„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

Screenshot-2023-01-09-195918

(ВИДЕО) Сред бел ден украдена машина за садови, крадците фатени на камера

Украдена е машина за садови од 7-ми спрат во Ново Лисиче, објави 4news.„Познати ни се од претходно од влезот ни украдоа точаци, патики, комода и слично. Ова се случи пред два дена. Иако пријавивме во полиција до моментов нема ништо“, вели читател.Цела акција е снимена од безбедносните камери:

Скопје | пред 3 години

300777986_457308189742962_8728798627074653592_n

Како се полни буџетот на Општина Центар

„Пред усвојувањето на буџетот претставивме колку и од каде се полни касата на Општина Центар“, објави Шанса за Центар.Тие додаваат:„Сега е време да погледнеме и каде ќе се трошат овие пари во 2023-та. За да биде појасно, приказот е даден како графикон кој може да го замислите и како голем колач. Неговите делови покажуваат како се распределува за различни намени. Прв и најголем дел од колачот оди кај општинската администрација, 15%. Таа сега брои околу 143 лица (https://www.centar.gov.mk/.../2022/12/lista_na_vraboteni.pdf). Оваа бројка не ги опфаќа 11-те институции основани од општината, како градинките, основните училишта и Јавното претпријатие ПОЦ. Администрацијата пораснала од 2017 до денес за вкупно 45 лица, или за 50% од бројот на вработени 98 во 2017 објавен на https://mioa.gov.mk/.../reports/izvestajreg2017_v1.02_0.pdf. Како споредба со површината на општината, на секои 0,05км2 (5ха) доаѓа по еден вработен, на вкупна површина од 7,5км2 или на секој 315 жители на Центар има по еден вработен во општината.\Второто парче од колачот е за реконструкции, изградби и пренамени на простори во градинки. Се одвојуваат 11,9% како капитални расходи и за пренамена 8,4%, што е одлично бидејќи објектите кои сега постојат не ги задоволуваат потребите, имаат запишано деца над капацитетите дозволени со законот, а одредени населби немаат свои градинки како Пролет, за каде се и наменети средствата во најголем дел. Третиот дел од колачот е наменет за ИЗГРАДБА НА ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ, со дури 10,7% од буџетот или 92,400,000.00 ден. или € 1,502,439.02. Оваа инвестиција нема реална аргментација и оправданост со оглед што се наменува само за населбата Капиштец, за продолжување на монтажниот паркинг на ул. Народен Фронт. Но, бидејќи се усвои одлука на Советот за објавување на сите проекти над 1 милион денари, ја очекуваме објавата на проектот со сите детали, број на места итн.Најважно од сѐ е дали е ова огромен дел од колачот кој е наменет за само една населба, дали катните гаражи кои се во тек на изградба на бул. Теодосиј Гологанов до Халк Банка се недоволни или и таму ќе се случи истата пренамена како со гаражата Зебра, со катната до Млин Балкан итн...Продолжуваме во следните постови со останатите делови од колачот“..

Скопје | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 % во однос на одлуката од 3.1.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,33%, кај дизелот за 2,171%, кај екстра лесното масло за 0,851% и кај мазутот за 4,565%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,372 ден/кг и сега ќе изнесува 39,283 ден/кг.Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 79,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 81,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

EBE8361C-5766-4AB7-AD46-935A874B02A4

(ФОТО) ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Крв на сите страни, жена во Струга искасана од кучиња скитници

Глутница улични кучиња нападнаа жена во Струга.Овој немил настан се случи во непосредна близина до градскиот пазар.На тротоарот има траги од крв која говори токму за овој настан.

Македонија | пред 3 години

f3925785-56aa-4979-b702-32b028927c7b

Излетал воз со 150 патници излетал кој патувал од Гевгелија кон Скопје

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.„Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица“, ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.Потврда, но и повеќе информации се обидовме да добиеме и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но одговор сѐ уште не добивме.

Македонија | пред 3 години

DSC_0846

Како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година

Доктор Марија Михајлова вели дека грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во новата година. Таа преку социјалните мрежи советува како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот.„Да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година. Ајде да се храниме на здрав и балансиран начин.Ајде да ставиме што повеќе овошје, зеленчук и интегрална храна во нашето мени.Да обезбедиме доволно хидратација на телото. Да задржиме активен животен стил, да вежбаме редовно и да вежбаме најмалку три пати неделно.Да се погрижиме за добар сон (спиеме најмалку 7-9 часа на ден).Да се справиме ефикасно со стресот и да се грижиме за нашето ментално здравје.Грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во 2023 година.Консултација: +389 71 223 397 / 02 30 90 487“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2023-01-08-191830

(ВИДЕО) Снимен македонски граничар како бара мито

На социјалните мрежи се појави видео снимено во декември минатата година на која се гледа како македонски граничар бара и добива мито од грчки државјанин.-Скопски полицаец бара „подарок“ за да ги пушти патниците да ја преминат границата, стои во описот на видеото.

Македонија | пред 3 години

IMG_0088

Неделава може да се очекува снег, временска прогноза за наредните седум дена

Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.

Македонија | пред 3 години

bomba

Бомба во куќа во Тетово, во тек е отстранување

Преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во тек координирање за безбедно отстранување пронајдено експлозивно средство, бомба, од куќа во Тетовско. Конкретно, на единствениот телефонски број за итни случаи 112 при ЦУК е добиена информација од дежурен од ОЦ-СВР - Тетово за настан во с. Долно Палчиште дека при претрес на објект - куќа, била пронајдена рачна бомба.Согласно оперативните стандардни процедури, за случајот е известен и раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Тетово, а случајот бил пријавен и во Полициската станица ПС Тетово. По известувањето на сите надлежни институции, за понатамошна постапка се чека екипа деминери од ДЗС Тетово, согласно процедурите, експлозивното средство безбедно да биде подигнато од лице место.

Македонија | пред 3 години

Capture-2

(ВИДЕО) Скопјанка го импресионираше Балканот со две песни во „Sвездите на гранд“

Жирито на „Sвездите на Гранд“ беше импресионирано од изведбата на Инес Губерниќ, 24-годишна скопјанка која настапи во новиот круг на талент шоуто. „Ајде онда ништа“ беше првата песна, по која аплаудираа Марија Шерифовиќ и Цеца. По ова, настапи со песна од Ванна, една од најдобрите во нејзината кариера, со наслов „Као да ме нема“.„Како ги погодува овие тонови со полн глас“, искоментира Марија Шерифовиќ.Губерниќ доби шест гласови од жирито. Водителката искоментира: „Мислам дека оваа комбинација на песни, вака тешки, не знам дали некој друг споил“.„Ти девојко прекрасно пееш, секоја чест!“, искоментира Цеца.Босанац, искоментира дека првата песна била одлична.?t=725

Магазин | пред 3 години

Capture-1

(ВИДЕО) Од лидер до пејач: Ахмети со цигарче си запеа на цел глас, кружејќи низ кацеларија

Сопартијци на лидерот на ДУИ АЛИ Ахмети објавија видео на кое се гледа како тој со цигара во рака пее.„Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, преку видео кое кружи на социјалните мрежи, наводно и одговорил на „Огнената група“.Ахмети е виден со цигара во рака, многу опуштен како ја пее песната „T’hupi roja (rrënja), të hupi fara, tuk o qe i dole Keqës përpara"..“, се вели во описот.

Македонија | пред 3 години

53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

„Индустријата лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува“, велат од Зелен хуман град

Најголемиот загадувач – индустријата, лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува, велат од Зелен хуман град.Активистите на Граѓанската иницијатива наведуваат дека деновиве кога Македонија се најде на врвот од најзагадени земји во светот, гледаме обид на индустријата да си овозможи уште повеќе да гори отпад така што повторно ќе ѝ се дозволи законски увоз на отпад за горење. Медиумите се преплавени со написи за менување на регулативата за индустријата да може слободно да увезува отпад за горење за да биде „поконкурентна“.„Спалувањето на отпадот е спротивно на концептот нула отпад. Тоа е штетен, загадувачки, скап и неефикасен процес кој ги заробува градовите во безизлезна ситуација со тоа што тие се принудени да произведуваат многу отпад за да го нахранат инцинераторот, поткопувајќи ги напорите за намалување на создавањето отпад или зголемување на стапките на рециклирање. Втор голем проблем со спалувањето отпад е што за еден таков процес високоризичен по човековото здравје е неопходно да постојат институции и држава, што со Македонија не е случај. Дури и тие земји каде што системот функционира имаат проблем со остатоците од процесот на инцинерација (спалување) и увезување на отпадот. Лекарската комора на Словенија има изјавено дека во емисиите од инцинераторите има многу токсини опасни за бремените жени и за развојот на децата кои предизвикуваат голем број на болести и случаи на прерана смрт. Во услови на отсуство на институции, најдоброто што можеме да го направиме со отпадот што не се биокомпостира, а „гние“ по депониите, е да го извезуваме зашто постојат земји што купуваат, а каде што институциите и законите функционираат“, велат од Зелен хуман град.Според нив, фокусот мора да биде на одржливост – на концептот на нула отпад. Затоа го предлагаат следното решение:– Прв чекор за намалување на отпадот (од кој околу 70% е биоотпад во МК) е посветено инвестирање во биокомпостари кои истовремено произведуваат и компост и биогас.– Исфрлање на пластиката за еднократна употреба.– Воведување сеопфатни програми за рециклирање и реупотреба на соодветните текови на отпад заедно со редизајнирање на производите кои ги користиме со цел тие да ја хранат, наместо да ја подриваат, циркуларната економија.– Инвестирање во масовна системска едукација за правилно селектирање на отпадот со што ќе се максимизира ефективноста на капацитетите за рециклирање и биокомпостирање.– Конечно решавање на проблемот со канализацијата и искористувањето на процесот на пречистување на отпадни води како ресурс за биокомпостирање.– Паралелни инвестиции во искористување на сите податливи кровни површини за поставување фотоволтаични системи и врзување на биогасот и соларната енергијаво еден интегриран систем на производство на електрична енергија од обновливи извори.– Субвенционирање на домаќинствата и малите бизниси да постават фотоволтаични системи и да се вклучат во домашното производство на електрична енергија пришто произведениот вишок електрична енергија ќе им се плаќа по фер цена.– Измена на регулативата со која ќе се оневозможи сегашниот монопол на универзалниот снабдувач ЕВН. Залудно во моментов домаќинствата и правните лица може да постават фотоволтаични системи кога никој не им обезбедува двонасочни броила и кога мора да се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар, а не од ЕВН, за да смее да го продаваат вишокот произведена струја.Зелен хуман град порачува дека на македонското општество му се неопходни научно-базирани и конзистентни чекори кон истата цел – нула отпад и енергетска независност. Истовремено, 24-часовна ригорозна надворешна контрола врз загадувачката индустрија со неселективни строги санкции за прекршувачите на законот. Единствено така можеме вистински да го решиме загадувањето и да ги заштитиме животите на нашите сограѓани.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-07-131721

(ВИДЕО) Свекрва пукаше среде ресторан со пиштол

На социјалните мрежи вирално се шири видео каде според информациите станува збор за свекрва која пука со пиштол среде ресторан.https://twitter.com/erzebet_batori/status/1611475943503323136?s=20&t=mXANS6wvQGKM8-jxTqI41A 

Магазин | пред 3 години

321296632_678988560575052_4320470385291497246_n

(ФОТО) Данела седна на маса со Ковачевски и Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на социјалните мрежи објави фотографии од средбата со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој на фотографиите е заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и премиерот на државата Димитар Ковачевски.„Почитувани граѓани,Дозволете ми свое лично име и од име на МВР да ви го честитам првиот празник меѓу празниците, Рождеството Христово – Божиќ, со желби, пред сѐ, за добро здравје, духовен спокој и мир.На спасоносниот и најрадосниот ден, кога надежта и верата победуваат, Синот Божји се раѓа, носејќи го семето на вечниот живот за да нѐ избави од ропството на гревот, подавајќи ни рака за наше спасение.Христовата незалезна светлина духовно нѐ воздигнува и ни отвора нови порти кон нови возвишени цели. Преку новиот живот да создадеме подобра иднина.Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво. Да бидеме добри секогаш, секаде и со секого.Нека блескавата Витлеемската ѕвезда повторно го осветли нашиот пат, потсетувајќи нѐ на вистината, дека Христос се роди и Бог го испрати спасението на човештвото.Честитајќи ви го Божиќ, ви посакувам празничната радост да ја споделите со најблиските, со чисто срце и искрена љубов.Христос се роди“, напиша Спасовски.

Скопје | пред 3 години

hljeb-bozic-reuters_original

Еве кај кого се падна паричката кај познатите личности

Бадник го карактеризира традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството.Бадниковата трпеза е полна со посни јадења, а исто така се крши лепче со паричка. Според верувањата, оној кај кого се падне паричката следната година му биде среќна и бериќетна и ќе има здравје.Дел од македонските јавни личности преку социјалните мрежи се пофалија како го прославуваат Бадник и кај кого се паднала паричката оваа година.Калиопи„Доброто секогаш со добро се враќа… А љубовта со верба се крунисува…На Бадник ставете ја таа круна во вашите срца и со сета топлина и светлина која ќе ве облее од внатре, допрете ги вашите најмили, најсакани, зошто Божиќ е нај вистинското време за тоа….За многу години, убави луѓе“, напиша Калиопи под објавата.Лила ФилиповскаТамара ТодевскаКристина ДимитриевскаМиа КостоваКатарина ИвановскаВикторија ЛобаЛина Пејовска

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања