„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

322590147_3439089933035863_4064493951068976830_n

(ФОТО) Низ Струга со пушки по улици: Се убиваат кучиња, се слушаат истрели, дваесетина се мртви

„Денес жителите на градот Струга се разбудија повторно со истрели и повторно со жртви од страна на двајца монструми“, напишаа од Анима Мунди.Тие додадоа:За нешто помалку од 24 часа се убиени повеќе од дваесетина бездомни кучиња и се повеќе е очигледно дека убијците немаат намера да сопрат а Министерството за внатрешни работи очигледно е незаинтересирано и неспособно да се справи со каубојците во Струга.Ова човеколико суштество што со оружје во раце го гледа во очи кучето чиј живот ке биде одземен за неколку минути мора да одговара за убиство!За таа цел здруженијата за заштита на животните, независните активисти и љубители ке ги искористат сите ресурси со цел да ова крвополевање сопре и утрово сите од нас упатија отворено писмо до министерот за внатрешни работи Oliver Spasovski, бидејќи:- Полициските службеници при увид одбиле да повикаат јавен обвинител и одбиле да ги пратат лешевите на обдукција бидејќи била СКАПА- При обдукцијата во ветеринарна станица во Битола СВР Битола одбиле да го превземат доказниот материјал - куршумите бидејќи не било нивна работаКако МВР планира да открие кои се каубојците во Струга кои искористиле цел арсенал муниција од кои 7 куршуми во едно куче?Која европска држава, кое современо општество, кое министерство на чело со министер повеќе од 24 часа молчи за настанот и практично ги охрабрува монструмите да убиваат во два наврати?Ке чекаме ли уште крв да се пролее министре?СОПРЕТЕ ГИ, ВЕДНАШ!

Македонија | пред 3 години

banki-2

Оваа година, минималната плата ќе порасне на над 20.000 денари, тврди СДСМ

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи обезбедува постојан раст на минималната плата, велат од партијата.„Во март годинава минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува над 20.000 денари.Со методологијата донесена минатата година преку дијалог со сите засегнати страни, се обезбедува континуиран раст на минималната плата, како системско решение независно од нечија политичка волја.Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари.Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

kucinja-bezdomnici

Нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете во Струга

Пред само два дена глутница улични кучиња нападнаа жена во Струга во непосредна близина до градскиот пазар. За немилиот настан сведочеше локвакрв на местото каде таа била нападната.Активистот и бизнисмен Роберт Милески вчера објави дека од глутница кучиња било нападнато и 14 годишно дете. Тој ги повика членовите на Анима Мунди да вдомат по едно улично куче.„Вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга - локва крв од искасапена жена од глутница крволочни кучиња!Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете.Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-10-220427

(ФОТО) Камион се заби во патарина пред Куманово

Камион се заби во наплатната станица „Романовце“ пред Куманово.Во моментов нејасно е како дошло до несреќата, ниту пак кои се причините.Во правецот моментално работи само една лента, бидејќи се уште камионот е заглавен.

Македонија | пред 3 години

ali-ahmeti

Ахмети за средбата со Рама: Ова е исклучително важна мисија за нашата земјa

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред вечерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска.На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон ЕУ.-Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се важни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 години

trajce-zaev-ora-njuz-585x291-1

(ВИДЕО) „Функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции“, Ора њуз објави прилог за Трајче Заев

Под наслов „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“ албанската телевизија „Орањуз“ синоќа објави прилог во којшто тврди дека лице кое ќе биде заштитено од правдата поседува неколку аудио снимки кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции.Од текстот што е објавен заедно со видеото не може да се извлечат многу детали, но се објавува дека на тие аудио снимки има имиња од коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на „сините униформи“.– Во аудио снимките на мрежата за шверц на наркотици се наоѓаат имиња на високи функционери на коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на сините униформи. Од друга страна, има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери директно интервенирале за да се овозможи неуспех на операција преземена од странски агенции, објавува телевизијата.Лицето кое ги поседува аудио снимките, како што објавува Ора Њуз, најпрвин комуницирало со Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, известувајќи го за ситуацијата. Заев, откако ја преслушал аудио снимката, му одговорил со кодирана порака:„Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.Сепак телезијата не објавува која точно акција на странски агенции ја спречиле високите функионери. Од она што е познато во јавноста, името на Трајче Заев и акција на странски агенции ги поврзува акцијата на американската ДЕА кога спречи шверц на марихуана и беше уапсен возачот на Трајче Заев.Во април 2021 година во акција на МВР со американската агенција ДЕА беа запленети двесте килограми марихуана во вредност од 800 илјади евра, а беа приведени шест лица, меѓу кои полициски командир од Прилеп, Кире Спиркоски Чипсио, но и Александар Ушликовски, за кого опозицијата тврди дека е личен возач на  Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев.Тие биле во двата автомобили таканаречени „чистачи“ кои возеле пред комбето во кое имало 40 картонски кутии со 400 полиетиленски пакувања со марихуана.Во оваа акција инволвирани беа и две компании за производство на марихуана во медицински цели, една од Прилеп и една од Битола, со кои соработувал Ушликовски. Тогаш се огласи и Трајче Заев кој тврдеше дека комбето со марихуана кое го заплени МВР не е во сопственост на фирма на Заеви и ниту еден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви.Инаку, компанијата за одгледување на канабис за медицински цели „Фарма Медика Канабис“ од Валандово, која е во сопственост на братучеди на поранешниот премиер Зоран Заев, лани остана без лиценца, наводно на барање на сопствениците.Според официјални податоци, оваа компанија е во сопственост на Бобан Заев, Катерина Бојовиќ Заева и Трајче Заев, кои имаат релации со уште една компанија за медицинска марихуана, која пак активно функционира.Станува збор за „МАМ Свети Николе“, која впрочем има повеќе содружници – „Еленица“, „Зора“, „Фрејзер“, „Омега Инженеринг“, „Империал Грин“ и „Ранопромет Грин“, а управител е Трајче Заев.Сепак телевизијата не наведува за кои акции имало обид да се компромитираат и да се спречат.Истата телевизија претходно објави дека заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши престојувал во хотел во Истанбул каде едно ноќевање чини 20 илјади евра. 

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-10-at-20.11.04

(Хорор видео) Маж во Струга утрово убил десетици домашни и маалски миленици, алармира Анима мунди

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга, вака реагираш денеска здружението за заштита на животните, Анима мунди.Од здружението излегоа со тврдење дека маж утрово одлучил да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга.-И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство. Го прашуваме Министерство за внатрешни работи дали овој случај, еден од стотици досега видени ке ја добие правдата – велат активистите.-Дали Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ке се разбуди од зимскиот сон и празничното расположение и ке ги заштити овие животни како што впрочем и пропишува законот во нивна надлежност – се додава во нивното соопштение.Тие апелираат до надлежните институции веднаш да ги превземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за, како што велат, ова масовно убиство!Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето – реагираат активистите за заштита на животните.

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev

Жан Митрев со обвинение за измама - закана од затворска казна од 1 до 10 години

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, јавниот обвинител обезбеди докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Covid – 19 кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари.Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid – 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Covid – 19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Covid – 19.На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди.

Македонија | пред 3 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Коментар на денот: Воз излетал кај Кадино не е вест, сензација е ако не излетал

Еден вагон од вкупно три на патничкиот воз кој сообраќа Гевгелија - Скопје се излизга од шините на станицата „Кадина Река“ меѓу Велес и Скопје со кој патувале 150 патници, кои со друг воз се префрлени и пристигнале во Скопје.На ова реагираше актерот Сашо Тасевски кој вели дека ова не е вест, туку сензација е ако возот не излетал.„Воз излетал кај Кадино.Тоа не е вест. Сензација е ако не излетал.Во Габон имате супербрз воз. Од племето НатегнемтеТачеЈако до племето ОдДуиГоЈадетеСтапо патуваш за два саати 500 километри.Кај нас од Скопје до Битола патуваш 10 саати, ако е возот расположен дента. Или ако е на стероиди“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

„Ако користењето на отпад во индустријата не е штетно, тогаш зошто некои земји би се ослободувале“, прашува Цуцуловски

Професорот Љубомир Цуцуловски објави статус на социјалните мрежи во врска со барањата на индустријата за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува. Тој вели дека доколку тоа е здраво и корисно, зошто некои земји би се ослободувале од нивното ѓубре/отпад.„'Здраво и корисно'Ако користењето на отпад во индустријата не е штетно, тогаш зошто некои земји би се ослободувале од нивното ѓубре/отпад, а Македонија би го увезувала? Сепак, за некои, палењето на Бадниковите огнови било меѓу најштетните однесувања во Република Македонија. За таа цел, тврдат овие персони, Македонците дури цели шуми и планини сечеле. Глупоста човечка, комбинирана со злобата, се чини дека немаат крај“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

rama

Рама ли ќе ни ја крои судбината? - Бура во јавноста пред албанските политичари од Македонија да заминат во Тирана

Претставници на партиите на Албанците од Македонија утре заминат во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека состанокот е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања од регионот.Османи вели дека Рама е докажан пријател на Северна Македонија и затоа смета дека не треба да се создава конспирација околу овој состанок.Реакции има од поранешниот министер Михајло Маневски, кој вели дека Папата Рама ги повикал господарите и управители на Македонија, Ахмети, Таравари, Касами, Тачи и Гаши на „консултации“ и додава дека пред очи ни се ништи државата.„Кај папата Рама'Папата' Рама ги повика во Тирана господарите и управители на Македонија Али Ахмети, Арбен Тарвари, Билал Касами, Мендух Тачи и Африм Гаши на "консултации".Папата Рама има право! Како ќе нема, кога 52% од Владата, министри и заменици министри се етнички албанци.Ова е трета Албанска Влада на балканот!Предавникот и лажоман Зоран Заев и лингурот ќелеш- простачиште Димитар Јовановски Таче уште пошироко ги отвори вратите за ништење и албанизација и бугаризација на Македонија.Овде секој има право, само македонците немаат право.Тие се осудени на уништување и асимилација.Уставобранителите гнијат во затвор, како најголеми злосторници, а криминалците и рушители на Македонија непречено ја ништат и пљачкаат Македонија.Каде оди и кој го штити народот?Трнете смело и храбро или тргнете се.Ова повеќе не се трпиПред очи ни се ништи државата.Рама ли ќе ни ја крои судбината?“, вели тој.Солза Грчева вели дека Еди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот Устав и прашува „што држава сме ние“.„Заради Грција го сменивме УставотБугарија бара да го смениме УставотЕди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот УставШто држава сме ние? Како воопшто оваа марионетска власт, наметната со “шарена револуција”, инсценирана и платена од надвор, може некој да ја смета за своја?Глобалисти, во парчиња ќе се распаднете. Суверенитетот на државите ќе се врати назад!!!“, вели Солза Грчева.Пратеникот Скендер Реџепи реагираше на оваа средба и вели дека лидерите треба да се сретнат со премиерот на Косово, Албин Курти, бидејќи според него Рама нема легитимитет да ги собере политичките партии на Албанците во Македонија.За ова професорката Мирјана Најчевска објави статус во кој прашува „зошто тие би се среќавале со странски државници и дали ќе договараат нешто во интерес на македонските граѓани“.„A зошто претставниците на албанските партии се среќаваат со странски државници?Договараат нешто во интерес на македонските граѓани?Нешто што ќе им го подобри животот?Како да се изборат со корупцијата или загадувањето?Нешто за владеењето на правото?“, вели Најчевска.Солза Грчева вели дека „уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции“.„Уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции.Дали албанскиве партии некогаш ќе ја почувствуваат Македонија како своја, дали не ги боли грбот од веднење кичма пред “поголемите” Албанци кај комшиите, дали и натаму ќе се однесуваат како кукли на конци? Зошто воопшто постојат како партии, кога мозокот на нивното однесување е кај другите Албанци?Нели се срамат и пред своите гласачи?До кога ќе ги тресе синдромот на потчинетост и инфериорност?После се што добија од оваа држава, треба да се засрамат и конечно самораспуштат кога по свое мислење одат кај Еди Рама и Курти.Никакви платформи и други будалаштини веќе не проаѓаат. Ниту Устав ќе се менува!!!“, додава Грчева.

Коментари | пред 3 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Доктор Беќаровски: Ако одлучите да носите маска подобро ставете хируршка, отколку N95, Kn95 или FFP2

Доктор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи ги совиетуваше граѓаните дека доколку сакаат да се заштитат од загадениот воздух подобро е да носат обични хируршки маски.„Сите нови независни студии покажаа дека обичните хируршки маски апсорбираат повеќе од 60% од P.M. 2.5 честичките.Ако одлучите да носите маска за заштита од загадувањето, подобро ставете пред секое излегување нова хируршка маска од 2 денари, отколку да ја носите истата N95, Kn95 или FFP2 со денови и недели, а многумина и со месеци“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

zan-Mitrev

Новинарка која го работеше документарецот за Жан Митрев: Потребна е итна и темелна хемофилтрација на 'новинарите'

Една од новинарките која работеше на истражувањето за болницата Жан Митрев објави статус на социјалните мрежи, по завршувањето на гостувањето на докторот Жан Митрев кај Снежана Лупевска Созен на Телма.„Потребна е итна и темелна хемофилтрација на медиумите и новинарите. Или уште поточно на 'новинарите'“, стои во објавата на Маја Јовановска.Објавата ја сподели и Сашка Цветковска која е уредничка на ИРЛ каде беше објавен документарецот.

Коментари | пред 3 години

naser-raufi

Рауфи го праша Жан Митрев: Зарем има поевтина болница од онаа купена за џабе?

Доктор Жан Митрев во денешното гостување на тв Телма ијави дека тој бил жртва на планирано сценарио и дека никого не измамил.„Јас сум жртва, планирано со сценарио до ден денес. Никого не сум измамил. Од почетокот до денес работам искрено. Направив врвна болница, се задолжив многу и нема факт и аргумент дека некој сум сакалда измамам“, изјави Жан Митрев во Топ Тема.На оваа негова изјава реагираше адвокатот Насер Рауфи.„Жан Митрев ја даде својата одбрана пред Телма:... да сакав да измамам некого ќе купев поевтина болница! Зарем има поевтино од џабе?

Коментари | пред 3 години

hajredini2

Коментар на денот: До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Во врска со оваа тема на социјалните мрежи се огласи Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.„Нема потреба на средбата кај Рама клучна тема да бидат уставните измени, затоа што нема ниеден Албанец кој е против евроинтеграции.Против евроинтеграции се Албанците кои 20 години ја користат власта за да го крадат имотот на народот.До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам, исто како со законот за јазикот, кој, според венецијанската комисија, е неприменлив и противуставен“, вели тој.Претходно тој објави дека Рама поканил двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“.„На средбата со Рама треба да се разговара само за криминалот и корупцијата во двете земји. Ова е заедничко барање, и на Америка и на Европа.Рама покани и двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“ (Агелер).xxxНа средбата на Рама ќе му биде потребна и поддршката од „Пионирот на отворениот Балкан“ за работите на инсинераторите“, додаде Хајредини

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања