ТОП

soobrakajka-2

Автомобил на МВР во обид да избегне сообраќајка се заби во ограда

На 27.06.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“, патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, при обид да избегне судир со друго возило, изгубило контрола и удрило во ограда помеѓу коловозните ленти. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот, исто така, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Берово и полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Македонија | пред 3 години

tepacka

„Агресивни суштества кои ги плаќаме за да не срамат, ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта“, вели Трајкоска

Новинарката Жанета Трајковска на социјалните мрежи реагираше во врска со вчерашниот инцидент во Собранието на Република Македонија.„ГАДНИ СТЕ! Одвратни дивјаци кои седат во пратенички, министерски, директорски места само затоа што се членови на некоја политичка партија. Агресивни суштества кои ние ги плаќаме за да не срамат, за да шират омраза и насилство за грст гласови и слатка фотеља со службена картица со пристап до многу кеш и моќ.Ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта!Срам ми е што на некаков начин сите вие ме претставувате мене и мојата земја и тоа за мои пари!Извинете, ама за ова има само еден наслов: ПОЛИТИЧКА СТОКА!ОСТАВКИ, ОДГОВОРНОРНОСТ И ОСУДА“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-28-110452

(ВИДЕО) Женска тепачка во центарот на Струмица, едната остана полугола

Шokaнтно видео се појави на социјалните мрежи во Македонија. На видеото се гледаат две повозрасни жени кои среде бел ден се пресметуваат со тупаници!Целиот настан се случува сред бел ден во центарот на Струмица во близина на пазарот каде поминуваат многу граѓани но и деца.За сега не се знае која е причината за конфликтот.https://twitter.com/acemitev10/status/1541452414171205632?s=20&t=2IFDTUebdkCH7eXmzk4rAQ

Магазин | пред 3 години

Milososki-27.06

Mилошоски го пријави Азири кој се закани со кршење раце и нозе

Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа искажаните закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, дознава МКД. мк. Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.извор: MKD.MK

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-203425

„Би сакал повеќе ќотек да гледам, веќе кога ги плаќаме, да има за што“, реакции по инцидентот во Собрание

Пратеникот Арбер Адеми вчера со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање. Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.И покрај тоа, раката на Милошоски се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежи по вчерашниот инцидент.https://twitter.com/goranman2/status/1541679165258203136?s=20&t=K0kpxIx6BLfGe5QYQYJ9Yghttps://twitter.com/surferot/status/1541670765816340480?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1541646230643740672?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/HaNa_Taurus666/status/1541662915014565894?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/ShShpendi/status/1541553185445273603?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/AcoGusaro/status/1541545291807182850?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/UsernameRonin/status/1541540378733682689?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/TheArcher____/status/1541521489962352642?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/P0KIO/status/1541520450190282753?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/JasnaKoteska/status/1541515672911548418?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/3AMOP4E/status/1541506206321213449?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/avalsiniarku/status/1541485274525466624?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/ivanov_zoran/status/1541510530690699264?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/Filentropp/status/1541500795862089730?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/KashlicOfficial/status/1541495537735712769?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/patnik2022/status/1541495126798786565?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/neamtviter/status/1541483209145425922?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/bralaMomaKapini/status/1541478161313046530?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXg 

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев: „Добро утро на сите, освен на Командант Филџани“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по вчерашниот инцидент во собранието, утрово објави статус во кој им посака добро утро на своите следбеници, освен на пратеникот Арбр Адеми.„Добро утро на сите, освен на Командант Филџани - Варваринот“, напиша Апасиев

Македонија | пред 3 години

dimitrov-i-osmani

Димитров му врати на Османи: Манипулирате

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров му одоговри на неговиот наследник Бујар Османи кој тврди дека Димитров потпишал протокол кој сега го нема во архивите на МНР.-Навистина? Ама дали навистина?На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања?Чија пропаганда терате?Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена, одговара Димитров.Во однос на тврдењето на Османи дека во тој протокол Димитров го прифатил бугарското гледиште на Илинденското востани, Димитров вели дека тоа е не е точно.-Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена, пишува Османи.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Димитров потпишал дека Илинденското востание е 'Илинден Преображение – востание'“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера објави документ за кој вели дека недостасува во архивите на МНР, а всушност е Протокол кој го потпишал неговиот претходник, Никола Димитров.Османи вели дека досега имаме потпишан само еден Протокол, овој од Димитров, во кој има неколку јасни обврски за кои само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале.-Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата “Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. Второ, потпишувајќи го единствениот Протокол, мојот претходник ја обврзал и Комисијата, но и земјата, пред целиот свет, дека имаат краток рок до крајот на 2019 година, да најдат решение за Гоце Делчев и востанието, сега веќе и дефинирано согласно бугарската позиција како “Илинден Преображение”. Не сметам дека имал лоши намери тогаш, но нема да го премолчам неговиот обид сега да се “пенави” на нашиот обид да направиме пристоен Протокол, во кој нема да се обврземе за содржината, туку за принципите на нашата работа, претставувајќи нѐ сега нас како предавници на неговиот потпис, пишува Османи.Тој вели дека ќе продолжат со работата без разлика колкава хистерија ќе создаде неговиот претходник.-Ќе обезбедиме пристојно решение со Република Бугарија, но и европска иднина за земјата.П. С. Овој документ кој сега го презентирам, во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го земал пред да си отиде и со какви намери, тврди Османи.

Македонија | пред 3 години

290549097_559809492324002_4171402047334908446_n

ССМ денес на протест пред Министерство за труд и социјална политика

Oд 10 до 13 часот ССМ и денес ќе излезе на протест пред платото на Министерството за труд и социјална политика.Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) бара повисоки плати за 2 800 денари.Тие велат дека незадоволството на работниците во јавниот сектор е големо и дека вештината на работникот и капиталот мора да бидат изедначени.

Македонија | пред 3 години

Valmir_Aziri_Sekretar_shteteror-585x390-1

СДСМ и ДУИ преку Азири порачаа дека ќе кршеле коски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Наместо осуда за денешното насилие од страна на Арбр Адеми од СДСМ и ДУИ, вечерва повторно гледаме закани од високи државни функционери на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вечерва државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири јавно порача дека ќе кршеле коски на пратеници.Повторно молк од страна на оваа ненародна власт. Нема ниту осуда за државниот функционер, ниту пак најава за разрешување од функцијата, ниту оградување од изјавите на Азири.Од ова јасно се гледа дека токму тие, СДСМ и ДУИ се креатори на насилството во Собранието, се со цел дефокус на јавноста од тајните преговори во Софија.Молк и од страна на најповиканиот Димитар Ковачевски, како прв во извршната власт за заканите и говорот на омраза на функционерите од власта.Повторно Ковачевски ќе глуми изненаден и работите ќе ги дознава од медиумите и нема да побара одговорност, како и многу пати до сега.Ова насилство кое денес се случуваше во Собранието, ниту јавните закани на бандите на ДУИ и СДСМ нема да не исплашат.Јасно им е на луѓето од власта дека крајот брзо им доаѓа, па затоа во паника и страв се закануваат, навредуваат и физички се пресметуваат.“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-arber-ademi

Џафери: Граѓаните сами ќе проценат кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието.„На  поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од   Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците. Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања.  Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-203425

(ВИДЕО) Адеми неколку пати го удри Милошоски, замавна со шолја, па со шише вода

Денес пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците. Иако имало пријавени пратеници за збор, тој  го ставил дневниот ред на гласањеНа ова реагираа пратениците од опозицијата. Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање.  Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.И покрај тоа, раката на Милошоски  се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.

Македонија | пред 3 години

nefi-useini-660x330-1

Нефи го натепал Топаловски но е ослободен од обвинение, државата ќе му плати над пола милион денари за адвокати

Судијката Билјана Белевска – Пројковска ги ослободи од обвинение браќата Нефи и Ибро Усеини за напад врз охриѓанецот Топалоски, кој прво ги обвини браќата дека го нападнале, а потоа се премисли и даде спротивен исказ. Судот во детали објаснува зошто донел одлука да ги ослободи двајцата браќа Усеини.„При одлучувањето судот со големо внимание го ценеше исказот на оштетениот С.Т. при што се имаше во предвид неговото целокупно однесување во текот на постапката. Иако истиот со јавни медиумски настапи бараше да се утврди кривична одговорност на обвинетите, што доведе до голем јавен интерес за постапката, во текот на главната расправа, манифестираше однесување со кое настојува да им помогне на обвинетите да ја намалат или избегнат кривичната одговорност. Така, овој сведок кој иако има својство на оштетен, пред судот категорички изјави дека не се чувствува за оштетен, нема интерес за кривично гонење на обвинетите, не истакнува оштетно побарување, па судот ја прифати неговата слободна диспозиција, заради што практично во оваа постапка од формално процесен аспект нема оштетен субјект. Имејќи го во предвид однесувањето на оштетениот пред судот и одбивањето да дава одговори на поставени прашања, а со образложение дека на истите околности веќе дал исказ пред јавниот обвинител, со процесно решение, согласно чл. 388 ст. 3 од ЗКП, на главната расправа беше прочитан исказот на овој сведок даден ан записник КО бр. ..од 20.08.2020 год., а истиот беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството и беше вкрстено испитуван од страна на јавниот обвинител. Но, и покрај јасните снимки од видео надзор кои му беа предочувани при испитувањето, сведокот - оштетениот остана на исказот дека не бил физички нападнат од обвинетите, дека повредите кои го здобил му ги нанело друго лице, не знаел кое, но дека тоа не биле обвнетите. Но, во својот исказ даден пред ОЈО О., оштетениот ги појаснува околностите како дошло до средба меѓу него и обвинетиот, дека бил повикан од страан на обвинетиот Н. по телефон, дека заедно со неговиот малолетен син Д.кој бил на возраст од 15 години со возилото Ш..а отошол на паркингот пред хотелот Ј.дека неговиот син Д. излегол од возилото, а обвинетиот Н. влегол во истото и седнал на совозачкото седиште, дека настанала вербална расправија помеѓу нив, и во овој дел на исказот судот му поклони верба. Но, по ваквата хронологија на настанот, ошететениот тврди дека иако бил физички нападнат, таквиот напад бил од позади, не видел кој го удрил, но дека тоа не бил Н. ни некое лице со брада кое ги смирувало, а дека на паркингот воопшто не го видел обвинетиот И. На овој дел од исказот на оштетениот Т. судот не му поклони верба, бидејќи е спротивен ан неспорните докази - снимки од видео надзор, од кои јасно се гледа дека сега обвинетите физички го нападнале оштетениот, дека тој се обидува да го избегне нападот со влегување преку главната лизгачка врата во влезот на хотелот, директно ги гледа обвинетите, кои при движење кога тој се обидува да побегне го следат и удираат“, вели судот.Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.„Во текот на доказната постапка како сведоци - очевидци на настанот беа испитани, а по предлог на обвинителството и сведоците Р. Т., Н. Ј., Ј. К. С. Ј. и М. К. но сите овие сведоци беа прогласени за непријателски сведоци ан обвинителството. Имено, сите наведени сведоци, освен Р. Т. кој е пензионер, но сопственик на хотелот, во критичниот период биле вработени во хотелот и се наоѓале на своите работни места. Така К. бил на работно место во шанкот во лобито на хотелот, Ј. и К.биле на пултот на рецепцијата, значи десно од влезот, а Ј.била во канцеларијата која се наоѓала зад рецепцијата со прозорец према паркингот, а во еден момент дошла на рецепцискиот пулт. Но, сите овие сведоци на главнаа расправа пред судот настојуваа да го релативизираат однесувањето ан обвинетите, наведувајќи дека виделе гужва, туркање, но не и конкретни дејствија на агресивност или насилство од страна на обвинетите. Со ваквите искази очигледна е тенденцијата на сведоците да им помогнат на обвинетите да ја избегнат кривичната одговорност, заради што и беа прогласени за непријателски сведоци од страна на обвинителството. Но, особено од значење за одлучувањето на судот се дадените јасни и категорични изјави на сите испитани сведоци дека како очевидци на настанот не се почувствувале исплашени, загрозени, и не почувствувале чувство на страв. Ваквите искази се ценети заради утврдување на постоење на битието на кривичното дело за кое се товарат обвинетите. Иако во текот на истражната постапка пред ОЈО О., сите овие сведоци дале поинаков опис на состојбата, ан главна расправа, под заклетва и опоменати за последиците од давање на лажен исказ, негираа дека се чувствувале загрозени, исплашени и вознемирени“, вели судот.Сега, државата треба да им ги плати адвокатите на Нефи и Ибро Усеини.„Согласно чл.106 ст.1 од ЗКП, а со оглед дека обвинетите се ослободени од обвинението, одлучено е трошоците на постапката и трошоците за одбрана на обвинетите да паднат на товар на Буџетот на РСМ. Висината на трошоците за одбрана од бранителот адв. Цобоски е одмерена на износ од 243.753,00 ден., согласно АТ,и истите се однесуваат на: трошоци за состав на жалба на решение за притвор со 50 % зголемување за редовен правен лек и паушал – 13.650,00 ден., застапување на 17 рочишта за главна расправа со паушал 17 х 9.100,00 = 154.700,00 ден., часовнина за 21 час, во износ од по 1.820,00 = 38.220,00 ден., и ДДВ 18 %= 37.183,00 ден. Висината на трошоците за одбрана од бранителот адв. Донеска е одмерена на износ од 243.753,00 ден., согласно АТ,и истите се однесуваат на: трошоци за состав на жалба на решение за притвор со 50 % зголемување за редовен правен лек и паушал – 13.650,00 ден., застапување на 17 рочишта за главна расправа со паушал 17 х 9.100,00 = 154.700,00 ден., часовнина за 21 час, во износ од по 1.820,00 = 38.220,00 ден., и ДДВ 18 %= 37.183,00 ден“, вели судот.

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Драстична промена во предлогот за блок тарифи, ќе се спасат и тие што се греат на струја

Подигнат е прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Горната граница во втората блок-тарифа е 630 киловати во скапа тарифа за 30 дена, а третата е 1.050 киловатиРегулаторната комисија за енергетика, во присуство на сите релевантни фактори, го презентираше изменетиот предлог за блок-тарифите за домаќинствата и за малите потрошувачи што се снабдуваат со струја по регулирани цени. И понатаму останува одлуката дека овие блок-тарифи ќе важат само во дневна тарифа од 7 до 22 часот, додека во евтината тарифа, навечер од 22 часот до 7 наутро, како и цел ден во недела, нема да има блок-тарифирање, односно ќе има една цена.Со новите измени е подигнат прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Но, првата најевтина тарифа и понатаму е за оние што имаат потрошувачка на струја до 210 киловат-часови електрична енергија во скапата тарифа во тек на 30 дена. Горната граница на втората блок-тарифа, место првично превидените 420 киловати, сега е утврдено дека ќе бидат 630 киловати, а третата тарифа е зголемена за 70 проценти од првичните размислувања и сега во неа ќе влезат оние со потрошувачка до 1.050 киловат-часови во скапа тарифа за 30 дена, а над тоа се веќе оние што ќе влезат во четвртата категорија.Универзитетскиот професор Рубен Талески рече дека пресметките покажале дека за затоплување еден просечен стан со инвертор доволни ќе бидат 600 киловат-часови и затоа направиле промени во однос на висините на блок-тарифите, за да може тие што се греат на струја, да не плаќаат високи цени.– Ако сега, со овие цени што важат за струјата до 1 јули, направиме симулација за примена на новиот модел на тарифирање, граѓаните што ќе влезат во втората и во третата тарифа ќе плаќаат 12 проценти пониски сметки – рече Талески.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уште еднаш повтори дека потрошувачите ќе ги плаќаат само разликите од еден во друг блок, како што ќе ги поминуваат границите. Тој напомена и дека има случаи кога две-три семејства живеат во една куќа на неколку катови и имаат заедничко броило за електрична енергија, па за да не преоѓаат во скапите блокови неопходно е разделување на потрошувачите.– Ги повикувам ЕВН во најкус можен рок да одговорат на барањето на граѓаните за раздвојување на броилата – рече Бислимоски и информираше дека таа услуга е 12.000 денари.Од 1 јули, со новите цени и новиот тарифен систем, граѓаните ќе добиваат и поинаку конципирани сметки. Во нив ќе има цена за електрична енергија и цена за мрежни услуги – за дистрибуција и за пренос.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi

Во четврток ќе се одлучува дали Џафери ќе го станат од претседателското столче

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на која ќе се расправа. Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа фукција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања