ТОП

Нема фотографија

(ВИДЕО) Полицаец повреден во немирите пред Собрание

Во немирите пред Собранието на Република Македонија е повреден полициски службеник.Пред малку пристигна и возило на брза помош за повредениот полицаец.Полицијата успеа да ги потисне демонстрантите кон Жена парк, но, дел од демонстрантите сѐ уште фрлаат предмети кон полицијата.Тие претходно ја урнаа заштитната ограда и ја каменуваа зградата, при што беа искршени прозорците.

Македонија | пред 3 години

2345

(ВИДЕО) Демонстрантите ги искршија прозорите на Собранието

Веднаш по говорот на актерката Весна Петрушевска, настана хаос пред Собранието.Демонстрантите ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлаат со предмети.Дел од стаклата на прозорите на Собранието беа искршени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-205635

(ВИДЕО) Хаос пред Собрание: Демонстрантите ја пробија заштитната ограда

Демонстрантите ја пробија заштитната ограда на Собранието.Тие во еден момент започнаа со лименки, шишиња вода и други предмети да фрлаат кон зградата на Собранието.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-203601

Ребека низ солзи до Османи: Без емоции не се преговара за Македонија, каде си роден, кој те школуваше, оваа земја ти даде се

„И вие тука и вие во Владата се нарекувате Македонци. Која мајка вас ве доела. Предавници. Ние не ги окупиравме соседите, Бугарите. Колку пари земавте, признајте. Ќе ја дознаеме вистината“, изјави пејачката Ребека пред Собранието на Македонија.„Знам дека не се плашите од народ, вие внатре сте празни. Вие не донесовте до позиција на потчинетост. Одамна требаше да кажете не, гласно не.Го слушнав Османи рече немал емоции кога преговарал за прашањето за Македонија. Пријателе без емоции не се преговара за Македонија. Каде си роден ти министер за надворешни раобти? Кој те школуваше, каде растеше, каде се лекуваше, каде стана министер. Се ти даде оваа земја и ти немаш емоции“, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

(ВИДЕО) Демонстрантите ја запеаја химната пред Собрание

Голема група граѓани денес протестираат против францускиот предлог.Тие од МНР продолжија кон зградата на Собранието на Република Македонија, каде беше интонирана химната.Потоа пејачката Ребека ја изведе позната македонска песна „Налеј налеј“.

Македонија | пред 3 години

1-1

(ВИДЕО) Демонстрантите со јајца маваа кон МНР

Демонстрантите пристигнаа пед зградата на МНР.Тие му порачаа на министерот Бујар Османи да си отиде од функцијата.Демонстрантите фрлаа петарди, тоалетна хартија и јајца кон зградата на МНР.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-193240

Во живо од протестот против францускиот предлог

И покрај лошите временски услови, граѓаните поврторно излегоа на протест против францускиот предлог.Тие со македонски знамиња извикуваа „Македонија“, „Никогаш северна“, „Оставка“. 

Македонија | пред 3 години

34123412341234123

Ковачевски најави хаос на протестите вечерва, Левица излезе со предупредување за вклучување на провокатори

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестот коj и денеска е од 19 часот пред Владата. Тој кажа дека овие информации ги добил од МВР. Не кажа дали протестите влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата, дали ќе го прифати францускиот предлог или истиот ќе биде одбиен.„Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.Од Левица пак посочија дека власта планира да вклучи провокатори во протестите.„Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, сега се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите - во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил. Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско-репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства. Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањ кога станува збор за тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлаа со тврди предмети - а така ќе биде и на денешниот протест. Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.“

Македонија | пред 3 години

132412341234

(ВИДЕО) Новинарка го остави Милеш без зборови само со едно прашање

Новинарката Ана Антевска од СДК на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел му го постави најсушстественото прашање кое треба да го одговори Европската Унија. За нејзиниот чекор, доби поддршка од граѓаните и новинарската фела.„Господине Мишел зошто Европската Унија застана зад примитивните барања на Бугарија која тврди дека не постои македонски јазик и македонска нација, додека во Европската Унија, граѓаните сами можат да се изјаснат кој род се, машки или женски?“, праша Антевска.Но конкретен одговор не доби.„Со сета моја почит можам да го повторам она што претходно го кажав. Јасно ја искажав поентата. Секогаш ги бранам легитимините права на Македонците...“, зборуваше Милеш. Толку.Дами и господа, Ana Antevska.Posted by Kristijan Landov on Tuesday, July 5, 2022

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

Не се оспорува само македонскиот туку и европскиот идентитет, анализира Димитров

„Европското знаме е симбол на ЕУ, но и на идентитетот и единството на Европа. Златните ѕвезди ги претставуваат идеалите на единството, солидарниста и хармонијата меѓу европските народи. Вкупно се 12, број што симболизира совршеност, севкупност“, пишува ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров.Тој додава:„Дизјанот во 1955 го употребува прво Советот на Европа, организација што ги брани човековите права, а во 1985 станува знаме на ЕУ, тогаш Европските Заедници. Мотото на ЕУ (од 2000 година) е “Обединети во разноликоста” означува како Европјаните се здружиле во ЕУ, во името на мирот и просперитетот, истовремено збогатени со различните култури, традиции и јазици на континетот. Во членот 2 на Лисабонскиот договор и во членот 22 на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ, Унијата се обврзува дека “ќе ја почитува богатата културна и јазична разноликост, и ќе го штити и унапредува културното наследство на Европа.”Зошто го пишувам ова?Затоа што македонските граѓани токму со знамето на ЕУ во рака треба да ја потсетуваат Унијата за сопствените принципи и вредности. Бидејќи со толерирањето на примитивниот повик на една земја членка дека “ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака“.

Македонија | пред 3 години

maricic-1

Нашата цел беше да го заштитиме македонскиот јазик, посочува Маричиќ

„Нашата цел во овој процес беше да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го промени својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на Европската Унија“, рече вицепремиерот Маричиќ на вчерашниот брифинг со уредници на Националната радио телевизија.Вицепремиерот Маричиќ посочи дека е направена добра анализа и не случајно ниту пак наивно го претставуваат овој предлог и истакна дека се земени искуствата и од многу држави членки на ЕУ за нашите позиции, кои потоа биле користени во текот на разговорите со Бугарија за да се дојде до едно компромисно решение.Во овој контекст вицепремиерот Маричиќ се надоврза на искуството на Ирска кое го кажа министерот за Европа, Томас Бирн, на заедничката прес-конференција на која беа испратени многу отворени и јасни пораки дека ова е моментот и ова е предлогот на кој треба да му се даде шанса.„Особено имаше емотивен говор, по мене, министерот за европски прашања на Ирска којшто кажа дека Ирска требало да отстапи од територијални претензии кон Британија за да се зачлени во ЕУ, дека имале 10 годишна блокада од Франција во тоа време, дека навистина како народ кој бил долго време негиран од своите соседи сочувствуваат со нас, но неговиот заклучок беше нашиот идентитет процвета од кога влеговме во ЕУ“, рече Маричиќ.Како што посочи вицепремиерот Маричиќ, ирскиот министер објасни и направи јасна споредба дека денес го користат и ирскиот јазик и англискиот јазик и дека Ирска економски и културно и идентитетски се развила од кога е во ЕУ и од држава од која сите сакаа да се иселат пред 50 години кога станале членки на ЕУ, денес е држава во која луѓето сакаат да се доселат и сакаат да живеат и работат само заради ЕУ.Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека овие лекции треба да ги препознаеме моментите кога треба да ја искористиме шансата, и затоа е важно да се навлезе во суштината на овој предлог, рече Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

misoski-vlada

Мисовски мислеше и смисли, НСДП го прифати предлогот на Франција

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Северна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП, ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија објавија од партијата.Соопштението на НСД во продолжение ви го пренесуваме во целост:Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година.Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија.НСДП при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата.Затоа повторно ги повикуваме на државничко однесување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог.НСДП бара Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“ и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.

Македонија | пред 3 години

292039726_606360007513734_8549165532048086537_n

Апасиев го објави сценариото за утре, ќе има бурен ден

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, денеска пред Собранието на Република Македонија.„Еве да ви го кажам сценариото, па граѓаните сами нека оценат. Утре ќе го поминат на Влада (францускиот предлог) и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето.Мислам дека тие не го очекуваат тоа, ќе сакаат да го поминат на Собрание, и мислам дека шверцератот на Талат Џафери ќе си дојде на сцена, мислам дека нема да го пуштат на комисија, знаат дека таму ќе има тепачки ќе го тават на пленарна седница, тоа ќе трае неколку дена“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-203422

Во живо пред Собрание: Демонстрантите ја пробија заштитната ограда

Гаѓаните вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог. Тие од пред Владата се префрлија пред Собранието на Република Македонија.Тие најпрво со предмети маваа кон Собранието, а потоа и ја пробија заштитната ограда.Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.Меѓу присутните се лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и пратеникот Борис Крмов

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.39.03

(ВИДЕО) Алабаковски пред Владата: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка

Извикувајќи „Никоаш северна, само Македонија“, пејачот Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на бугарскиот клуб во Битола ги поздрави присутните пред Владата.„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа, ова парче хартија треба да гори“, рече Алабаковски на која пишуваше Преспански договор, Бугарски договор, Француски предлог, фашизам.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања