ТОП

kovacevski

„Протоколот меѓу Македонија и Бугарија не е дел од преговарачката рамка“, вели Ковачевски

Сакам да сум кристално јасен македонскиот јазик е кистално чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без фусноти и ѕвездички, изјави Ковачевски по средбата со Мицкоски.„Отворените прашања со соседите треба да бидат затворени. Протоколот меѓу Македонија и Бугарија не е дел од преговарачката рамка. Овoј европски предлог овозможува пристапни проговори со ЕУ. Преговорите може да ги започнеме веднаш откако ќе се прифати предлогот.Сите сме свесни за чувствителноста на ова прашање. Потребнна е мудрост и одговорност и размислување со ладна глава. Имаме единствена можност обезбедување просперитет на државата оти тоа им го должиме на идните генерации“, вели Ковачевски

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-15.37.11

„Ако Ковачевски го одбие овој предлог, јас ќе се повлечам од барањето за предвремени избори“, вели Мицкоски

„Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори“, ова го изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.„Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.Христијан Мицкоски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пендаровски за пцовката на Апасиев: Тоа може да искаже човек кој му фали нешто во главата или е ушмркан

Пендаровски ја прокоментира пцовката на Апасиев.„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи му одговори на Димовски: Да им оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината

Министерот за надворешни работи одговори на отвореното писмо на Илија Димовски, на ист начин, се разбира преку социјалните мрежи. Го повика Димовски да седнат и да разговараат и дебатираат, да гу судрат фактите.Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток.Илија, не сум имал никогаш проблем да те разберам, иако ретко сум се согласувал со твоите ставови и мислења. Така е и овој пат – те разбирам ама не се согласувам ниту со начинот на кој ги делиш прашањата на „албански“ и „македонски“, наместо како што доликува, да ги третираме како заеднички предизвик на кој заеднички му пристапуваме.За жал морам да почнам со деманти: ниту сме прифатиле со договорот од Преспа, ниту било кој може да прифати кои Македонци, каде и да живеат, какво им е етничкото потекло. Фактот што сме прифатиле во името на добрососедските односи, да не се мешаме во уредувањето на колективните права кај нашите соседи, не го менува фактот за тоа како се чувствува или како се изјаснува било кој Македонец на планетата земја. Напротив, еднаш засекогаш ја затворивме дилемата што значи зборот Македонец, и тоа веќе никој никогаш не може да го смени.Неправедно е да ја вмешуваме историјата како да е дел од современите политички текови, наместо да им ја оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината. Тоа е добар начин да се ослободиме од овие стеги, за да ја затвориме расправата кој и што е Илија, кој и што е Бујар и каков јазик зборуваат.Јас Илија, постојано барам дијалог затоа што имам потреба да разговараме за важни прашања:За тоа како ќе обезбедиме заедно никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, и како тој да стане официјален и службен јазик на Европската Унија, на Обединетите нации, на оваа организацијата со која од следната година претседаваме – ОБСЕ инт.За тоа како ќе обезбедиме зборот Македонец да ја означува етничката припадност на нашите сограѓани Македонци, и никогаш повеќе никој, никаде да не може да го спори тоаЗа тоа како ќе обезбедиме македонските ора, македонските села, македонскиот фолклор, македонската песна, македонскиот еп, да бидат дел од македонската етничка посебност, и никој никогаш никаде да не може да го спори тоа.За тоа како ќе обезбедиме сето ова да не остане само во нашите глави, ами да стане дел од светската номенклатура и комуникација.За тоа како ќе им обезбедиме на нашите сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, европска иднина, и зошто тоа да не го направиме на ист начин и за оние наши сограѓани кои себе си се сметаат за Црногорци, Бугари и Хрвати.За тоа како ќе го зачуваме, негуваме и промовираме нашиот автентичен модел на успешна мултиетничка демократијаЗа тоа како ќе обезбедиме европска перспектива, европски стандард и европски вредности овде дома, за сите нас.Ова треба на маса да го зборуваме, но еве и пред да седнеме, да расчистиме со митовите и невистините кои за жал доминираат во јавниот дискурс а се поврзани со предлогот кој треба да го прифатиме.Правата е за јазикот. Се тврди дека со предложената рамка, заклучоци итн…, македонскиот јазик на различни начини ќе биде загрозен. А фактите се токму спротивното: И во рамката, и во предлог заклучоците и во сите документи, во моментот на старт на преговорите – македонскиот јазик станува официјален јазик на кој Европската Унија ќе комуницира, и тоа без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, астерикси, без било што. Овој официјален јазик подоцна, со нашето членство во Унијата, станува чист службен јазик на Унијата, на ист начин како што се и Германскиот, Францускиот, па и Бугарскиот и сите други јазици. Значи Унијата ја усвојува рамката каде стои дека европското Аки (Acquis), европското законодавство, ќе се преведе на Македонски јазик без никаква додавка – и тоа станува затворено прашање за Унијата.Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш, или ќе го оставиме на менито на бугарските партии кои после следните избори ќе ни ги дефинираат правилата за влез во ЕУВтората е за рамката, и за некакво нејасно објаснување дека во оваа рамка се внесени билатералните прашања, билатералните договори, историските прашања итн.Прво околу фамата за „билатерализација“. Добрососедските односи претставуваат еден од фундаментите на Унијата, и оттука не треба да нѐ чуди фактот што се тие дел од постулатите во голем број документи, извештаи, рамки кои Унијата ги изготвува. Како што во секој извештај на Европската комисија, секоја земја се оценува и по напредокот кој го остварува во добрососедските односи, исто така, повторно секоја земја која преговара, во преговарачката рамка има посебен дел каде на различен начин се спомнуваат добрососедските односи.Не во оваа рамка, туку во секоја предлог рамка која било кога сме ја добиле како драфт – и оние кои сме ги прифаќале како добри, и они кои сме ги отфрлале како несоодветни – секогаш стоеле и Договорот од Преспа со Грција, и Договорот за пријателство со Бугарија, како репери по кои ќе се следи дали земјата остварува опипливи резултати. Нема ништо различно и овојпат, и сѐ што се шири по ова прашање претставува лага. Нема дополнителни услови, нема дополнителни обврски, нема нови документи како Протоколи, туку само цитирање на Двата договори како што тоа отсекогаш било така.Трето е самиот почеток на преговорите и лагите дека се одложува стартот на преговорите, се одложува усвојувањето на рамката, сѐ се одложува за кога ќе се извршат промените во Уставот.А фактичката состојба е следна: Со усвојување на заклучоците, се усвојува и содржината на рамката, пред почетокот на преговорите и одржување на Првата меѓувладина седница – и тоа се случува сега и веднаш! Преговарачката рамка се дефинира сега, се усвојува сега – и тоа е завршен процес!По одржувањето на Првата меѓувладина седница, во полн капацитет го почнуваме процесот на скрининг, задолжителен процес кој го минуваат сите земји, и кој во просек трае една година. Нема одложување, нема застој, нема поместување, нема ништо – ги почнуваме преговорите онака како што сите претходно тоа го правеле, исто како што тоа ќе го направи и Албанија.Тоа е сосема доволен период ние да ги завршиме и нашите уставни промени, обврски кои секако ги преземаме. Ако сме искрени дека немаме проблем да ги внесеме Хрватите, Бугарите и Црногорците како прифатени етнички заедници во земјава, тогаш не треба тоа да го одложуваме до бескрај. Имаме доволно време во овој период да си ги завршиме обврските и потоа, онака како што е предвидено за секоја земја, по завршувањето на скринигот да почнеме со отворање на кластерите и поглавјата.

Македонија | пред 3 години

Foto-4

„Предлогот за мене е прифатлив“, вели Пендаровски

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.„Не верувам дека е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста дека е ова судбинска дилема и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинирала судбината на идните генерации граѓани.Со одлуката да го прифатиме модификувааниот француски предлог би донеле одлука да ги отвориме преговорите, а знаете дека тие траат со години. Одлуката нема да биде историски триумф ниту историски дебакл.Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив. Со предлогот ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отварање на преговорите. Овозможува скрининг процес и ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет.Засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку деталиОд позиција на човек кој имал средби со врвни европски политичари ве уверувам дека во моите разговори, немам добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација. Нивниот интерес е економскиот. Не гледам дека нивниот интерес е да менуваат ничија етничка карта.Со овој предлог остануваме на европскиот колосек. Но до овој момент не губиме ништо. Сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог меѓу нас.Поддршката за ЕУ паѓа поради условувањата. Најголем генератор за овој проблем е Брисел.Инсистирам да започнеме национална дебата за тоа кој ќе биде нашиот став во однос на сите овие иницијативи и прашања со кој може да биде преуредена политичката архитектура“, вели Пендаровски

Македонија | пред 3 години

8

Побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажеме Ултиматум - НЕ БЛАГОДАРАМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот собир закажан за 19 часот пред платото на Владата.„Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси.Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата.Побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажеме Ултиматум - НЕ БЛАГОДАРАМ“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

290875644_435952028135539_3410499942260089155_n

(ФОТО) Тешка несреќа во Аеродром, автомобил се преврте на кров

Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска во Аеродром. Автомобил се преврте на кров во близина на ТЦ Скопјанка.Очевидци велат дека се се случило за момент. На лицата кои се превезувале, помош им укажуваат слуачјни минивачи, а се чека и Брза помош.Засега нема информации како се случила несреќата и дали има тешко повредени. Автомобилот е со скопски регистрации.

Скопје | пред 3 години

apasiev-0912

„Вие не сте нормални, мајке ми, ќе горите во пеколот ама не пред да скапете по затвори“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментираше барањето на Бугарија, Македонците во Албанија да бидат третирани како бугарско малцинство.Еве што напиша Апасиев на Фејсбук:“И Македонците од Албанија дојдоа на ред за шиткање. Ќе ги третираат како “традиционално бугарско малцинство”!? Вие не сте нормални, мајке ми! Ќе горите во пеколот, ама не пред да скапете по затвори!#NoPasaran#СекојДенВоСедум“

Коментари | пред 3 години

cnjreagerhgetehg-197258

„Францускиот предлог не нуди можност за започнување на преговорите со ЕУ“, тврди Морачанин

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за Новатв.мк„Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, додава МорачанинЦелото интервју прочитајте го на novatv.mk.

Македонија | пред 3 години

23

(ВИДЕО )Граѓаните на спонтан протест пред Влада против бугаризација и францускиот предлог

Граѓани се собраа на мирен протест пред Владата на Република Македонија, против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.Повикот за протестот беше најавен на социјалните мрежи.Протестот се организира еден ден пред Самитот на ЕУ во Брисел, на кој ќе отпатува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Сите политички чинители да го отфрлат Францускиот предлог“, вели Милевски

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.„Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија.Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција.Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси.Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“, вели Милевски.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

„Моравме да го одбиеме францускиот предлог“, вели Османи

Фала Франција, но предлогот моравме да го одбиеме, вака министерот за надворешни работи напиша на Фејсбук. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на европската унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија.Усвојувањето денес на резолуцијата во Бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес, и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои Бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање.

Македонија | пред 3 години

Capture

„Францускиот предлог е нокаут“, Мицкоски ги кажа индициите за македонското предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредува дека францускиот предлог е ист како претходниот, нема ништо различно, освен два зборови. Мицкоски посочи дека тим преговарал за македонскиот јазик, идентитет, традиција, култура и за Македонецот. Според него, има три индиции дека ова е нокаут за македонската дипломатија.„Францускиот предлог не е ништо повеќе од два збора различни од претходниот предлог. Односно да сум прецизен ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на информации со кои ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно.. Ќе споделам со вас три индиции: првата е што овој модифициран таканаречен предлог беше прифатен веднаш од Петков и Радев. Во државата има распуштено Собрание, а за нив е одлично решение и го прифаќаат. Ако тогаш е така, што е различно за нашиот државен врв веднаш да го одбие со големо „не“ како што го направи тоа во Брисел. Второ, од каде Еди Рама знае дека овој предлог е добар за македонскиот народ, за чиј идентитет се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена иако ние како најголема партија, пратеничка група, поддршка, ја немаме? Третата причина е бидејќи Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и традиција на предавство. Затоа предлогот го крие“, кажа Мицкоски.Тој бара: „Ако навистина е добар предлогот, Владата веднаш да го објави“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Генчова ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист и нема никакви суштински промени, СДСМ носи ново предавство, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Згора на тоа, Бугарија Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот кој Ковачевски го крие.Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот.Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот.Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста.Ковачевски, Османи и Маричиќ со своето досегашно дејствување трајно ги загрозија преговарачките позиции на Македонија и ја носат државата кон подредена ситуација.Граѓаните, експертската јавност и интелектуалната фела кажаа дека францускиот предлог е неприфатлив за државата и директно задира во националните и државни интереси на македонскиот народ.Ковачевски и Османи да си поднесат оставка, веднаш.Време е за промени и предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Димовски со отворено писмо до Османи: Замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи објави отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи.Писмото ви го пренесуваме во целостОтворено писмо до Бујар Османи...Bujar Osmaniги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар.Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш.Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи.Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците.Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери, туку да ти покажам и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е.Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во "Преспа" пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со "Преспа" забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци,исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немам никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види "Преспа", член 7).Шесто, како би ти било да правиш "мали" компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми исто онака како што секојдневно преговарате "мали" компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш.Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.Застани и размисли.Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас.На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш.Застани.Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори.Застанете.Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците,но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес.Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија.Поздрав, Илија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања