Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

direktor

ВМРО-ДПМНЕ: Во 2017 бил ангажиран во угостителството, со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на МЖ Транспорт

ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографии од новиот директор на МЖ транспорт, за кој тврдат дека работел како келнер.„Повторно штрајк на вработените во Железници!Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски железници транспортОд пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор. Како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг. Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави.Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија.Поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема.Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството“, стои во постот на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.Од таму додаваат дека во недостаток на информации за неговата стручна способност се прашуваме кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт?„Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт“, велат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Мислам дека Милатовиќ е западна инсталација, вели Јакимовски

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринското гостување на ТВ 24 зборуваше и за поразот на Мило Ѓукановиќ во Црна Гора и рече дека тој ја извел државата на прав пат и ја внел во НАТО.-Очигледно дека овие 30 години колку и да си добар предизвикува фрустрации и огромна негативна енергија кон него, како човек кој што континуирано владееше со Црна Гора. Прашање е дали ќе замине од политиката. Мислам дека ова е дел од договорот во Охрид, во кој што за да се релаксираат односите на Косово, српската заедница во Црна Гора исто време сериозно врши притисок врз Ѓукановиќ. Мислам дека новиот претседател Јаков Милатовиќ е западна инсталација, рече Јакимовски.

Македонија | пред 2 години

cuculovski-696x371-1

Цуцуловски ги подбра Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги овластил да менуваат Устав, макар бил налик на хрватскиот?

Професорот Љубомир Цуцуловски денеска ја подбра опозициската ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Христијан Мицкоски дека веднаш би поддржал промена на Уставот по хрватски терк.„Доследност? Првите луѓе на ВМРО – ДПМНЕ го остварија тоа што долго време го најавуваа – отварање на Уставот, меѓутоа не (како што тврдеа) според тогашните услови, туку според некои други услови. Условот да ти бил (види чудо!) Уставот на Македонија да биде сличен на хрватскиот. Сепак, остануваат истите прашања кои овие луѓе им ги поставуваа на сегашно-тогашната власт. Односно:(1) Кој ги овластил да менуваат Устав, макар бил налик на хрватскиот?(2) Дали промента на Уставот и влезот на „бугарското“ малцинство во него некогаш биле, сеедно кога, дел од некоја нивна предизборна кампања? Ако одговорот е позитивен, нека прецизираат која била таа предизборна кампања, бидејќи ако не го направат тоа, нивните гласачи/симпатизери ќе останат неинформирани за намерите на „нивната“ партија. – прашува Цуцуловски.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Адвокатот што поднел иницијатива до Уставен суд е вмровски, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека фамозниот адвокат кој поднел приватна иницијатива до Уставен суд да се укинат законските ограничувња и функционерите да земаат многу поголеми плати е близок до ВМРО-ДПМНЕ.„Левица поднесе три закони за намалување на привилегиите на функционерите (патни трошоци на пратеници, плати на судии, апанажа) и куп иницијативи пред Уставен суд за измислени функции без уставен основ.Пратениците на Левица се единствени со НУЛА денари патни трошоци и трошоци за службен стан или службени патувања.Ама, баце, Левица била крива шо Уставен суд донел одлука по иницијатива на некој вмровски адвокат - оти немала "соопштение"!?Тоа е! Не е крив Заев шо го шитна името, крив е Апасиев шо паркира пред зграда. Фала и кај вас. Борбата продолжува“, објави Апасиев.

Коментари | пред 2 години

271744711_228684552771611_7085831357759681353_n

Поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Доцна синоќа некаде околу 2 часот по полноќ, надвор од работното време на институцијата, Државниот архив на Република Северна Македонија објави дека го пријавува лицето Ристо Ангелов во полиција, за напишани навреди во коментар на „Фејсбук“ објава.„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“, пишува во коментар Ангелов.За Државниот архив, ваквата комуникација претставува кривично дело.„Државниот архив го пријавува овој коментар на Ристо Ангелов до Министерството за внатрешни работи сметајќи дека е говор на омраза и девалцирање на владина институција која што професионално ги извршува своите задачи и обврски. Предлагаме соодветните органи да преземат мерки за санкционирање на ваквото однесување на индивидуата!“, информираат од институцијата.

Македонија | пред 2 години

23022023_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja_1

Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата, вели ВМРО-ДПМНЕ„Македонија со Ковачевски имаше најголема стапка на инфлација во регионот и во врвот на Европа, скоро 20% инфлација ги стопи примањата на граѓаните во последната година.Откако е СДС на власт стандардот на граѓаните е во континуиран пад, тоа што претходно можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.Залудни се сите фалби за некакво зголемување на плати, кога во реалноста куповната моќ опаѓа.Единствено што има пораст е криминалот, тендерите и платите на функционерите.Ковачевски додека замрзнува цени на макарони, и залажува со квази мерки на мала врата ќе си ја зголеми платата за 78%, како за него, така и за неговите министри и функционери.Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-3-696x364-1

Откако виде дека Ѓукановиќ ги губи изборите, Таче ја избриша пораката со поддршката што му ја даде преку видео обраќање, вели Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека премиерот Димитар Ковачевски е лицемер.„Каков лицемер е Таче. За само 30 минути откако виде дека Ѓукановиќ ги губи изборите во Црна Гора, нелегитимниот Ковачевски ја избриша поддршката што официјално, како претседател на СДСМ, преку видео обраќање му ја даде на досегашниот три децениски владетел во Подгорица и каде на крајот вика за претседател “Мило, него ко”Мило за драго Таче; само ти појави се на избори“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

siluvanje

Тинејџери силувале девојче, струмичанка помагала - страшни детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомничената, свесна за своето дело, им помогнала на две деца родени 2007 година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено ​2010 година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 2 години

339076346_237484105434591_2486518314917529964_n

Пронајдени се Аниса и Мелиса - МВР со детали каде се најдени

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати, околу 13.30 минути, тие биле во близина на продажен објект, во парк на улицата „Џон Кенеди“.„Од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле“, велат од МВР за „Макфакс“.Оттаму посочуваат дека малолетничките ќе бидат предадени на родителите откако ќе се документира целиот случај. Со нив ќе биде направен и распит, преку кој, ќе треба да се дознае што се случувало со нив во изминатите два дена.Двете малолетнички за исчезнати беа пријавени на 30 март.„На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, претходно соопшти МВР.Семејството на Аниса Ајро од Гази Баба, од утринава, организираше и самоиницијативно потрага и бараше да се вклиучат што повеќе граѓани. Таткото во очај кажа дека чекаат било каква информација. По два часа, девојчињата беа најдени од полицијата.

Македонија | пред 2 години

292078894_578048873843867_3042272525613587942_n

Сообраќајка во Горно Лисиче, пет повредени - има и малолетнички

Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајка несреќа што се случи вчера на крстосница од улиците Горно Лисиче Лисец  во скопската населба Горно Лисиче.Во несреќата учествувале Форд“, управуван од А.К.(24) од Скопје и „фиат“, управуван од С.К.(33) од Скопје.„Возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

fgadfg

Арсовска фати да го враќа Ќосето пред судовите

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.Од општина Центар, за „Макфакс“ потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.„Макфакс“ испрати и прашања до Град Скопје како произлегла идејата за враќање на споменикот и кои проблеми би се решиле со ваквиот исчекор, од каде очекуваме одговор.Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов оти се работело за дивоградба.Ќосето, потоа, беше пренесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.

Скопје | пред 2 години

339114166_1402205617209847_917932235309072237_n

Ни трага ни глас од Аниса и Мелиса - аларм за помош од семејствата

„Аниса и Мелиса се уште не се пронајдени.. Секоја информација ќе ни биде од голема помош..Ве молам споделувајте ја фотографијата…. Најважно е да се споделува фотографијата и да допре до се поголем број на луѓе“, се вели во објавата на социјалните мрежи.12-годишната Аниса од Скопје е исчезната од завчера. Родителите кои го пријавиле случајот во полиција и на социјалните мрежи објавија повик за помош.Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.МВР го потврди случајот и посочи дека како исчезнато се води и другото постаро девојче со иницијали М.К. кое почесто исчезнувало од домот и ја враќале назад.Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Гази Баба, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена, пишува „Макфакс“Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.

Скопје | пред 2 години

maksim-dimitrievski-43

Најголемиот пораз на Македонија е всушност поразот на непрофесионалната дипломатија, вели Димитриевски

„Со потпишување на францускиот предлог и прифаќање на истиот направивме долгосежни последици по државата и по сите идни влади кои ќе дојдат во состојба да го решаваат овој предлог. Зошто? Затоа што еден предлог којшто беше билатерален го трансформиравме во мултилатерален проблем“. Ова вчера го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.Во емисијата, тој за првпат и ексклузивно напомена неколку можни решенија како да се надмине овој проблем.„Македонија отсекогаш била космополитска држава, која давала еднакви права и можности на сите граѓани. Нашиот Устав ги содржи сите етнички заедници кои постојат, за пописот во Куманово добив информација дека имаме околу 300-тини Бугари и веднаш го ставив бугарското знаме во кабинетот. Значи, не претставува никаков проблем за мене Бугарите да влезат во Уставот, но по одреден реципроцитет. Што тоа значи? Народот којшто ние го признаваме де-факто мора суштински да го признае македонскиот народ, не условено, туку без услов. Ние имаме своја историја, контиунитет, генеза, нашите предци постоеле како Македонци и нашите внуци и правнуци ќе постојат како Македонци. Мојот предлог е дека со официјална Софија како што носеше многу декларации досега во нивното собрание треба да донесе една нова декларација која ќе биде гарант за македонскиот идентитет, континуитет, македонската историја и едноставно ќе стави крај на сите тие шпекулации и тие негативни негирачки ставови кои доаѓаат од официјална Софија. Во политиката се е можно, но постои и план Б. Европската Унија нека донесе една таква одлука во своите највисоки тела и органи. Советот е во Парламентот. Доколку дозволуваат да се случуваат преседани тогаш истите треба и да ги менаџираат. Во овој случај Европска Унија може да ратификува еден таков документ којшто ќе го гарантира тоа што ние го бараме и потоа никој нема нас да не оспорува. Зошто? Ако вие ги вклучите Бугарите во Уставот во моментов, а всушност тоа се македонски граѓани со бугарска етничка припадност како што се нарекуваат и јас немам ништо против нив, тие се реалност и треба да бидат таму. Што ќе ви се случи утре кога ваш граѓанин жител на Македонија ќе дојде и ќе ви покаже со прст и ќе ви каже „Гоце ти не си Македонец, ти си Бугарин, јас го велам тоа“ како човек тука од Македонија. Затоа е потребен одреден реципроцитет за да се самозаштитиме, бидејќи јас не сакам да дозволам Македонија од прост вид да се трансформира во сложена“, рече Димитриевски.Димитриевски информираше дека има и план 3, којшто првично ќе им го соопшти на дипломатите, а потоа на јавноста.„Најголемиот пораз на Македонија е всушност поразот на непрофесионалната дипломатија којашто ја креираа децении наназад политичките субјекти со лошото менаџирање во овој ресор. Македонија ја изгуби оваа војна уште пред да почне на полето на дипломатијата. Успешните преговарачи не дозволуваат вакво потпишување на вакви договори бидејќи преговор е умешност, имате едно ниво лидер, второ ниво државник и третото највисоко ниво е дипломат. Зошто Јосип Броз по завршување на Втората светска војна ги остави сите дипломати од Кралство Југославија во служба на Федерална држава? Затоа што сакаше да изгради сериозна дипломатија и Југославија го имаше тоа. Ние од сериозна дипломатија ги оставивме дипломатите да решаваат еурека и судоку, а испративме партиски луѓе низ светот да не претставуваат коишто дури не знаеа ни англиски да зборуваат“, изјави Димитриевски.

Македонија | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Секој од судиите што учествувал во застарувањето е криминалец на исто рамниште со Мијалков, вели Најчевска

Јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април, а дотогаш гонењето на Мијалков застарува, по што на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков.Се додека не се ослободиме од овие судии нема да можеме да мрднеме од дното.И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков.Од прв до последен“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

solza-grceva

Глувциве си ги зголемија за 78 отсто платите пред да им потоне бродот, за да имаат огромни апанажи, вели Грчева

Професорката Солза Грчева со жестока реакција на најавеното зголемување на платите на функционерите за 78 проценти, што би требало да следува по одлуката на Уставниот суд.„Глувциве пред да им потоне бродот, си одлучиле да си ги зголемат платите за 78 отсто. За да имаат огромни апанажи.А овој Уставен суд, во целиот состав ќе одговара!Ете ова е криминал во “високите ешалони на власта”“, напишала Грчева на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања