ТОП

mijalkov-2

Ова е целиот имот кој Мијалков и го даде на државата за да се затвори „Империја

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека покрај веќе претходно постигнатите две спогодби за признание на вина со осомничени во случајот познат во јавноста како „Империја“ и изречените затворски казни, како и уплатената сума во износ од 5,2 милиони евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје ги одобри спогодбите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и осомничените С. М. и T.M. од истиот предмет.Обвинетиот С.М. призна вина и е огласен за виновен за кривични дела – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и е осуден на 3 години казна затвор.Тој дејствијата ги извршувал во група со други осомничени во предметот, преку правни лица основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и оф-шор компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за цел период опфатен со истрагата извршувал јавна функција.Покрај изречената казна, со спогодбата му се конфискува имот вредност од 5.476.653,00 евра што ги надминува приходите што обвинетиот С.М. законски ги остварил и за кои дал лажни или непотполни податоци. Исто така, бидејќи не е можно конфискување на удел од 46% во вредност од 3.546.778,00 евра во правно лице ДПТУ Дивелоп Груп ДОО Скопје, 19.580 акции во вредност од 732.260,00 евра издадени од ЗК Пелагонија, 8.150 акции во вредност од 249.933,00 евра издадени од Бетон Штип АД што ги поседува правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ и недвижен имот – куќа во вредност од 947.682,00 евра, се конфискува од обвинетиот друг негов имот во вредност од 5.476.653,00 евра и тоа парични средства во износ од 336.814.160,00 денари од банкарската сметка на правното лице ДТУ Макпоинт ДООЕЛ Скопје на кое единствен сопственик е обвинетиот С.М.Исто така, се конфискува и недвижен имот и хартии од вредност пренесени на трети лица:Имот од правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ:1. Дел од деловна просторија на катастарска парцела број 9561/4, со вкупна нето површина од 566,41 м2, како хотелски деловен простор и тоа локал бр.12, локал бр.13, локал бр.14, локал бр.15, локал бр.16, локал бр.17, локал бр.18, локал бр.19, локал бр.20, локал бр.21, локал бр.24 и хотелски деловен простор на зграда 1 кат К1 број блок-3 локал бр.5 и локал бр.12, во вредност од 1.699.241,00 евра или 104.503.321,00 денари.2. Хартии од вредност – 7213 обични акции во Стопанска банка Битола, со номинална вредност од 3000 МКД, без ограничување, чиј имател е ДПТУ ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, согласно Целосен извештај за имател, издаден од Централен депозитар за хартии од вредност на 22.11.2021 година, со вкупна вредност од 21.639.000,00 денари.3. Недвижниот имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 1309/13, викано место Г.Курило, катастарска култура градежно неизградено земјиште, во површина од 3880 м2 и шума обележана во лист Б, катастарска парцела 1309/16, викано место Г.Курило, катастарска култура шума, класа 3, во површина од 634 м2, евидентиран во Имотен лист 56312 КО Центар 2, во вредност од 2.686.082,00 евра или 165.194.043,00 денари.4. Недвижен имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 785/15, викано место Џибарица, катастарска култура неизградено земјиште, во површина од 322 м2, евидентиран во Имотен лист број 270 КО Радња, во вредност од 14.950,00 евра или 919.425,00 денари.5. Недвижен имот– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 19 м2,– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 46 м2,– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,евидентиран во лист В во имотен лист број 102842 КО Охрид 4,Имот евидентиран на ИЛ 101308 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од:– идеален дел од земјиште на катастарска парцела 5972/2 викано место Горица, култура земјиште под зграда, во површина од 2740 м2Имот евидентиран на ИЛ 101199 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од зеднички простории:– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-1, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-2, намена ХС, во површина од 125 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-3, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-4, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-5, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат МА, намена ХС, во површина од 117 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат ПРИЗ, намена ХС, во површина од 108 м2,сè во вредност од 367.369,00 евра или 22.593.211,00 денари.6. Недвижен имот – апартмани евидентиран на ИЛ 57981 КО Центар 2 издаден на носителот на правото на сопственост ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС ДООЕЛ Скопје и тоа:– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 91 м2– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 6 м2– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, во површина од 94 м2– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, намена ДПД во површина од 37 м2во вредност од 276.650,00 евра или 17.013.975,00 денари7. Недвижен имот – земјиште и апартмани и тоа:Имот евидентиран на ИЛ 58571 КО Центар 2 и тоа 912/1605 дел во сосопственост од:– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 999 м2,– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 606 м2Имот евидентиран на ИЛ 58751 КО Центар 2 и тоа идеален дел од заедничка сопственост од:– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 1, кат ПО, број 1, намена КГП, во површина од 266 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2Имот евидентиран на ИЛ 58974 КО Центар 2 и тоа идеален дел во заедничка сопственост на:– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2Имот евиденитран на ИЛ 16375 КО Центар 2 и тоа:– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 653 м2,– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 177 м2,– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 601 м2,– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 189 м2,-земјиште на КП 2424/33, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 2 м2,– земјиште на КП 2424/34, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 14 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 5, во површина од 78 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 6, во површина од 78 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 7, во површина од 94 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 8, во површина од 94 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 7, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 8, во површина од 89 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 3, во површина од 73 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 4, во површина од 73 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,– деловна просторија на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 15 м2,– гаража на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 28 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 28 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,– помошни простории лоцирани на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,– деловна просторија на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 17 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,– гаража на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 31 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 3, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 4, во површина од 78 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 5, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 6, во површина од 78 м2,– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 7, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 8, во површина од 78 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, намена П, во површина од 23 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 1, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 14, намена ГМЗП, во површина од 15 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 15, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 18, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 19, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 21, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 3, намена ГМЗП, во површина од 14 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 5, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,– гаражно место лоцирано на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 6, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 1, во површина од 80 м2,– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 2, во површина од 59 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена ХС, во површина од 34 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат К2, број 5, во површина од 63 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 2, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К1, број 4, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К2, број 6, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 2, во површина од 86 м2,сè во вредност од 3.499.821,00 евра или 215.238.942,00 денари8. Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од три банкарски сметки во Стопанска Банка АД Битола9. Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од банкарска сметка во Комерцијална Банка АД Скопје10. Недвижен имот – земјиште евидентиран на ИЛ 1501 во КО Богородица издаден на носителот на правото на сопственост ДПТУ БЕТ КОМ КО. ДОО на кое сопственик е правното лице Ексико ДООЕЛ Скопје и тоа:– земјиште лоцирано на КП 3178/4 викано место Милци култура ГЗ/ЗПО во површина од 97 м2,– земјиште лоцирано на КП 3180 викано место Горка култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 309 м2,– земјиште лоцирано на КП 3181 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 2 во површина од 15004 м2,-земјиште лоцирано на КП 3182 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 236 м2,– земјиште лоцирано на КП 3189 викано место Милци култура ГЗ/ГИЗ класа 3 во површина од 24 м2,– земјиште лоцирано на КП 3192 викано место Милци култура ЛЗ класа 2 во површина од 926 м2,– земјиште лоцирано на КП 3196/1 викано место Милци култура ЗЗ/ЛЗ класа 2 во површина од 1918 м2 и– земјиште лоцирано на КП 3205/1 викано место Милци култура ЗЗ/Н класа 5 во површина од 265 м2во вредност 4.500.000,00 евра или 276.750.000,00 денари11. Имот на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопјеи тоа:Недвижен имот – деловен простор на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје евидентиран на ИЛ 56028 КО Центар 1 и тоа:– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К1, број 1, во површина од 321 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К2, во површина од 298 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат МЗ, во површина од 464 м2,– помошна просторија лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПО, во површина од 444 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПР, во површина од 249 м2 и– гаража лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 2, кат ПР, во површина од 80 м2.во вредност од 1.100.000,00 евра или 67.650.000,00 денариСогласно чл.98 од КЗ и чл.541 од ЗКП доколку делумно или целосно не е можно извршувањето на конфискацијата на имотот таа ќе се спроведе од друг имот на обвинетиот С.М.Покрај тоа, обвинетиот задолжен е да плати и парична казна од 2.000,00 евра во денарска противвредност од 123.400,00 денари.Вториот обвинет Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување. За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години.Јавното обвинителство ја продолжува постапката за другите осомничени во предметот „Империја“.​

Македонија | пред 3 години

mijalkov-1

За над 20 милиони евра кои ќе и ги даде на државата, Мијалков доби само три години затвор за „Империја“

Сашо Мијалков, кој беше директор на тајната полиција односно УБК, на државата ќе и исплати над 22 милиони евра, во пари и имот, а во гевгелискиот затвор ќе одлежи и три години, за со тоа да се запре прогонот против него во предметот „Имеприја“. Овој случај беше еден од најголемите. Во центарот на вниманието на истражителите од СЈО биле петнаесетина македонски фирми, кои се основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД. Низ нив се свртеле милиони.Сега, Мијалков, дел од имотот на фирмите меѓу кои се над 20 станови, ниви, градежни парцели, ќе го препише на државата. Тоа е дел од спогодбата која ја постигнал. Имотот е во повеќе градови, освен Скопје. Имотот кој не може да се конфискува поради продажба, ќе се наплати од сметката на фирмата „Макпоинт“ каде управител е Мијалков. Не се знае дали оваа спогодба е официјализирана во судот, Обвинителството нема објавено детали.Инспирацијата за овој случај, пак, обвинителката Лиле Стефанова ја црпеше од Влатко Мијалков, брат на поранешниот директор на УБК, Мијалков. Односно слушајќи ги неговите телефонски разговори во „бомбите“, каде што самиот имал статус на таргет, но и останатите таргети, како Ана Камчева и Оливера Трајковска, а додека зборувале со Орце Камчев, Кристина Камчева, Ненад Јосифовиќ и други соговорници.За потребите на истрагата „Империја“, дел од осомничените од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година биле под посебни истражни мерки, односно легално со налог на судот биле прислушувани нивните телефонски разговори.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: Во Собранието ќе биде многу тензично, ќе се шверцува францускиот предлог

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во понеделник треба да се видат што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе, бидејќи никој не знае.„Дали ќе донесеме одлука или заклучок некаков си, дали ќе им го врати на Влада, така што не знаеме што ќе прави Џафери.Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично, кога ѓе се носи тоа. Според моите информации ќе се обидат да ја прескокнат комисиската расправа и ќе оди директно на пленарна што е противделовнички што значи повторно ќе се шверцува. Тогаш мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме ново предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

13032022_PVRSM_sredba_Brnz-3

Амбасадорката убедува: Треба да донесете уште една тешка одлука

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз преку отворено писмо се обрати до јавноста. Таа вели дека до сега Македонија донесе многу тешки одлуки со очекувања за напредок, а сега треба да се донесе уште една.Писмото ви го пренесуваме во целостВашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина. На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ.Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ.Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки. Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде. Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца. А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО.Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици. Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина.Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација. Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес. Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори. Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот.Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина.

Македонија | пред 3 години

263692645_443644080753740_8324230947442278967_n

Тешка сообраќајка во автопатот охрид-Кичево, едно лице заврши во болница

На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-zakana

Само осум дека во затворот во Шутка ќе помине пукачот со пиштол кај Мавровка

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 – ти јули пред Собранитето на РСМ и од 6 – ти јули кај плоштадот Скендер Бег, за кој веќе информираше обвинителството, Кривичен донесе одлука:Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од 8 дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка.Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 одосно постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело.Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Скопје | пред 3 години

maricic-1

„Маричиќ за една година изел и испил 5.000 евра на државен трошок, бедно“, вели опозицијата

Додека власта го раскрчмува македонскиот идентитет, во јавноста излегоа скандалозни податоци за кафеанските трошоци кои ги правел вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Тој за една година изел и испил 313.603 денари или 5.000 евра на државен трошок, а во еден наврат платени се над 17 илјади денари за еден оброк.На менито на гоштевањата кои Маричиќ ги плаќал со народни пари имало лососи, медаљони од бифтек, телешко печење, калифорниска пастрмка, се пиеле вина и жестоки пијалаци. Овие сметки се правени по ексклузивни ресторани во Скопје, додека во исто време граѓаните едвај врзуваат крај со крај.Над 450 илјади граѓани живеат во сиромаштија и трошат само по 150 денари на ден, а Бојан Маричиќ трошел и по стотици евра за јадење дневно. Бедно“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-201540

Тасевски: Од Македонец, Бугар не бидува

Актерот Сашо Тасевски се обрати на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија.„Не! ЕУ изневери мак народ. Ни прати некои мажи кои сакаат да се облекуваат во фустанчиња кои самите не знаат што се, а сакаат од нас да потпишеме нешто што знаеме дека не сме.Еве им порака до нив и Бугарите, од Mакедонец, Бугар не бидува. Анте Поповски пееше: со векови бев уплашен со ножот на туѓата рака. Сега овој час сум уплашен со ножот на својата рака во своите плеќи.Таче, Заев, Маричиќ можете да потпишете секакво предавство, но тоа нема да ве направи понапредни, ниту европјани, ниту попаметни, со тоа ќе покажете дека сте продадени души“, рече Тасевски

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-192759

Нема да можат да ги внесат Бугарите во Уставот, посочи Мицкоски и гарантира дека власта нема 80 пратеници

Немаат 80 пратеници за да ги внесат Бугарите во Уставот. Ова е ставот на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дури и да го прифатат францускиот предлог, нема да може да ги исполнат ветувањата кои ги дале кон ЕУ.„Продолжуваме протестите со големо народно ‘не’ на дипломатскиот нокаут кој го добивме. Повторно десетици илјадни луѓе излегуваат и протестираат против ова што се подготвува. Тоа претставува чест и обврска. Ја добивме информацијата, преговарачката рамка и оној втор документ кој се заклучоци на Советот на ЕУ, да се пренесе во Собранието. Не знаеме зошто, зошто Владата носи одлука. Владата нема да поддржи уставни измени, што и да се случува со ова национално предавство. Бидете сигурни дека тие немаат 80 пратеници“, кажа Мицкоски.За протестите кажа дека се знаат сценаристите на насилните протести.„Овој народ знае дека силата е во масовноста, не во насилството. Насилството е предавство на вредностите во кои веруваме, а тоа е мирен и демократски начин на изразување незадоволство на ова што го подготвува ненародната власт. Сакам да порачаме големо ‘не’ на насилниците кои се обидуваат да го контаминираат овој протестот“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-zakana

Обвинителството со своја верзија за инцидентот: Забележал како луѓе фрлаат камња, па пукал од пиштолот

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух.За две други лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

Скопје | пред 3 години

Mickoski-zakana

„Што вика меѓународната, да го прифатиме предлогот бидејќи секое наредно пукање ќе биде попрецизно?“, жестоки реакции по инцидентот кај Мавровка

На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако дојде до судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот Скендербег.Демонстрантите откако го минаа подвозникот пред трговскиот центар Мавровка и започнаа физичка пресметка со групата кај Скендербег при што користеа камења, стаклени шишиња и други тврди предмети Брзата реакција на полицијата ја спречи физичката пресметка. Две лица од групата кај Скендербег имаа и огнено оружје, при што еден од нив испукал неколку куршуми во воздух.Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со овој настан. Бараат институциите веднаш да постапат.https://twitter.com/VoDieMde/status/1544772721820721152?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/BatmanSaysT/status/1544769520488906758?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/krstevski331/status/1544755502466342918?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/JaneskiMario/status/1544754844556148738?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/TempliSignum/status/1544747867461525506?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/GoceMaslinkovsk/status/1544780603744190464?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/B1PcG6cyiRrcoTr/status/1544935948114448385?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/Krmov_Borislav/status/1544788256381980673?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/nepartiskibot/status/1544820605962407936?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkAhttps://twitter.com/maxdestructionn/status/1544824967514267648?s=20&t=A1fZJ4PkAprqprXBYYPLkA 

Коментари | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Францускиот предлог отиде во Собранието

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-205635

Уапсено лицето кое фрлило молотов коктел кон Собранието

Лишено од слобода лицето кое на 05.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото.„Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет“, вели Оливер Спасовски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-00.05.35

(ВИДЕО) Снимен моментот на пукањето и бркањето на мажот кој впери пиштол кон толпата демонстранти

Пиштол насочен кон демонстратите и полиција која не реагира и покрај укажувањата дека лице со пиштол стои пред нив. Ова е само дел од снимениот инцидент кај Мавровка, кога група фрлаше со предмети кон демонстратите.„Пиштол има бе луѓе, што не реагирате бе луѓе“, се слуша на снимката. Неколку секунди подоцна, следува и пукање. Пиштолот е насочен кон воздух, а околу него, други лица фрлаат со стаклени флаши и други предмети кон групата демонстранти.Полицијата реагира по подолго време, откако претходно стои околу него и него апси. Тој успева да избега, а тие трчаат по него.Ова е само дел од објавената снимка од нередите кај Мавровка. Кратко подоцна, полицаец стои настрана и не ги спречува останатите демонстранти кои фрлаат кон толпата.„Еве овие се криви овде, не тие. Пиштол вади бе будало една“, викаат лица од толпата кој снима. ИНЦИДЕНТ КАЈ МАВРОВКА: Со камења гаѓано кон демонстраните, па бегањеPosted by skopje1.mk on Wednesday, July 6, 2022

Скопје | пред 3 години

Mickoski-zakana

Приведено лицето кое пукаше со пиштол спроти споменикот Скендербег

Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменикот Скендербег, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани.Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања