„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

mara-buneva

Внуката на Мара Бунева: Тетка ми никогаш не зборела бугарски, постојано пееше песни за Гоце Делчев, Прелиќ го убила „за Македонија“

Секоја година во овие денови сме сведоци на многу вистини и невистини искажани за Мара Бунева. Еве што кажа сега веќе мојата покојна баба (мајка на мојата сопруга) и внука од сестра на Мара Бунева за “Утрински весник” во 2007 год., пишува Васко Ефкоски на фејсбук.ЛИКОТ НА МОЈАТА ТЕТКА Е НЕПРАВЕДНО ОЦРНЕТ, ВЕЛИ ВНУКАТА НА МАРА БУНЕВАУтрински / 12.03.2007, Пишува: ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИСудбината на семејството Бунева е трагична како и на многу други македонски семејства.Едниот внук на Мара Бунева од нејзиниот постар брат Борис живее во Софија и говори бугарски, другиот, од помалиот Лазар, кој почина пред неколку месеци во Белград, зборуваше српски. Тоа ни малку не им пречеше да се сакаат и да си помагаат. Нивните роднински врски не ги прекинаа ниту војните, ниту пробугарските, ниту просрпските пропаганди. „Кога се гледав во Белград со братучед ми Бранко, говореше српски, таму израсна, дали се чувствуваше како Македонец или како Србин никогаш не сум го прашала. Тоа не сум го прашала ниту мојот братучед Милко во Софија, дали е Македонец или Бугарин. Многу помалку контактирав со нив отколку што контактираа тие меѓу себе. Многу се сакаа и често се гледаа. За смртта на Борис пред неколку месеци разбравме токму од Милко. Ни се јави во Скопје. Му помагаше на Борис кога НАТО го бомбардираше Белград, му испратил и пари да му се најдат. Без разлика на кој јазик зборуваа, во се’ се разбираа“, раскажува нивната братучетка Анче Герасимовска, внука на Бунева од нејзината сестра Ленка.Судбината на семејството на Мара Бунева, атентаторка на Владимир Прелиќ, е трагична како и на многу други македонски семејства кои, подложени на страшниот притисок на пропагандите и борбата за егзистенција, се растурале по светот и понекогаш се вклучувале во спротивставените завојувани страни, кои не одбирале средства за да остварат влијанија на македонските простори. Кога ќе се слушне приказната за Буневи, изворно кажана од човек на семејството, изгледа сосема поинаку од онаа што и ден-денес сакаат да ни ја сервираат определени кругови. Животната врвица на секој нејзин член е слика и прилика на трагичните македонски судбини, кроени и прекројувани од српски, бугарски, грчки и којзнае какви други пропаганди. Страшното време, војните и окупациите, шесте деца на тетовецот Никола ќе ги одведат на разни страни. Најстариот брат Борис ќе стане бугарски офицер, помладиот Лазар ќе влезе во српската војска на Кралска Југославија. Најстарата од четирите сестри Мара, родена во 1902 година, животот ќе го заврши откако ќе го изврши атентат на 13 јануари 1928 година. Една година помалата сестра Ленка ќе остане во Македонија, најмладата Вера ќе се омажи и ќе замине во САД, а четвртата сестра Нада ќе почине многу млада, на 18 години, истата година кога е убиен Прелиќ.Разговараме во домот на Анче Герасимовска во Тетово, професорка по музика во пензија. Сакаме од неа да слушнеме за нејзината тетка чие име и ден-денес многумина го користат за своите пропагандни цели.Вели дека страшно е револтирана од многу невистини што деновиве се изговорени и напишани за Мара, чиј подвиг и по осумдесетина години предизвикува расправии и делби меѓу Македонците. Признава дека и’ е тешко да говори за тие времиња, до сега за тоа не говорела пред ниту еден новинар, но сега, откако ги слушнала сите невистини, сака да ги соопшти своите видувања и на некој начин да се исправи неправдата што и’ е нанесена на тетка и’ Мара, а со тоа и на нивното семејство.„На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и’ бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.Буневи е познато тетовско семејство. Никола Бунев бил писмен човек, се школувал во Солунската гимназија. Читал многу, бил учител, но за трговија не го бидувало. „Имаше многу книги. Не знам каде отидоа, кој ги зеде. Откако ја продадовме, куќата ги снема“, вели неговата внука Анче. Нејзината баба била од богато трговско семејство. Убавата двоспратна куќа во која живееле ја изградил таткото на баба и’, како и тетовската црква „Св Димитрија“ во Тетово.Како се случило едниот брат да се најде во бугарската, а другиот во српската војска кои многупати војувале за Македонија. Анче вели дека нејзиниот дедо за време на Првата светска војна кога Тетово го окупирале Бугарите бил кмет на градот. По војната, кога дошле Србите, останал без работа. Морало да се бара некакво чаре за егзистенција. Па така, Лазар го испратил во Белград, а Борис во Софија.За време на Втората светска војна, Глигор, таткото на Анче, своето семејство ќе го пресели во Скопје. Во Тетово ќе остане само баба и’ да ја чува куќата. Во 1941 година, по италјанската и албанската окупација на западна Македонија, Македонците ќе се најдат под голем притисок на бандите на Џемо, особено во Тетово. Таа раскажува како во тоа време одвај спасиле жива глава, а нејзиниот брат и сестра ги криеле Албанци во селото Шемшово се’ додека не се префрлиле во Скопје. Во тоа време со бугарската војска како нивен офицер во Скопје ќе дојде и нејзиниот вујко Борис и тука ќе живее се’ до капитулацијата на Бугарија. Вели дека сите тетовци го паметат по многуте добра што им ги направил. Во тие тешки времиња на војна им помогнал на многумина кај бугарските власти. По повлекувањето на бугарските војски, си заминал . По доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, бил уапсен и повеќе години поминал затвор. Во 1961 година Борис изразил желба да ја посети Македонија. За да бидат сигурни дека нема да има проблеми, таткото на Анче претходно отишол кај надлежните служби да праша дали ќе му дозволат да дојде во Македонија. Му рекле дека слободно може да дојде, зашто не направил ништо лошо. Кога стасал во Скопје, бил многу среќен, посебно кога на Радио Скопје ги слушал емисиите на македонски јазик. Секој ден купувал и читал „Нова Македонија“. Расположен и весел еден ден им рекол. „Еве, за ова ние се боревме, за своја држава, за свој јазик“.Синот на Борис, кој сега живее во Софија, една година студирал во Белград. „Тоа беше истиот период кога и јас студирав таму. Беше запишан на странски јазици. Остана само една година. Понекогаш доаѓа во Македонија за да се видиме“, раскажува Анче Герасимовска. Лазар имал полоша судбина од својот брат. Се оженил со Србинка, со која немал среќен брак. Лага е дека бил убиен од српските власти веднаш по атентатот на Прелиќ, како што тврди Ванчо Михајлов. Тој останал и натаму во војската на Кралска Југославија, а германската окупацијата ја дочекал во Белград. Не е вистина дека бил ликвидиран од Руси, туку го убиле Срби при крајот на војната, откако неговата сопруга ќе го наклевети.Вера, најмладата сестра на Мара, се’ уште е жива, а неодамна навршила 90 години. Во САД заминала во 1935 година од Софија. Таму отишла кај братот Борис и тогаш се запознала со нејзиниот иден сопруг, инаку крушевчанец. Имал завршено теологија, а бугарската црква го испратила во САД. Им се изродиле четири деца, најпрво двајца близнаци, потоа уште еден син и, на крајот, ќерката, која е омажена за правнук на познатиот руски писател Толстој. Вера пред неколку години ја посетила Македонија заедно со тројцата синови. Била во Скопје, Охрид и во Тетово за да го види уште еднаш родното место. Нејзината внука од сестрата Ленка добро се сеќава на средбата што ја имала со неа и на нејзините зборови. Кога дошла кај неа во Тетово, и’ рекла: „Па овде ви е убаво, како и кај нас во Америка“. За Мара не зборувале.Какви се сеќавањата на семејството на Мара, по што ја паметат нејзините внуци, што се раскажувало за неа. Анче вели дека за животот на тетка и’ не знае многу, бидејќи нејзините родители ништо не говореле за неа пред децата. „Тоа што го знам ми го кажа мајка ми. Таа раскажуваше дека тетка ми Мара кога ќе работела низ куќата во Тетово, секогаш пеела песни за Гоце Делчев, за Јане Сандански и плачела. Им се восхитувала на македонските револуционери. Се раскажуваше и тоа откако го извршила атентатот, кога лекарот од Белград ја прашал зошто го убила Прелиќ, му одговорила – за Македонија. По атентатот моите домашни ги уапсиле. Во затвор бил и дедо ми и татко ми. Татко ми го пуштиле брзо, а дедо ми го задржале 7-8 месеци“, раскажува Анче Герасимовска.Поради тоа што тетка и’ била атентаторка немале никакви проблеми. „Израснавме во Скопје, учевме средно училиште во Скопје, брат ми отиде да студира во Љубљана, каде што се ожени со Словенка. Ни дадоа стипендија и нему и мене. Не сме имале никакви проблеми. Некој ќе рече овие биле бугаромани, другите србомани. Такви биле тогаш времињата. А дали можеш некого да судиш за тоа. Тогаш никој не можел да каже дека е Македонец. Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее. #marabuneva #makedonija #марабунева #македонија

Македонија | пред 3 години

zatvor-10

Кривична пријава за затвореник од Идризово кој преку телефон мамел граѓани

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата. Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги. Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата.

Македонија | пред 3 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(ВИДЕО) Ги спасија документите, но не го фатија пироманот, се огласија од Паркови и зеленило за подметнатиот пожар

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека ноќва околу 1 часот по полноќ избувна пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии.„По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезеувидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот.Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител.ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-14-154236

(ВИДЕО) Џамбаски од Скопје: Да живее бугарска Македонија!

Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева денеска се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје.На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, ни порача Џамбаски од центарот на Скопје.

Македонија | пред 3 години

324509637_662427272341728_3080096499244927061_n

Како избегал и кој го пуштил затвореникот од Идризово: Познати сите детали

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица припадници на затворската полиција. Постои основано сомнение дека осомничените - командир на надворешно обезбедување и тројца затворски полицајци вработени во КПУ Затвор „Идризово“ сториле кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ од чл. 373 в.в чл. 22 од Кривичниот законик.Осомничените, по претходни насоки на првоосомничениот- командир, како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на осуденикот Беким Мемети да избега. Притоа ги повредиле сите процедури за спровод на осуденик кој издржува затворска казна за потешко кривично дело до здравствена установа. Па така, откако осуденикот се самоповредил расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, не побарале лекарска интервенција од брзата помош, за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, пристапиле кон дејствија самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар. Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа.Како што е веќе познато, осудениот Беким Мемети откако на ден 12.01.2023 година во ноќните часови се самоповредил, првоосомничениот - дежурен командир наредил кои затворски полицајци треба да го спроведат осуденикот во здравствена установа и кој каде да седи при спроводот. Па така, надвор од правилата, осуденикот бил сместен во средишниот дел на возилото. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило кон Скопје преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој патем бил без оружје, иако сето тоа го следел не презел никакво дејствие за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука низ возилото барајќи да го сопрат возилото, при што го повредил возачот и возилото застанало, а осуденикот ја отворил вратата, излегол од комбето и се качил во сиво Ауди кое во меѓувреме застанало пред затворското комбе.Предметниот обвинител заради непречено водење на кривичната постапка, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на тројца осомничени да им биде определена мерка притвор, додека на четвртоосомничениот да му бидат изречени мерки за обезбедување. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со решение им определи мерка притвор во траење од 8 дена, а на четвртоосомничениот му изрече мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите кои доведоа до овој кривично правен настан.

Македонија | пред 3 години

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_4

Хајредини до Ковачевски: Ниеден премиер не отишол во РЕК Битола да се слика со трансформатор

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена беше во посета на РЕК Битола каде беше пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.„Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно.Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот КовачевскиНа социјалните мрежи реагираше Џевдет Хајредини кој вели дека досега ниту еден премиер не се сликал со трансформатор.„Ковачевски: Тоа што ветивме и го направивме, РЕК Битола е во целосна употреба.РЕК Битола 40 години бил во целосна употреба и ниеден премиер за тоа не се фалел, ниту некој министер од Скопје отишол во РЕК Битола да се слика со трансформаторот“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

20221230002918

„Македонија се наоѓа во епидемиолошки хаос и здравствено безредие“, вели Чибишев

За жал морам да констатирам дека Македонија се наоѓа во епидемиолошки хаос и здравствено безредие. Веќе неколку месеци има многу пациенти со тешки респираторни симптоми кои траат подолго од вообичаено, посебно кај децата, се вели во Фејсбук статусот на доктор Андон Чибишев.-Амбулантите и болниците се преполни со пациенти кои имаат температура, кашлаат, имаат воспаленија на бели дробови, а надлежните институции се уште немаат објаснување за каква инфекција се работи. Дали е тоа корона (кракен), бактерија, друг вирус или нешто четврто. Во неколку градови во државата нема педијатри, колегите гинат на работните места, не можат на сите да им помогнат, во други градови нема одредени медикаменти, општо нема лекови за ретки болести. Жално, неприфатливо, дно, истакна Чибишев.

Коментари | пред 3 години

2_99

(ФОТО)Болни од рак на Фејсбук бараат терапија

Новинарката Сашка Цветковска на социјалните мрежи објави фотографија на која лица болни од рак бараат терапија на социјалните мрежи.„Ве молам сите доколку некој ја има оваа хемотерапија нека ме контактира. Хитно е потребна. Пишано е и во групата Канцер победници но ја нема“, пишува член на групата Женски домаќински муабети.„Болните од рак на социјални мрежи бараат терапија! Има ли ронка одговорност и совест кај оваа тендерашка мафија во здравството?! Не знам како да се коментира ваков општествен колапс, пораз, срам...“, пишува Цветковска.И пациентите со цистична фиброза се оставени сами на себе. Исто така бараат итна терапија. Протестираа и пред Министерството за здравство, но до денес никој не презеде ништо.

Македонија | пред 3 години

kasami-2

Касами откри зошто не отиде на средбата со албанскиот премиер Еди Рама

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ја смета за вистинска одлуката да не оди на средбата на партиите на Албанците од земјава со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.Знаеме за големата фама што се создаде во Македонија, за фамозната тиранска декларација. Ако еднаш доживеавме такво искуство, не сакавме да се повтори, рече лидерот на Беса во гостувањето во „360 степени“ на ТВ АлсатКасами изјави дека одлуката не била ниту  лична ниту  емотивна, туку беше одлука на органите на партијата на Движењето Беса, правејќи сеопфатна анализа на повикот, на политичкиот момент, на форматот и уште повеќе од моментот кога поканата стана и јавна.

Македонија | пред 3 години

pozar1

Директорот за пожарот во Паркови и зеленило: Се сомневам дека ова е резултат на вонредниот попис

Јас откако ми се јавија чуварските служби сум тука на лице место. Фала му на господ што нема некоја поголема штета, меѓутоа јас сум многу разочаран од овој обид за да се запалат овие простории. Јас како директор на Паркови и зеленило се сомневам дека ова е резултат на вонредниот попис што го направивме со надлежните и стручните луѓе во самиот магацин и констатирано е дека фалат материјали во магацинот во вредност од милион денари“, изјави директорот на Паркови и зеленило за ИнфомаксТој додаде дека некој се обидел да го запали магацинот и архивата на претпријатието и дека криминалците сакале да ги покријат трагивоте на криминалот.„Ние како раководство на Паркови и зеленило нема да застанеме тука, ќе одиме до крај, додека органите не разјаснат се, и нема да застанеме тука се додека криминалците не завршат каде што им е местото. Закани не сум имал, меѓутоа јас чекав да заврши редовниот законски попис за да можеме да покренеме судска постапка и да утврдиме што се работело и зошто фалат тие работи во магацинот. Исто така имаме камери, веројатно полицијата ќе ги земе сите овие материјали и ќе видиме на крај како ќе биде правата вистина на оваа ситуација“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Пожар во дирекцијата на Паркови и зеленило, се сомнева дека е подметнат

Доцна вечерва избувна пожар во дирекцијата на јавното претпријатие Паркови и зеленило во Скопје.Неофицијално станува збор за подметнат пожар и сторителите користеле бензин за да ја запалат дирекцијата која се наоѓа во близина на гимназијата Орце Николов, објави Инфомакс.Засега сторителите се непознати.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-13-155332

МВР објави фотографија од затвореникот кој побегна

Министерството за внатрешни равоти објави потрагa по Мемети Беким, кој синоќа побегна од затвор и притоа рани затворски полицаец.“Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ”, стои во описот на МВР.

Македонија | пред 3 години

IMG_4256

Полицајците на кои им избега затвореник се задржани во станица, се проверува со кого комуницирале

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во текот на ноќва и утринава издаде повеќе наредби и насоки со цел расчистување на настанот во кој при бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“ – Скопје беше повреден еден припадник на затворската полиција.„По осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – обид за убиство на службено лице. Повредениот припадник на затворската полиција е задржан на лекување, додека останатите тројца кои го спроведувале осуденото лице и нивниот сменски командир се задржани во полициска станица. Дополнително уште неколку лица се повикани да дадат свој исказ во полициска станица за целосно испитување на настанот. Со цел да се утврди дали во конкретниот случај се испочитувани законските процедури дали евентуално има основи за сомнение за кривично дело – противзаконито ослободување на лице лишено од слобода од член 373 од Кривичниот законик, јавниот обвинител веднаш нареди да се обезбедат снимки од видеонадзорот во КПУ „Идризово“ – Скопје, како и листинзи од мобилните телефони на службените лица. Од Управата за извршување санкции е побарано да изврши вонреден надзор врз почитувањето на затворските процедури“, велат од Обвинителството.За настанот е известен јавен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 3 години

1315841_profimedia0426871597_ls

Почина ќерката на Елвис Присли

Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-година возраст. Таа била најдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш била пренесена во болница, каде што не успела да се спаси. Според првичните информации, Лиса Мари починала од срцев удар.Таа тргна по стапктие на својот татко, и имаше музичка кариера. Првиот албум го издаде во 2003 година. Имаше многу бракови, се мажеше четири пари, а најпознати бракови и беа со актерот Николас Кејџ и со поп иконата Мајкл Џексон. Имаше четири деца, а едно од нејзините се самоуби во 2020 година.Лиса Мари Присли присуствува на неодамнешната церемонија на доделувањето на Златни глобуси, каде Остин Батлер беше награден за најдобар актер за улогата за филмот Елвис, посветен на нејзиниот татко.

Магазин | пред 3 години

DSC_0289

(ВИДЕО) Филмско грабнување на затвореник, ранет полицаец: Бегството испланирано со луѓе од затворот?

Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат на грабнувањето кое се случило во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство, објави А1он.Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење.Претходно директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски во интервју за „А1он“ призна дека во затворите владее ендемска корупција. Акцијата за бегство на затвореникот и кај надлежните органи го остави сомнежот дека е координирана со лица од затворот, со оглед на информациите кои ги поседувале вооружените лица.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања