„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

322956014_1381963682573302_772531365421172368_n

Во 2022 запленети 2,4 тони дрога, кривично пријавени околу 800 сторители

Во емисијата „Само анализа“ на ТВ 24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето каква е состојбата со дрогата во државата и дали се прават акциски контроли по угостителски објекти, потенцираше дека контролите на МВР се секојдневни, и додека во текот на летото се реализираа преку Оперативниот план „Безбедно лето“, сега се прават преку Оперативната акција „Безбеден град“.„Количините кои што се откриваа изминатиот период покажуваат дека откривачката дејност енормно е зголемнена. Пред 2,5 месеци имавме уништување на најголемо количество на дрога, околу 10 300 кг, дрога која беше запленета претходниот период. Така 2022 година можеме да ја оцениме како успешна во делот на сузбивањето на недозволената трговија. Имаме околу 2,4 тони запленета дрога во вредност од околу 6 милиони евра на црниот пазар, најголем дел марихуана, но секако и хероин, кокаин, амфетамини, хашиш и околу 20 тони најразлични прекурсори, најдолем дел од спречување на меѓународни транспорти. Секојдневно, секторите за внатрешни работи откриваат случаи на дистрибуција на дрога низ градовите. Во овој период сузбиени се 12 организирани кримналани групи со 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, а пријавени се околу 800 сторители. Имаме 7 случаи на злоупотреба на контролирано производство на марихуана во правни субјекти со лиценца за производство на медицински канабис во Струмица, Охрид, Битола, Кочани, Куманово и во Струга, при што откриени се неправилности и запленети се марихуана и стебла „канабис сатива“ и за правните лица и за сторителите преземени се кривично правни мерки. Откриена е една лабораторија за производство на марихуана во Скопје и шест насади со марихуана во Дебар, Струмица, Штип и Битола. Имаме спречено осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин. Тоа се најголемиот дел од заплените“, потенцираше Спасовски.На прашањето околу уличната продажба на дрога, министерот Спасовски потсети на оперативната активност која ја спроведуваат сите сектори за внатрешни работи, како резултат на која само во еден ден на подрачјето на СВР Тетово беа приведени 30 лица поради сомнение за нелегална трговија со дрога.„Сметам дека треба да се преземат и низа на други мерки во делот на воспитно - образовниот процес, не само репресивни, сѐ со цел да се подигне јавната свест во делот на консумацијата на дрогата, воспитувањето на децата и младите, нешто што полека, но сигурно го запоставуавме во општеството на сметка на сите овие девијантни појави што ни се случуваат“, дециден беше министерот Спасовски.

Македонија | пред 3 години

sdsm-56

Што се градело во 2022 година за 465 милиони евра

„Највисока реализација на капитални инвестиции, 465 милиони евра во 2022 година“, пишива СДСМ и додава:Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат видливи резултати.2022 е година на најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вредност од 465 милиони евраИ покрај тоа што минатата година ја одбележа светска економска криза, реализирани се речиси 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години.Вредноста на инвестициите на државата по тој основ во последните три години изнесува 1,1 милијарда евра.Реализирани се 1.300 километри патна инфраструктура, започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра.Комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството.За оваа година во буџетот се планирани дури 51,8 отсто повисоки капитални инвестиции.СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните.

Македонија | пред 3 години

siluvanje

Принудувал малолетничка да дава сексуални услуги за 1000 до 2000 денари, пет лица лишени од слобода

Во рамките на истражна постапка што се спроведува против едно лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело „Трговија со дете“, по прибирање на доказен материјал, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против уште против пет лица за истото кривично дело.Имено, на 14.01. под раководство на предметниот јавен обвинител, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Кавадарци изврши претрес во дом и други простории кај осомничените. Петмината осомничени беа лишени од слобода и изнесени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој на предлог на јавниот обвинител, со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена.Осомничените на возраст од 21 до 39 години, во временскиот период од месец август до 19 септември минатата година, на различни локации, користеле сексуални услуги од малолетничка. Дваесет годишникот за кој веќе се спроведува истражна постапка за сторено кривично дело „Трговија со дете“,со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и да дава сексуални услуги на осомничените за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари.

Македонија | пред 3 години

03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

Ковачевски незадоволен од Спасовски, започнат е процес за избор на нов директор

На денешната прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е незадоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции, и започнал процес за селекција на нов директор."Прво јас сакам да се заблагодарам на МВР кое реагираше брзо и целиот случај го санкционираше што значи дека единицата за корупција во секрторт за криминалистички истраги при одделот за организиран и сериозен криминал при МВР до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе поденесе кривична пријава против 4 затворски полицајци, командир и надзорници во КПУ Идризово. Не би образложувал повеќе оти веќе е во надлежнст на обвинителството, а тие се независни органи.Јас не сум задоволен од работата на директорот на управата за извршување санкции при министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на управата за извршување на санкции", вели Ковачевски

Македонија | пред 3 години

megu-makedoncite-od-severot-na-grcija-ne-se-davame-po-drzavnost-sme-grci-no-po-nacionalnost-sme-makedonci-1

Македонците од северот на Грција: Не се даваме, по државност сме Грци, но по националност сме Македонци

Во 2021 година се случија два тажни закопи во Овчарани. Починаа маж и жена, во своите 90 и кусур години возраст. Нивниот син Панајотис на надгробните споменици покрај грчкото им го запиша и македонското име и презиме. Сега покрај името на татко му Јоанис Анастасиадис стои и името Јане Ашлаков, а покрај името на мајка му Дона Анастасиадис стои и името Дренка (Донка) Ашлакова. На истите надгробни споменици се запишани и неговата баба и дедо, но само на македонски јазик, Блаже Ашлаков и Конда Ашлакова, пишува САМО ПРАШАЈПо краток муабет се упатуваме во дворот за да го продолжиме разговорот. Таму пристигнуваат неговите другари и пријатели, сопругата, снаата, но и еден австралиски зет по потекло од Италија кој по 50 години поминати на далечниот континент ја исполнил желбата на сопругата Македонка од Овчарани да го посети своето родно место. Малата барака наеднаш ја исполнува симфонија од различни јазици. Македонски јазик на повеќе наречја, како и грчки, и англиски. Сите говорат во исто време.Првото прашање кое си го поставувате кога ќе минувате низ леринскиот регион е – од што живеат луѓето овде. Нема фабрики, нема државни институции, само ситно претприемништво. Панајотис Анастасиадис има „ергела“ од багери и камиони за ископување и транспорт на земја – бизнис кој често го води кон Битола. Го затекнавме среде село. Во муабет со Тасопулос Костадинос на неговиот џиновски трактор, дојден од Забрдане или по грчки Лофи, по работа во Овчарани.Трогателно е колку овие луѓе се трудат да го остават во живот нивниот мајчин јазик, македонскиот јазик. Од секое ќоше ги демне некој што невкусно ќе им прокоментира за „јазикот што го зборуваат“, но тие пркосат и „лафат“, „пулат“, мешаат битолско наречје, прилепско, па дури и струмичко. Како што ги учеле баба и дедо. Дури и сообраќајната полиција која нè сопре на патот од Лерин кон Екшису, најпрвин ни се обрати на грчки јазик, а потоа се разбравме на англиски јазик, но кога по проверката ни ги врати документите не поздрави на македонски јазик. Сето тоа недвосмислено зборува за врските меѓу населението од двете страни на границата.Прочитајте повеќе на САМО ПРАШАЈ

Македонија | пред 3 години

noz-ubistvo-napad

Детали за таткото кој се обиде да го убие синот во кујна од ресторан: Со нож го бодел по цело тело

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син.По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на оштетениот во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на оштетениот и го пренел во болница.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил „да го реши оштетениот“, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-16-at-10.38.39

Нов земјотрес во Македонија, 10 афтершокови регистрирани во Албанија

10 афтершокови се регистрирани од синоќа до утрово со епицентар во Албанија. Последниот е во 10 часот и 05 минути по македонско време со јачина од 3,1 степен по Рихтер. Истиот е почуствуван и во Макеоднија.Синоќа 4,7 степени по Рихер беше најсилниот земјотрес регистиран во 22 часот и 37 минути. Дел од жителите од епицентралното подрачје ноќта ја поминаа во своите автомобили, откако ги напуштија своите домови.Mинистер за одбрана Нико Пелеши на „Фејсбук“ напиша дека помала штета е евидентирана во областа Клос, пренесува Коха. Епицентарот на земјотресот бил на три километри јужно од Клос, а земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија. Земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината.

Македонија | пред 3 години

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

„Идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред, оти оваа е неспособна до коска“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сегашната влада е неспособна до коска, а идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред.„Не знам кој ја смислил идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, но мене ми е сосема во ред.До нови избори кои се насушни.Бидејќи оваа сегашна влада, октроирана, е неспособна до коска. Стоиме во место и од ден на ден е сé полошо. Исток не нé запишува, запад нé отпишува. Секој ден е преполн со бегства, црни хроники, колапси на секој чекор, рекетарски шеми и текстови по медиуми и социјални мрежи...Цути само коцката и брзите кредити.Јас не знам дури ни кои министри вршат функции, денеска за првпат ја видов жената која била министерка за труд и социјала.Катастрофа!Толку е тивко, а толку гласно се слуша падот кој е неминовен“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

image-170057

Оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје, до кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство, вели ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска со денови молчи за насилството на нејзиниот генсек врз вработени во Град Скопје, иако како жена политичар треба да биде прва против насилството, а особено против семејното насилство, за што во минатото Глигоров исто така бил пријавуван, вели ВМРО-ДПМНЕ„Доколку Арсовска не знаела дека нејзиниот втор човек е насилник, сега знае, и нема оправдување да не го разреши.Недозволиво е човек со склоност кон насилство да биде втор човек во институција како Град Скопје.Дали Глигоров има карактерна особина за насилничко однесување кон жени и поддредени во службата, не навлегуваме, тоа е проблем кој доколку се детектира треба да се третира од соодветни установи, но не може таква личност да биде на раководна позиција.Што да очекуваат граѓаните кои треба да чекаат услуга од генсекот Глигоров? Нема место за насилството во 21 век, ниту во институциите, ниту во општеството.Ги повикуваме СДС и Арсовска да го прекинат молкот и да го разрешат Глигоров“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

268918612_3122456524744261_6922829488323351215_n

Експлозија се случила покрај Славјанка Петровска на булевар во Скопје

Вечерва експлодира Автомобил на булеварот Кочо Рацин во близина на гимназијата Корчагин.Во близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска која го забелажала настанот„Одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска.На терен е испратена и увидна екипа на МВР.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Страшно: Осум тепачки на осум локации

На 15.01.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Драчево, С.Ј.(23) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 00.20 часот на ул.„Бистра“ бил физички нападнат од Б.Ј.(25) и Ф.Ј.(21), двајцата од Скопје. се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 11.00 часот во СВР Битола, П.Г.(59) од Битола пријавил дека околу 10.00 часот во „Новиот Пазар“ на ул.„Васко Карангелевски“ бил физички нападнат од Б.А. од Битола. Се работи на расчистување на случајот,На 14.01.2023 во 10.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Е.(47) од Пробиштип пријавил дека околу 09.15 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 15.01.2023 во 00.25 часот во Полициската станица Дебар, А,Х,(26) од Дебар пријавила дека на 14.01.2023 околу 23.50 часот била физички нападната од А.Х. од Дебар. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино, Н.К.(19) од с.Долни Дисан пријавил дека околу 03.00 часот, по кратка расправија, бил физички нападнат од Д.Н.. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(42) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на ул.„Козара“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(59) од Скопје пријавил дека на 13.01.2023 во 18.00 часот на бул.„АСНОМ“, на кеј на река Вардар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.На 14.01.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ едно лице физички ја нападнало и барало пари, но не ѝ одзело ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Татко си го избодел син му среде кафеана

На 14.01.2023 во 17.00 часот на ул.„Решад Џафери“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје.Тој се сомничи дека околу 14.00 часот во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство - Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

(ФОТО) Годинава во Скопје воздухот многу поопасен, во однос на истиот период лани

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме, пишува Мета.мк во својата анализа.Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.Притоа, резултатите од мерењата за присуство на ПМ-10 честичките во Лисиче за декември 2022 година покажуваат дека дури девет дена од месецот имало екстремно загаден воздух, кога среднодневните концентрации на овие загадувачки честички биле над 150 микрограми на метар кубен – загрижувачка граница поради која властите го вклучуваат прагот на алармирање.Заедно со ПМ-10 честички, воздухот во Лисиче изминатиов месец бил “богат” и со ПМ-2.5 честички. Да напоменеме дека максимално дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот е 25 микрограми на метар кубен. На 23 декември, во Лисиче бил измерен 24-часовен просек на присуство на ПМ-2.5 честички од 259 микрограми на метар кубен, што е за фантастични 10 пати повеќе од максимално дозволената граница.Воедно, дури 30 од вкупно 31 ден во месецот на мерната станица во Лисиче е измерено надминување на дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од месечните извештаи објавени на веб-страницата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.Дека во декември 2022 година се дишел поопасен воздух од истиот месец од претходната година, докажуваат и официјалните резултати кои се добиени и од другите мерни станици во Скопје.Па така, мерната станица „Ректорат“ спроти трговскиот центар „Мавровка“ покажува полоши резултати во декември 2022 година. Кога станува збор за присуството на ПМ-10 честички во воздухот, измерено е дека во 16 денови од овој месец била надмината максимално дозволената гранична вредност за 24 часа од 50 микрограми на метар кубен. Притоа, во текот на три дена од минатиот месец воздухот бил екстремно загаден, при што концентрациите на ПМ-10 честички биле над 150 микрограми на метар кубен.Целиот текст можете даго прочитате тука

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-14-154236

„Зошто Џамбаски не е прогласен за persona non grata во Македонија?“

Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева вчера се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје.На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, порача Џамбаски од центарот на Скопје.Ова предизвика лавина реакции во јавноста, а ова се дел од нив.„Ангел Џамбаски треба да биде кривично гонет врз основа на член 319 и во секој случај во најмала мера треба да се протера и да се прогласи за persona non grata во Македонија“, вели професорката Мирјана Најчевска.„Зошто европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, не е прогласен за persona non grata во Македонија?“, вели професорката Тања Каракамишева„Ало Бујар ОсманиДа не пропадна во гериз во Виена?Изгледа полна ти е устата па немаш ништо да кажеш за Бугарската националистичка провокација среде Скопје.Ова не е само националистичка провокација, ова е формална негација и окупација на македонската држава“, вели поранешниот министер Михајло Маневски.„Барабата и циркузантот бугаринот Џамбаски, денес во Скопје е дојден да провоцира и иритира велејќи дека Македонија е Бугарска⁉️Ова ама ич не е европски, ова е наци-фашизам,гнасна провокација, одвратно рчкање со нас кои сме во светлосни години поголеми демократи и ЕвропјаниЏамбаски ни доаѓа и ни кажува што сме, кој сме и од каде смеЕпа дозволи ми да ти одговорам како Македонец пратеник од македонското собрание и човек кој верува во европските вредностиОва е Македонија земја која постоела и ќе постои со својата автентичност и шареноликост.Овде се зборува македонски јазик, различен од вашиот, Македонците се горди на својата земја, на својата вера, историја и традиција.Добронемерниот гостин го примаме со широко отворена врата и полна трпеза, а таквите како тебе срамота е да го спомнат зборот Македонија.Сакаме пријателство, почит и партнерство и знам дека ќе успееме, благодарејќи што таквите политичари како тебе се минато, реликт од дамнешни антиевропски матрици. Европа е заедништво, поддршка и почит на различности, Европа е се што ти и таквите како тебе не се ‼️Ќе успее и ќе живее европска Македонија“, вели пратеникот Мартин Костовски.„Каква држава е ова чим воопшто му дозволува на Џамбаски да влезе па и на сред Скопје да не понижува?“, вели Љупчо Златев.„Бугаринот Џамбаски, несомнено, денес во Скопје е дојден да провоцира. Велејќи дека Македонија е Бугарска; тоа уште може и' да се окарактеризира како наци-фашизам: инфективна особа која со гнасни провокации ни доаѓа и ни кажува што сме, кој сме и од каде сме.Оваа будала не заслужува никакво медиумско внимание ниту коментар. Башка во Бугарија нема никакво политичко влијание. И бугарите го процениле дека е нацибараба.Најдобро е да останеме спокојни на вакви гнасни провокации од една страна, од друга страна, ваков говор на омраза е својствен на сите неранимајковци и битанги без разлика на која територија или идентитет припаѓале“, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ.

Коментари | пред 3 години

324509637_662427272341728_3080096499244927061_n

Осуден убиец избега и рани полицајци, со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега, вели ВМРО-ДПМНЕ

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега, вели ВМРО-ДПМНЕ„Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа.Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС.Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово.Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство.Одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата.Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања