„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

bozik

Денес е Божиќ

Денеска е Рождество Христово – Божиќ.Божик се вбројува меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос.Евангелските текстови сведочат дека римскиот император Август издал заповед да се изврши попис на населението во империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија тргнале од Назерет за да се запишат во Витлеем бидејќи биле од родот Давидов. Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале овците и козите.Ноќта силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син првенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил и предупредил јавувајќи им ја радосната вест: „Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец како лежи во јасли“. Веднаш потоа хорот на ангелите ја запеал песната: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2/14) Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот.Значи, покрај Богородица и Јосиф, на Богомладенецот први му се поклонија пастирите. Токму ним ангелот Господов им ја соопшти веста дека се роди Спасителот на светот. Пастирите не беа повластени први да ја чујат таа вест затоа што беа најблиску до Витлеемската пештера. „Според светите отци, тоа се случи поради многу причини.Прво, поради чистотата на пастирите стекната преку нивнотоотшелништво и тихување. Второ, затоа што пастирите беа подражаватели и следбеници на живеењето и на добродетелите на старозаветните патријарси. Значи, пастирите не беа случајни личности. Трето, за да се покаже дека Христос е вистинскиот пастир на израелскиот и на многубожечкиот народ. Четврто, за да се објави јасно дека Христос ги избра најпростите по срце и најприемчивите за да го примат ова откровение, а не лукавите книжици и фарисеи. Сето ова го покажува начинот што може секој да го употреби за да ја доживее тајната на Откровението.“Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната ѕвезда на небото којашто и ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и којашто стоела кога тие одморале. „И штом влегоа во куќата, го видоа Младенецот со мајка Му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна.“ (Матеј 2/11) Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот-темјанот) и Цар (златото). Значи, пред Богомладенецот најпрвин се поклониле простите пастири и учените мудреци како овоземни жители, но и ангелите од небото што значи дека тој бил предодреден подеднакво да му припаѓа и на небото и на земјата.Зошто меѓу првите Исус го видоа и мудреците? „Всушност, Бог нив им се откри, нешто што не се случи со книжниците и со фарисеите, кои го сочинуваа религискиот институт во тоа време. Мудреците не беа астролози, какви што ги знаеме денес, туку астрономи, кои ги гледаа небесните ѕвезди и нивните движења. Во тоа време астрологијата се сметала за наука. Денес, кога науката на астрономијата се оддлечи од астрологијата која е поврзана со метафизиката и со сатанизмот, последнава (астрологијата) е отфрлена од православната вера. Мудреците го препознаа Христа и му се поклонија преку познанието на умот. Преку телесните очи гледаа едно бебе, но преку видот на умот го гледаа вочовечениот Бог. Така мудреците се наоѓа во соодветна духовна состојба за да Го видат и да Му се поклонат на Бога. Тоа не беше работа на наука, туку на внатрешна умна чистота.“И ѕвездата што ги водела мудреците по многу нешто била необична. „Прво ѕвездата не беше само во движење, туку и стоеше. Кога одеа мудреците, таа се движеше, кога тие застануваа, застануваше и таа. Второ, ѕвездата се движеше пониско од другите ѕвезди, а кога мудреците стигнаа до местото каде што се наоѓаше Христос, се спушти и застана над пештерата. Трето, ѕвездата имаше толкава блескавост, така што ја надминуваше блескавоста на другите ѕвезди (свети Никодим Агиорит). Освен тоа ѕвездата на мудреците се движеше чудно, т.е. од исток кон запад, а на крајот се движеше од Ерусаллим кон Витлеем, т.е. кон југ. И уште, како што вели свети Јован Златоуст, се гледаше и дење, додека сите други ѕвезди не се гледаат од светлината на Сонцето. Според тоа таа блескава ѕвезда беше ангел Господов, а како што вели Јосиф Вриениј таа беше архангелот Гавриил, кој, впрочем беше служител на големата тајна на вочовечувањето на синот и Логосот Божји“.Во Македонија денеска е неработен ден.

Македонија | пред 3 години

nekst-tajm-960x540-1

(ВИДЕО) Ежење: Слушнете како звучи кога цела сала во еден глас ја пее „Бисер балкански“

За концерот на Некст тајм, кој се одржа на 17 декември во салата „Јане Сандански“ несомнено уште долго ќе се зборува.Некст тајм на својот канал на Јутјуб објавија видео од концертот на кое цела сала во еден глас ја пееше песната „Бисер балкански“.„Ежење“, „Секоја чест за изведбата“, „Капа доле мајстори“, се само дел од коментарите под видеото.Слушнете како звучи

Магазин | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес почуствуван во Македонија во 15 часот и 51 минута со јачина од 2.8 степени според РихтерЕпицентарот бил на 18 километри од Скопје на длабочина од 4 км.

Македонија | пред 3 години

177717768_916500442474881_4710503397602138547_n

Наш познат доктор: Живот не трпи тендери – државата веднаш да реагира, да се спаси ова дете

Вчера, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи доктор Велибор Тасиќ, педијатар, кој деновиве, како што напиша е на одмор во Хрватска, но добил порака за случај со дете, кое би можело да биде спасено, доколку државата реагира итно:„Ни кафе како пензионер не можам да испијам на мир.Седам со колегата Данко Милошевиќ, врвен експерт педијатар нефролог во еден Загребачки кафиќ и добивам порака дека еден наш пациент стар 13 години е примен на Клиниката со четврта епизода на атипичен хемолизно уремијски синдром (болест која ги напаѓа црвените крвни зрнца, тромбоцитите и води до отказ на бубрезите).Данко ми вели, па дајте му одмах солирис или ултомирис спасицчте му бубреге.На жалост Данко, код нас је бирократска процедура, треба се пациејнт регистрирати код комисије за ретке болести, па чекати њихову одлуку, која је често негативна и неправедна….јер овде лек живот спашава!Џабе што је лек регистриран у Македонији, тко че га платити.ЖИВОТ НЕ ТРПИ ТЕНДЕРИ!!!! ЗА ВАКВА СИТУАЦИЈА ДРЖАВАТА, ФОНДОТ И ДРУГИТЕ ФАКТОРИ ТРЕБА ДА РЕАГИРААТ ВЕДНАШ!За жал, некои наши фамилии кои имаа деца со атипичен ХУС мораа да се иселат, за да можат да го добијат лекот во странство.Ве молам споделете ја објавата! Живот не трпи тендери!“, напиша доктор Спасиќ на својот профил на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

bandera

(ВИДЕО) Бетонска бандера со напојување со струја ќе предизвикаше трагедија во Скопје

Бандера со кабли за струја падна на улица во Скопје. Во моментот на несреќата, на местото немало минувачи, со што е избегната трагедија. На местото каде бетонската е падната, немало ни паркирани автомобили, иако во овој дел од Скопје, тротоарите се пртворени во паркинзи.Со оглед дека се празници, петорица мажи се обида сами да ја отстранат бандерата. Тие користеа и алат за да ја исправат, односно потпрат. Каблите од неа, се искинати.Причината за падот на бетонската банера, која можеше да предизвика трагедија, а особено и поради напојувањето со струја, засега е непозната.

Скопје | пред 3 години

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Православните христијански верници го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Домаќинот го крши лепчето на еднакви делови и се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

Македонија | пред 3 години

thumbnail_Badnikovi-Povorki-plakat

Бадникови поворки во 62 градови и населени места

Денеска 6-ти Јануари, ден Бадник во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.Најголемата бадникова манифестација во Скопје започнува точно во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад ,,Македонија” со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).Водители на настанот ќе бидат популарните детски ѕвезди: Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.После малиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка во Македонија, што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.Во исто време, свечени бадникови поворки со учество на стотици деца со нивните семејства се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња.„ Ајде заедно да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме, со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! Затоа, најтопло Ве покануваме, придружете ни се во поворките!За сите детали и најнови информации што се ажурираат речиси на секој час, следете ја официјалната страница на Бадникови поворки“ велат од Здружението за возобновување на православни традиции.

Македонија | пред 3 години

321866376_1936915403306463_7716988226859520593_n

Страотни детали за исчезнатата жена од Драчево: Кога и се јавив, не можеше да зборува, сфатив дека нешто не е во ред!

Зојка Луковиќ, родна 1954 година, излегла од својот дом во Драчево на 31-ви декември, околу 12 часот и и се губи секаков траг. Веќе шести ден трае потрагата по неа, а нејзиниот син Марјан за ,,Фокус” вознемирен од настанот ги открива деталите.Раскажува дека мајка му немала здравствени проблеми и живееле заедно. Животот го поминала работејќи хонорарни работи, чувала стари лица, се борела да донесе парче леб како самохран родител.Дента кога исчезнала носела црвена јакна и капа, и е ситна жена со црвена коса. Тој и се јавил на мобилниот околу 18 часот, и вели дека штом и го слушнал гласот знаел дека нешто не е во ред, па веднаш пријавил во полиција.-Мајка ми излегла од дома околу 12 часот. Се беше во ред со неа, немаше никаков проблем. Кога во 18 часот и се јавив да видам каде е и зошто не си доаѓа дома, таа не можеше да зборува на телефон. Ми одговори на повикот, кога ја прашував каде е, само нешто нејасно слушнав, сфатив дека нешто се случува и веднаш се јавив во полиција.Не сакам да избрзувам со заклучоци што точно се случувало со неа во тој момент кога ми одговори на повикот, но нешто не беше во ред и таа не можеше да зборува, затоа и побарав помош од полицијата.Од информациите кои ги имаме до сега, веќе е шести ден откако и се изгуби траг, телефонот последно е лоциран таму, во таа област, околу Драчево. Откако пријавив во полиција, потоа веќе и телефонот и беше исклучен. Очаен сум, барам помош од сите граѓани, од институциите, сакам да ја пронајдеме мајка ми – вели синот.Повеќе Втора исчезната жена за девет месеци во Драчево, со слична физиономија како првата која уште не е пронајдена! – Фокус (fokus.mk)

Македонија | пред 3 години

Untitled-design-2023-01-05T130159.499

(ФОТО) Први слики од Велес, воз удри во комбе - има повеќе повредени патници

Први фотографии од несреќата кај Велес.Комбе кое што вршело јавен превоз за потребите на Општина Чашка удрило во железничко превозно средство на пругата кај поранешна „Порцеланка“.„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, велат од МВР.Во сообраќајната незгода повредени се 12 граѓани од кои двајца од населба Чашка и останатите од село Мелница, рече градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски , кој што е на лице место на сообраќајната незгода.Возачот на железничката дрезина даде изјава а официјално и од СВР Велес (видео) - ДУМА.мк (duma.mk)

Македонија | пред 3 години

jsp

Неделен возен ред на Бадник и Божиќ, ќе има дежурни билетарници, Жичарницата ќе работи вообичаено

Ве информираме дека на 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков шетал за дочекот на Нова година

Ексдиректорот на УБК, сега затвореник, Сашо Мијалков, новата година не ја дочекал во струшкиот затвор, каде одлежува затворска казна, пишува „А1он“. Тој бил на продолжен викенд, односно три дена ги поминал надвор од установата. Оваа привилегија му била овозможена од директорот на затворот, Ваљон Ќуља.Мијалков излегол во четвртокот, на 29 декември, само три дена откако беше на судење во скопскиот Кривичен суд. Од Управата за извршување санкции тврдат дека тој се вратил на 1 јануари, односно во недела.Извор: А1он

Македонија | пред 3 години

novo-bmw-696x392-1

(ФОТО) Синот на Мерко купил БМВ кое чини над 150 илјади евра?!

Алијанса за Албанците Струга преку соопштение обвини дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил.„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.„За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400,00 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, сам по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко му донесе на Струга“, додаваат од АА.Од таму додаваат:За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА. Па драги почитувани стружани, Среќна Нова 2023 година и…, да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга.

Македонија | пред 3 години

image-180485

(ФОТО) Билборд среде Скопје во секој момент може да падне врз некој

Билборд во центарот на Скопје може да падне во секој момент. Граѓаните објавија фотографии на социјалните мрежи од билбордот кој се наоѓа на надвозникот кај Бит Пазар и велат дека истиот претставува голема опасност за минувачите.„Билбордов кој се наоѓа над надвозникот кај Бит Пазар е голема опасност за сите минувачи!Секој момент може да падне врз некого!Ќе реагира некој?Ќе го отстрани некој пред да се случи некоја несреќа?“, стои во објавата.

Скопје | пред 3 години

zaev-gruevski

Груевски и Заев се препукуваат, стигна нова порака од Будимпешта

Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал. Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за криминалот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата?И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени.Напротив во контактите со многу Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати разбирам дека кај сите најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.Знам и дека потрошувачката кошничка за сите отиде од 30 на 50 илјади денари, и не сум чул дека некој се радува на тоа, а дека владата неможеше книги за учениците да обезбеди пола година одкако е почната наставата. Освен флоскулата без реална суштина “едно општество за сите” што ја “дробат” политичарите во официјални настани и соопштенија, оние кои ништо не направија за народот, друго суштински важно и што суштински на подобро ги менува нивните животи нема.Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред се за Македонците може само да ми биде криво, што Грција не доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучено име, за која таму никој незнае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.По овие работи гледам дека Заев и понатаму го потценува капацитетот на македонскиот народ и го смета за толку многу глупав што мисли дека на вакви небулози ќе му верува. Да, тој мисли дека мнозинството народ се согласува со глупостите кои редовно ги “треска” и со самото тоа само укажува дека оправдано во овој фб статус по втор пат се повикувам на гореспоменатата мисла на Зигмунд Фројд.Тој сака да ни каже дека не само што не се срами, туку и се гордее со предаствата на националните интереси, пљачкосувањето, неспособноста и криминалот за кој токму во неговио време Макединија се најде на 108 место во светот само неколку години подоцна одкако бевме стигнати до 69. Место на листата на Transparency International за перцепција на корупцијата.Тој сака да ни каже дека не се срами ни од довербата на судството и обвинителството која во негово време ја спушти на 4 односно 3 осто доверба.Не се срами ни од податок објавен дека на анкета на студентите од битолскиот универзитет се покажа дека 80% од студентите планираат по дипломирањеро трајно да се отсечат од Македонија.Листата е долга и тука ќе ја прекинам. Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга.Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга!ПС. А тоа дека несакал да прави пуч во СДСМ и несакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка.Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија.Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат.Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко.Тој сеуште смета на тоа дека заради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл. Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чиа заштита смета и сметал цело време додека злодела“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

26102021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Заев се огласи за „буткањето“ на Ковачевски: Нема да се кандидирам за претседател

„Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша експремиерот и преседател на СДСМ, Зоран Заев.Тој додава:Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање. Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество.Истовремено, македонската Влада предводена од СДСМ не престана да испишува историски успеси. Ја внесовме Северна Македонија во НАТО, ги решивме домашните меѓуетнички тензии и поделби, станавме пријатели со сите наши соседи и со целиот демократски свет. Благодарение на политичките на градење пријателство со соседите, но и севкупните меѓународни политики ја добивме Автокефалноста на нашата МПЦ-Охридска Архиепископија, станавме една од трите држави кои ја основаа економската иницијатива Отворен Балкан и започнавме преговори со ЕУ.Не може да се заборави дека и тогаш имаше противници на се што работевме и на се што постигнавме. Некои беа против само поради тоа што тие во нивното време не успеале да го направат она што ние за четири години го постигнавме заедно со народот. Меѓу нив беше и поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски ама и други кои од исти или слични причини едноставно не сакаа да се случат македонските успеси. Некои заради тоа што суетата им е преголема (Геровски ќе се препознае овде веројатно). Трети, пак, беа против затоа што имаат потреба постиојано да негодуваат, да мразат и мрчат, оние на кои ништо не им се погодува (тоа се луѓе како шкорпиите од приказната за шкорпијата и жабата). Четврта група беа тие што не можат едноставно да простат успех на друг, оти нели во Македонија може се да ти простат ама успех не ти се простува.Но, времето и досега покажуваше, а особено допрва ќе покажува колку биле храбри, исправни и правилно насочени одлуките што сме ги донеле за македонскиот народ и државата, без разлика на блокадите кои постојано ни ги ставаат сите противници.Заклучок...Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што токму тие луѓе, со своето противење, несакајќи, а богами некои од нив и свесно и намерно (Груевски на пример) ги имаат помогнато сите овие процеси. Сите тие, со нивното делување и противење, го охрабрија мнозинството народ да опстои во својата верба за осигурување на евроатлантската иднина на државата, во градењето пријателството со соседните земји, во воспоставување на кохезијата во нашето мултиетничкото опшество преку концептoт на кој му аплаудира целиот демократски свет – концептот “Едно опшество за сите”.Тие луѓе, политичари, новинари, аналитичари ... индиректно, а богами и директно 😉 во клучните моменти за државата помогнаа за обезбедување дури и на двотретинско мнозинство во парламентот за Договорот од Преспа и другите важни одлуки, со што беа совладани тогашните анти-НАТО и анти-ЕУ политики на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Денес, Северна Македонија е земја членка на НАТО и не стравува за својот мир и безбедност. Денеска ги живееме деновите на скрининг процесот како фаза од преговорите со ЕУ кои ги отпочнавме пред неколку месеци. Денеска се радуваме на соживотот меѓу Македонците и Албанците и сите етнички заедници кои живеат во нашата татковина. Денеска се радуваме на признатиот македонски јазик и на плодовите од Преспа како што е отворањето на Центарот за македонски јазик во Грција. Оваа наша генерација го дочека и признавањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква. И сето тоа во четири години. Знам дека нашиот народ ги цени овие историски чекори, во спротивно довербата кон патот по кој се движиме немаше да остане со високи над 70%.Колку и да не сакаме, мораме да признаеме дека треба да им бидеме благодарни на тие луѓе кои беа и се уште се противници на сите големи успеси што ги постигнала Македонија и целиот македонски народ, затоа што токму со нивното јавно делување, пишување и противење всушност ги помогнаа овие големи македонски успеси. Тие беа една од главните причини за од спротива да се формира силниот демократски блок кој ја носи земјата напред.п.с. Посебна благодарност до некои од тие луѓе што и директно го помогнаа клучниот чин (ќе се препознаат верувам таквите) за земјата неповратно да се постави на шините кон НАТО и ЕУ, чинот со кој 80 пратеници дадоа согласност за Договорот од Преспа.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања