„Утре, ќе ви се деси народ“, Апасиев најави протест
Лидерот на политичката партија Левица преку социјалните мрежи порача дека утре ќе има протест.„Утре, ќе ви се деси НАРОД#Протестирам#НовоСонцеНаСлободата“, вели Апасиев
Македонија | пред 3 години
Лидерот на политичката партија Левица преку социјалните мрежи порача дека утре ќе има протест.„Утре, ќе ви се деси НАРОД#Протестирам#НовоСонцеНаСлободата“, вели Апасиев
Македонија | пред 3 години
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски кажа: „Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите барања, во делот на историјата, јазикот, идентитетот“. Според него, прифаќањето на предлогот значи менување на учебници и пишување како што тие сметаат, прифаќање дека Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.„Она што го слушате од Ковачевски не е битка за идните генерации, туку срам, пораз и капитулација за сите идни генерации бидејќи некој како Ковачевски и Маричиќ се дрзнале да го погазат македонскиот идентитет за кој жртви паѓале, животи се губеле, за кого мајка од дете се делела. За кого, мајка од ќерка се делела. Ете тоа не убедуваше Ковачевски. Тоа не е визија, туку срам и предавство. Тоа е она за што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и ќе се бори со се што располага, да го објасни пред граѓаните. Ваков ултиматум за Македонија е неблагодарен. Сакам да се знае дека сега е моментот кога треба да се биде јасен и гласен, да се заземе вистинска страна. Владата прави огромна штета, бидејќи одобрувањето на ваква преговарачка рамка значи: или во ЕУ како асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам на тоа“, посочи Мицкоски.Тој е дециден дека Димитар Ковачевски лаже дека францускиот предлог е успех.„Повикувам на сенароден протест. Заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нека ни се придружи утре, во 19 часот, пред Владата. Јас таму ќе бидам како ваш сограѓанин, како човек со име и презиме. Го повикувам целиот народ да се приклучи и да застане со нас, рамо до рамо. Да го спасиме процеост на преговори, овој преседан ќе им се прави на сите земји во регионот. Членстовото за ЕУ ќе стане цел која нема да ја достигнеме. Цел која за сите нас ќе биде недостижна. Само аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен ако нема задни намери. Повикувам на висока свесност за тешки удари кои оваа Влада и ги прави на Македонија. Или сега ќе кажеме гласно ‘не’ или ќе немаме право да бидеме гласни и преговори“, посочи Мицкоски.
Македонија | пред 3 години
Владата го објави францускиот предлог [pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/07/draft_general_eu_position.pdf"]
Македонија | пред 3 години
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со францускиот предлог се прифаќа македонскиот јазик и сочуван е македонскиот идентитет. Тој тврди дека процесот за конечна одлука ќе биде транспарентен.„Разговаравме со факти и детали, но имајќи ја во предвид стратешката цел, членството во ЕУ. Позицијата во која денеска се наоѓаме е далеку поповолна. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Со средбата го отпочнавме консултативниот процес, ќе продолжиме со претседателот на државата. Ќе дебатираме со Собранието, опозицијата, јавноста. Предлогот е солидна основа за градење на сериозен, државнички став, за можноста за нашата држава. Сите лажни тврдења, во сите форми, потоноаа. Го штитевме идентитетот и македонскиот интерес“, кажа Ковачевски.Според него, ова ќе биде одлука за иднината на Македонија. За реакциите од коалициските партнери, Ковачевкси рече: „Дискусијата на состанокот беше конструктивна. На состаонокт во детали беше информираа за процесот и предлогот. За се што го имавме пред нас да го заштитиме и обврска да обезбедиме иднина за државата. Сите претседатели на партии го кажаа својот став, сите имаа државнички став за ова прашање.
Македонија | пред 3 години
По францускиот предлог, се организира протест пред Влада од 19 часот. Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да дојдат и да кажат „не“ на предлогот.„Таче, ќурко предавничка. Пошто не повикуваш на ,,консултации”, еве ме мене вечерва во 19 часот пред влада да поразговараме за бугарскиот предлог поднесен од западногерманецот макрон. Ако немаш му*а сам да дојдеш, земи си ги и Маричиќ и Османи. Ма ако сакаш дојди и со арбр и оној што ќе ќе ни крши раце и нозе, а ти е државен секретар. Јас со син ми Столе ќе дојдам, а верувам и огромен број од Македонскиот народ ќе дојде да ни ја гледа дебатата во живо. Се гледаме во 19ч пред влада!“, напиша Пандов.
Македонија | пред 3 години
Од вечерва на полноќ промена на цената на дизелот, додека бензините остануваат непроменети.Така дизелот ќе се продава за 2,5 денари поевтино, и ќе изнесува 104 денари по литар.Цената на бензините нема да се менува, односно 109 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 111,5 денари за ЕУРОСУПЕР 98.Поевтинува и цената на екстра лесното масло за два денари и ќе изнесува 103 денари. Цената на мазутот останува иста 53,3 денари.
Македонија | пред 3 години
Колона долга три километри има на македонско-српската граница. Србите чекаат со часови за да влезат, но и да излезат од македонска територија. Најголем дел од нив, одат за Грција, во екот на туристичката сезона. Сликата на границите со Македонија-Грција, за излез од нашата држава, е уште полоша. И таму се чека долго.„Често има и технички проблеми. Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени на граница. Не стотина, туку илјадници автомобили стојат во место. Со деца, со се“, пишуваат Србите кои се жалат за долгите колони.Скоро секој петок, од јуни па до септември, гужвите на границите се редовна состојба.
Македонија | пред 3 години
Докторот Ненад Лазаров предупреди дека реинфекцијата со коронавирус носи свои ризици. Според него, ова е бран во кој се заразуваат и прележани пред шест месеци.„Она за што има се повеќе научни докази е дека секоја наредна COVID реинфекција го зголемува ризикот од леталитет и останати последици, ова не е грип.Ова е бран на подваријантите на омикрон кои лесно заразуваат дури и прележани пред само 6 месеци, затоа и заради отсуство на култура од секој аспект, ќе има многу болни.Ова го коментирам бидејќи сме во почеток на силен летен бран кој иако го игнорираме е тука, дали е пријатно и лесно да имаш ковид на сред лето прашајте ги тие околу вас кои веќе награбузале.Мојата препорака е најпрво секој болен да покаже самосвест и веднаш да се изолира и заштити за да не шири и заразува се околу себе, ова е наша најслаба точка во моментов, се останато за заштита веќе знае секој“, напиша Лазаров.
пред 3 години
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлкуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата се зголеми во просек за 7,4 %. Новите цени се на сила од денеска.Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%, соопшти РКЕ.Кои уреди трошат струја?Клима уредите кои на многумина им се неопходни во текот на летните денови често можат да „проголтаат“ многу струја. Доколку имате клима уред во вашиот стан или куќа, направете пракса да ги исклучувате кога не сте дома. Секогаш поставувајте го термостатот на повисока температура, за да не мора да биде на 23 степени, на пример, може да биде на 25, што ќе ви помогне да заштедите енергија од 3 до 5 проценти.Во семејствата со повеќе членови често се случува оброците да се подготвуваат секој ден, освен што одзема многу време, тоа значи и голема потрошувачка на струја.При користење на рерната, клучно е да се избегне нејзино отворање за време на печењето, друга можност е практичноста што ја нудат сите модерни уреди, вклучително и рерната, користете и испечете две јадења во неа. Ова заштедува и време и електрична енергија. Исклучете ја порано и оставете го јадењето да се допече додека рерната се лади.Секогаш кога станува збор за машината за перење и машината за миење садови, советот е ист. Не ги вклучувајте додека не се полни. Овие уреди користат исто количество електрична енергија без разлика на количеството валкани работи и садови во нив.Внимавајте вратата од фрижидерот да не е долго отворена, бидејќи во спротивно ќе влезе многу топлина внатре. Во тој случај, уредот ќе треба повторно да ја спушти температурата, а за тоа ќе црпи дополнително количество струја.Можеби е одвишок да се истакне, но заштедата при исклучување на светилките е повеќе од значителна. Исто така, се препорачува замена со штедливи ЛЕД светилки.Бидејќи бојлерот е еден од поголемите потрошувачи, треба да ја користите евтината тарифа и да ја користите за загревање вода само ноќе. Многу е важно редовно да го чистите од бигор, бидејќи тој го успорува процесот на загревање, што доведува до поголема потрошувачка на електрична енергија. Ако сте сами или сте само двајца, најдобро е да го вклучите бојлерот само навечер кога струјата е поевтина. Истото важи и за машините за перење.Начинот на кој ја проветрувате просторијата за време на студените денови многу влијае на потрошувачката на енергија. Се препорачува почесто да го отворате прозорецот, но во пократки интервали за да влезе свеж воздух во просторијата. Во тој случај, топлината нема време целосно да „избега“ од просторијата и нема да има потреба да се догрева.Едно капење во када троши вода како и 3 тушеви. Кога станува збор само за туширањето, треба да се направат некои корекции. Скратете го времето за туширање на помалку од пет минути и ќе потрошите половина струја и вода од обично, а камоли во споредба со капењето во када.розорците често може да бидат одговорни за загубата на топлина од просторијата, како и за големата потрошувачка на енергија. Ако имате стари прозорци кои предизвикуваат загуба на топлина, има неколку совети како да го решите проблемот.Проверете ги шарките и бравите на прозорците. Понекогаш тие се лабави или едноставно оштетени од употреба и долгогодишно абење, па затоа е потребно само да се заменат.Следниот чекор што ќе ви ги олесни зимските денови во простор со стари прозорци е да залепите заптивна лента на појасот или рамката на прозорецот. Старите прозорци почнуваат да се искривуваат со текот на времето, особено ако се направени од дрво, иако другите материјали не се спротивставуваат на промените во формата.Можете да ставите и фолија на прозорците. Фолиите се поставуваат на стаклото и го намалуваат протокот на топлина низ нив, што е многу важно со оглед на тоа што најголемата количина на топлина од внатрешноста оди надвор низ прозорското стакло.Ако ги исклучувате овие уреди, можете да заштедитеНекои уреди што ги имаме во нашите домови трошат многу повеќе енергија од другите. Со тоа што не ги исклучуваме од штекерот, ризикуваме многу високи трошоци.ЛаптопЛаптоп вклучен во штекер троши просечно 87,6 kW годишно.Микробранова печкаТрајно поврзаната микробранова печка троши приближно 24,96 kWh во текот на годината.ПеглаВо просек, пеглата троши 103,83 kwh.РернаРерната просечно троши 148,54 kwh.Машина за перењеВо текот на една година, машината за перење троши во просек 109,2 kWhСијалици за заштеда на енергијаШтедливото осветлување троши 210,24 kwh годишноПравосмукалкаВклучена во штекер правосмукалка троши 176,8 kWh годишно.ТелевизорТрајно вклучен во штекер телевизор троши 197,10 kWh годишно.Обични светилкиТрадиционалното осветлување троши дури 1051,2 kWh.Електричен шпоретТрајно приклучениот електричен шпорет троши 1460 kwh годишно.Фрижидер со замрзнувачФрижидерот просечно троши 2.277,6 kWh годишно. Сепак, тоа е уред кој е тешко да се исклучи.Десктоп компјутерДесктоп компјутерот троши просечно 277,4 kWh годишно.Индукциска плоча за готвењеИндукциската плоча за готвење која е секогаш вклучена во штекер троши во просек 1095 kWhМашина за миење садовиВо просек, машината за миење садови троши 374,4 kWh годишно.
Македонија | пред 3 години
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека историските прашања и Протоколот од Договорот за добрососедство не се дел од преговарачката рамка. Претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски пак кажа дека предлогот не е добар и дека се работи за дипломатски нокаут.Реакција на францускиот предлог имаше и од политикологот Јорданка Ивановска-Јоци.„Еве, ни прераскажа на невидено баш сè, бугарската министерка за надворешни работи. Не сметаат дека има нов предлог, затоа што вториот воопшто не се разликува од првиот⁉️ Туку...многу ме интересира како мисли оваа несреќна влада, на чело со некој Таче (кој народ не го ни гласаше), да ја поттури оваа кофа со мочки врз нашите глави и врз гробовите на оние кои загинаа од бугарските фашисти, а народ да не примети. Ризикуваат голем револт, гнев и протести, а ќе видиме дали и напуштање на влада од коалициски партнери, а со тоа неминовен пад, но ми изгледа дека тоа точно го знаат и сега се тресат од непознатото!“, напиша таа.Богдан Илиески реагираше на прес-конференцијата на Ковачевски, кој пак, не го објави францускиот предлог.„Премиерот Ковачевски на вонредна прес конференција соопшти дека премиерот Ковачевски ќе соопшти на прес-конференција дека премиерот Ковачевски ќе соопшти на прес-конференција... НЕ МОЖЕ ДА СОКРИЕШ ПРЕДАВСТВО. ПОКАЖИ ГО ПРЕДЛОГОТ!“, стои во објавата.За повикот за будност од Мицкоски, на социјалните мрежи има и шеги:Новинарката Билјана Секуловска посочи на суштината од францускиот предлог.„Што успеа сдсм да уништи во 5 години Турците не успеаа во пет века…“, коментира Божидар Божиновски.„Да не речам мозгалица: ако претходниот договор со денови беше во бугарски парламент, падна влада ради него, а сега имаат ”многу полош” за нив, а сепак добар за Радев и Петков како го прифатија? Без дискусија се откажаа?“ додава Божиновски.
Коментари | пред 3 години
Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.Воедно премиерот Ковачевски за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашање не одат никому во прилог.Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани”, се наведува во статусот на фејсбук профилот на премиерот Ковачевски.
Македонија | пред 3 години
„Христијан Мицкоски одново покажа дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, особено за прашања од највисок државен и национален интерес“, смета СДСМ.Тие велат:Досега, низ целиот процес, сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа.Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на разговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме, кои се усвоени во Собранието и тоа го исполнуваме целосно.Чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката, тоа беше државен став кој е содржан во новиот модифициран предлог.Детали за предлогот што беше доставен вчера попладне веќе денеска ќе бидат целосно објавени, го остваруваме она што го ветивме, дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата.Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излезе во јавноста и сето тоа е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.Ги повикуваме сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.
Македонија | пред 3 години
Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов му замери на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за облеката со која излегол на прес-конференција. Ова пак, наиде на остра критика од Богдан Илиески, кој е дел од ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски излегол на прес во маица со кратки ракави. Кратки ракави…“, напиша Шилегов.Врати и Илиески: „Додека ја оставаат државата со гол газ, Перо мањакот се претвори во Сергеј Варошлија“.
Коментари | пред 3 години
По седницата на Владата, премиерот Димитар Ковачевски, не сакаше да го коментира францускиот предлог. Засега е познато само дека историските прашања не се влезени во преговарачката рамка. Ќе има консултации со сите, најави премиерот.„Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека имаа процес кој го поминаа изминатиот период. Со оглед дека имаше драфт идеји на кои ние имавме забелешки – таков процес не можеше да се отпочне. Кажав дека нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на анализа. Можеме да правиме консултации кај нас. Во однос на историските прашања – нашиот став е да не бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е содржано во овој предлог“, кажа Ковачевски.Ковачевски најави транспарентен процес.„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите филтри односно институции, претседателот на државата, Собранието, опозицијата и севкупната јавност. Имаме план и стратегија која дава резултати. Апелирам до медиумите и политичарите, да се воздржиме од шпекулации. Процесот ќе биде транспарентен, ќе има релевантни детали, па ќе се донесе финална одлука. Одлуката ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и сите граѓани“, кажа Ковачевски.
Македонија | пред 3 години
Oфицијалниот и конечен предлог на француското претседателство со ЕУ ќе биде на дневниот ред на итно закажаната седница на македонската влада која ќе се одржи во 20 часот и 15 минути. Веднаш по почетокот на седницата на јавноста ќе и се обрати премиерот Димитар Ковачевски.Во исто време, заседава и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тема на дискусија е каков да биде ставот на партијата во однос на новонастанатата ситуација. Во 21 часот, пред партиското седиште, позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти претседателот Христијан Мицкоски.
Македонија | пред 3 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања