ТОП

293774711_613010620182006_346603375410395909_n

Претрес во кампот пред Собрание: Со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите

Претрес се правел пред Собрание, на лицата кои кампуваат на улицата. Ова го обелодени Саше Јанчев, активист на Левица.„Со полициски кучиња правеле претрес во кампот пред Собрание кај шо се активистите на Левица и Црвена младина. Тресете, тресете. Иде ден кога овие младинци ќе ве треснат од земја ко партал! Кој последен се тресе, најјако се тресе“, напиша Јанчев.Шаторите пред Собранието се поставени вчера, по протестот. Денеска од 12 часот започнува нов протест.Реакција имаше и од Левица:Безбедносните структури утрово, околу 06:00 часот упаднаа во кампот пред Собранието на Република Македонија, каде што кампуваат активисти на Левица, а воедно голем дел од нив се членови на Црвена Младина.Без никакво предупредување и со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите, кои мирно и достоинство кампуваат од синоќа.Истовремено, бевме сведоци како истите структури пред неколку денови дозволија вперување на пиштоли кон граѓаните кои мирно протестираа, каде целосно изостана нивната реакција.Неуспешни се сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните.Денес, во 12:00 часот, ќе упатиме гласно НЕ до сите пратеници и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен!

Скопје | пред 3 години

blokada-sobranie-51

Шест прашања на кои треба да се одговори за францускиот предлог: Зошто се брза?

Собранието ќе го расправа францускиот предлог... Македонецот Алексеј Демјански има шест прашања пред седницата на Собранието. Засега нема одговориВи ги пренесуваме во целост:1. Дали премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи Османи, и министерот за европски прашања Маричиќ ќе бидат присутни да одговараат на прашањата на пратениците? Ако не на оваа седница – дали ќе има таква можност? Ако да, кога? Ако не, зошто не? Собранието има надзорна улога во врска со работата на владата.2. „Францускиот предлог“ е составен од 4 документи – (1) општ став на ЕУ (министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија); (2) предлог заклучоци на ЕУ; (3) заеднички став на ЕУ; (4) билатералниот протокол со Бугарија. Само 3 од 4 документи се ставени пред јавноста и пратениците. Како ќе дебатираат со 75% од она што е потребно? Ако протоколот, како што информира министерот за надворешни работи Османи, ќе биде објавен кога ќе се потпише – зошто сега има расправа за предлогот? Зошто да не го објави протоколот па потоа со целосна информација да се дебатира?3. Македонското собрание усвои резолуција со 95 гласа од 120 за одредување на црвените линии во разговорите со Бугарија. Дали ќе се дискутира за тоа дали владата се држи до тие линии / дали предлогот е во рамки на тие црвени линии? Дали се уште важи таа резолуција?4. Во Брисел премиерот Ковачевски изјави дека „Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени... Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.“ Предлогот предвидува дека преговорите ќе почнат по, а не пред, уставните измени. Зошто е ова прифатливо сега? Дали владата има гласови да го смени уставот? Ако не, како ќе ги добие? Дали владата добила гаранции од ЕУ и Бугарија дека нема да има повеќе услови од бугарската страна? Каде е тоа гарантирано во документите?5. Член 47 и 48 од општиот став на ЕУ предвидува дека „Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучување за понатамошни чекори во врска со преговорите за соодветното поглавје или кластер.“ Дали владата има план или стратегија, што може да се презентира пред Собранието и граѓаните, за тоа како ќе наоѓа усогласување со Бугарија во однос на разни теми поврзани со билатералните прашања/Договорот за добрососедство (учебници, говор на омраза, итн.)? Како ќе се информира Советот за напредок на овие теми кои се дел од пристапниот процес6. Зошто е ова последна шанса за отворање преговори со ЕУ? Последните скоро 20 години на секој 6 месеци се дига галама дал ќе почнат преговорите или не и скоро 20 години одговорот е „не.“ Што ќе се случи ако овој пат ние кажеме не и процесот продолжува како до сега? Знае владата нешто што ние не знаеме? Дека ЕУ ќе ни затвори врата? Дека ќе дигне раце од нејзина стратешка цел? Зошто се брза?Конкретен одговор на овие прашања до сега немам видено од владата, а за мене се потребни за како граѓанин да можам да донесам став околу предлогот. Пратениците се на ред да се обидат да ги обелоденат одговорите пред граѓаните. Дали тоа ќе се случи е друго прашање...

Коментари | пред 3 години

sobranie-ahmeti-govornica

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски.Пред одржувањето на собраниската седница, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери.По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.

Македонија | пред 3 години

asdfasdfas

Шест дена потрага по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи и денеска, шести ден по ред, ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики.Вчера неговиот пријател Иван преку социјалните мрежи апелираше за помош на семејството. Иван беше второто момче кое беше пронајдено од страна на крајбрежната служба.Во потрагата во претходните денови беа вклучени неколку пловила, хеликоптер, но и подводен дрон.- Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.За донации од Македонија :200003989311717Стопанска Банка АД СкопјеЦел на дознака: Донација за МартинШифра на плаќање : 562За донации од странство :IBAN : MK07200003989312202SWIFT CODE : STOBMK2XStopanska Banka AD Skopje

Македонија | пред 3 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог: Историските и идентитеските прашања не треба да се дел од преговарачкиот процес

На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ.„ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел - членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, велат од партијата

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.39

Утре е „Денот Д“ - масовно во 12 часот пред Собрание против новото предавство, алармира Левица

„Владејачката класа во и околу предавничката и криминогена Влада на СДС-ДУИ, исплашени од револтот на народот кој на протестите секојдневно, јасно, масовно и гласно им кажа НЕ за бугаризацијата, ја префрла топката во Собранието на Македонија“, велат од Левица.Тие додаваат:Очигледна е намерата на хибридниот режим да се амортизира притисокот од јавноста, кој очигледно го чувствува, па сè уште одбива да го објави Протоколот, во кој се инкорпорирани сите врховистички барања.Поради тоа, нашите активисти кои до денес кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието, каде ќе се расправа за пробугарскиот предлог. Ги повикуваме сите совесни Македонци и Македонки, кои досега неуморно маршираа секој ден, утре во 12:00 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија.Додека внатре пратениците дебатираат дали историјата и учебниците ќе бидат пишувани под бугарски диктат, дали АСНОМ и фашистичките злодела ќе се бришат поради "говор на омраза", - народот пред Собрание гласно и јасно да порача НЕ за бугаризацијата!Владата, преку Собранието, кукавички и подло се обидува да ја легитимира бугаризацијата, несмасно искористувајќи ги пратениците од малцинските етнички групи кои не се дел од Владата, на тој начин создавајќи причина и околности за меѓуетничка омраза.Воедно, го повикуваме сиот македонски народ, денеска повторно во 19:00 часот да излезе на протестите против недоличниот, фашистички, ултимативен и анти-македонски предлог, кој ни се поставува како услов за некаква си театрална „меѓувладина конференција“, која треба да ни биде сервирана како доказ дека преговорите за ЕУ се отпочнати и утре да се приклучи на Кампот пред Собранието на Република Македонија во 12:00 часот на пладне.

Скопје | пред 3 години

Pancevski-so-sudot-2

Врховниот суд одби одново да му се суди на Панчевски

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Кампот на Отпорот, од пред Влада, треба да се пресели пред Собранието. Ние внатре, вие надвор!, апелира Апасиев

„Кампот на Отпорот, од пред Влада, треба да се пресели пред Собранието. Ние внатре, вие надвор!“, ова е ставот на Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник. Тој истото го објави на социјалните мрежи, непосредно пред утрешната прва расправа во Собранието кое треба да донесе заклучоци за францускиот предлог.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите)“, објави тој претходно.

Коментари | пред 3 години

asdfasdfas

Братот на исчезнатиот Мартин: Потребна е поголема покриеност од воздух, копоно и вода

Потрагата по Мартин Јовановски, третиот Македонец по кој се трага на Халкидики, трае. Неговиот брат, Горан, посочува дека потрагата е со значително намален капацитет на луѓе и ресурси. Ова е петти ден од исчезнувањето на Мартин. Семејството се наоѓа во Грција и оттаму бара помош.„Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика“, напиша брат му на исчезнатиот Маритн.

Македонија | пред 3 години

Slika-2-Protest-13.07.2022

Вечерва нов протест од 19 часот

Во предвечерието на расправата во Собранието за предлогот кој ја бугаризира Македонија да излеземе масовно, да протестираме мирно и достоинствено, велат организаторите на протестот.„Пред владата во 19 часот, преку МНР до Собрание.Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам“, стои во соопштенеито.

Македонија | пред 3 години

Capture

(ВИДЕО) Филмски грабеж со пиштол во Кочани

Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како едно маскирано лице ограбува бензиска пумпа. Според описот на видеото истото најверојатно снимено во Кочани.На видеото маскираното лице вперува пиштол во вработениот пред да ја ограби касата и да замине со полна торба пари.На 12.06.2022 во 03.32 часот било пријавено дека во Кочани едно лице со закана од вработен на бензиска пумпа одзелo пари. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВО ЖИВО) Граѓаните на протест против францускиот предлог

Во Скопје започна уште еден протест против францускиот предлог.Граѓаните со тренспарент „Ултиматум, не благодарам“ се упатија кон МНР, а оттаму ќе продолжат кон Собранието на Македонија

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-12-at-16.44.05

(ВИДЕО) Иван си замина од болница: Бев повеќе од 20 часа во вода

30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики, е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema.Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација.„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор.

Македонија | пред 3 години

IMG_5459

Братот на изгубениот Македонец во Грција со апел до Владата: Не смее да запре потрагата, направете нешто

Горан Јовановски, брат на Мартин кој е третиот Македонец по кого се трага во Грција ја повика Владата да помогне во пронаѓање и да организира акција. Тој повика да се направи се што е можно и да не се откажуваат акциите додека не се пронајде неговиот брат.„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасивачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со нашето семејство во потрага на нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош.Затоа апелираме од македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи со потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нивна страна ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските грагани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела Владата да организира со некаква акција.Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“, напиша Јовановски.

Коментари | пред 3 години

jovan-jauleski

„Нека дојде Ковачев мене да ми каже ова да ми биде последна објава, браќа Миладиновци се Македонци!“, врати Јаулески

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го искоментира европратеникот Андреј Ковачев кој па го искара претседателот Стево Пендаровски. Јаулески вели: „Кога ќе најдеш село без кучиња и еден статист во вилата на Водно, се случува токму ова. Кога имаш власт без кичма, анационална и предавничка ќе читаме вакви глупости! Еве го повикувам Ковачев нека дојде мене да ми каже ова да ми биде последна објава!“.Јаулески додава:Како стружанец, роден во местото на СТРУШКИТЕ и МАКЕДОНСКИТЕ браќа Миладиновци кои оставија траен белег во историјата на македонското творештво преку епохалните дела кои целосно ја опишаа мачната борба и животот на македонскиот народ низ вековите, се чувствувам ГОРД што потекнувам од исто место со овие славни браќа, од нашата Струга.Од обичен статист не очекувам ништо повеќе од молк и климање со главата, но очекувам после менување на власта нашите заложби да бидат за одговорност поради ставање на државата во понижувачка состојба.Браќата Миладиновци се Македонци, ова нема да биде моја последна објава за тоа ниту пак некој ќе може да ме натера.Да живее Македонија со сите нејзини историски ликови кои ја прават само побогата и посакувана, но недостижна за оние кои немаат свое!

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања