ТОП

Screenshot-2022-07-04-at-19.54.30

(ВО ЖИВО) „Стево пу*и ми го ку*от“, „Пи*ка ти матер“ и лица со качулки пред Владата

„Пи*ка ти матер“, „Никогаш северна, само Македонија“, исвиркување на Владата, „Ајде Стево пу*и ми го ку*от“. Ова е само дел од атмосферата пред Владата. Тензични стануваат протестите. Меѓу присутните има и лица со качулки. Владата ја штити полицијата која е распоредена околу целата зграда.Пред зградата се пејат и патриотски песни.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.47.06

(ВО ЖИВО) Станува тензично пред Владата, демонстрантите влегоа во дворот и се судрија со полицијата

Тензично станува пред Владата. Демонстрантите влегоа во дворот на Владата. Околу неа, се распореди полицијата.Засега е мирно, но можно е протестите да ексалираат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.13.14

(ВО ЖИВО) Протест пред Владата, за кој е најавено дека ќе е порадикален

Започна нов протест пред Владата. Се собираат присутните. Овој протест беше најавен како порадикален од претходните. Вчера Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица ова и јавно го посочи. Протестот е против францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

EU-1

Јазикот бетон? ЕК не дава детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс

Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел.Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор.-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“.

Македонија | пред 3 години

6

Денес и утре се клучните денови, порача Апасиев и додаде: Не е време за дебати, туку за протести!

Булеварот Илинденска е блокиран. Пред Владата се кампува. Протестите продолжуваат и вечерва, а најавено е радикализирање од страна на Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник во Собранието. Тој на социјалните мрежи упати и нова порака.„Не е време за дебати, туку за протести!“, порача Апасиев.Според него, денес и утре се клучните денови.

Македонија | пред 3 години

pavle-trajanov

Павле Трајанов чија партија е дел од мнозинството не го прифаќа францускиот предлог

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци:Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности.Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата.Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев ,Јане Сандански ,Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници,Илинден итн.Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа.Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија.Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог.

Македонија | пред 3 години

DSC_0153

109 санкционирани возачи во Скопје: 58 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

IMG_4868

Куп уапсени во Дојран на „Д фестивал“

Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Нов извештај на ГРЕКО покажува како работат судовите и обвинителите

На својата 90-та пленарна седница која се одржа во периодот 21 - 25 март 2022 година, Групата на држави против корупција на Совет на Европа (ГРЕКО) го усвои Адендумот на Вториот Извештај на ГРЕКО за усогласеност на Република Северна Македонија во рамките на Четвртиот евалуационен круг (на тема: “Спречување на корупција кај пратениците, судиите и обвинителите“).Министерство за Правда вели:„ГРЕКО заклучи дека Северна Македонија постигна одреден напредок во спроведувањето на препораките содржани во Извештајот од Четвртиот круг на евалуација. Ја охрабри државата да продолжи со започнатите активности во оваа насока и забележа дека се во тек натамошни реформи во однос на голем број од преостанатите препораки. Од дадените вкупно деветнаесет препораки, девет се имплементирани во задоволителна мера, девет се делумно имплементирани, а само една препорака е неимплементирана. Што се однесува на судството, ГРЕКО забележа проширување на опсегот на санкциите што се применуваат на судиите, повикувајќи се на член 78 став (2) од Законот за судовите. Што се однесува на обвинителите, ГРЕКО го поздрави донесувањето на новиот етички кодекс којшто претставува сеопфатен сет на правила поврзани со интегритетот.Исто така, ГРЕКО го истакна како позитивен фактот дека одлуките на надзорното тело во врска со етичките прекршувања (Советот за етика) овозможуваат покренување на дисциплински постапки против засегнатите обвинители. Во однос на системот за пријавување на имотната состојба, утврдено е дека презентираните статистички податоци покажуваат поефикасна имплементација во пракса на системот за пријавување на имотна состојба. Бројот на административни проверки извршени од страна на ДКСК е зголемен и тие резултирале со идентификување на повреди врз процедурални основи, односно ненавремено доставување на анкетните листови за пријавување на имотна состојба. ГРЕКО даде рок до 31 март 2023 година да се извести за реализацијата на преостанатите препораки“.Со почит,

Македонија | пред 3 години

291028310_404672748293371_1075403596231413860_n

Што се случуваше по средбата: Мицкоски со изненадувачки потег, Ковачевски се сврте и замина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како ретко кога демонстрираше почит, а премиерот Димитар Ковачевски тотална непочит кон новинарите и јавноста во Клубот на пратеници. Нивната средба траеше околу два часа сосе паузи, а сите останати медиумски работници чекаа во холот на Клубот. Поради големиот интерес на јавноста, новинарите имаа низа на прашања, а тогаш се случи пресврт.Христијан Мицкоски на говорницата беше прилично јасен во ставовите. Кажа кои се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, објасни и што се случувало зад затворените врати на средбата, посочи кои се условите. Единствено што не објасни е кои се наредните чекори на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше целосно отворен за одговори кон новинарите, што во суштина покажува негов променет принцип на функционирање, со оглед дека немаше расправии, ниту високи тонови, туку умерен пристап. Интересен момент од прес-конференција е што Мицкоски се тргна, па се врати на говорницата.„Господине Мицкоски имате ли друг начин на протест“, прашуваше новинарката, Тамара Грнчарова додека Мицкоски заминуваше.„Господине Мицкоски не е фер вака, да кажете вие што сакате и да не и одговорите на колешката“, реагираше новинарот Кристијан Ландов.Мицкоски, не се двоумеше и како никогаш претходно се врати на говорницата.„Ајде, повелете. Не ве слушнав, не ве слушнав“, кажа Мицкоски враќајќи се на говорницата и почитувајќи ги медиумите.За разлика од него, Ковачевски не го ценеше чекањето на новинарите. Протоколот имаше „непротоколарно“ однесување. Премиерот не даде конкретен одговор на ниту едно прашање. Постојано го повторуваше текстот напишан на листот пред него. На прашање дали ги прифаќа условите поставени од Мицкоски, не одговори дури двапати, а протоколот гестикулираше забранувајќи прашања.Првпат прашањето го постави Тамара Грнчарова, а вторпат, истото го праша и Кристијан Ландов. Двапати, премиерот си го раскажа тоа што сакаше тој, без да одговори конкретно.„Не одговоривте конкретно на прашањето, кои од трите услови на Мицкоски и дали некој од тие три услови е прифатлив за вас?“, праша новинарот Ландов.„Првин, јас веќе одговорив на прашањето. Сите тие прашања не задираат во чистиот македонски јазик во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста. Ова е мултилатерален документ.....“, си раскажа Ковачевски без одговор.Со ваквото однесување на Ковачевски може да се толкува како непочит кон новинарите. Исто така, однесувањето на протоколот со гестикулирање како што е кревањето со очи и остри погледи, мавтањето со раце, тенденциозното прекинување на новинари, може да се истолкува како недолично.

Македонија | пред 3 години

4

Навечер протестира против бугаризација, а преку ден ми поднесува судски пријави за мојата борба против бугаризацијата, вели Бачев

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска навечер учествува на протестот против бугаризација, а преку ден му поднесува пријави за неговата борба против бугаризација.„Ова е ептен шашаво. Весна Бендевска пратеничка од СДСМ во три мандати а во моментот функционерка на СДСМ во Комисијата за заштита од дискриминација, синоќа учествуваше на протестот на опозицијата против владата што ја предводи нејзината партија.Значи, Весна навечер протестира против БУГАРИЗАЦИЈАТА, а Бендевска преку ден во Комисијата ми поднесува судски пријави за мојата борба против БУГАРИЗАЦИЈАТА.За овие два поста (слика 2 и 3) во моментот од Весна/Комисијата имам пријава во суд дека сум ги дискриминирал македонските бугари. Ќе ја предложам за сведок да видиме кој ја зборува вистината, Весна или Бендевска“, вели Бачев

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бачев за Пендаровски: Имам да му кажам нешто во четири очи, потоа некој деифинитивно ќе биде на патос

На вчерашната прес конференција претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изјави дека ако Апасиев треба нешто да му каже тоа треба да го направи во очи. На ова реагираше лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев кој вели дека и тој има да му каже нешто во четири очи.„Се сложувам со Пендаровски дека не е добро да се пцуе почината мајка, но, младиот Димче го направи тоа, нели, со младоста оди лудоста!Но, поентата ми е, Стевче вели дека Димче требало да го опсуе во четири очи и во таков случај ќе имал последици, или народски кажано, ќе го здрвел од ќотек. Еве јас имам да му кажам на Стевче во четири очи за мојата лична болка со неговото рушење на мојата втора мајка - Македонија. Нека повели Стевче ако има нешто меѓу нозете, кога сака и каде сака во четири очи. Потоа некој #дефинитивно ќе биде на патос“, вели Бачев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-00.09.01

(ВИДЕО) Владата блокирана со шатори и автомибили, протестите се радикализираат

Протестите пред Владата се радикализираат. По вториот ден протестирање, демонстратите поставија и шатори на Илинденска. Булеварот е целосно блокиран и со автомобили. Ова следува откако по два дена пораки, премиерот и министрите не го отфрлија францускиот предлог. Пред Владата стои и озвучувањето, кое претходно беше отстранувано па враќано.За да се каже „не“ на францускиот предлог, ќе се кампува деноноќно. Демонстрантите седат и изразуваат револт. Се планира ова да продолжи се додека Владата не го отфрли предлогот, кој за илјадници граѓани е штетен, го урнисува идентитетот и јазикот.

Македонија | пред 3 години

10

Студент на протестот: „Треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ дека уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине“

Ние младите секогаш и сме биле и носители на промените во Македонија, ние сме тие кои ќе го носат бајракот на слободата затоа што ова свето парче земја е наш дом, нашата татковина, наш аманет и наша последна тврдина за која треба да се бориме, изјави студентот Младен Јаневски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.Јаневски додаде дека нашата Македонија потребно е да ја направиме едно подобро место за живеење.Тој додаде дека ние младите апсолутно никогаш нема да бидеме бледи посматрачи на уништувањето на Македонија и тоа треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ„Низ историјата, Македонците се бореле многу. Се бореле за да го дигнат својот глас, за да кажат дека постоиме и дека овдека се наоѓа еден народ кој е пиреј и не го ништи ниту една војска. Уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине овој пат. Ние Македонците сме губеле битки но никогаш не сме губеле војни“, рече Јаневски.Јаневски посочи дека токму затоа денес ќе добијат уште едно големо НЕ, затоа што ниту јас ниту вие ниту нашите предци не се бореле за понижена, уништена, омаловажувана Македонија. Ова е свето парче земја.

Македонија | пред 3 години

7-2

Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека актуелниот претседател Пендаровски греши.Неговата објава ви ја пренесуваме во целостПендаровски греши!Греши во клучен историски момент!Еве зошто:▪︎Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани.Со францускиот предлог - тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.”Немам што да додадам на одговорот на Едвард.▪︎ Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите.Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.”Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.”Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик?Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови.▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал МакронОва беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме.Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки).-▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на УставотДали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка?Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот.Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор.▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес.Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО:“ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација.Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите.Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи?▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија.Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние).Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска?Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји.И конечно:▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми.Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања