Дополнително, се служи со манипулации кои никој повеќе не ги зема за сериозно.На пример, Ахмети кажува дека ДУИ 20 години инвестирала во кадри и спремање на специјалисти од различни области за да не сме црвенееле пред другите развиени држави.Состојбата е обратна - токму заради таквите кадри во кои 20 години инвестирал Ахмети, добивме јавен укор од амбасадорката на САД, па уште ни донесоа и тим за борба со корупција затоа што институциите во кои инвестирал Ахмети се пренатрупани со нестручност, некомпетентност и криминализираност, односно се пред колапс.Командантот, претседателот или како и да се перципира себеси стариот, наместо да се извини за јавниот напад врз медиумите, бара новинарите да "не и' дувале на бељата".Ете така ја разбира демократијата Али Ахмети, тој да зборува и да прави притисок врз новинарите, јавно етикетирајќи ги според лично убедување, но за неговите постапки поврзани со ограничување на Уставно загарантирани права, никој да не смее јавно да коментира оти тоа било "дување на бељата".И конечно, Ахмети повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. (?!)Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори:Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер - СДС?Граѓаните треба да добијат одговор и да знаат кој е тој што си земал право да одлучува во име на сите тогашни и идни генерации Македонци, но и на сите останати граѓани врз кои почива суверенитетот на државата и дали таквите лица се' уште се на платен список на граѓаните на Македонија“, дадава тој.

Македонија | пред 3 години

cementara

Арсовска ја поднесе кривичната пријава против цементарница „Титан Усје“

Денес градот Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице - Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух, велат од Град Скопје.„Имено, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час.Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час.Производниот процес на цементарницата „Титан Усје“ е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината.Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“. За овие дела е предвидена затворска казна.Апелираме до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Вишоците на струја се продаваат по двојно пониски цени од берзански, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Кога СДС се фали дека државната ЕЛЕМ продава вишоци струја, треба воедно да каже дека ЕЛЕМ и Ковачевски државата и граѓаните ги чинат 230 милиони евра за само една година, колку што употребија пари од буџетот за купување на струја од пајташи блиски до власта, тврди ВМРО-ДПМНЕ„Воедно да одговорат зошто се чекаше цели дваипол месеци за смена на генераторот, со што беше успорено производството на струја?Главното прашање е што се прави и каде завршуваат тие вишоци на струја, односно зошто се продаваат на сомнителни субјекти по двојно пониски цени од берзанските?Ова се прави за да броилото и фирмите на Ковачевски во енергетиката растат додека народот осиромашува. Добро е Ковачевски да објасни како неговата сопруга преку ноќ стана бизнис тајкун во овој енергетски сектор“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

sasko-mitovski

Градоначалниците на СДС како локални шерифи, тој во Крива Паланка нападнал полицаец, па вршел притисок да не биде пријавен, вели ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно насилството после корупцијата и криминалот е следното нешто кое најдобро го знаат функционерите од СДС. На 14.01.2023 година градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС нападнал полицаец пред сведоци без никаков повод и без никаква причина. Според сведоштвото на жртвата, градоначалникот од СДС бил во алкохолизирана состојба и со два шамари го нападнал на улица. Да биде уште потрагично, нападнатиот полицаец и неговото семејство сите овие денови биле под притисок да не го пријавуваат нападот и да се повлечат. Градоначалникот Митовски да има грам доблест ќе се извини, ќе си поднесе оставка и ќе ги сноси последиците. Вака Митовски покажува дека е човек кој ем силеџиски тероризира граѓани, ем после тоа кукавички врши притисоци да се забошоти овој скандал, вели ВМРО-ДПМНЕ„Самоволието и насилството на градоначалникот на СДС мора да биде казнето. Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

D0065093A55B42E69C4A6D6407E4EBC8-e1416651071153

За Бејта, Груби е тенеќе

Поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта во емисија на „Алсат“ искажа навредливи зборови за сопрартиецот Артан Груби но и за соработката што ја имале со сегашниот градаоначалник Арбен Таравари.Што се однесува на оработката со Арбен Таравари, соработката била уште во 2017-та. Таа била тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција.Бејта беше запрашан и за коментар за тоа што лидерот Ахмети е сака да се откаже од Артан Груби и затоа на колку карати е „проценет“ првиот вицеремиер.„Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето.. Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат“-спореди Бејта.

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Нападнат секретарот на Град Скопје од вработен кој имал кривично досие

Лицето Елвис Симоновски, на ден 09.01.2023 извршил кривично дело, физички и вербално напаѓајќи го секретарот на градот Скопје во присуство на повеќе вработени од градот, за што е уредно пријавен во МВР кое постапува по пријавата., велат од Град Скопје.„Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот.Санкционирањето на вработени за кршење на работниот ред и дисциплина и тешки повреди на работниот процес е определено со закон и подзаконски акти и не подразбира мобинг. За овие тврдења, лицето ќе има можност покрај кривичната пријава, вистината да ја докажува и пред надлежниот суд.Инаку лицето Елвис Симоновски има казнена евиденција и кривично досие. Во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела и тоа за фалсификување на исправа, за затајување и тешка кражба. Тоа што ова лице имало поддршка од неговите партиски колеги за толерирање на неговото непрофесионално однесување не значи дека оваа градска администрација ќе подлегне на ваквите партиски притисоци“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

20220915120831

Арсовска го разреши директорот на МКЦ

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го разрешила в.д. директорот на Младински Културен Центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата.Информациите на „Фокус“ ги потврди сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.„Денеска ме викнаа да ми го врачат решението за разрешување од функцијата без никакво посебно образложение, освен што е наведено дека заклучно со утре изминуваат шест месеци. Како тоа сега им пречам како директор и не ми продолжија, кога претходно без никаков проблем ми ги продолжуваше мандатот. Или, причина за тоа е што се спротиставив и не играм по нивно“, вели Богоев во изјава за „Фокус“.Целиот текст можете да го прочитате тука 

Скопје | пред 3 години

20230117131259

Се огласи полицаецот кој беше натепан: Градоначалникот беше под дејство на алкохол и ми удри две шлаканици

Полицаецот Кристофер Стоевски се огласи на социјалните мрежи со тврдење дека добил две шлаканици од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.„На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во Селект Кафе . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така видно изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка С.М. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка.За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите - таткото на градот!" - стои во објавата на полицаецот

Коментари | пред 3 години

spas3

Хаос во најава: Бугари со автобуси ќе се носат во Македонија да го слават Гоце Делчев на 4-ти февруари

Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, на својот Фејсбук профил најави дека на 4 февруари ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.Тој ги повикува сите Бугари да ја прославата 151 годишнината од раѓањето на Делчев за кого Стојанов пишува дека е Бугарин.„Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско)! Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат! Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев !!!“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

325944494_1372488500176955_8157952425709305039_n

„Нема толеранција за дивоградби“ дециден е центарскиот градоначалник и почна да руши среде Центар

„Постапувајќи по решение за отстранување на доградба издадено од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес самостојно започна со отстранување на објектот“, пишува Горан Герасимовски, градоначалник на Центар.Тој додава:„Повторно упатувам апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти“.

Скопје | пред 3 години

collage

Марјан Спасовски разрешен од директорската позиција во Управата за извршување санкции

Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите. За ова извести Владата, по денешната одржана седница.Разрешувањето доаѓа по неговиот јавен настап во медиум, полн со контрадикторности.Спасовски во интервјуто посочи и дека знаел за тоа дека командирот Срѓан Димитријески е осуден дека земал мито, но сепак оставил да биде командир во „Идризово“. Два дена по интервјуто, додека на смена беше Димитријески, избега затвореникот осуден за убиство и дрога, додека командирот е осомничен дека му го организирал бегството со други лица.

пред 3 години

konmstantin-i-elena

Ќе се тргаат тарабите околу црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје

Инспекцијата на Општина Центар ќе ја отстрани металната ограда од градилиштето на црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје. Како што велат од Општината, поминат е рокот за градба од 10 години и сега просторот ќе го расчистат и ослободат од тарабите, објави СДК.МК„Таму нема никакви градежни работи, ниту пак има најава до Општината дека тие ќе продолжат со оглед на тоа дека е поминат рокот за градба. Затоа во наредниот период оградата ќе биде тргната, просторот ќе биде исчистен и овој дел од центарот на градот ќе биде ослободен од лимените бариери“, вели Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторатот на Општина Центар.Црквата „Св. Константин и Елена“ требаше да почне да се гради во 2009-тата година, кога тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ го претстави планот таа да биде подигната на Плоштадот „Македонија“. По реакциите во јавноста, протестите и барањата за реципрочна изградба на џамија на скопскиот плоштад, беше предложена актуелната локација на црквата, во дворот на Домот на АРМ.Изградбата почна во 2012 година, но запре откако почнаа да се таложат долговите. Во декември 2014 година, тогашната Влада објави дека политичари, стопанственици и владици од Македонската православна црква – ОА, учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Завршува вториот јавен повик на Град Скопје за избор на приватни превозници

Првиот јавен повик на Град Скопје за приватни превозници пропадна, а денеска завршува вториот за превозниците кои би го пополниле возниот ред на ЈСП на линиите 20 и 22.Иако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека јавниот сообраќај може и без приватните превозници, сепак на огласите се бараа дополнителни 48 автобуси и 103 возачи за огласите.Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе ги повика на средба приватните превозници, иако такво нешто досега не се случи.Приватните превозници тврдат дека ЈСП има долг кон нив и исто така договорот им е прекинат незаконски и затоа ја бараат правдата.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања