ТОП

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

511 нови заразени со коронавирус, две лица починаа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции.Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2, Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-251, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–136, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-52, Биотек-107, Систина-42, лабораторија Лаор-11, Синлаб-3, Ремедика-11, Плодност-7, Генеа-16, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 538.Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      149789, Активни   1045Куманово    16896, Активни    103Битола      15970, Активни    116Прилеп      14346, Активни    60Тетово      13613, Активни    67Кавадарци   10850, Активни    75Велес 9930, Активни     65Гостивар    9675, Активни     34Охрид 9123, Активни     82Штип  8179, Активни     46Струмица    8151, Активни     35Кичево      5684, Активни     10Кочани      5154, Активни     28Струга      4759, Активни     12Гевгелија   4447, Активни     15Неготино    3731, Активни     14Ресен 2767, Активни     7Свети Николе      2646, Активни     4Радовиш     2551, Активни     18Крива Паланка     2430, Активни     8Делчево     2000, Активни     8Берово      1694, Активни     1Дебар 1686, Активни     2Валандово   1497, Активни     9Виница      1399, Активни     1Пробиштип   1281, Активни     8Богданци    1030, Активни     5Кратово     976, Активни      7Крушево     933, Активни      0Демир Хисар 839, Активни      2Македонски Брод   744, Активни      1Демир Капија      595, Активни      0Македонска Каменица     525, Активни      0Пехчево     486, Активни      0Дојран      353, Активни      1

пред 3 години

50

За протестите пред Собрание се бара да одговараат 12 лица, меѓу кои е и пиштолџијата и момците кои фрлаа со бекатонки

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети.Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе. Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници.За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух.За седум од обвинетите судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-01-30-at-20.57.12

„Викторија е убиена по третпат“, таткото на загинатата кај „Сити мол“ неутешен и лут на судиите

„Викторија во рок од 5 месеци убиена 3 пати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“, пишува таткото на Викторија Николова, Славе Николов.Тој додава:„Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!! Дојдете 1 ден, само 1 ден, во очи погледнете не, очи ќе ви преговорат дека ние не по наша желба го минеме овој пат, ние не по наша желба сакавме да ја искусиме горката правдина, ние не по наша желба ја изгубивме нашата Викче. Ни ја зедоа, ја нема, ја убија, а вие ја докусуривте!!Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!! На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!!Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга "Ниедна мајка да не виде јас што доживев" уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!! Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се е совршено“, додава таткото.

Македонија | пред 3 години

292296498_601199648037616_2353865649675105476_n

Бугарски пратеник со опомена до Пендаровски: Ова да ти е последно, браќата Миладиновци самите се нарекуваат Бугари!

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.„Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“, напиша Пендаровски.Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев ја сподели објавата и напиша дека ова треба да биде последна објава која било кој преставник на Македонија ја пишува на ваков начин„Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски, како и секој друг официјален претставник на Северна Македонија, го пишува на овој начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главниот, хоризонтален критериум за напредок на Скопје на пат кон преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана - бугарски, а самите себеси за Бугари.На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пена им излезе од устата со спомнувањето на „Бугарите““, вели тој.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите).

Коментари | пред 3 години

20220712100842

(ВИДЕО) Автомобили удрија во стадо диви свињи во Грција, меѓу повредените и Македонка

Двајца лица загина, а четворица се повредени, меѓу кои и наша сограѓанка во сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи во соседна Грција.Меѓу повредените се и тројца полицајци, во несреќата која се случила вчера околу 11:30 часот, на новиот националниот пат Солун – Нео Петрициу.Како што пишува „Ин.гр“ не е првпат дивите свињи да излезат на коловоз и да станат причина за тешки сообраќајни несреќи.До несреќата дошло откако патролно возило со 42-годишен полицаец како возач и двајца негови колеги (44 и 36 години) како патници се судриле со стадо диви свињи кои поминувале и излетале од својот курс. Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо, се превртело во соседната нива.Потоа, друго возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница Кукуш.Одделението за сообраќај Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.

Македонија | пред 3 години

image2022-07-12095656817

Пристигна мајката на исчезнатиот Македонец на Халкидики :„Имаме надеж“

Четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидики за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој се води како исчезнат од саботата попладне , од моментот кога нурнал со своите пријатели на познатата плажа „Мити“ во Посеиди и биле понесени од морските струи.Грчките медиуми пишуваат дека околу 9 часот, мајката на младиот човек од Македонија, заедно со роднините, пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување OFKATH во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидики.Според информациите, мајката на момчето пристигнала од Америка на аеродромот во Солун вчера вечерта, со цел да учествува во потрагата по својот син.Грчкиот медиум protothema.gr беше во базата за готовност и се сретна со мајката и роднините на 28-годишниот Мартин.„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме надеж“, изјави мајката на младиот човек за protothema.gr.Претседателот на организацијата Христос Рамос вели дека денеска им помага и времето, а повторно ќе се користи подводен дрон.„Почнуваме денес од штабот за да ја зајакнеме базата за подготвеност на Касандра. Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот Дрон. Денеска ќе се потрудиме затоа што утре повторно е лошо, ќе биде лошо. Со нас го имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Неговата мајка дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се на Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно на едно парче. Ако Бог сака да помогне, се ќе биде добро. Мора да завршиме денес“, изјави тој за protothema.gr. 

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.25.10

Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани, вели СДСМ

Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ, вели СДСМ.„Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции.Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

IMG_5459

Се уште се трага по Македонецот на Халкидики

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди, Халкидики.Акцијата започна рано утрово со три пловни објекти и четири возила на крајбрежната страна, а според информациите од Грција, во текот на денот се очекува и пребарување со авион.За разлика од вчера, условите за пребарување денеска се многу поповолни, што дополнително би ја олеснило потрагата.Грчките спасувачки служби ќе користат и подводен дрон во потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Егејското море, објавија грчките медиуми.Камерата на дронот има видливост до 100 метри длабочина во водата и во радиус од 30 метри.

Македонија | пред 3 години

Slika-1-1

Денес протест од 19 часот

Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија, велат организаторите на протестот„Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници.Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии.Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја.Затоа денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам!Почеток, пред Влада во 19 часот“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Мајка и син натепале снаа со тупаници и клоци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција.​​

Македонија | пред 3 години

240143350_551677006054435_6591692462113688778_n

Драстично зголемен број заразени: Четири лица починаа, над 500 се новодијагностицирани

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022):Направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес - 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино - 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 29 реинфекции.Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      149518, Активни   925Куманово    16869, Активни    87Битола      15948, Активни    106Прилеп      14331, Активни    51Тетово      13594, Активни    57Кавадарци   10823, Активни    60Велес 9907, Активни     50Гостивар    9671, Активни     36Охрид 9095, Активни     69Штип  8166, Активни     38Струмица    8139, Активни     29Кичево      5685, Активни     12Кочани      5142, Активни     20Струга      4755, Активни     10Гевгелија   4443, Активни     14Неготино    3726, Активни     14Ресен 2765, Активни     6Свети Николе      2644, Активни     2Радовиш     2545, Активни     12Крива Паланка     2427, Активни     7Делчево     1994, Активни     3Берово      1693, Активни     0Дебар 1686, Активни     3Валандово   1496, Активни     8Виница      1399, Активни     1Пробиштип   1281, Активни     10Богданци    1028, Активни     4Кратово     974, Активни      5Крушево     933, Активни      0Демир Хисар 839, Активни      2Македонски Брод   744, Активни      2Демир Капија      595, Активни      1Македонска Каменица     525, Активни      0Пехчево     486, Активни      0Дојран      353, Активни      1

пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 7.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601%, кај дизелот за 2,615%, кај екстра лесното масло за 2,965% и кај мазутот за 2,754%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.Од 12.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 105,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 107,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,032%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi33

Џафери реши, францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.„По однос на точката Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, претседателот нагласи дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозоможува на Претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата.Претсавникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информацииите од Координација до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца. Согласно Деловникот, Претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена“, велат од Собранието.

Македонија | пред 3 години

IMG_5816

Продолжува потрагата по третиот Македонец на Халкидики

Потрагата по третото исчезнато лице на Халкидики продолжува, додека неговите двајца пријатели сега се здрави и живи.Тој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.Крајбрежни пловила и хеликоптер на воздухопловните сили ја пребаруваат областа, но не успеале да лоцираат знак за животот на 28-годишникот.Неговите пријатели кои се веќе спасени, се вознемирени но се надеваат дека ќе слушнат добри вести, како што беше спасување на неговиот 30-годишен пријател кој по 18 часа во морето беше спасен.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања