Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

kokain

Четири лица под истрага, набавиле 324,400 килограми кокаин од Албанија

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи спроведе акција на неколку локации во Скопје и Прилеп, при што се лишени од слобода четири лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјалното јавно обвинителство на Република Албанија и Одделот за организиран криминал на Република Албанија.​Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.Во текот на месец јуни 2021 година осомничените, заедно со неправосилно осудениот македонски државјанин како повеќе лица, неовластено заради продажба набавиле наркотична дрога – кокаин од НН лица од Р.Албанија во вкупна количина од 324,400 килограми, со намера истата да ја пренесат до Р.Италија. Откако претходно се договориле, осомничените на 16.06.2021 година поединечно на различни гранични премини оствариле излез од РСМ и се сретнале и преземале активности на територијата на Драч, Р.Албанија. Притоа на непозната локација во Р.Албанија, НН лица-албански државјани и првоосомничениот во просторот кај резервоарите со нафта на ТМВ ˶Даф˝ сместиле 300 пакувања наркотична дрога – кокаин со тежина од 324,400 килограми. Па, откако вечерта осомничените и неправосилно осудениот оствариле заедничка средба, неправосилно осудениот со ТМВ марка ˶Даф˝ се упатил кон пристаништето во Драч со цел наркотичната дрога – кокаин да ја пренесе во Р.Италија. Тројца од осомничените заедно, на 18.06.2021 година еден час по полноќ, на граничен премин Кукс/Морина оствариле влез од Р.Албанија во Р.Косово со ПМВ марка Мерцедес, а на ГП Блаце првоосомничениот влегол како пешак во РСМ, а другите двајца осомничени со ПМВ марка Мерцедес како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со ПМВ марка марка ˶Голф˝ со бугарски регистарски ознаки влегол во државава преку ГП Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, Р.Албанија при скенирање на ТМВ марка ˶Даф˝ од страна на службени лица од Царинската управа на Р.Албанија биле откриени сокриените пакувања на наркотична дрога кокаин и неправосилно осудениот е лишен од слобода и му била определена мерка притвор и истиот е неправосилно осуден од тамошниот суд на казна затвор во траење од 8 години.При вчерашната акција еден од осомничените во обид да им избега на полициските службеници се повредил и се наоѓа на лекување, додека останатите тројца во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Предметиот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka-centar-skopje1

Полициски „ланд ровер“ се судри со шведски „пасат“ кај Прилеп, има повредени полицајци

На 03.04.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, во близина на место викано „Бегова ливада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со шведски национални ознаки, управувано од Р.Т.(45) од Прилеп и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 2 години

ustav-2

Почна номинирање за групата која ќе го менува македонскиот Устав

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија.Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии , експерти кои имаат познавања на уставната материја.Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10.04.2023 година.Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава.За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени.

Македонија | пред 2 години

sud-krivicen

Можевте веднаш да одлучите, наместо да го вратите предметот, Кривичен суд ѝ врати на Апелација за “27 април”

Кривичниот суд во однос на одлуката на Апелација за предметот кој во јавноста е познат како „Организатори 27 – ми април“, кој го врати на повторно судење, испрати реакција до медиумите. Тие посочуваат дека Апелација можела да одлучи без предметот да го враќа на ново судење.Реакцијата од Кривичен суд, во целост:„Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување. Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас.Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок.Сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, во Кривичниот суд, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи. Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука“, велат од Кривичен суд.„Неутврдена е фактичката состојба“, „има недостатоци поради кои не може да се испита законитоста“, „пресудата е нејасна“, „неутврдени дејствија на обвинетите“, „недоволно расправање за амнестијата“. Ова се неколку образложенија кои ги користи Апелациониот суд за да му укаже на Кривичниот суд зошто ја укина пресудата за „Организатори на 27 април“. Судиите од Апелација, Татјана Дуковска, како претседател на советот, заедно со Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи бараат Кривичен суд, односно нивниот колега Илија Трпков, да ги исправи овие недостатоци и да ја утврди точната состојба при повтореното судење.

Македонија | пред 2 години

Jana-od-Bitola

Ако Јана имала инфаркт зошто не ѝ дале соодветна терапија, прашува д-р Алачка

Комисијата за стручен надзор вчера објави официјални информации за случајот со лекувањето на шестгодишната пациентка Јана Христовска во Клиничка болница Битола.- Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, се вели во соопштението на Министерството за здравство.Ова предизвика реакција кај д-р Дивна Алачка, која има 30 години стаж во Шведска, каде се пензионирала. Таа се сомнева дека има лекарска грешка при постапувањето со Јана.- Значи Јана одела шест месеци по короната со микардитис без симптоми што можеле да укажат на тоа и по некоја случајност умира во рок од два часа баш кога ѝ даваат непотрена инфузија, и тоа без да се даде калиум и натриум. Значи тоа не било акутен миокардитис, туку хроничен, а тој дава јасни симптоми на слабо срце. Хроничен миокардитис поминува со благи симптоми и се лечи спонтано. А ако Јана дошла со слика на акутен, ургентен миокардитис, тогаш сликата на пациентот е иста како и кај слабо и проширено срце. Во тој случај се хоспитализира и се испитува понатаму, а не му се дава инфузија на лицето веднаш, вели д-р Алачка за „Фокус“.Д-р Алачка појаснува дека тропонинот 1 кој бил со зголемени вредности во крвните анализи е маркер за срцев инфаркт.- Велат дека тропонин 1 бил зголемен. Можеби е точно, ама тогаш докторите не препознале инфаркт и не ѝ ја дале адекватната терапија. Значи, повторно е грешка. Ама тропонинот секако бил зголемен бидеќи тие ѝ предизвикале инфаркт со тоа што ѝ го намалиле калиумот со гликозата. А калиумот под 3 дава инфаркт, исто и намален натриум, објаснува докторката.

Коментари | пред 2 години

marjan-dokaz-m

Му пресудија на Марија Доказ М, смета дека казната е превисока

Судијката Марија Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“.„За секое од кривичните дела од диспозитивот, односно за делото уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена – му утврдува по една година затвор. Се изрекува единствена казна од 3 години и 1 месец“, кажа судијката.За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра односно 250 дневни глоби. Доколку не ја плати, ќе добие затвор, но не подолг од шест месеци.Според судијката, тој како сопственик на порталот, со намера да стекне противимотна корист на вработен во Царинска управа – го присилувал да му исплати пари за да не објави текст.„Го присилил оштетениот да стори штета врз неговиот имот. Му се заканил дека ќе објави текст дека е татко на дете кое го имал вонбрачно. Побарал средба за да му изнуди пари, а обвинетиот да не го објави текстот“, кажа судијката Марија Клетничка МарковскаТаа објасни и како Стаменковски сторил дело пиратерија на аудиовизуелно дело.„Без одобрение на дистрибутерот, ги ставил епизодите достапни за јавноста, овозможувајќи неограничено емитување на 10 епизоди на серијата ‘Тајкун’“, кажа судијката.Стаменковски читаше какви текстови објавил Стаменковски на порталот, ширејќи расизам кон свештеници. Тој споделувал и ксенофобичен материјал за две новинарки. Читани беа насловите со кои Стаменковски атакувал врз епископ со цел, да го прикаже како тој постапувал спротивно на верските одредби.„Преку компјутерски систем ширел ксенофобичен и расистички материјал, врз основа на религија. На порталот објавил фотографии и текст со оштетените“, кажа судијката.Стаменковски направил и злоупотреба на лични податоци.„Без согласност на оштетените, вработени како истражители во ОЈО-Скопје, користел нивни лични податоци“, додаде судијката.Судењата беа зад затворени врати, оти се изведуваа делови од приватните животи на обвинетите. Судијката кажа дека биле изведени низа докази.„Беа изведени бројни материјални и вербални докази, како на Обвинителството така и на одбраната. Беше почитувано правото на одбрана на обвинетиот. Обвинетиот даде своја одбрана која беше концепирана и во која беше посочено дека сторените дејствија не претставуваат кривично дело туку се вербален деликт – клевета и навреда, а обвинетите не барале извинување и не испратиле демант, како и дека обвинетиот не ги пишувал содржините на неговиот веб-портал туку ги преземал“, кажа Марија Клетничка Марковска.Адвокатката Марјана Најдова-Петрезанова која е бранител на Марјан Стаменковски сопственик на порталот „ДоказМ“, по пресудата посочи дека ќе се жалат на Апелација. Смета дека казната од три години и еден месец е висока, и покрај тоа што максимумот кој е запретен за петте кривични дела за кои се гонеше Стаменковски е 14 години затвор.„Бевте присутни и медиумите, ја слушнавте пресудата. Ова за нас не е конечна пресуда, ќе го искористиме дефинитивно законското право да вложиме жалба по однос на истата. Сметаме дека е изречена една висока казна за дела кои што во текот на целата постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи на истите, не се исполнети законските битија.Ќе вложиме и жалба на решението за продолжувањето на притворот, најави адвокатката.„Навистина му е влошена здравствената состојба, истиот има добиено шеќер, влегува во група на инсулинска терапија каде што дефитинвно третманот не може да биде соодветен во условите каде се наоѓа“,Прашана како гледа на текстовите за кои Марјан Стаменковски е осуден, адвокатката рече: „Седната сум на клупа со обвинетиот како негов бранител и адвокат. Затоа сум и таму, за професионално вршење на оваа работа. Се слушаа како искази на сведоци, така и репродуцирање на насловите. Но во однос на истите, дека постојат елементи за чисти навреди и клевети, за кои од страна на оштетените, до ден денеска не беа поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност“.

Македонија | пред 2 години

joci-oliver-696x392-1

Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сака да стане претседател на државата.„Ама Вилма немој така….па Оливер Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела зарибана машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО. Окапуваат по ручкови со месеци.Пресмешно е да се читаат насловите кај таквите од типот – ,,министерот Спасовски во борба со мафијата”.Оливер нема абер од реалноста и затоа и не знае дека ќе изгуби во прв круг, ако случајно му текне да се кандидира“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

spasovski

Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ Тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.„Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение“, вели Русоковска.Русковска додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.„Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение“, додава Русковска.Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.

Македонија | пред 2 години

20230329230600

Наставното ливче е од австралиски сајт за ЛГБТ среќни семејства, велат од Коалицијата за заштита на децата

Коалицијата за заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот, не отстапува од обвинувањата дека во ОУ „Кирил и Методиј“, се реализира реј пропаганда. На нивниот официјален фејсбук профил, оваа организација, обвинува дека директорката на ОУ Кирил и Методиј, се обидува да ја прикрие геј пропагандата која наводно се реализира врз учениците во ова училиште.“Директорката на ООУ "Св. Кирил и Методиј" од Центар, Соња Кирковска, е разобличена. Со своите лаги и манипулации се обиде да ја прикрие ЛГБТИ+ пропагандата што се врши на првоодделенци! Бараме веднаш да си поднесе оставка и да ги напушти образовните институции како несоодветна и лош пример за децата! Бараме од родителите да ги повлечат лажните изјави и да се извинат на Коалицијата, која се обидува да ги заштити нивните деца, за потпомагање на хајката против неа!“, се вели во реакцијата на нивната фејсбук страна.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

Ковачевски се фали со 4 денари поефтини макарони, а за покачувањата на платите на функционерите ќе потроши 5 милиони евра од буџетот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Речиси половина милион жители живеат во сиромаштија, а Ковачевски нема абер да го намали коефициентот на пресметка на платите на функционерите, кои после одлуката на Уставниот суд треба да земат 78% повисоки плати, вели ВМРО-ДПМНЕ„Среде сиромаштија и економски колапс Ковачевски и екипата ги покачуваат своите плати. Тоа е безсрамно.Ковачевски глуми загриженост и се фали со намалување на цените на макароните за 4 денари, а близу 5 милиони евра народни пари оваа година ќе завршат за повисоки плати за функционерите. Додека рекордната инфлација од 20% го изеде стандардот на граѓаните, функционерите на Ковачевски ќе земаат енормни плати. Па така еден обичен функционер ќе зема плата која може да ги покрие трошоците на едно десетчлено семејство.Додека власта на Ковачевски “штеди“ на земјоделците и на студентите, додека на медицинскиот персонал им ветува покачување од срамни две илјади денари, додека убедуваат дека нема пари за лекови и лекување, тие за себе се дарежливи и си готват плати повисоки за 78%.Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат“, се вели во соопштението

Македонија | пред 2 години

655-402-bebe

Прв случај на морбили кај 13 месечно бебе

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе. Хоспитализирано е во Штипската болница. Ова за Макфакс го потврди Д-р Злате Мехмедовиќ.„Вчера имаше официјална потврда, бебето е хоспитализирано пред неколку дена. Утре ќе се дискутира подетално за овој случај во Комисијата за заразни болести“, вели Мехмедовиќ.Според Мехмедовиќ, детето не е вакцинирано, но мали се шансите да пренесе ситни сипаници, бидејќи не било во контакт со други деца.

Македонија | пред 2 години

Benzinski-pumpi-9

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во односна одлуката од 30.3.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,499 %, кај дизелот намалување за 1,683%, кај екстралесното масло намалување за 1,420% и кај мазутот има зголемување за 2,395%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,128%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додекамалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг.Од 4.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,391 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.4.2023 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 2 години

saso-tasevski

Тасевски за покачувањето на платите на функционерите: Со кој образ ќе барате гласови на избори после ова?

Актерот Сашо Тасевски, реагираше за покачувањето на платите на државните функционери.– Мене веќе на гласање не ме гледаат!Ми се внесе во лице еден пензионер на улица.Имам 500 денари покачување на пензијата, а оние лопови си ги покачија по 1000 евра платите! Кажи го ова на ТВ ко ќе бидеш!Една нивна плата е ко мојата годишна пензија!Сега сум во вторник на тв. Ќе кажам.Ама што вреди.Тие не сметаат за малоумни, затоа им успева се.Со кој образ ќе барате гласови на избори после ова?Луѓе има гладуваат вие 1000 евра покачување на вашите плати!!! Дали имате трошка,срам?Да направеа Швајцарија овде да кажеш пеки. Нека земат. Ама они направија држава мрсул да не фрлиш на неа.Замислете, платите на сите тие министри, заменици сега ќе бидат преку 3000 евра, а ние очи си вадиме меѓу себе, трчаме да гласаме за нив, ко ќе се појават меѓу народ се топиме од милина ако не поздрават: Еј Таче ми направи да пукне и ме поздрави.А овој што се фали платата 25 илјади, а на Таче 200 илјади денари - напиша тој на својот „Фејсбук“ профил.

Коментари | пред 2 години

Venecijanska-komisija

Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија, вели Левица

Поради стравот дека обидот за воведување на двојазични униформи со закон ќе биде блокиран од Левица, Владата на Ковачевски противуставно донесе скандалозна Уредба со која униформите на полицијата стана двојазични, вели Левица„Токму Законот за двојазичност беше оспорен од Венецијанската комисија при Советот на Европа, за што поранешниот премиер Заев изјави дека ќе биде земено во предвид поради евроинтегративните процеси.Венецијанската Комисија, изјаснувајќи се по Законот за употреба на јазиците, истакна дека Законот ги надминува европските стандарди во однос на правото на употреба на малцинските јазици и се оди предалеку со наметнувањена нереални законски обврски на државните институции.Во негативното мислење на Венецијанската комисија, опфатен е и делот со јазикот на службените униформи, каде е наведено дека повеќејазичните униформи се речиси непознат феномен (без разлика дали се работи за униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)!Иако изјавите по донесувањето на Законот за двојазичност гласеа дека Владата пред практичната употреба на истиот ќе побара мислење, а забелешките на Венецијанската комисијата ќе бидат спроведени – сепак добиеното негативно мислење од 2019 година тотално се изигнорира, во духот на диктаторското владеење на СДС и ДУИ.Потсетуваме дека единствено Левица се изјасни и ја оспори скандалозната Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд. Со воведувањето на двојазичните униформи, се погазија европските институции и повторно се докажа подреденоста на СДСМ во однос на ДУИ и нивните апетити за федерализација.Истовремено, преку молкот на Христијан Мицкоски се покажаа и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ за идно формирање на влада со ДУИ, на сметка на унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

89568009_10157296335376314_8796488683185242112_o-960x960-1

Оваа држава е направена за да им одговара на политичарите, криминалците, мафијашите, подлизурковците…, не е ниту сантиметар за граѓаните, вели Трајкоска

Оваа држава е направена и скроена за да им одговара на газдите на кафаните, коцкарниците, такозвани градежни инвеститори, новокомпонованите претприемачи на насади со марихуана (за лекување де), политичарите и нивните семејства што жени, што мажи и нивните дребни дечиња, за лидерите на партии, квазинародните парламентарни избраници и нивните тетки и чичковци, и секако, за криминалците, мафијашите и ситните измамници. Почесно место на долниот дел од оваа скала им припаѓа на подлизурковците и извршителите, вели Жанета Трајкоска во својата објава на социјалните мрежи.Оваа земја не е ниту еден сантиметар искроена за граѓаните и никако не им служи нив. Граѓаните се жртви на својот глас на избори и на стресот што го “уживаат” секој ден оти угоре е високо, а удолу е длабоко.За мафијашите и кафанџиите не може да се даде пријавата за казна, оти се недостапни. Пајаците не ги гледаат големите коли паркирани на сред улица, инспекциите не слушаат, не гледаат, не реагираат на ништо. Никој за ништо не е надлежен, а најмалце државата е надлежна за државните работи. Најлесно е да се прогласиш за ненадлежен, освен кога се работи за платата на политичарите – е тогаш е надлежна и може 78 % покачување на плата, ама за медицинските сестри не баш до толку, за култура никако, за образование и полиција само во трагови, да не им се слоши од многу пари.И додека тонеме во катарза на хаос и бес, секој ден имаме по уште едно убиство, исчезнување, тепачка, прегазени луѓе на пешачки, пукање, нерешени мистерии и застарени судски случаи.И шо рековте ЕУ, тра лала, реформи тралала, ние сме лидери во регионот бла ла ла. Не ве слушам од драњето од кафани и од клубовите. Таму, во зачадените одаи што смрдат на цигари, евтина храна и алкохол, но најмногу на сиромаштија и очај, таму сте најглавни, тоа навистина ви верувам.Туку си мислам, можеме ние и подолу“, додава таа.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања