ТОП

kovacevski-makron

Едноставно објаснето: Во францускиот предлог има провиден обид да сокрие важни детали

На 23 јуни премиерот Ковачевски во Брисел го кажа историското „не“ на тогашниот (необјавен) француски предлог, наведувајќи пет црвени линии.По точно една седмица, објавен е „компромисниот француски предлог“ за кој Владата најави позитивен став. На вчерашните конференции за печатот и изјавите на премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски интеграции изнесоа неколку тези во прилог на „да“. Што се смени во оваа една седмица?Да појасниме: новиот француски предлог се состои од пакет од три документи:предлог на заклучоци на Советот на ЕУ за општи работи;заеднички став на ЕУ за политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во Европската унија;општ став на ЕУ за Министерскиот состанок на Меѓувладината конференција со која се окончува отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). Најголемата, но сепак целосно формална промена е направена со механичката поделба на првата меѓувладина конференција на две дела – политички состанок и министерски состанок – а двете заедно ја сочинуваат „фазата на отворање на преговорите“ (предлог заклучоците на Советот).Накусо се осврнуваме на тезите презентирани од македонските официјални претставници во однос на новиот односно „модифицираниот“ предлог.„Преговорите (не) се отвораат веднаш“Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите.Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување.Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.„Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ.Според предложените заклучоци, во кои инаку не се ни споменуваат Копенхагенските критериуми, главно значење им е дадено на „постигнувањето конкретни резултати и спроведувањето во добра волја на билатералните спогодби – Преспанската и онаа со Бугарија“. Заклучоците веднаш потоа се повикуваат на Протоколот од вториот состанок, оценувајќи го како „значаен чекор за добрососедските односи и регионалната соработка“, кои остануваат „суштествени елементи на процесот на проширување...“.Со тоа спроведувањето на Договорот со Бугарија, како што е дефинирано во Протоколот, станува клучен услов во процесот.Оттаму, Владата, не само што мора да го објави текстот на Протоколот, туку треба да оствари и аргументирана расправа по него.„Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување....” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“.Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.„Историјата (не) e дел од преговарачката рамка“Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила (затоа се повикуваме на текстот објавен од македонската редакција на Дојче Веле).Историјата во Протоколот не е застапена само во одредбите кои се однесуваат на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, туку и во одредбите кои се однесуваат, на пример, на говорот на омраза (вклучувајќи ги спомениците и учебниците), и рехабилитација на жртвите на комунизмот.Дополнително, се внесуваат и низа ограничувачки елементи во работата на Комисијата (иако терминот е „охрабрување“), но и оценка дека таа досега дала „незадоволителни резултати“.„Македонскиот јазик (не) е чист во преговарачката рамка“Во предлогот стои формулација дека во поглед на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите.Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет. Бугарија со внесот на Бугарите во нашиот Устав и на Бугарите во Законот за малцинства во Албанија си ја проширува својата „етничка територија“. Наспроти тоа, според и онака асиметричниот билатерален договор со Бугарија, ние во Протоколот го потврдуваме ставот дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, вклучувајќи и во правата на граѓаните кои не се наши државјани, иако во меѓународното право остварувањето на човековите права е над мешањето во внатрешните работи.„Нема посебно поглавје за односите со Бугарија“ (но има други посилни механизми)Нема посебно поглавје, но суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми:Воведувањето механизам за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство – член 12 (што веќе го елабориравме).Вградувањето на бугарските барања во кластерот Tемели, преку промената на Уставот, чие спроведување ќе стане клучна одредница (одредници) за напредокот во целиот процес, имајќи ја предвид и содржината на Протоколот во однос на позицијата на бугарската заедница.„Преговарачката рамка (не) е слична како кај другите земји“Не е. Ние имаме дополнителен акциски план за малцинствата и дополнителен механизам за следење на спроведувањето на билатералните договори.Во нашиот акциски план ќе треба да влезе спроведувањето на новите одредби на Уставот за заедниците.Ниедна од државите во процесот не го смени уставот за да внесе малцинство по барање на (земја членка на) ЕУ. Ова беше возможно само со согласност на македонската влада.„Европски предлог“ (само со наша согласност)Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки, кои допрва треба да ги усвојат. За нив тоа ќе биде тргнување, (засега) на едно непријатно прашање од агендата.„Последна шанса“ (?)Владините претставници го гледаат овој предлог како „последна шанса“, повикувајќи се на новите околности – новата политичка заедница, без никаква проценка како тие нови околности ќе влијаат на нашиот процес на пристапување.Во секој случај, новите документи на ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите.„Сеопфатна расправа“ наспроти еднодневен ПРНема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина.Крајно неодговорно и крајно штетно!Петте црвени линии на кои Ковачевски кажа „не“➡️ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;➡️ Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;➡️ Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;➡️ Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;➡️ Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.Извор: Respublica

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Ковачевски денес на средба со Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.„Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство“, соопшти Владата.

Македонија | пред 3 години

11

Народот кажа масовно и гласно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест во 19:00 пред Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ„И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија.Со Протоколот се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани. Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето.Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации.Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат.Денес повторно во 19 часот ги повикуваме граѓаните на мирен и достоинствен протест пред Владата против понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

8

Стојановски до власта: Колку и да се обидувате да не сотрите, нема да успеете, Македонија не е на продажба

Среќен сум и тажен. Среќен сум затоа што Божјата волја беше да се родам во Македонската лулка. А тажен бидејќи сите ние заедно споделувајќи ја радоста што му припаѓаме на овој народ, се туку и секаде некому му се објаснуваме и докажуваме, се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме, порача коментаторот Тони Стојановски на денешниотСтојановски пред присутните порача дека македонскиот народ е добродушен, но не и наивен, како и дека туѓото го почитуваме,Ќе слушнат дека ние се родивме, живееме и ќе умреме во Македонија. Добродушни сме но, наивни не сме. Зло не мислиме, но зло повеќе не трпиме. На секој предлог, договор и услов кој што постои за нас ќе одговориме со НЕ, НЕ и уште една НЕ. Туѓото го почитуваме, добрата волја ја цениме, но вечерва овде, а и утре и задутре ако треба и во еоните ќе испратиме лавовски крик за да се разбуди исконот кај заспаните меѓу нас, рече тој.Стојаноски потенцираше дека македонскиот народ е исправен пред тешка задача и токму поради тоа од платото пред Владата порача нон пасаран.Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, истакна тој.Подадовме рака, ни ја бараат душата. А има ли цена душата? Колку гроша вреди крвта на предците, колку милиони вреди комфорот на наследниците? Ќе ги има ли воопшто ако се продадеме, праша Стојановски.Стојановски изјави дека колку и да се обидуваат од државниот врв нарекувајќи ги самопрокламирани визионери, нема не можат да ја сотрат Македонија.Само безумните може да веруваат дека иднината се менува на подобро со капитулантски потпис со откажување од претходната и со условување на следната генерација. И затоа наша обврска е повторно да им кажеме НЕ, Македонија НЕ БИЛА, НЕ Е И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА.Не можат да ја сотрат Македонија, па колку и да сакаат да ја продаваат. Оваа држава Македонија настана со револуција, не една туку повеќе, со јасна историска постојаност. И затоа оваа држава Македонија нема да падне со еволуција на таканаречените европски вредности, туку ако паднеме ние Македонците ќе паднеме од гола сила. А и тоа нема да биде лесно, ниту ќе биде со наша добра волја, ниту ќе биде со потпис на кој било самопрокламиран визионер од државното раководство. Отпорот ќе биде секогаш и засекаде а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина. Македонци мои вистината се брише само со сила. Но колку и тие да се држат до силата ние нема да отстапиме од вистината, порача Стојановски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-02-at-19.53.27

(ВИДЕО ОД ДРОН) Илјадници на протестот пред Влада против францускиот предлог: „Се измочавте на гробовите на партизаните“

Вечерва се одржува протест пред Владата на Република Македонија против фаранцускиот предлог. Пред Владата се собраа илјадници граѓани со знамиња со сонцето од Виргина. Тие порачаа „не за францускиот предлог!“„Ултиматуми, не благодарам!“, „Се измочавте на гробовите на партизаните“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, се само дел од транспарентите.Протестот започна со интонирање на химната која присутните ја пееа во еден глас.„Скопје1“ направи и дронско видео. ВИДЕО ОД ДРОН: Илјадници пред Влада против францускиот предлог кои прачаа „Им се измочавте на гробовите на партизаните“.Posted by skopje1.mk on Saturday, July 2, 2022

Македонија | пред 3 години

0-02-05-d890a8df63a91d93e32cefa0d9f01252ec261455a01b0bd04c9d64d436762346_26e75acbece

(ФОТО) По рибарски чизми низ поплавениот центар на Скопје, невреметно откорна и дрвја

„Вода до колена“. Вака жителите на Скопје ја опишуваат состојбата во градот по краткиот односно 15 минутен дожд. Голем дел од улиците се поплавени, а најголеми проблеми имаше во Центар и Чаир. Дожд немаше во Аеродром. Жителите на улицата „Јордан Мијалков“ која се наоѓа позади Рамстор, со рибарски гумени чизми шетаа надвор. Улицата тонеше во вода. Силното невреме откорна и неколку дрва низ Скопје. Едно од нив е во скопски Капиштец, како и во Чаир. За среќа има само материјална штета, без повредени граѓани.

Скопје | пред 3 години

osmani

„Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ“, вели Левица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, вели Левица„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

gjorge-ivanov

Ѓорге Иванов: Отфрлете го францускиот предлог, ја втурнувате Македонија во бездна и национално предавство

Експретседателот Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог. Тој смета дека тоа се подли игри за разнебитување на Македонија.Неговиот став во целост:Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!

Македонија | пред 3 години

39227187_1722433124520562_1111275912566931456_o

18 лица фатени со дрога на Д Фестивал во Дојран

Во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

277601695_5048562138563904_7680181995873981325_n

Катица Јанева се огласи: Само повелете…

Екс специјалната шефица на специјалните обвинители Катица Јанева по подолго време се огласи на социјалните мрежи.Таа како профилна фотографија објави цитат во кој вели дека се додека има душа ќе остане човек.„Само повелете, послужете се со мојата добрина, трошете ја мојата искреност, нахранете го своето его со мојата љубов, изгужвајте ги моите емоции како стара хартија, но џабе ви е трудот. Нема да станете подобри, нема да станете како мене, затоа што ви треба и душа. А неа не можете да ми ја земете, и се додека ја имам ќе останам човек“, стои во цитатот.Таа и натаму издржува затворска казна. Има прабо на викенди, бидејќи дел од казната веќе ја заврши.

Македонија | пред 3 години

apasiev-pendarovski

Апасиев до Пендаровски: „Пи*ка ти матер“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно упати пцост до претседателот на државата, Стево Пендаровски,откаковчера беше објавен „модифицираниот“ француски прелдогза започнувањена преговорите за членство во ЕУ.„Пендаровски,пи.ка ти матер“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.

Коментари | пред 3 години

sverc

Пронајдени археолошки предмети кај криминалец од струмичко

На 01.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, по претходно добиени сознанија дека кај Б.Б. (39) од с. Висока маала, општина Василево, има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, во координација со полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“ со струмички регистерски таблички, кое го управувал Б.Б..Притоа се пронајдени 276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 3 години

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Минатата година бесправно изградении 739 објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти.Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување1) (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 огради (17.3 %), 6 скалила (0.8 %), 6 тераси (0.8 %), 6 летни тераси (0.8 %), 71 натстрешник (9.6 %), 23 времени објекти (3.1 %) и 85 помошни објекти (11.5 %).Најголем број бесправно изградени објекти (95.7 %) се во приватна сопственост.

Македонија | пред 3 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Гужва на Табановце и Богородица, се чека и до еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце е околу еден час, за излез од Македонија на ГП Богородица околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски прифатил Бугарите да ни ги пишуваат учебниците, дека имаме бугарско потекло, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта без тронка срам ја лаже македонската јавност. Предлогот кој го претставуваат како модифицирана верзија е истиот предлог од пред неколку дена кој ги содржи сите бугарски барања. Тоа што Ковачевски наводно го одбиваше, сега со сменети „обланди“ го претставува како успех. А вистината е обратна. Македонија доживеа дипломатски неуспех, вели ВМРО-ДПМНЕ„Со прифаќањето на Предлогот Македонија се обврзува на бугарскиот диктат кој во иднина ќе се однесува на македонските учебници, за македонската историја, споменици и историски личности и настани. Буквално ова ќе значи дека Македонија на годишно ниво ќе биде обврзана да изготвува годишни извештаи за тоа до каде е реализацијата на ваквите промени и доколку Бугарија не е задоволна, тоа ќе биде причина за нова кочница. А сите ги знаеме кои се апсурдните и антиевропски барања на Бугарија за македонските учебници, за нивните позиции дека сите револуционери се бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека Македонија е коминтерновска творба и слични други негаторски позиции кои сега ќе станат дополнителен услов на нашиот пат.Вакви услови немала ниту една друга држава за да отпочне преговори со ЕУ. Македонија не бара ништо помалку, и ништо повеќе од тоа што другите земји го имале како услов.Ова е ултиматум и за таков ултиматум велиме НЕ БЛАГОДАРАМ. Власта на Ковачевски нема ниту визија ниту стратегија. Впрочем за фијаското кое го доживуваме доволно говорат нивните лица. Ни самите не веруваат во своите лаги.Ова мора да престане. Достоинството на Македонија нема цена. Затоа се вклучуваме на иницијативите за протести и повикуваме граѓаните масовно денес на платото пред Владата во 19 часот да излезат масовно на сенароден собир на кој ќе се каже јасно НЕ на Предлогот и јасно НЕ за оваа неспособна и ненародна власт која носи понижувања и порази“. се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања