ТОП

protest-incidenti

Видео: Инцидент кај плоштадот Скендербег, летаа камења и тврди предмети

Инцидент на протестот против францускиот предлог. Кај плоштадот Скендербег демонстрантите се судрија со друга група. Најпрво имаше тепачка, а потоа зaпочнаа да се фрлаат камења.Во еден момент полиција успеа да ја потисне групата кон скопската чаршија.„Нека разберат клетите шиптари македонско име нема да загине“, пееа демонстрантите кои се упатија кон МНР.

Скопје | пред 3 години

Teodora-Gencovska

Генчовска децидана дека протоколите се готови, ама ќе се кријат!

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза што деновиве се случува Македонија, како што секогаш правиме, изјави бугарската министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска.Генчовска рече дека ќе биде врачена нота, пренесе БГНЕС.На прашањето дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив, Генчовска одговори: „Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи дека протоколите се затворени. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“, нагласи таа.Генчовска изјави дека Скопје е заинтересирано работите да се случуваат многу брзо, бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на Северна Македонија од Албанија. „Топката е директно во теренот на PCM“, рече таа. На прашањето дали Бугарија е заинтересирана за одвојување на двете земји на нивниот пат кон ЕУ, шефицата на бугарската дипломатија рече дека процесот се базира на конкретни резултати.„Ја поддржуваме Албанија, и покрај изјавите што ги гледаме од албанските власти во последно време. На крајот ќе одлучат земјите-членки“, рече Генчовска.

Македонија | пред 3 години

51826955455_428e5125a5_k

Маричиќ за гезмиња со бифтеци, печења, вина, ракии месечно трошел по една просечна македонска плата

Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис, објави „А1он“.На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.Само од податоците кои „А1он“ ги доби може да се заклучи дека за една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштавање. Сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што се направени во евра.Повеќе: (ВИДЕО) Маричиќ за богатите гозби на државен трошок: Не се согласувам дека тоа е некаков проблем (a1on.mk)

Македонија | пред 3 години

DSC_0593

„Пробугарската СДС и терористичката ДУИ сакаат да го доведат народот на раб на граѓанска војна“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека СДСМ и ДУИ сакаат да го доведат народот на раб на граѓанска војна.„Пробугарската СДС и терористичката ДУИ од окупационата влада на Северџанистан, сакаат да го доведат народот на раб на граѓанска војна!?Паметна власт, сега крева рачна! Не оди со главата во ѕид.Не ви се плашиме!Денес уште побројни, посплотени и подостоинствени! 🔥✊❤️#ВриеМакедонец#СекојДенВоСедум“, пишува Апасиев

Македонија | пред 3 години

292295811_607074844108917_5156519200239810236_n

Апасиев до Спасовски: Не ви паѓаме на тие ефтини финти, како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи му се обрати на минстерот Оливер Спасовски.Објавата ви ја пренесуваме во целостДраг Оливер.Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме "прочитани" и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки. 😉Се гледаме секоја вечер - се побројни и се посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада.p.s. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.Се гледаме на барикадите!До вашиот конечен крај!#ВриеМакедонец#СекојДенВоСедум#NoPasaran

Македонија | пред 3 години

47

(ВИДЕО) Како изгледа Собранието по вчерашните протести

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на својот Фејсбук профил објави видеа од состојбата на Собранието по вчерашните протести.„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, вели Џафери.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.13.14

И денес продолжуваат протестите против францускиот предлог

Продолжуваат протестите против францускиот предлог за решавање на спортот со Бугарија и за почеток на преговори со Европската унија.„Ултиматум – НЕ благодарам“ повика на „мирен и достоинствен“ протест кој ќе почне пред Владата па преку МНР ќе заврши пред Собранието.– Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено се вели во повикот.Вчера на четвртиот ден од протестите ситуацијата ескалираше, a по индицентот МВР соопшти дека се повредени 47 полицајци, двајца потешко, приведени се 11 лица.

Македонија | пред 3 години

KOVACEVSKI-PROTEST

Ковачевски до потпалувачите на протестите: Не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може да се оправда со ништо.,,Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам - не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори”, е наведено во ФБ статусот на премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

sobranie

Францускиот предлог оди во Собрание.

Францускиот предлог оди во Собрание.Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот.ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка со ЕУ. Се предлага во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува да се случи денес.Граѓани четири ден по ред протестираат против францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Владата мора да забави и да ги слушне граѓаните, или ќе имаме раскарана, поделена, нестабилна држава“, вели Димитров

За било какво насилство нема оправдување. Протестите треба да бидат европска критика, а не да се киднапираат од деструктивни центри, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.„Истовремено, владата мора да забави и да ги слушне граѓаните.Чекорот назад е чекор напред. Инаку и оние кои ја бранат Македонија и оние кои ја бранат европската иднина, што секако се целосно компатибилни цели, ќе бидат губитници.Неопходно е обновување на дијалогот, но предуслов за тоа е запирање, повлекување наназад и опсервација со ладна глава. Нам сега ни треба време за да не се удриме во ѕид. Нужен е процес на широки консултации, реален и суштински, без брзање и паника.Пред граѓаните треба искрено да се образложи состојбата, можните опции и нивните последици. Потоа преку дијалог, дебата и мудрост да се изнајде решение кое ќе биде засновано врз сеопфатна стратегија. Само одлука постигната на ваков начин, каква и да е, ќе биде прифатена како легитимна.Субјект кој ќе понуди платформа за ваков пристап, ќе демонстрира врвна државничка мудрост. Само така народот ќе застане зад решението.Вака како што е сега е погубно за сите. Се создава лажна дихотомија и наратив на ,,се' или ништо'' и ,,сега или никогаш'' со што се продлабочува веќе постоечката поларизација. На крајот сите ќе бидеме губитници - наместо силна држава во ЕУ, ќе имаме раскарана, поделена, нестабилна држава која и да ги исполни новокомпонираните критериуми за “добрососедство”, ако воопшто дојде дотаму, ќе падне на испитот за демократско владеење и стабилност на институциите.Никогаш не е доцна. Во крајна линија, тоа дополнително време и ангажман ни го должат и од ЕУ, после 17 години чекање. Оти вака, после овие посети на Скопје, ќе прогласат набрзина успех и ќе не’ заборават, ама кога ќе дојде работата во безизлез и плачки, ќе ја криват Македонија.Можеби пак ако имаме време ќе најдеме сите заедно и креативни решенија што ќе бидат добри. На пример, зошто да не пробаме да обезбедиме унилатерални декларации од сите 26 земји членки (без Бугарија) со кое го прифаќаат нашето неприкосновено право на самоопределување/самоизјаснување и неговиот израз - македонскиот јазик? Можеби Софија ќе размисли дали вреди нивната негаторска изјава во вакви околности … Можеби ќе разбере дека со таа навреда нема никогаш да бидеме вистински пријатели?“, додава Димитро

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.51.17

(ВИДЕО) Полицаец со залет и клоца удри демонстрант кој се стркала на земја

Богдан Илиевски објави снимка на која се гледа како демнострант кој оди и застанува до полициски кордон кој прави обрач околу собранието, е удрен со клоца во залет од страна на полицаец. Снимката трае кратко и од истата може да се заклучи дека откако полицаецот го удира демонстрантот, почнува да бега.Демонстрантот пак, кој е удрен, паѓа на земја и се тркала. Околу него има и други учесници на протестот.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Filievski%2Fvideos%2F443863830631414%2F&show_text=true&width=560&t=0" width="560" height="429" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Познат бројот на повредени полицајци, 11 од нив се потешки слуачи

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.Притоа, констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на Република Северна Македонија. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот.Сек

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.10.12

(ФОТО) Мицкоски со слика од пред Влада, а во коментарите: „Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите

Христијан Мицкоски објави фотографија од пред Владата. Тој напиша дека се наоѓа таму, а откако пред Собранието се случи хаос со над 30 повредени полицајци и до десетина уапсени лица.„Вечерва пред владата. За македонцките работи...“, напиша Мицкоски алудирајќи на книгата од Крсте Петков-Мисирков.Во коментари, доби и критики.„Абе народот го згазија пред Собрание, вие фотосесија си правите...“, „Непотребно рашетување, оди кај луѓето што ги приведоа по станиците. Доста сликања, аман“, се дел од нив.Фотографијата на Мицкоски доаѓа по хаосот пред Собранието. Десетици млади лица завршија во полициски станици. Тие ќе треба да биде процесуирани. Најголем дел или речиси сите се уапсени поради фрлање со бектаонки, шипки, канти за отпадоци и други тврди предмети кон полицијата, а претходно кон Собранието.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски за случувањата пред Собранието: Го осудувам насилството

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи во ворска со денешните насилни протести.„Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата која се наоѓа во непосредна близина на Собранието беше воспоставен посебен сообраќаен режим.Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев испрати порака преку фејсбук

Апасиев испрати порака преку фејсбук во која вели дека никој не победил народ со пендрак.„Никој не победил народ со пендрек!#СекојДенВоСедум#ТикТакТикТак“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања