„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Арсовска бега од прашања, ПР-от влечел новинарка за рака

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и денеска, како и цела година од нејзиниот мандат, не даде одговори на прашањата на новинарите, пишува СДК. МК  На вонредната прес-конференцијата која ја закажа самата, рече дека не може да одговара на прашања надвор од темата бидејќи е болна и е на боледување. Пред почетокот на прес-конференцијата лицето кое од нејзе е задолжено за комуникација со медиуми одеше од новинар до новинар и велеше дека ќе нема прашања.И покрај настојувањето на новинарите да добијат одговори, затоа што никој не им одговара на прашањата кои со месеци ги поставуваат до градоначалничкатата и Град Скопје, а нејзе ја нема во јавност, Арсовска замина од салата. Додека таа си заминуваше, од нејзиниот кабинет на новинарите им велеа „сите прашања што ги имате пратете ги на меилче”, наведува САКАМДАКАЖАМ.МКАрсовска потоа на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“, наведува СДК

Скопје | пред 3 години

Ramiz-Merko-780x470-1

Мерко обвинет дека лично ќе убива кучиња, тој тврди дека при шест внучиња, не му требаат кучиња

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, одговори на тврдењата од здружението Animal Voice, кои повикаа на протест пред Владата, откако тој изјавил дека самиот ќе ги убиел кучињата да нашол отров, при што од здружението го пријавиле во полиција.„Никој нема да убива и труе кучиња. Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област“, вели градоначалникот Мерко во изјава за Фокус.

Македонија | пред 3 години

20221121072608

Поранешниот директор на АНБ отпаѓа од игра, ќе биде ли Авировиќ амбасадор во Париз

Скандалот со државјанството на Олександар Онишченко му пресуди на амбасадорското место на поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски, дознава Фокус.Иако постапката за негово испраќање на амбасадорска функција беше во крајна фаза, сепак, Владата и претседателот одлучиле да не ја привршуваат поради скандалoт.Најсериозен кандидат за нов македонски амбасадор во Франција е директорот на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави во МНР, Пајо Авировиќ.

Македонија | пред 3 години

tikvesko-ezero

(ВИДЕО) Збогум на Тиквешко Езеро? Надлежните гледаат вода

Состојбата со Тиквешкото Езеро е алармантна. На социјалните мрежи деновиве беше објавено видео на на кое се гледа огромна зелена и сува површина, а која некогаш била полна со вода и се нарекувала Тиквешко Езеро.-Ова е вистината за Тиквешко Езеро. Ние сме внатре, но нема вода, вели човекот кој снима.Со оглед на моменталната кота на водата која е во рамките на пропишаното со Водостопанската дозвола, биодиверзитетот во акумулацијата не е нарушен.Вака одговорија од АД Електрани на Северна Македонија, откако во јавноста излегоа реакции на луѓе, коишто изразија незадоволство од нивото на водата во Тиквешко Езеро, како втора вештачка акумулација во државата.– Акумулацијата Тиквеш моментално се наоѓа на кота 236 мнв. Минималната дозволена кота е 233 мнв. Во тековната есенска и зимска сезона е забележана лоша хидрологија и изостанувањето на врнежите кои се вообичаени за овој период на годината, односно отсуство на дожд и снег. Врнежи и дотеци се очекува да настапат во следниот период и со тоа се очекува кревање на нивото на водата во сите акумулации, се вели во писмениот одговор до МИА.Притоа се појаснува дека акумулацијата Тиквеш во последниот период се користи за производство на електрична енергија само два часа дневно, за потребите на балансирање на ноќните часови на потрошувачка.– Акумулацијата Тиквеш е изградена со првостепена намена за наводнување на Тиквешкото поле и второстепена намена за производство на електрична енергија.Вегетативниот период предвиден за наводнување заврши во октомври. Со оглед на моменталната кота на водата која е во рамките на пропишаното со Водостопанската дозвола, биодиверзитетот во акумулацијата не е нарушен, се нагласува во писмениот одговор на новинарско прашање.

Македонија | пред 3 години

akademik-10

Тале од Велес му се јавил на Јанаки по изјавата дека сака да го гони за измама

Адвокатот Јанаки Митровски најави тужба за измама за велешанецот Тале Витанов кој е во фокусот на јавноста поради тоа што лажно се претстави во емисијата „Срце на дланка“, па се собираа донации за да му се помогне.-Преварантов од Велес би да го гонам за измама. Ако има заинтересирани кои донирале пишете ми, објави Митровски на Фејсбук.За краток период во коментари доби поддршка, но и луѓе кои бараат одговорност и од новинарите на самата емисија.По неколку часа, на Фејсбук повторно се огласи адвокатот Митровски.„И со цел памет Трајче коцкарот ми се јави. Не ме личело, адвокат сум бил.“– Може ли да ме сослушаш?, го прашал тој, по што добил одговор:– Не – пишува познатиот адвокат

Коментари | пред 3 години

image-180818

Тале од Велес лажел дека е самохран татко, па со пари од донации се коцкал

Тале Витанов од Велес ја измами цела Македонија, а хуманоста на бројни добри луѓе е злоупотребена. Ова утрово се споделува на сите социјални мрежи.Имено, револрирани граѓани велат дека ја откриле измамата овој велешанец за кој јавноста дозна до емисијата „Срце на дланка“.Инфлуенсерката Миа Костова се огласи на фејсбук по повод овој случај. Вели донирала, но и побара одговорност од „Срце на дланка“.-Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка. Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен, го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето. Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно. Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи, а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни. Срамота! - напиша револтирано Миа.

Македонија | пред 3 години

merko-3

Мерков циркус: „Анимал војсис“ тврди дека Мерко лично им кажал дека ќе излезе на улица и ќе убива кучиња – струшкиот градоначалник им врати: Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња?

Активисти за заштита на животните, утре во 16 часот, пред Владаттаа, ќе организираат протест „за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња“. Ваквиот повик доаѓа откако маж од струшко со пушка усмрти десетина улични кучиња во Струга.„Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи! Дојдете во петок со транспаренти, со свирчиња, со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души. Нема да прифатиме ова да биде новата нормланост. При здрав разум се правиме глупави, а психопатите ги ‘превземаат работите во свои раце’. Не решаваат ништо освен да ја задоволат нивната потреба за изживување врз животни! Доста беше!“, се вели во повикот објавен на социјалната мрежа Фејсбук.Во меѓувреме, од здружението „Анимал војсис“ ја информираа јавноста дека имале средба со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на која присуствувале и директорот на ЈКП „Комунално” Струга и инспектор за животна средина. На средбата, според „Анимал војсис“, Мерко рекол дека „лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата“, односно дека „до сега ќе ги иструел ама не можел да најде отров“.„На средбата ги истакнавме нашите предлози, како да се реши проблемот, се потрудивме да најдиме заедничко решение со кое би им помогнале на животните и граѓаните на Општина Струга, но бевме буквлано избркани! Градоначалникот директно и отворено ни кажа дека тој лично ќе излези на улица и ќе ги убива кучињата по кратка дискусија на тема решавање на проблемот, дека тој до сега ќе ги иструел ама неможел да најди отров по што веднаш поднесовме пријава до СВР Струга‼️ Од тука може да видиме какви луѓе ја водат општината, какви луѓе се на власт и зошто нема напредок во општините“, напишаа од „Анимал војсис“ на Фејсбук.Ваквите информации ги демантираше Мерко.„Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област. Вака, како што досега функционираат работите на темата со улични кучиња, гледаме дека се вртиме во круг, а проблемите се повторуваат“, изјави струшкиот градоначалник за „Фокус“ нагласувајќи дека лично го осудува настанот со пукањето во Струга.

Македонија | пред 3 години

usije

Арсовска ќе поднесе кривична пријава за цементарницата „Титан Усје“

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и во, здружена акција со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода.„Се работи за цементарницата „Титан Усје“ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје.Мерењата се извршени во два наврати, и тоа на 26 и 27 декември минатата година, и 3 и 4 јануари годинава. Во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух.Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец.Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час.Инспектори на градот Скопје во здружена акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина извршија увид на работниот процес во цементарницата при што се забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина.Имено, при последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честици со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух.Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен.Поради ова, како градоначалник на градот Скопје преземав иницијатива за покренување на кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ согласно член 218, член 230 и член 234 од Кривичниот законик, за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадува воздух, почва, вода, во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето.Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања.Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и тоа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Краткорочните, или популарно наречените „интервентни“ мерки од страна на градот Скопје се превземаат само по укажување на Министерството за животна средина. По добивање на известување за алармантна состојба од Министерството за животна средина и просторно планирање градот постапува согласно мерките кои се препорачуваат за заштита на амбиенталниот воздух, а во согласност со Законот за заштита на амбиенталниот воздух. Одлука од Град Скопје за превземање на краткорочни мерки следува по добиено известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.На моја иницијатива, а заедно со секторите во градот Скопје, активно работиме и на спроведување на повеќе континуирани мерки за намалување на загадувањето во градот. Во континуитет се чистат дивите депонии, се зголемуваат субвенциите за алтернативен превоз, се воведува ред во јавниот превоз во кој повеќе нема да можат да партиципираат возила кои немаат минимум ЕУРО 4 стандарди со цел намалување нa загадувањето од овие возила.Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух Градот Скопје спроведува мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:-Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје и правни лица со Б интегрирани еколошки дозволи-Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата заради контрола на прашина.-Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикавме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.-Им се препорачува на градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.-Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините се повикани да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.-Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.-Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.-За енергенс или при затоплување да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.-Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците.Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје .Ги повикуваме ресорните институции во чија примарна надлежност е животната средина Министерството за животната средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина да ги интензивираат активностите во насока на овозможување здрава животна средина и повисок квалитет на амбиентален воздух. Градот Скопје започна со спроведување сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи градската администрација. Овој сет на комплементарни мерки ќе придонесат за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните и намалување на нивото на загаден воздух.Во изминатата година, градот Скопје има изречено казни од 12 до 88 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица кои се затекнати како неправилно одлагаат отпад и го прекршуваат законот.Дополнително, сакам да ја информирам јавноста и да констатирам дека за жал со оваа состојба досега никој не се занимавал сериозно. Тука сакам да ја потенцирам потребата од воведување и редовно ажурирање на регистарот на загадувачи.Град Скопје покрај краткорочните мерки, работи и на план за имплементација на среднорочни и долгорочни мерки за заштита на амбиенталниот воздух.Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, при што со анализа и активности на терен детектирани се над 1000 субјекти кои е неопходно да подлежат на интегрирани еколошки дозволи со што примарните извори на загадување од индустријата ќе се ограничат во можноста да се продолжи со истото однесување. Со имплементација на овие среднорочни и долгорочни мерки, кои ќе се спроведуваат во континуитет, ќе се постигне подобување на состојбите, наместо да се делува со краткорочни мерки кои се интервентни и се активираат само кога проблемот е најизразен.Имено, од 2006 година кога со Законот за животна средина е започнат процесоот за интегрирано спречување и контрола на загадување, со што се предвидува и воведување на регистар на загадувачи и контрола на издадени А и Б интегрирани еколошки дозволи, до овој момент во градот Скопје регистирани се само 30 правни лица, иако според анализите кои ги извршивме во изминатата година постојат најмалку 1.000 вакви правни лица кои морале да бидат регистрирани и соодветно контролирани. Оттука најавувам, и едновремено апелирам до сите компании кои имаат обврска според овој закон, во наредните 30 дена да достават елаборати за управување со загадувањето и да аплицираат за Б интегрирана еколошка дозвола. Градот ќе ги превземе сите законски можности и нема да амнестира никој кој ќе биде затекнат дека врши дејност без соодветната еколошка дозвола и со тоа го нарушува квалитетот на животната средина и го загрозува здравјето на скопјани.За оваа година, согласно најавените мерки, најавуваме засилени контроли и зголемена ефикасност на градскиот инспекторат.Крајно време е, по три децении, да се стави ред и да се посветиме на тоа сите во Скопје да имаат повисок степен на квалитет на живот“, се вели во сооштението.

Скопје | пред 3 години

DSC_0737

НОВО УБИСТВО: Син со нож го нападнал сопствениот татко, кој им подлегнал на повредите

Четириесетгодишен кумановец со нож го нападнал 65 годишниот татко, кој им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.– Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите, информираа денеска од СВР Куманово.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

322371337_508453598022097_8137728094467424943_n

Тетовци во понеделник на протест за доктор Бобан, обвинет за страшниот пожар во модуларната болница

Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.„Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден“, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

325026432_724000109041808_3606467393030684046_n

(ВИДЕО) Излажа ли Марјан Спасовски за да се спаси, се огласи Тупанчески со демант

Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции излажа кога тврдеше дека министерот за правда Никола Тупанчески го забранил интервјуто на затвореникот Бојан Јовановски-Боки 13 за „А1он“. Ова е заклучокот од одговорот кој го добивме од Кабинетот на министерот Тупанчески. Спасовски, го злоупотребил името на министерот за да ја оправда неговата одлука со која го замолчуваше Боки 13, а потоа, нареди да биде преместен во полоши услови, со влошено здравје.„За многу работи, министерот за правда се консултира со директорот на Управата за извршување санкции. Меѓутоа, за ова прашање не е разговарано“, велат од Кабинетот на Тупанчески за „А1он“.Спасовски минатата година одби неколку барања за интервју со Јовановски кои беа поднесени од „А1он“. Формално како причина стоеше безбедносната проценка, а во телефонски разговори тој тврдеше дека виновници се министрите Тупанчески и Маричиќ. Во интервјуто за „А1он“, Спасовски ги потврди разговорите преку тоа што посочи дека ги консултирал двајцата министри, за што сега, доби демант од Тупанчески.„Интервју не дозволив од безбедносни причини кои не можам да ги откријам сега“, рече Спасовски во интервјуто, а откако го потсетивме на разговорите со новинарската екипа од „А1он“ дека тој претходно тврдеше дека министрите му забраниле додаде: „И министрите не дозволуваат, зборувам за Тупанчески. Заедничка одлука сме донеле дека од безбедносни причини не е одобрено“.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

kucinja-skitnici

Коментар на денот: Судбината ви ја кројат во соседна држава, а вие се занимавате со улични кучиња

Изминативе денови актуелна е темата со кучињата скитници кои нападнаа две лица во Струга, но и убиството на повеќе од дваесетина бездомни кучиња. Сицијалните мрежи вријат од коментари во врска со последните настани, а посетата на политичарите од албанскиот блок во Тирана како да остана во сенка.На социјалните мрежи реагираше политичкиот аналитичар Никола Србов кој вели дека додека судбината се крои во соседна држава, граѓаните се занимаваат со улични кучиња.„Судбината ви ја кројат во соседна држава а вие се занимавате со улични кучиња. Браво Македонци! Исто вака се замаравте со снимки и во 2016 кога ни ја донесоа првата верзија од "тиранската". Ќе има и трета верзија, тогаш ќе се занимавате со нешто трето. И секогаш ви е крив некој друг, одговорност нула“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

collage

(ВИДЕО) Шокантно интервју на директорот за санкции, новинарот од „А1он“ разобличи куп лаги

Ендемска корупција има во затворите, потврдува директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски за „А1ОН“, но не чувствува одговорност за тоа. Според него, тој треба да остане на функцијата иако во затворите влегува дрога, некои затвореници се претепани, други се избодени со ножеви, трети умираат додека чекаат ресоцијализација.Во интервјуто, Спасовски, кој народски кажано е татко на сите затвореници, за Сашо Мијалков гарантира дека нема да избега иако е сместен во затвор од отворен тип и против него се водат пет други постапки. Се согласи дека е привилегиран, а тоа го препиша како заслуга на оние што го советуваат.Првиот човек на Управата за санкции, кој е одговорен за контроли на затворите и за работата на директорите, јавно призна дека барал разместување на Бојан Јовановски-Боки 13 во полошите услови за кои пишуваше „А1он“ во моменти кога неговото здравје се влошувало. Зборува и за замолчувањето на Боки 13 преку забраната за интервју, во кое затвореникот беше подготвен да сведочи за сѐ низ што поминал и да открие многу работи. Спасовски ги компромитира и актуелниот министер Никола Тупанчески и неговиот претходник Бојан Маричиќ признавајќи дека, иако законот не предвидува, тој ги прашал, а тие му кажале да не дозволува Боки 13 да се појави на јавно интервју.Марјан Спасовски смета дека не е нешто чудно што има претепани затвореници во „Идризово“, кои избодени се носат во болница, што наркобос, наместо зад решетки, шетал на слобода и продавал дрога. Во интервјуто во детали се разговараше за овие состојби.

Македонија | пред 3 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Детали за двете жени убиени во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба.Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место

Скопје | пред 3 години

IMG_4256

Двојно убиство во Скопје, ги со остар предмет ги убил баба му и мајка му

Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, извести МВР, пренесува 4news.Според првичните информации, убиецот во моментов се чува под полициска заштита во Градската болница.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања