ТОП

maricik

“'Јаготки 1.100 денари кило', убо шо не е на здрава храна Маричиќ ни ММФ не нѐ спасваше“, реакции на јавноста за вицепремиерот

Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис.За една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштавање.Ова се реакциите на социјалните мрежи.https://twitter.com/ambrosiusmk/status/1546059005964976128?s=20&t=Q2WNcLeWVSoqKJMPWOWFyQhttps://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1546094968757944321?s=20&t=k-fjN0VCDFbzUUxTAzAO6Qhttps://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1546094767448199168?s=20&t=k-fjN0VCDFbzUUxTAzAO6Qhttps://twitter.com/penkaltron_gala/status/1546072250746654720?s=20&t=k-fjN0VCDFbzUUxTAzAO6Qhttps://twitter.com/Nedopirliva1/status/1546060407143538689?s=20&t=k-fjN0VCDFbzUUxTAzAO6Qhttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1546057728220700672?s=20&t=k-fjN0VCDFbzUUxTAzAO6Qhttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1545753723661688835?s=20&t=Ok0Wc7veognMUQQJZelCsQ

Коментари | пред 3 години

291865954_5120892358021153_593478293244124137_n

„Маричиќ нека им каже на децата што јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци на државна сметка“, вели Ландов

Новинарот Кристијан Ландов, на социјалните мрежи објави статус преку кој побара од вицепремиерот Бојан Маричиќ да им објасни на децата кои јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци, калифорниски риби и телешки мускули на државна сметка.„Маричиќ не треба на Ландов да му кажува колку бифтеци изел со државни пари. Тоа веќе го знае и цела јавност. А тоа што не го знае, а е од јавен интерес, дополнително ќе биде презентирано.Тој нека им каже на овие деца кои спијат на улица, јадат од контејнери, преживуваат и растат со просење по улица, како е да се јадат бифтеци и калифорниски риби, телешки мускули пиејќи високо квалитетни вина на државна сметка.Претпочитам на нив да им објасни и како во ваквото однесување не гледа проблем. Па дури, ако јас се прашувам, ќе треба да им посочи и како е од државна сметка да се плаќаат и кафиња од 10 денари, салати од 20 денари во владиниот ресторан“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Milososki-27.06

„Оваа преговарачка рамка ја носи државата во ќорсокак, 73% од Македонците се против неа“, вели Милошоски

Милошоски: Преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак-Во Собранието засега има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата бидејќи стигнат е еден документ од еден лист во кој ја нема ниту преговарачката рамка во целина таа што можевме да ја видиме на медиумите, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ, а најмногу се крие двостраниот македонско-бугарски протокол и сметаме дека спикерот Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи за да може да дебатираме инаку на што би дебатирале. Но, во секој случај утре ќе бидеме во Собрание бидејќи почнува ребалансот на буџетот и дебатата за истиот.Ќе направиме се што е во наша моќ во Собранието ова да не оди брзо и лесно и ќе направиме се што треба да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73% од Македонците се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка која што станала европска и сметам дека истата е пораз на бугарската дипломатија и тоа во Собранието ќе го разобличиме темелно, истакна Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител.Тој во текот на своето гостување потенцираше дека не е точно дека не може да се смени нешто во однос на преговарачката рамка затоа што таа рамка треба да има конкретни и содржински измени.-Гледам дека Владата се обидува да ја релативизира лошата преговарачка рамка на која што веројатно се согласиле и сега Македонија е доведена пред свршен чин. Јавноста експертска, новинарската, законодавната преку пратениците да прифати нешто, еден лош договор кој што македонската дипломатија не успеала да го направи подобро. Не е точно дека не може да се смени нешто затоа што ова преговарачка рамка треба да има конкретни, содржински измени за да биде текст кој што ќе може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, рече пратеникот, кажа тој.Тој посочи дека преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак.-Хрватска за време на своите преговори имаше на почетокот одредени за неа неповолни позиции, но се обеденија сите и успееја да си издејствуваат подобра позиција. Сакам да кажам ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собрание, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри и треба да се подобри бидејќи ваква што е не води во ќорсокак. Ниту нуди европска перспектива, јасна и конкретна, ниту нуди подобра односи со Бугарија, напротив ќе имаме поголеми тензии и дополнително со барањето за смена на Уставот само ќе создава поларизација во Македонија. Ние имаме 3 штетни последици од ваквата преговарачка рамка, додаде Милошоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-10-202735

Весна Бејби до Макрон: „Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме“

Јас сум против насилство, и цел живот се борам против тоа. За македонскиот јазик не се преговара. Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме, изјави Весна Бејби на денешниот протест пред Собранието.„Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како сакате да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар.Оние одонаде сакаат да не скараат и на голорак народ да пукаат во нас. Не може! Не смееме да дозволиме затоа што мора да им покажеме дека сме единствени и дека никој нема да предизвика меѓунационална војна. Какво безобразие и лицемерие. Оние кои мислат дека се бројка од 61 зимаат пари од нас, од нашиот данок кој го плаќаме.Ние треба секој ден да кажеме НЕ. Како јас на моите деца да кажам дека од утре нема да сме Македонци, учебниците ќе ни ги редактираат. Тие ќе ни кажуваат што да учиме и кој бил Никола Карев.Треба цела Македонија да се дигне на нозе! Јас се обидувам да не сум патетична, туку разумна, да ги разберам зошто би преговарале, кога и вака и онака 15 години нема да влеземе во ЕУ“, изјави Весна Бејби.Таа му се обрати и на Макрон и му порача дека е Македонка„Македонка сум. Ако не разбираш ќе ти преведеме“, вели Весна.„Ние сме тие кои играме на сцена, снимаме на тв, кои сме амбасадори на македонската култура. Како да сме амбасадори на македонската култура? Со сменет идентите? Со тоа што вие таму ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малкубидете витки згодни.Со достоинство и честа се раѓате.Секој ден на протест додека да ја срушиме оваа влада“, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

(ВО ЖИВО) Атмосферата на новиот протест против францускиот предлог

Денес во Скопје ќе се одржи уште еден протест против францускиот предлог.„Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме. Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието. Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија. Да кажеме НЕ на Ултиматумот“, велат организаторите на протестот.

Македонија | пред 3 години

vasil

Сведоштво на Македонецот кој вчера беше спасен на Халкидики

Васил Брезовски, е Македoнeцот кој беше однесен во морето во Посеиди на Халкидики и прв беше спасен. Во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, се се смени“, опишува тој за iefimerida.gr.„Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето“, се присетува тој.Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.„До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди“, вели тој.За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно.Васил моментално останува во болницата Полигирос. Само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден, вели се надевам и посакувам да се најде и другиот“, вели тој.Спасените сакале да пренесат и порака за своите спасувачи, преку iefimerida.gr.„Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам“ порачува Васил.

Македонија | пред 3 години

291788911_560806969048301_8057553038919387857_n

(ВИДЕО) Спасувањето на македонските државјани на Халкидики и натаму трае

Македонски државјанин на 25-годишна возраст е спасен, а по уште двaјца се трага во Посиди на Халкидики.Сите тројца се од Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.Како што пишува „Еуроњуз“ трите лица се капеле на плажа, кога силните струи ги повлекле и постепено исчезнале од видното поле на останатите.Спасувачите го лоцирале едното момче кое, како што раскажуваат очевидците, испило многу морска вода и било пренесно во болница, но по укажаната прва помош опасноста била избегната.Акцијата ја отежнуваат неповолните временски услови и силниот ветер, пишуваат локалните медиуми. Во спасувачката акција учествуваат брод на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили, рибарски брод и волонтери од грчкиот спасувачки тим.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-10-at-10.59.59

(Видео) Мицкоски јавно прифати внесување на Бугарите во Уставот

„Христијан Мицкоски со години ги лаже своите сопартијци и граѓаните глумејќи лажен патриот, и еднаш зборува едно, друг пат друго за односите со Бугарија“, вели СДСМ.Тие додаваат:Тоа се потврдува и со контрадикторните изјави што Мицкоски ги дава.Истиот тој Мицкоски велеше дека тој и ВМРО-ДПМНЕ јавно прифатија Бугарите да бидат застапени во Уставот, за денес тој да е прв противник на тоа.Мицкоски заедно со неговиот партнер проруската Левица имаат само една цел, да наштетат на државните позиции и евроинтеграцијата, одработувајќи за туѓи интереси.Тоа се фактите и тоа е вистината, се друго е лага и лицемерие на Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

kompjuter

Мажи од Тетово ќе одговараат поради коментари на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.„Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото“, велат од МВР.По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

Radovis-Strumica

Македонец казнет оти вчера бил на блокади: Добро бре, како не ви е срам? Ова се бедни обиди за заплашување

Еден од граѓаните кои вчера присуствувал на блокадата на патот Струмица Радовиш, доби казна. Тој вели дека ова се бедни обиди за заплашување„ЕФЕКТИВНА, ЕКСПЕДИТИВНА И ЕКСПРЕСНА АДМИНИСТРАЦИЈАЕ ова е за пофалба!Денес, околу 10 часот, во дворот, ме посетија неколку службеници на МВР - Струмица (полицајци во униформа, со паркирано возило на патот пред влезот на дворот, како да сум криминалец!), со цел да ми врачат казнени „честитки“. За волја на вистината, беа коректни, па на моето прашање зошто се тука, учтиво ми објаснија дека мојот автомобил незаконски бил паркиран на вчерашната протест-блокада на магистралниот пат Струмица – Радовиш (кај Василево), и поради тоа треба да платам казна во висина од 50 евра. И плус казна за моето лично присуство на блокадата, исто околу 50 евра. И, се разбира, дека ако платам во рок од 8 дена или веднаш, казната ќе биде на половина. Иако тоа, принципно, немаше да ја промени мојата одлука да бидам таму, никој од стотината полицајци што беа таму, не кажа дека тоа што се случува е противзаконски и дека за тоа следуваат казни.Затекнат и збунет, не примив никаков документ, без претходно да се консултирам.Не можев да поверувам дека нешто во „нашата земја“ може да функционира толку бргу и ефективно. Конечно ред и правда! Каква среќа! Уште повеќе се израдував кога слушнав дека не сум сам и дека сите кои биле на протестот добивале вакви „честитки“. Само, длабоко се разочарав кога сфатив дека само јас и мојот автомобил сме казнети. Каква неправда е што и моите две малолетни деца, не добија казна, а и тие беа таму!Добро, бре, како не ви е срам?! Така ли мислите дека ќе го спречите автентичниот бунт што гори кај секој Македонец кој сака да го одбрани последното нешто што воопшто може да се одбрани од расипаните игри на т.н. европјани? Гнасната политичка игра што се одвива во нашите високи политички ешалони, играњето по европски ноти, виткањето грб пред асимилирачката политика на соседните држави, губењето на: името, идентитетот, јазикот, самопределувањето, историјата, традицијата, се нешта што со години вријат во секој Македонец и човек што држи до своето!Овие бедни обиди за заплашување нема да ме спречат да го кажувам и понатаму своето мислење и да протестирам против себеуништувачките политики на високите политички врвови (наши и странски) и нивните антимакедонски дејствија! Напротив, така само потврдувате дека сум/сме во право и дека против ова зло треба да застанеме уште порешително!Отпорот продолжува!Да живее Македонија и се’ што не’ прави Македонци!“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

kafe

Газдарица на скопско кафуле го правдаше пукачот кај Мавровка, па доби над 700 критики за локалот: “Им се истури кафето, го собраа и исцедија во филџанот”

Во јавноста се пршири статус за кој се тврди дека е напишан од сопственичка на познато скопско кафуле. Таа вели дека цуфи кока и ја разубавил вечерта. Инаку Цуфи Кока, за време на протестите пукаше во воздух кај споменикот на Скендербег.„Цуфи Кока се дешава од ... сега се потресовме?! Цуфи е насекаде, низ институции, полиција, кафиќи, дискотеки, болници, администрација, ама баш секаде! И да Цуфи ми ја направи вечерта зошто се надевав дека ќе ви кликне ама нееее.. пак очи меѓу себе а не на реалнот проблем. Ве дефокусираа ко слепи кокошки!“, стоеше во објавата на социјалните мрежи која потоа беше избришана.Граѓаните револтирани од нејзината објава започнаа да оставаат лоши коментари за кафулето, па така рејтингот за само два дена од 5 ѕвездички спадна на 2,7. 

Коментари | пред 3 години

292246821_4473490516086851_711957374344000991_n

Почина докторот Методи Чепреганов

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години.Вечна му слава!“ информираат од Неуромедика.Д-р Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Со прифаќењето на предлогот владата добива само фотографија, а Македонија добива бесконечни преговори или асимилација, вели опозицијата

Власта на СДСМ и ДУИ ја лажат македонската јавност. Со денови манипулираат и кријат што содржи протоколот договорен со Бугарија или ако сакате годишниот извештај, документ кој е клучен во текот на преговорите. Токму во овој документ се уредени сите клучни барања на Бугарија и е врамен во преговарачката рамка, вели ВМРО-ДПМНЕ„Бидејќи власта го крие, информациите за овој документ ги дознаваме од странски медиуми. Овој протокол предвидува конкретни обврски на Македонија кон Бугарија, диктат кога и кој учебник треба да се промени, диктат која лекција за некој историски настан или лик треба да се промени, диктат кој споменик да се објаснива со натпис, како ќе се уредува наводниот говор на омраза и слични други понижувачки моменти за Македонија кои водат до асимилација.Затоа на Власта и се брза со наводните консултации. Затоа им се брза и со собраниската расправа, која нема апсолутно никаква врска со процесот, бидејќи се работи за МЕЃУВЛАДИНА конференција. Единствената реална улога која ќе ја има собранието е кога ќе треба да гласа по уште една уцена за почеток на преговорите, а тоа е промената на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека оваа уцена нема да дозволи помине.Манипулациите на власта не поминуваат кај граѓаните, кај експертската јавност и интелектуалците. Огромно мнозинство од народот вели не на ваквите диктати, ултиматуми и асимилација. Народот знае дека со прифаќањето на ваков предлог владата добива само една фотографија, а Македонија добива или бесконечни преговори или асимилација. Затоа народот масовно, достоинствено и мирно, но сепак гласно и јасно вели Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Foto-3-1

„На тацна да ти даваат власт сега во Македонија треба да одбиеш, ако си нормален “, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски од студиото на ТВ21 кажа дека во моментов на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален’.Претседателот смета дека во моментов во државата има мултиплицирана криза и со енергија, и со инфлација и со бугарско вето.„Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се.Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален. Треба да одбиеш“, изјави Пендаровски.Тој додаде дека никој не би се нафатил сега да биде власт и да направи резултати на краток или среден рок.

Македонија | пред 3 години

stojance-angelov

Ангелов против францускиот предлог: Некоректно е да се појавам на протеститe

Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците и истакнува дека не заслужиле да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги.Ангелов вели дека францускиот предлог ваков каков што е, е неприфатлив, но, додава, би било некоректно да се појави на протестите против него, затоа што е дел од коалицијата на власт.– Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди дветретинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна – потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања