ТОП

pino

Судството и натаму губи доверба: И ја намалија казната на Ангела која е осудена за убистото на Пино

Апелациониот суд и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо. Од првостепената пресуда каде е осудена на 19 години затвор, сега таа има три години помалку за лежење, односно 16 години затвор. За пресудата од Апелација обзнани Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино. Ова е втора одлука на Апелација, откако претходно, ја укина пресудата и Кривичен ја досуди истата казна од 19 години затвор.„Денес ја добив пресудата од судот Апелација на град Скопје за убиството на моето дете Пино. Една мајка на која и го убива детето не е задоволна никогаш, ќе бев задоволна ако ми го вратива детето назад живо и здраво. Не бев задоволна за два пати пресуда од 19 години и сега не сум задоволна. Јас тражам доживотен затвор за Ангела Ѓорѓиевска но сепак: Сакам да се заблагодарам на првостепениот суд од Град Скопје. Сакам да се заблагодарам на судот Апелација од град Скопје. Оваа пресуда од 16 години затвор за оваа девојка нема никогаш да ми го вратат Пино дома. Оваа девојка несмее никогаш слободна да се шета на земјава затоа што никогаш не се покаја за убиството што го стори заедно со Али Фуркан, може истото дело повторно да го стори и после некоја друга мајка да пати, да плаче и да се моли барем во сон да си го види синчето. Сепак сакам да кажам благодарам на судството во Република Македонија“, напиша мајката на убиениот Пино.Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“, со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.Според јавноста ваквите одлуки дополнително ќе ја намалат довербата во судството, кое според анкетите на САД е на ниско ниво. Односно, само 8 отсто од граѓаните веруваат во судскиот систем

Македонија | пред 3 години

vlada-54252345

И Владата се изјасни по Макрон: Пристигна предлог од француското претседателство

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани.Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, велат од Владата.

Македонија | пред 3 години

pregovaracka-ramka-jazik

„Телма“ објави детали за францускиот предлог кој Македонија треба да го прифати

Три клучни измени има во новиот компромисен француски предлог, дознава Телма.Првата е модификација на терминологијата околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција, со тоа што со новата терминологија, официјалниот старт на преговорите би бил со Првата меѓувладина конференција, а останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.Овие протоколи или заклучоци, повеќе не би биле дел од Преговарачката рамка, како што стоеше во првичниот нацрт – предлог на француското претседателство.Формулацијата околу јазикот останува – македонски, со унилатерални изјави од Бугарија и Македонија, кои инаку немаат формално- правна тежина на обременување на самата Преговарачка рамка.Останува обврската за промена на Уставот и внесување во него на Бугарите, до отворањето на првиот преговарачки кластер.

Македонија | пред 3 години

makron-radev-i-petkov

Бугарија и С. Македонија најдоа решение, тврди Макрон

Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Дојче Веле.„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје.Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи.Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка.

Македонија | пред 3 години

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Повторно починати од коронавирус, 163 се новозаразени - најмногу во Скопје

Почитувани,Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.Регистрирани сe 110 оздравени пациенти од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови.Направени се 922 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-22, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-15, Биотек-16, Систина-21 лабораторија Лаор-4, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-24, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-4, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 366.Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 148252, Активни 467Куманово 16747, Активни 25Битола 15804, Активни 49Прилеп 14264, Активни 30Тетово 13525, Активни 28Кавадарци 10743, Активни 28Велес 9833, Активни 23Гостивар 9626, Активни 10Охрид 9012, Активни 46Штип 8109, Активни 14Струмица 8102, Активни 14Кичево 5665, Активни 7Кочани 5119, Активни 16Струга 4740, Активни 5Гевгелија 4427, Активни 1Неготино 3711, Активни 11Ресен 2760, Активни 5Свети Николе 2641, Активни 1Радовиш 2534, Активни 3Крива Паланка 2421, Активни 2Делчево 1989, Активни 3Берово 1693, Активни 1Дебар 1682, Активни 1Валандово 1488, Активни 0Виница 1398, Активни 2Пробиштип 1270, Активни 2Богданци 1025, Активни 3Кратово 969, Активни 0Крушево 933, Активни 2Демир Хисар 836, Активни 0Македонски Брод 743, Активни 1Демир Капија 594, Активни 0Македонска Каменица 525, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 352, Активни 0

пред 3 години

289331890_589312992566673_128294578562563039_n

Џафери: Извини брат, јас сум примитивецот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во своето обраќање по повод поднесената Интерпелација, за делот каде тој ги заклучил вратите за пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување, истакна дека тој ги заклучил вратите, но тие ги отвориле и ги довеле животите на луѓето во опасност.„Значи ако сум ги затворил вратите по Деловник, да се утврди фактичка состојба затоа што тоа е процедура, за разлика од некои, не сум ги отворил вратите па да ги доведам во прашање животите на луѓето“, порача Џафери.Во однос на интерпелациите Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите што и како е барано.„Извини брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да ја вршам работата совесно по закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што него му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

234234

Бектеши: Ј.К. грее базени и копа криптовалути, го знаете, не е Јелена Карлеуша

Крешник Бектеши, министер за економија, тврди дека цената на елеткричната енергија е зголемена само во четвртиот блок. Бектеши на седница за пратенички прашања рече дека граѓаните ќе плаќаат исто па и помалку со блок тарифите.„Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К.. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. И денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши.Во четвртиот блок, покачувањето на струјата е од 11,4 проценти па до 99,5 проценти. 

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Донесени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа година малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 109,00 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 111,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 106,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 105,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 53,305 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_16-1

(ВИДЕО) Автомобил заврши во Охридско, па го влечеа со багер

Вистинска драма сеслучувала во најпознатата македонска туристичка атракција, градот Охрид. Првично беше познато дека настанот се случил на 28 јуни, за подоцна да се утврди дека станува збор за случување од претходните години.Имено автомобил марка Тојота Јарис на една од охридските плажи заврши во езерото поради невнимание на возачот.Автомобилот потоа со багер беше извлекуван од езерото на плажата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-29-at-14.08.11

Струјата поскапува за 7,4 проценти, Бислимоски ги кажа новите цени за сите блок тарифи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.СМЕТКИ ЗИМА 59.9% ќе имаат покачување од 6.6% 35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8% 3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2% 1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%СМЕТКИ ЛЕТО 77.2% ќе имаат 6.7% покачување 21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8% 0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3% 0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифати сите нивни барања и одобри многу помали проценти.ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ БАРАЊЕ ОДОБРЕНОМЕПСО 72,88% -0,03%МЕМО 62,48% 6,96%ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 76,16% 20,94%ЕВН ХОМЕ 35,8 милиони евра 14,3 милиони евраТрошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.БЛОК ТАРИФИ ( kW/h)Прв блок 0-210 5,5%Втор блок 210-630 10,3%Трет блок 630-1050 18,3%Четврт блок 1050 > 138,7%29.06. 2022

Македонија | пред 3 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Постои загриженост: За 65 проценти повеќе заразни со корона и зголемен број на хоспитализации

Во продолжение е соопштение од Комисија за заразни болести:Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

пред 3 години

Screenshot-2022-06-29-at-11.29.15

(ВИДЕО) Собранието полошо од пазар: Дерење, кинење листови, тропање

До доцна синоќа траеа препукувањата помеѓу пратениците од власт и опозицијата Законодавно-правната комисија. Измените на Законот за работни односи се разгледани според извештајот потпишан од Снежана Калеска-Ванчевска.Распрвата ескалираше кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да и го исклучат микрофонот на Калеска-Ванчевска за да не прогласи крај на седницата, додека пак пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ гo штител микрофонот на пратеничката.Од СДСМ обивнуваат дека секогаш кога темата правда е на дневен ред огромна е нервозата кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие објавија видео снимка од случувањата во Собранието.Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција. Таа кажа дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале за цел точно на полноќ да заврши расправата на комисијата.„Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за во скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Се беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и наши колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа, бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус, бидејќи горчина има во сите кои очекуваат нешто од оваа власт која си поигрува со сите“, кажа Стојаноска.Таа посочува дека била отворена амандманска расправа, настанал хаос, а кога пратеникот Зоран Коцевски побарал збор – не добил.

Македонија | пред 3 години

korona

Д-р Беќаровски предупредува: Следи рапидно зголемување на бројот на заразени со ковид

Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период.-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски.Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 1.101 тест, регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19.

пред 3 години

nefi-useini-660x330-1

(ВИДЕО) „Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се“, Усеини упати тешки зборови кон новинар

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини е познат не само по инцидентите и дивоградбите, туку и по тендерите што ги добива неговата фирма во локалните јавни претпријатија, и покрај тоа ште е советник од ДУИ во општинскиот Совет, пишува ТелмаФирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија.„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е, и што ве интересира... Какви конфликти на интереси има тоа со тендерите? И сега ги гласав тие тендерите? Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се, ајде *би се! Да ви *бам се. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба има во општина, немој да ми ѕвониш. Ок? “ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма

Македонија | пред 3 години

272830178_1209559049575814_490759206963925797_n

Куфер оставен сред автобуска во Скопје

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања