„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

51826954785_8561cc25fc_c

Бујар Османи ќе плати 100.000 евра за пиар активности

Министерството за надворешни работи (МНР) ќе потроши околу 100.000 евра за пиар активности за претседавањето на Македонија со Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). Македонија од 1 јануари го започна претседавањето со ОБСЕ, најголемата светска регионална безбедносна организација која опфаќа 57 држави учеснички од Европа, Северна Америка и Азија. За таа цел склучен е договор со Друштвото за менаџмент и консултантски активности агенција „Рејтинг СП-М“ ДООЕЛ за 6.100.000 денари . Во тендерот стои дека се потребни услуги за стратешки комуникации во пресрет на претседавањето со ОБСЕ.МНР троши народни пари на пиар агенција и покрај тоа што Министерството има своја служба за односи со јавност, а исто така и во Владата се вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели.Според Електронксиот систем за јавни набавки, тендерот е објавен на 29 септември 2022, јавното отворање на понудите било на 1 ноември, а одлуката за избраниот победник на тендерот е донесена на 12 декември.Од Министерството за надворешни работи велат дека покривањето на голем број работи во врска со претседавањето со ОБСЕ подразбира значително зголемени комуникациски потреби и заради тоа низ транспарентна тендерска постапка ангажирале посебен економски оператор.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

Османи: Ако ноември не фати без завршени уставни измени, мојот страв е дека ќе прекинат преговорите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе иницира широка дебата за уставните измени за кои смета дека не треба да се губи многу време да бидат комплетирани. Државата, според него не смее да си дозволи да го дочека ноември без изменет Устав.„Мојот страв ако ноември не фати без завршени уставни измени е дека ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, вели министерот Османи.Сите досегашни консултации во однос на измените Османи вели дека биле неформални и токму затоа ги нарекол „консултации низ ходници“, па затоа време е да се почне со формален сет консултации низ јавни дебати.„Сметам дека е важно да направиме разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измени се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени. Засега тие се измешани и не може да се прави разграничување каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето. Тие не знаат дали ставот на некој политичар е поради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Луѓето кои не се експерти се збунети. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, каде завршува интересот на државата. Таа јавна дебата ќе го искристализира тој аспект“, објасни Османи.Тој е убеден дека дебатите ќе покажат дека уставните измени не се спорни, ниту пак се закана за државата по ниту еден услов туку дека ќе ја направат државата посилна и со подобар имиџ во светот.

Македонија | пред 3 години

46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

О2 иницијатива: Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?

О2 иницијатива објави споредба на податоците од 2005 до 2022 година за загадувањето на воздухот со ПМ10 честички. Тие велат дека во Скопје, Тетово, Миладиновци, Кочани, Битола и Гостивар се регистрирани најниски вредности во изминатите две години.„Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?Направивме споредба од 2005 до 2022 година служејќи се со податоците од МЖСПП.Главен тренд е на намалување, наспроти субјективното чувство дека е исто или полошо.Најниски вредности за Скопје, Миладиновци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар се регистрирани во изминативе две години. За Кавадарци и Велес во 2016, Кичево во 2018, Струмица во 2019.Троцифрените вредности за PM10 се јавуваат кога индустријата работи без филтри.Законски пропишани вредности до 40 µg/m3 годишно, за 2022 година имаме во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Лазарополе и Берово. Најверојатно тука се и Кочани и Гевгелија, но за нив нема доволно мерења во 2022. До 2017 година само Лазараполе го постигнувал законскот лимит.Највисоки вредности во 2022 г. имаат Струмица и Кичево.Во однос на годишните вредности за PM10 според СЗО, до 15 µg/m3, само Лазарополе го исполнува тој услов.На што се должи главниот тренд на намалување на загадувањето не може да се каже точно, но временските прилики играат клучна улога.Сериозен проблем за вистинско споредување на просечните годишни вредности се бројните денови без податоци. Мониторинг системот на МЖСПП никако да се доведе во состојба на континуирано мерење, постојано има празнини и не е можно точно детерминирање на вредностите и нивно споредување", стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

rek-bitola-1

РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција.На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција.Како што и претходно информиравме, заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.Во прилог видео и фото од санација на скинати цевки во котел на блок на РЕК Битола.

Македонија | пред 3 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

СДС ветуваа дека ќе го намалат загадувањето на воздухот, ДУИ станаа зелени преку ноќ, но не успеаја, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС дојде на власт со ветувањата за чист воздух, 7 години потоа ништо не е променето. 4 години додека ја имаа локалната власт не презема ништо од заклучоците кои нивните пратеници ги усвоија, а 7 години како се на централна власт еден проект или поголема мерка од национален карактер за борба против загадувањето немаат спроведено, вели ВМРО-ДПМНЕ„Загадувањето на воздухот е национален проблем, и за ефикасно намалување на загаденоста потребни се национални мерки и проекти кои значајно ќе влијаат на намалувањето на емисијата на штетни гасови.Освен заклучоци и препораки на комисии СДС и ДУИ ништо немаат преземено. Имено на 27 ноември и 25 декември 2018 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија одржа Јавна расправа на тема: „Енормно загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“, меѓу големиот број заклучоци донесени се и следните:- Да се забрза процесот на гасификација на територија на Република Македонија и подготовка за изградба на секундарна гасификациона инфраструктурна мрежа.- Да се воведат субвенции за приклучување на греење кон гасификација како и субвенции за приклучување кон парно греење за граѓаните;5 години откако е донесена препораката се уште нема гас до градовите низ Македонија, надвор од Скопје, каде има топловодна мрежа која е стара неколку децении. На ова поле владата нема мрднато со прст.- Градот Скопје и сите останати општини, да ги зголемат зелените површини во градските подрачја, при изработка на деталните урбанистички планови, да се води сметка за зелените површини и да се спречи нивната пренамена во градежни парцели.4 години додека СДС управуваше со поголемиот број на општини бетонизацијата беше на прво место, а животната средина на крај на листата приоритети.- Се препорачува Министерството за економија, да обезбеди средства за субвенционирање на домаќинствата кои ќе користат обновливи извори на енергија.Оваа препорака не беше преточена во мерка, а всушност треба да биде начин на делување.- Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, до Собранието на Република Македонија да достават предлог законски измени на законите од областа на животната средина кои ќе бидат во насока на намалување на загаденоста на воздухот;Владата нема преземено ништо конкретно во насока на нови законски решенија и нивна имплементација.Наједноставно кажано СДС и ДУИ, кои последно се промовираа и како зелени, само декларативно на хартија носат стратегии и планови, но немаат никаква реализација.Скопје и остатокот од државата тоне во загаден воздух, и главна вина за тоа има Владата на СДС и ДУИ. Општините имаат ограничени овластувања и можности, а дури и тие кои ги имаат не беа спроведувани од страна на градоначалниците на СДС и ДУИ изминативе 4 години.И СДС и ДУИ дојдоа на власт со лаги дека ќе се борат против загадувањето и ќе го намалат истото. 7 години немаат направено ништо, затоа потребни се промени и нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги решава проблемите и ќе се бори за подобра иднина на секое поле“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

IMG_5195

Груевски откри зошто се одложуваат авионските летови

Не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради криминалците во власта. Еве зошто!Во 2009 година Владата ангажираше меѓународна искусна компанија за консултант кој ќе не води низ постапката за изнаоѓање концесионер на македонските аеродроми, Александар Македонски во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Аеродромот беше многу мал, несреден и прилично лоша прва слика за земјата а бројот на летови неспоредливо помал од денешните.Владата заедно со консултантот работеше на изработка на условите. Баравме нов терминал со шест излези на скопскиот аеродром, два повеќе одколку што ценеше консултантот по сондирањето на мислењето на потенцијалните концесионери кои ги контактирале за да слушнат мислења и реакции, како што што е редот во таа работа.Во тој момент немаше доволно сообраќај ни за еднен излез од зградата каде се патниците директно во авионот.Се бараше и проширување на пистата за да можат са слетуваат многу големи авиони, но и градба на некои хангари, набавка на повеќе против пожарни возила и повеќе други инвестиции.Исто така се одредија и инвестиции кои треба да се направат на охридскиот аеродром.Но, владата постави уште едно барање кое предизвика големи реакции кај консултантот и пред се кај потрнцијалните концесионери кој тој се обидуваше да ги анимира во фазата уште пред објавување на меѓународниот повик, како и ризик да пропадне тендерот и никој да не се јави.Тоа беше барањето за изградба на карго аеродром на локација меѓу Штип и Св. Николе, административно на територија на општина Св.Николе но мошне блиску до Штип, со големина на пистата и на терминалната зграда како што во тој момент беше на скопксиот аеродром, пред да биде даден на концесија.Искусниот консултант бараше итен состанок во владата на неколку потенцијални и заинтересирани концесионери кои тој се обидел да ги анимира и кои беа транспаренти примени.Клучното прашање кај сите и поентата на состанокот беше зошто нов аеродром и од сите ни беше кажано дека тоа е голема инвестиција која го прави проектот неисплатлив и плус тоа ќе биде потенцијален загубар за нив, па ако тоа остане тие ќе се повлечат. Тоа беше голема игра на нерви. Тие сакаа да успеат да не натераат да ја повлечеме идејата за нов карго аеродром кај Штип, ние сакавме таа идеја да помине и да го изградат.Објаснивме дека оваа концесија се дава на 20 години но дека на долг рок ние би сакале преместување на аеродромот од Петровец каде е сега, во овчеполието, затоа што овоа локација за овој аеродром воПетровец е одбрана во време кога ЈНА сакала да изгради воен аеродром и барала терен меѓу планини, затоа што целта била друга. Денес тоа е главниот цивилен аеродром на една независна држава, и не е добар избор за цивилен аеродром особено затоа што секоја зима има многу магла и масовно откажување на летовите што влијае на бизнисот, на инвеститорите, на плановите и врмето на граѓаните и туристите, а и слетувањата не се толку едноставни на ваков терен.Објаснив дека сакаме околу пола од новата инвестиција да се направи сега со овој договор за концесија и да тоа привремено биде карго но и алтернативен аеродром за слетување и полетување во лоши временски услови, а втората половина по истекот на концесијата во 2030 година, кога ќе се објави јавен повик за нова концесија и тогаш само пистата и терминалите на карго аеродромот изграден меѓу Св. Николе и Штип ќе се прошират и тоа ќе стане главниот аеродром во државата, а овој во Петровец втор, помошен и/или карго аеродром или некоја друга намена.Објаснив и дека во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец. Објаснив и дека во меѓувреме ќе изградиме и регионални патишта со четири ленти од Штип кон Кочани, што го започнавме и уште се гради, од Штип кон Радовиш кој исто така го почнавме и објавивме тендер за градба, и кој е веќе завршен и дека патот од Штип до Велес ќе прерасне во регионален со четири ленти што одамна го завршивме.Со тоа, новиот централен аеродром би бил со одлична модерна и безбедна инфраструктура речиси во сите правци.Објаснивме дека таму теренот е рамен, скоро секогаш има доволно ветар што не дозволува собирање на магла, што и самите ние го гледавме со години при секое од многуте наши полетувања и слетувања во авион, а верувам тоа го забележал и секој друг кој почесто користи авионски транспорт. Секогаш кога Скопје и Петровец беа завиени во магла и спуштени облаци во котлината, таму беше сончево и максимално видливо.Кажавме и дека јасно ни е дека ако оддеднаш побараме комплетно нов аеродром меѓу Св. Николе и Штип дека тоа нема да е исплатливо на ниту еден инвеститор-концесионер и затоа предлагаме ваков модел во кој во две фази, делумно сега до ниво на карго и алтернативен аеродром, а делумно подоцна до ниво на најголем и централен аеродром ќе се изгради новиот аеродром.Компаниите ни укажаа дека тоа предвидува дополнителни 80 милиони евра инвестиција, иако нашите анализи покажуваа дека тоа ќе е износ од 60 милиони евра, се разбира според тогашните цени. Сега, по сегашните вени сега сигурно е помеѓу 80 и 100 милиони евра инвестиција.На крајот останаа три компании од кои ако добро се сеќавам двете германски категорично кажаа дека ако остане условот за градбата на штипскиот аеродром тие нема да се јават на јавниот меѓународен повик за изнаоѓање концесионер.ТАВ го тврдеше истото, но низ разговорите чуствувававме дека сепак може да се јават, и тоа се покажа за точно чувство.Она што ние се согласивме во тие разговори беше дека тој карго аеродром дека нема да мора веднаш од првиот ден да се гради, туку по 10 години односно во 2020 година (што значи дека денес ќе беше готов, пуштен во употреба и од аспект на брзина на пристигнување во Скопје ќе беше речиси сеедно на кој аеродром ќе има слетување кога во Скопје и Петровец има магла).Во меѓувреме се договори да се изврши прецизно мерење на ветровите на новата локација. Се отцени дека така без инсистирање во огласот градбата да е од првиот ден, има барем некакви шанси да успее операцијата бидејќи на тој начин парите за градба концесионерот ќе ги обезбеди од профитите во првите 10 години, плус нема да има загуби од трошоците за одржување на аеродромот во првите десет години. Се на се тоа беше нешто што барем една компанија ја врати во игра, турската ТАВ која единствена се јави на тендерот кој подоцна се објави.Другите две компании само заради штипскиот аеродром се повлекоа. Да не беше штипскиот аеродром ќе имаше уште најмалку два кандидати и Македонија ќе добиеше повисок износ на концесијата што ја плаќаат во буџетот бидејќи ќе имаше реално наддавање. Но, владата одлучи долгорочниот државен и народен интерес да го стави пред краткорочниот.Кога помина тендерот и дојде време да се потпише договорот, преставници на компанијата ТАВ се обидоа уште еднаш да си ја пробаат среќата. Истапија со понуда, дека се спремни да влезе клаузула во договорот дека за износот за кој треба да го градат штипкиот аеродром може да изградат било што друго што ќе им каже владата во ЕДНАКОВ ИЗНОС. Рекоа дека се подготвени да ги вложат тие пари, но на тој начин ќе спасат загуби во тие години додека аеродромот е помал, карго, спореден, алтернативен итн, бидејќи по нивни пресметки додека аеродромот во Петровец е главен аеродром, штипкиот би генерирал загуби заради трошоците за вработени, режиски трошоци и сл. кои по нивните пресметки би биле поголеми од приходите на аеродромот.Владата го одби тој предлог со образложение дека градбата на штипскот аеродром е веќе ОБВРСКА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР И ПРАВНО НЕ СМЕ ДА СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ОД ТЕНДЕРОТ СО ДОГОВОРОТ, дека тоа ја елиминираше конкуренцијата и дека менување на тендерските услови во содржината на договорот со сигурност ќе се смета за ИЗМАМА и тешко кривично дело. Ќе се смета дека намерно било направено така за да се елиминира конкуренцијата во корист на една фирма. Ќе се загуби логиката што при поголема конкуренција би добиле и повисока цена на концесија.Со други зборови им кажавме дека таа работа ја завршивме и неможе да се промени.Се вклучија и одредени дипломати и политичари од Турција да замолат за решение на проблемот и да укажат дека тоа им е важно.Потоа по некое време дојде нова висока делегација од ТАВ кај мене. Тие анализирале зошто толку многу “сме запнале” за тој аеродром во Штип и помислиле дека тоа има врска со моето потекло, од односно дека мојата мајка е родена и првите 14 години од животот ги поминала во Штип, пред да се пресели во Скопје и да се запише во средното медицинско училиште Панче Караѓозов. Помислите дека одлуката е заради некакво чувство на локална припадност, можеби некаква носталгија од поминати убави моменти во посета или некои кратки престои во детството во тој град, некакво чуство на долг кон сограѓаните на мојата мајка и сл.Ни понудија што сакаме тоа да изградат во Штип. Да го разубават градот со 80 милиони евра. “Еве на пример ако вие ни кажете господине премиер можеме да изградиме еден голем хотел од пет ѕвезди таму, ние проучивме дека градот нема таков хотел. Можеме да асфалтираме улици, да ја подобриме инфраструктурата или некое училиште, градинки и сл.”Ги прашав од каде им е таа идеја дека аеродромот го бараме да се изгради таму само заради локалниот развој на Штип и особено во корелација со потеклото на мојата мајка? Ми кажаа пример во една друга држава (заради дискреција нема да ја спомнам), каде ообрување на концесијата Премиерот инсистирал да се изгради еден помал аеродром во неговото родно градче од 10тина илјади жители кој тие за да ја добијат големата зделка го изградиле и потоа тоа со години им генрирало загуби.Се насмеав и им објаснив дека компарацијата е несоодветна и повторно ги кажав вистинските мотиви на воадата кои ги објаснив погоре. Додадов дека за локалниот развој на Штип ние правиме други проекти, како што правиме други и за други поголеми и помали градови во земајта, не одејќи по тоа кој политичар од каде има потекло, туку правевме се, секаде да помогнеме. Штип го наследивме навистина како град кој беше многу паднат но во тоа време веќе во ек беше отворањето на универзитетот Гоце Делчев што го оживеа градот, се градеше технолошко имдустриската развојна зона која донесе и допрва ќе носи крупни инвеститори и работни места, се градеше хидросистемот Злетовоца што го решаваше проблемот со водата, се подготвувавме за изградба на комплетно нова клиничка болница итн и се сеќавам на крајот на мандатот невработеноста во градот од 17.000 ја бевме намалиле на околу 2.000. Новиот аеродром сигурно локално би делувал позитивно за Штип и велиот аеродром, но тоа беше државен а не локален проект, се решаваше друг голем проблем со маглите на скопскиот аеродром и немаше подобра локација од таа.Така, преставниците на ТАВ сватија дека нема да има одстапки и го потпишаа договорот, го изградија се она што беше предвидено на аеродромот Александар Македонски и сите инвестиции на охридскиот аеродром Св.Апостол Павле, исто така. Инвестиција од 200 милиони евра за скопскиот и охридскиот аеродром и модернизирани аеродроми за Македонија. Плус планираната инвестиција во Охрид.Ние одлучивме државниот интерес да е пред се, како и долгорочно гледано безбедноста на патниците и редовноста во слетувањата и полетувањата.ТАВ како и секоја друга компанија си се бореше за својот финасиски интерес и тука немаме замерки. Со нив имавме одлично искуство во соработката потоа и како што е познато аеродромот брзо се разви над сите очекувања, нешто во што освен искуството и професионалноста на ТАВ учествуваше и владата преку повеќе мерки од кои најважни се субвенциите за ниско буџетни нови авио линии, субвенциите за привлекување странски туристи што бројот на туристи го дуплираше за кратко време, многу инвестиции во нова понуда за туристите во земјата (споменици, нови музеи, фонтани, атрактивни градби, нови хотели со продажба на земјиште за градба по почетна цена од едно евро по квадрат, десет годишна постојана кампања на меѓународни медиуми како CNN International за привлекување туристи во Макеоднија итн.И што се случи?Седум години подоцна дојде нова власт. Корумпирана до коска. Летнати во небо со чувство на божества, оти имале меѓународна подршка затоа што се согласија да го сменат името на државата, нацијата и јазикот, како и историјата.Во време кога нас ни вршеа политички прогон, не судеа, апсеа, обвинуваа, не оцрнуваа со лажни обвинувања преку медиумите кои не смееја да се спротистават што заради интерес, што од страв одкако со конструирани обвинение ставија во затвор еден сопственик на десно ориентиран медиум и уште во две телевизии ја запленија целата документација а сопствениците и менаџерите почнаа да ги викаат на сослушувања), во екот на сего тоа, прифатија тоа што не прифативме ние, и што е незаконски и тежок облик на кршење на условите во меѓународниот тендер со анекс договор со ТАВ.Покрај тоа што прифатија незаконски анекс на договор спротивен на тендерот и кој го изигрува тендерот, тие прифатија не за 100, или за 80 милиони евра, не за 60 милиони евра, туку ТАВ да направи инвестиција во канализации, водоводи и друга имфраструктура по повеќе села низ Македонија во вредност од само 45 милиони евра (треба да се истражи дали и тоа е реализирано), за чија сметка со измена на договорот го ослободија од изградба на новиот аеродром на локација каде речиси никогаш нема магла и на само 25 минути возење од Скопје. И за да се чуствуваат за ептен ербапи, градбата на сето тоа ја направија да заврши пред локалните избори минатата година, што не беше доволно да ги спаси од тежок пораз нанесен од измсмениот народ.Тука не можеме да ја обвиниме компанијата ТАВ. Легитимно е тие да се борат за нивниот компаниски интерес и да си ја пробаат среќата со секоја влада. Тоа го прави секоја компанија во светот.Но да ве прашам сите вас…Дали мислите дека ако приватна фирма на Заев, Кочо Анушев и останатите во тоа време, па и сеуште вознесена во облаци влада ќе продадеа нешто за 45 милиони евра ако тоа чини 80 или 100 милиони евра? Ни во сон, нели?Дали тоа ќе го направеа знаејќи дека е незаконско да не им беше под контрола обвинителството и судовите, најголем дел од медиумите и НВО, а да не знаеја дека амбасадите се спремни се “да проголтаат” само да се заврши се со договорите со Грција и Бугарија? Ни во сон, нели?Дали тоа ќе го направеа ако опозицијата не беше под тежок политички прогон со недемократски средства и методи и со лажни и конструирани обвиненија, а народот занесен во гледање сеир и забава “кого апсат денес, а кого ќе апсат утре” па наместо тоа се соочеа со реален отпор? Нели, ни во сон?И дали Заев ви личи на човек што да беа аеродромите негов приватен имот би се од кажал од 1 милион евра, а не пак од 40 или 50 милиони евра?Потсетувајќи се на онаа видео снимка направена по наредба на обвинителство и судот каде истиот без ни малку срам бара едно евро од квадрат или вкупно 100.000 евра мито од локален бизнисмен кој макотрпно и со многу работа и откажувања го стекнал својот имот, дали мислите дека таков човек би оставил со одлука на неговата влада да некоја приватна компанија заработи 40 или 50 милиони евра, при што неговата влада и особено потписниците од страна на владата на анексот на договорот со ТАВ, свесно прави тешка злоупотреба со државен меѓународен тендер и пари без притоа тој да има нешто од тоа? Не ви се верува дека така би направил, нели?И дали ние воопшто треба да мислиме нешто, или ако имаше нормална а не вистински заробена држава досега оваа банда немаше одамна да биде уапсена и ставена зад решетки наместо да глумат ослободители и чесни луѓе, па уште и другите да ги прават криминалци со политички прогон?И после ова треба да ја жалиме Русковска, да ја цениме независноста на Јовевски или да веруваме дека не е длабоко уназадена независноста на правосдниот систем?Македонија стана приватна прчија на банда предавници на националните интереси кои под меѓународна заштита само заради тие предавства, прават што сакаат, крадат, рекетораат, прогонуваат конкуренти во политиката, заплашуваат, глумат шерифи, безмилосно кршат закони.И затоа неодамна напишав дека земјата е во полоша атмосфера од времето од средината на деведесетите кога во полн ек беше кршењето на ембаргото и правењето милиони долари од тоа, шверцот со нафтата, цигарите, фри шоповите, тендероте и со што ли не.И знаете што ќе биде реакцијата на овој текст на “независните” правосудни институции, медими, НВО, па дури и на некои божемни опозиционери?Иста како за она што го објавив за ОКТА, Фени, Казандол, Иловица, начинот на кој беа наумиле и сеуште се трудат да изберат градежна фирма за клиничкиот центар во Скопје и повеќе други: МОЛК! “Громогласен” МОЛК!!!Дел од медиумите бегло ќе го пренесат ова и следниот ден ќе одат на друга тема од типот “силно и одлучно одиме напред”, или локална маргинална тема од типот “снаа нападнала свекор со секира” или одмазднички чекори од типот “обвинителството врши истрага или спрема нови обвинение за Груевски” или “се лизнала кола од пат во неготинско” итн, а ова ќе оди во заборав, апатијата ќе расте а младите и дел од оние на средна возраст ќе бараат шанса да се иселат.Па нели нормално е знаејќи го ова и уште многу други работи Заев да посакува брзи предвремени избори со однапред направен договор за осум годишна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ потоа и претседателска функција за него, за да се спасува од тоа што го заслужува!И би било нормално на секој, не само во ВМРО-ДПМНЕ, да му се гади од помислата за тоа“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-03-212432

(ВИДЕО) Ќерката на Соња Тарчуловска помина во вториот круг од “Ѕвездите на Гранд”

Мелани Тарчуловска (17), ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски, пееше во „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во вториот круг на шоуто. Таа ги испеа „Пожели среќу другима“ од Лепа Брена и „Тажна љубов среќна песна“ од Тамара Тодевска, па доби пет гласа од жирито и можност да бира кој ќе ѝ биде ментор во текот на сезоната.„Го сакам Ѓорѓе Давид. Не го знам од порано, вечерва првпат го гледам во живо, му ја знам музиката“, рече Мелани, која не криеше ни дека имала голема трема додека пеела.Настапот на Мелани почнува на 1:26:30.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2023-01-03-201301

(ФОТО) Авион од Хамбург над 10 пати се обиде да слета во Скопје, но безуспешно

Авион кој лета на релација Хамбург-Скопје кружи над скопската котлина и не може да слета на скопскиот аеродром.Густата магла и намалената видливост се причините поради кои авионот на Wizz Air не може да слета на аеродромот.По 11 неуспешни обиди за слетување, летот од беше пренасочен кон Приштина.И во текот на вчерашниот ден имаше слични ситуации, при што авионите слетуваа во Приштина.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-01-01-131303

Загаденоста во Скопје соборува рекорди, измерени речиси 900мг ПМ10 честички

И денеска како и изминатите денови Скопје е дел од најзагадените градови во светот. Според IQAir, швајцарска технолошка компанија за квалитет на воздухот, последните десет дена главниот град нa Македонија неколку пати се најде рангиран меѓу најзагадените градови во светот.Во центарот на Скопје вечерва се измерени 897 микрограми ПМ10 честички. Во Автокоманда измерени се 417 мг на м3, а во Аеродром 409 мг на м3.Деновиве во скопската котлина се задржа и густа магла која дополнително ја влоши состојбата со загадувањето.Според здравствените работници најпогодени од ваквото време се хронично болните и децата, барем според повиците кои ги добила итната медицинска помош.

Скопје | пред 3 години

1.00_03_22_05.Still002

Граѓаните на Берово, Гостивар и Тетово да не излегуваат од дома, апелира ИЈЗ

Институтот за јавно здравје денешниот воздух во Берово, Гостивар и Тетово го прогласи за „екстремно лош“ поради зголемени концентрации на PM2.5 честички и ги повика жителите на овие градови да не излегуваат од дома непотребно.Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци може да доживеат здравствени ефекти, а оние од чувствителните групи, посериозни здравствени ефекти.Како најчувствителни и под најголем ризик се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.Штип, град кој во Македонија важи за таков со најчист воздух, вчера беше најзагаден. Мерните станици покажале трипати поголемо загадување, односно измерени се 171 микрограми ПМ честички, додека утринава изнесуваат 108 микрограми ПМ честички. Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела го нема ветерот и намалена е и видливоста заради густата магла, која не е карактеристична за овој град.Мерните станици во Скопје од пред некое време повторно се отчитуваат на сајтот на Минисрството и граѓаните можат да видат клку е загадено во нивниот реон. На сајтот уште нема податоци од Кочани, Гевгелија и од Куманово, кое важи за град со многу загаден зимски воздух.

Македонија | пред 3 години

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг и изнесува 40,655 ден/кг.Од 4.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 79,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 81,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 40,655 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-03-at-12.03.51

Познат идентитетот на загинатиот од вчерашната сообраќајка на патот Штип-Кочани

Триесет и седум годишниот С.Т. од Пробиштип е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Штип-Кочани, потврдуваат од МВР.Од полицијата информираат дека сообраќајката во која учествувале автобус и автомобил била пријавена во 19.40 часот.-Било пријавено дека на клучка Штип од магистрален пат „Три Чешми–Кочани“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ќ.(42) од Пехчево.Во несреќата, од здобиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С.Т.(37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.

Македонија | пред 3 години

IMG_5195

(ВИДЕО) Македонци испозаглавени по аеродроми, се бараат алтернативи за да стигнат дома

Стотици заглавени патници, неизвесност, потрага по алтернативи. Вака им изгледаат патувањата изминативе денови на низа граѓани, кои требаше да се вратат во Македонија, но и на туристи што планираат да ја посетат Македонија, пишува „А1он“. Вчера, откажани се 13 лета на авиони што требаше да слетаат на скопскиот аеродром. Причината е густата магла. Има и такви, кои, наместо во Македонија, слетаа во Косово. И денешниот ден почна така, со откажување на летот од Шведска за Македонија. На аеродромот останаа иселеници, посетители, но и патници, кои само транзитираат преку Македонија. Меѓу нив има и родители со бебиња и деца.Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.Повеќе

Македонија | пред 3 години

mickoski-h-39

Мицкоски со големи очекувања, но и со први критики за ДУИ која го проголтала СДСМ

Тоа е само потврда на нашата теза дека ДУИ сака да го проголта СДСМ. Не е далеку од вистината тоа да се случи. Но, тоа ќе значи само дополнително фрагментирање на СДСМ, иако изгубија многу во изминатиов поред посебно последната година по локалните избори. Таму има многу членови кои не се гледаат себе си во политичка коалиција со ДУИ. И тоа ќе значи природно создавање на некоја друга опција, а таму ќе останат малку, претпоставувам актуелното раководство на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски кои што ќе продолжат да бидат во скутот на ДУИ бидејќи ќе бидат малцински партнер,вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прпф. д-р Христијан Мицкоски во интервју за порталот Вечер одговарајќи на прашањето кои се неговите планови со оглед на тоа дека можна е предизборна коалиција на СДСМ и ДУИ.Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ го гледа интересот на народот и без разлика на оваа предизборно коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се бори за освојување на мнозинство гласови.Тие ќе имаат неколку десетици илјади гласови кои ќе ги додадат на гласовите на ДУИ во една таква коалиција. Дел од гласачите во таква ситуација ќе се деполизизираат, дел ќе дојдат кај нас, дел во некои од актуелните политички партии, дел пак кај некои кои можеби допрва ќе се појават. И на тој начин СДСМ ќе се соочи со еден навистина голем предизвик, а тоа е да продолжат да бидат алатка на ДУИ или пак да престанат да постојат во оваа форма. И тоа ќе биде погрешен чекор, но тоа е нивна одлука како мислат да настапат. Ние го гледаме интересот на нашата држава. Ние ќе освоиме огромно мнозинство гласови ќе имаме најголем број пратеници, се бориме за мнозинство во парламентот и цениме дека не е невозможно да го постигнеме, рече тој.На прашање како го коментира што им препорачува на граѓаните како да преживеат во 2023тата годона со оглед дека Буџетот на влада само за невладиниот сектор изнесува рекордни 20 милиони евра а нападите од владата кон опозицијата се синхронизирани токму од невладиниот сектор, Мицкоски смета дека добро е да има невладин сектор кој ќе биде коректив на власта, но овие 20 милиони евра кои се одвојуваат во буџетот служат само за поткуп на невладиниот сектор, за кој рече дека не го видел критички да се осврне кон власта, со мал исклучок.Добро е да има невладин сектор, здрав невладин сектор кој што ќе биде коректив на власта. Но, проблемот е тоа што овде тоа се злоупотребува и се користи во политички цели и оваа сума на пари служи за условно кажано поткуп на тој невладин сектор кој што јас не сум го видел критички да се барем до сега со мали исклучоци кои што пак без исклучок не се корисници на тие средства од владата.Значи сите оние кои се корисници на овие средства јас не сум ги видел да излезат и да бидат коректив на власта што би требало да биде нивна основна задача, да речат ние сме коректив на власта и да ја прават владата подобра. Но, тоа не го прават. Тие се нивни партнери и тоа партнерство се купува преку овие пари. И затоа велам од една страна е добро да имаме здрав невладин сектор, но за жал кај нас овој сектор кој е корисник на тие средства е партнер на владата, што би требало да биде спротивно од тоа, додава тој.Во однос на буџетот, Мицкоски вели дека тој е инфлаторен и неразвоен, и доколку владата на СДСМ сака да има пари за студентите доволно е само еден тендер помалку за ископ во РЕК Битола и парите ќе ги имаат.Инаку, ги споменавте студентите. Само еден тендер помалку за ископ во РЕК Битола, ете ги парите. Толку се краде, само што сега торбарот не е во југоистокот на Македонија, сега торбарот шета тука или во локални меани таму во околината на Битола. Се смени торбарот практично, иначе процентите и парите останаа исти. Само тука да се поведе сметка и не треба ништо повеќе. Ете ги парите за студентите и уште многу други такви проекти. Буџетот за 2023 година е катастрофален и не само што е катастрофален и инфлаторен, туку е и практично е буџет кој што не носи развој. Ќе кажам зошто не носи развој. Имаше едно златно правило што го кажуваат владините министри, вели буџетскиот дефицит ќе биде помал од капиталните инвестиции. И го слушав вицепремиерот за економски прашања на една дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кога му рече набројте една година кога во владата на ВМРО-ДПМНЕ ова се случило. И му наброја он, но проблемот е што сега не се случува.Ќе ви кажам и зошто. На само една недела пред крајот на оваа фискална година буџетскиот дефицит е околу 550 милиони, а капиталните инвестиции се 385 милиона. Значи, тоа е да речеме за отприлика 35 проценти поголем од капиталните инвестиции. И тоа е навистина катастрофално.Но, од друга страна, јас мразам да споредувам со минатото но морам некогаш и да направам таква споредба за да ги демантираме лагите кои што ги кажуваат, кажа Мицкоски и додаде:Ако го споредите периодот на ВМРО-ДПМНЕ од 1 јануари 2007 година до би рекол 31 декември 2016-тата година, тоа е период од 10-тина години, и ако го споредите периодот на СДСМ од 1.1.2018-тата, ајде 2017-та беше техничка влада па не е целосно СДСМ, значи од 1.1.2018 до 31.12.2021 година, бидејќи оваа година уште не е завршена, тоа се 4 години. Ќе видите дека јавниот долг на владата на ВМРО-ДПМНЕ постои, се случува и се зголемува, но во исто времено се зголемува и БДП, односно разликата колку што е зголемен БДП со јавниот долг е од прилика за околу 120 до 130 милиони евра годишно. Тоа е некаде околу милијарда и 300, милијарда и 400 плус. 4 милијарди и 100 е зголемен БДП, а 2 милијарди и 700 е зголемен јавниот долг. Или годишно просечно околу 130, 140 милиони евра подобрување на економската состојба. За разлика од тој период, во владата на СДСМ имаме одземена, намалена вредност, односно БДП се зголемил, но помалку споредено со јавниот долг. И тоа намалување е помалку околу 160, 170 милиони евра.

Македонија | пред 3 години

263692645_443644080753740_8324230947442278967_n

Детали за трагедијата во која загина младо момче

Момче прегази двајца другари на новогодишната ноќ, од кои едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.Неофицијално откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини 21-годишниот возач од скопско Кадино со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници.21- А.Ѓ од село Трубарово удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби.Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги спренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и констатирале смрт.Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања